логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 3.angeli.so.truba

Во МАНУ промовирани четири капитални дела
за македонскиот јазик

3.angeli.so.truba

3.angeli.so.truba
 
Скопје, 7 јули 2020 (МИА) - Да се дадат вистински аргументирани и научни одговори за континуитетот и еволуцијата на македонскиот јазик и за неговото место во меѓународната славистика и лингвистика е целта на четирите капитални изданија за македонскиот јазик, кои денеска беа промовирани на платото пред Македонската академија на науките и уметностите.

 

3.angeli.so.truba

3.angeli.so.truba


Станува збор за дела кои на иницијатива на Македонската академија на науките и уметностите и со целосна поддршка и вклученст на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“, Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ и Советот за македонски јазик, изелгоа деновиве од печат: „Македонскиот јазик - континуитет во простор и време“, колективна монографија во која што е даден синтетски преглед на историскиот развој на македонскиот јазик од IX век па се до неговата кодификација; „Погледи за македонскиот јазик“, меѓународен зборник на трудови во којшто над 40 странски и македонски лингвисти имаат свои прилози за различни аспекти на македонскиот јазик; „Македонска хрестоматија“, избор на позначајни македонски текстови од IX до XX век; и „Лингвистички атлас на македонските дијалекти (според материјалите на ОЛА)“ кој дава продлабочен увид во лексичкото богатство на македонските дијалекти.

Претседателот на МАНУ академик Љупчо Коцарев истакна дека овие изданија и светската лингивистичка наука потврдуваат дека тнр. спор, македонско - бугарски јазичен спор, всушност не е спор, туку апсурд.

-Зарем е можно во 21 век да се оспоруваат основни човекови права. При прогласувањето на македонскиот јазик за вештачки Бугарската академија на науки се потпира на две бесмислени тврдења, сличноста со бугарскиот јазик и политичкиот карактер на македонскиот јазик, вели Коцарев.

Според академик Катица Ќулавкова, самото објавување и подготовка на овие четири тома делумно е предизвикано од потребата да дадеме конкретен научен одговор на некои ставови кои отстапуваат од научната вистина по однос на потеклото и развојот на македонскиот јазик, а второ некои од нив на пример како лингвистичкиот атлас се производ на долгогодишна работа во рамки на меѓународните институции.

Проф. др. Марјан Марковиќ дописен член на МАНУ во обраќањето изрази уверување дека објавените научни факти за македонскиот јазик ќе ги прифати и политиката и политичарите и ќе ги имаат предвид при соочување со идните предизвици.
- Како што успеавме ние да се обединиме и да ги покажеме сите аргументи и научни факти поврзани со македонскиот јазик не само во рамките на нашата земја, туку и во меѓународните проучувања и добивме потврда и од меѓународната научна средина, верувам дека и политиката и политичките чинители ќе ги прифатат тие факти, ќе ги ставаат секогаш пред себе во сите премрежја што не очекуваат и во иднина, според кого моќта за адаптација на македонскиот јазик е токму клучот за неговиот долговековен континуитет.

3.angeli.so.truba

Сите четири промовирани дела се поставени и во дигитална форма на главната страница на МАНУ.

МАНУ на 3 декември 2019 година усвои Повелба за македонскиот јазик во која ги изнесува научно признатите факти за македонскиот јазик, како и улогата на Академијата во проучувањето и афирмацијата на македонскиот јазик во домашни и во меѓународни рамки. Повелбата, како што соопшти МАНУ, ги зацврстува ставовите на Академијата за потребата од засилена и континуирана поддршка на научните истражувања на македонскиот јазик и македонските дијалекти, водејќи се од строго научни начела. Бугарската академија на науките на 11 декември, лани, излезе со став дека македонскиот јазик не постои и оти тој е „писмено - регионална норма“ на бугарскиот јазик.

3.angeli.so.truba

 3.angeli.so.truba

 

ФОТО ГАЛЕРИЈА

Извор:

вг/ац/

3.angeli.so.truba

 .mk/promoci-a-na-chetiri-izdani-a-za-makedonskiot-azik-2//фото: Преминпортал

 

 

 

 

Друго:

Капитални изданија од МАНУ за македонскиот јазик

Македонскиот јазик денеска на едно место ги собра лингвистите и политичарите, но овојпат главен збор имаа научниците. Повод беше промоција на 4 капитални изданија посветени токму на македонскиот јазик. Лингвистите апелираат врз науката да се градат добрососедски односи наместо таа да се злоупотребува во политички цели.

Блискоста меѓу јазиците не ги негира разликите, посочува научната фела. Македонскиот има свој развој и своја граматика, поинаква од бугарскиот јазик.

Токму Лингвистичкиот атлас на македонски дијаллекти кој е дел од голем меѓународен славистички проект беше причина за остри реакции на БАН, која го оспорува македонскиот јазик.

Академиците денеска ги преставија делата: „Македонскиот јазик – континуитет во простор и време“; меѓународниот зборник „Погледи за македонскиот јазик“; „Македонска хрестоматија“, и „Лингвистички атлас на македонските дијалекти“.

    Сања Сеизова Мрмова
    Сите содржини од овој новинар

 

https://mia.mk/promoci-a-na-chetiri-izdani-a-za-makedonskiot-azik-2/



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Наука и Култура

Октомври 23, 2020
3.angeli.so.truba

Галебот Џонатан Ливингстон- Ричард Бах

После еден месец од враќањето се случува преседан. Еден галеб од Јатото бара да учи да лета. Така, Теренс Ловел станува осмиот ученик на Џонатан. А наредната ноќ им се придружува и Кирк Мејнард, галебот со дефектно лево крило, кој во крик и бодрен од Џонатан…
Октомври 21, 2020
TVITer8

По патот на Македонската историjа

„Ние за Гоце“, авторот Стефанов пишува дека „Гоце Делчев беше самостоен и назависен во борбата; не бараше туѓа поткрепа, не допушташе туѓо мешање од кое толку многу страда и губи македонското ослободително движење, искористувано за туѓи цели и задачи“.За…

“Богородичен Покров“ со филмови кои ја збогатуваат душата и носат силни пораки

Сеп 22, 2020 Филм, Театар 177
3.angeli.so.truba
“2020 година ќе се памети по неочекуваните предизвици и искушенија со кои мораше да се…

Информација за победниците на конкурсите за млад и зрел уметник

Авг 27, 2020 Ликовна уметност 202
TVITer21
Процесот на селекција се одвиваше по принцип на оценување на предложените апликации од…

Емануел Рембер: Читањето е убава мрзеливост и вистински лек

Мај 10, 2020 Интервју 726
3.angeli.so.truba
-Чудно е тоа што изолацијата ја доживувам како миг во кој сè е замрзнато. Секако дека сè…

Беседи

Митрополит Струмички Наум:  Секташки дух (25.10.2020)

Митрополит Струмички Наум: Секташки дух (25.10.2020)

Секташкиот дух не го познава и признава покајанието. Тој дух во луѓето бара зло, вистинско или привидно, и на тоа се задржува. Се фаќа за еден збор, наместо за илјадници...

Беседа во спомен на Преподобен Теофил Струмички и Св. мч-ци Евлампиј и Евлампија

Беседа во спомен на Преподобен Теофил Струмички и Св. мч-ци Евлампиј и Евлампија

Нема ништо поблажено, возљубени, од тоа постојано да се предаваме на волјата Божја, постојано да живееме испитувајќи што навистина е според волјата Божја. Но тоа предавање и тоа испитување не...

Митрополит Струмички Наум: Куќа без темели (21.10.2020)

Митрополит Струмички Наум: Куќа без темели (21.10.2020)

   Така е кога човек има световно знаење, но нема духовно знаење. Тој може да има знаење и вештини од разни области како бизнис, економија, политика, што јас знам, градежништво,...

 Митрополит Струмички Наум: Секташко однесување во Црквата (17.10.2020)

Митрополит Струмички Наум: Секташко однесување во Црквата (17.10.2020)

 Богочовекот Исус Христос е единствената Глава на Црквата. Епископот на локалната Црква е икона Христова, седи на место Христово и претставува обличје Негово. Тој не е Самиот Христос, туку е...

Митрополит Струмички Наум: За самооправдувањето (11.10.2020)

Митрополит Струмички Наум: За самооправдувањето (11.10.2020)

Самооправдувањето е болест која е пораширена, понезабележлива и потешка од судењето и осудувањето. Самооправдувањето и осудувањето се две страни на една гревовна состојба – гордоста.Пораширена – затоа што, најчесто, дури...

  Јане Илиев: СЕДУМНАЕСЕТТА НЕДЕЛА ПО ПЕДЕСЕТНИЦА

Јане Илиев: СЕДУМНАЕСЕТТА НЕДЕЛА ПО ПЕДЕСЕТНИЦА

 Современиот човек брза по светските суети, бега од скромниот живот и во празните и лажни авантури бара да ја заборави душевната горчина, која му ја создава свеста за безбожните дела....

Стефан, Архиепископ Охридски и Македонски: БЕСЕДА

Стефан, Архиепископ Охридски и Македонски: БЕСЕДА

 Траат светиите, зашто е вечен Изворот на нивната светост! Зар ќе ја спомнувавме првопокрстената Лидија или Светите Ахилеј Лариски, Еразмо Охридски, Петанесетте Тивериополски свештеномаченици, рамно¬апостолните Кирил и Методиј и нивните...

Митрополит Струмички Наум:  За судењето и осудувањето на другите (03.10.2020)

Митрополит Струмички Наум: За судењето и осудувањето на другите (03.10.2020)

Да те прашам, човеку, зошто ти е помило да му судиш и да го осудуваш некого врз основа на озборување, кога веќе ти се достапни и познати неговите дела и...

СВЕТА СОФИЈА И НЕЈЗИНИТЕ ЌЕРКИ,МАЧЕНИЧКИТЕ ВЕРА, НАДЕЖ И ЉУБОВ

СВЕТА СОФИЈА И НЕЈЗИНИТЕ ЌЕРКИ,МАЧЕНИЧКИТЕ ВЕРА, НАДЕЖ И ЉУБОВ

Откако сите четири бестрашни маченички биле изведени пред царот, смирено и одлучно ја исповедале верата во Христа Господа и одбиле да принесат жртва пред идолската божица Артемида. Пред страдањата, Софија...

« »