9 Јануари 2016
 

Последните зборови на Стив Џобс-
Дојдов до врвот на успехот во бизнисот.
Во очите на другите, мојот живот беше симбол на успех.
Сепак, освен работата, имам малку радост. Конечно, моето богатство е едноставно еден факт со кој сум навикнат.
Во ова време, лежејќи во болничкиот кревет и сеќавајќи се на сиот мој живот, сфаќам  дека сите признанија и богатства на кои некогаш бев толку горд, станаа безначајни со мојата непосредна смрт.
Во темнината кога гледам во зелените светила на опремата за вештачко дишење и го чувствувам зуењето на нивните механички звуци, можам да го почувтвувам здивот на мојата приближувачка смрт која демне над мене.
Дури сега разбирам дека кога ќе стекнеш доволно пари за остатокот од твојот живот, мораш да ги следиш целите кои не се поврзани со богатство.
Тоа треба да биде нешто поважно:
На пример, љубовни приказни, уметност, соништа за моето детство.
Не, престанете да го следите богатството, тоа само може да го претвори човекот во изопачено битие токму како мене.
Бог нé создаде на еден начин, можеме да ја почувствуваме љубовта во срцата, а не илузии изградени преку слава или пари, како што сторив во мојот живот, не можам да ги земам со мене.
Јас можам да ги земам со себе само спомените кои беа зајакнати со љубов.
Ова е вистинско богатство кое ќе те следи; ќе те придружува, ќе ти даде сила и светлина да одиш напред.
Љубовта може да патува илјада милји и така животот нема граници. Движeте се каде што сакате да одите. Стремете се да ги достигнете целите кои сакате да ги постигнете. Сé е во вашето срце и во вашите раце.
Кој е светскиот најскап кревет? Болничкиот кревет.
Вие, ако имате пари, можете да го најмите некој да ја вози вашата кола, но не можете да најмите некој да ја земе вашата болест која ве убива.
Материјалните изгубени нешта можат да бидат пронајдени. Но, едно нешто не можете никогаш да го најдете кога ќе го изгубите: животот.
Каква и да е ситуацијата  на животот каде што сме токму сега, на крајот ќе мора да се соочиме со денот кога ќе се спушти завесата.
Ве молам ценете ја вашата семејна љубов, љубовта кон вашиот сопружник, љубовта кон вашите пријатели..
Однесувајте се кон секого добро и останете пријателски расположени со вашите соседи.

Подготви: Снежана Корнет

29-ти јули 2017 лето Господово

 

 

Извор: http://preminportal.com.mk/paraleli

Друго: