логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 


    

Се зголемува заштитата на децата од злоупотреба и користење за питачење        

Министерот за труд и социјална политика Диме Спасов, заедно со директорот на ЈУМЦСР-Скопје, Билјана Јарчевска  и директорoт  на Клиника за детски болести, Аспазија Софијанова одржаа прес конференција за медиумите на која информираа за измените во Законот за семејство.



“Со новите измени на Законот за семејство кои стапија во сила оваа недела, на јасен, прeзициран и унифициран начин се уредува  заштита на децата од злоупотреба од питачење и се овозможува недвосмислена грижа за спречување на злоупотребата на децата”рече Спасов

 Тој нагласи дека министерството за труд и социјална политика и досега превземаше мерки за да се справи  со питачењето на децата на улица, кое како појава најдиректно ги загрозува правата на децата и претставува ризик по нивното здравје и правилен развој. Во многу случаи токму  родителите ги принудуваат децата за да питачат со нив, и со постојните законски прописи имаше одредби кои го регулираат ваквото однесување на родителите.

“Со овие измени, се стремиме да постигнеме прецизирање на одредбите кои се однесуваат на злоупотреба и грубо занемарување на вршењето на родителските должности од страна на родителите со цел обезбедување поголема заштита на децата.

Во овој дел, за правилно информирање на јавноста, ќе ги образложам новите измени:

-се утврдува дека наведувањето на детето на питачење или користење на детето за питачење ќе се смета за злоупотреба и грубо занемарување на вршење на родителските должности и се прецизира постапувањето на центарот за социјална работа. Имено, во случаите, кога центарот за социјална работа, ќе утврди дека родителот го наведува детето на питачење или го користи детето за питачење,центарот за социјални работи ќе му укаже на родителот за недостатоците и пропустите во вршењето на родителското право, задолжително ќе донесе решение за постојан надзор над вршењето на родителското право и ќе спроведе стручно советодавна работа со родителите и со детето.

-Доколку родителот на детето не постапи по укажувањата на центарот за социјална работа и повторно го наведува детето на питачење или го користи детето за питачење, тогаш центарот за социјална работа, веднаш времено ќе го одземе детето од родителот, покренува постапка за одземање на родителското право пред надлежен суд и задолжително  поднесува кривична пријава против родителот кој го злоупотребува и занемарува родителското право, обезбедува соодветно згрижување на детето и презема  мерки  за  заштита  на  правата и интересите на малолетното дете, до донесување на конечната одлука на судот за одземање на родителското право.

 -Ако со наведувањето на детето на питачење или со користење на детето за питачење, родителот го довел во опасност животот на детето, тогаш центарот за социјална работа е должен веднаш времено да го одземе детето од родителот, да обезбеди соодветно згрижување на детето, да преземе мерки за заштита на правата и интересите на детето до донесување на конечната одлука на судот за одземање на родителското право и да поведе постапка за одземање на родителско право како и да покрене кривична пријава.” потенцираше Спасов

Заради реализација на целите поради кои се направени измените на Законот, а со цел обезбедување на  животот и здравјето на  децата, Министерството за труд и социјална политика воведува три нови задолженија за Центрите за социјална работа.

 -Задолжителен здравствен преглед за децата питачи во здравствените установи,  при што ќе се изврши проверка на крвта и урина со цел утврдување на одредени заразни заболувања или користење на дрога или други психотропни супстанци.

Здравствениот преглед на децата од Скопје и околината до 14 годишна возраст ќе се врши во Клиниката за детски болести во Скопје, а за децата над 14 годишна возраст здравствениот преглед ќе се врши во Клиниката за токсикологија. Трошоците ќе бидат подмирени од страна на министерството за труд и социјална политика.

-Во сите Центри за социјална работа ќе има лице за координација и стручен тим кои ќе бидат постојано достапни  и ќе интервенираат веднаш по пријавата од граѓани,

Граганите ќе можат да и понатаму да пријавуваат вакви случаи на бесплатната телефонска линија 15505. Веднаш по пријавувањето информацијата ќе се проследи до тимот од Центарот за социјални работи  и ќе излезе на терен и ќе ги превземе сите  потребни мерки

-за непочитувањето на законот од страна на стручните и одговорните лица во центрите за социјална работа предвидени се казни

 На крајот министерот Спасов нагласи дека питачењето е долготраен проблем кој бара системски и издржани решенија и дека   неговото решавање е превенцијата, и меѓуинституционалната соработка и нивната навремена реакција.

 

 http://www.mtsp.gov.mk/default-mk.asp?ItemID=0347DF4CC5F89F4CB3E9FF2D309C667C

 



Makpetrol

dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Наука и Култура

Октомври 12, 2025
Default Image

Наградата „Ладислав Баришиќ“ за 2025 година ја доби д-р Иванка Апостолова Баскар

Здружението на ликовни критичари AICA Македонија со задоволство ја објавува одлуката на Комисијата за доделување на годишната награда „Ладислав Баришиќ“, која оваа година ѝ се доделува на д-р Иванка Апостолова Баскар за истражувачкиот проект„Вознемирен…
Септември 23, 2025
TviTER929

Anita Gibson- ,,Во вашата рака држите дел од Израел“

Но денес, со откритијата за Унит 8200 и неговите луѓе распослани во Google, Microsoft, Facebook, TikTok, па дури и во VPN сервисите, станува јасно: тоа не беше фалење. Тоа беше признание.Телефоните, апликациите и „безбедносните алатки“ што секојдневно ги…

Денес, кога болката е наша

Јул 20, 2025 Ставови 1128
TviTER777
Во Гетеборг, 1998 година, огнот го изгасна животот на 63 млади.Но подолго траеше…

ЈУБИЛЕЈ НА МУЗИКАТА - X ИНТЕРНАЦИОНАЛЕН ФЕСТИВАЛ ПОЛИХИМНИА 2025

Апр 17, 2025 Музика 1801
Festival.Simeon
Од 11.04 - 15.04. 2025 год. во Скопје по десетти пат се одржа Интернационалниот фестивал…

Интервју со Живко Грозданоски: ДПМ може да дејствува гласно, сложно и независно

Сеп 25, 2024 Интервју 2107
Zivko.Grozdanoski3
Ми се чини дека надворешните предизвици, како на пример отсуството на соработка со некои…

„РАДОСТА НЕ ДОАЃА САМА, ТАА МОЖЕ ДА ЈА ЗАСЕНИ ТАГАТА“ Академик Ќулавкова добитничка на наградата „Браќа Миладиновци“ на СВП

Авг 29, 2024 Литература 2174
TviTER231
Пред 35 години, август 1989-та, ми беше доделена првата награда за најдобра поетска книга…

Беседи

БEСEДА  за Бoжјата благoдат oбјавeна низ вeкoвитe

БEСEДА за Бoжјата благoдат oбјавeна низ вeкoвитe

 Сo прoрoчки дар прoрoкувал апoстoл Павлe за бoгатствoтo на благoдатта штo низ вeкoвитe сe излeва на чoвeчкиoт рoд. Тoа штo гo прoрeкoл апoстoлoт, ниe кoи живeeмe 20 вeкoви oддалeчeни oд...

Дедо Наум - ПАТОТ НА МНОГУ ХРИСТИЈАНИ, ТУКА НЕГДЕ И ЗАВРШУВА...

Дедо Наум - ПАТОТ НА МНОГУ ХРИСТИЈАНИ, ТУКА НЕГДЕ И ЗАВРШУВА...

Ако не влеземе сериозно на првиот степен од духовниот развој, засекогаш ќе останеме во една падни-стани состојба од предворјето на духовниот живот;во еуфоријата на Лазаревото враќање од мртвите и Христовиот дочек...

Св. Јован Златоуст -  За Лазар, Слово 6

Св. Јован Златоуст - За Лазар, Слово 6

Уште колку пари? Уште колку богатство? Уште колку великолепни зданија? Уште колку бездушна приврзаност спрема задоволствата? Еве се случи земјотрес; каква полза ни донесе богатството? Нечиј труд пропадна, изсчезна имотот...

„Лазаре, излези надвор“

„Лазаре, излези надвор“

Тие Негови зборови, пред сè, значат дека нема смрт за оние кои веруваат во Христа, зашто Христос подоцна на Марта ѝ вели: „Јас сум воскресението и животот; кој верува во...

АРХИВА: Славе Костадиновски - ПЕТТА НЕДЕЛА ОД ВЕЛИКИОТ ПОСТ (НЕДЕЛА НА СВЕТА МАРИЈА ЕГИПЕТСКА) 29.03.2015

АРХИВА: Славе Костадиновски - ПЕТТА НЕДЕЛА ОД ВЕЛИКИОТ ПОСТ (НЕДЕЛА НА СВЕТА МАРИЈА ЕГИПЕТСКА) 29.03.2015

Бог, како добар и милостив небесен Отец, секогаш е во состојба да ја слушне молитвата на своите добри чеда. Но, секогаш Бог не ги исполнува нашите молитвени барања. Причината треба...

о.Жарко Ѓорѓиевски: Недела Крстопоклона- Преподобен Агатон Египетски

о.Жарко Ѓорѓиевски: Недела Крстопоклона- Преподобен Агатон Египетски

Христовиот крст е најтежок, зашто Он не страда за сопствените, туку за нашите гревови. Нас и сопствениот крст ни е тежок, а колку само е тежок крстот за целото човештво....

Митрополит Струмички Наум: Само сфаќање или и прифаќање?

Митрополит Струмички Наум: Само сфаќање или и прифаќање?

Но, големо прашање е како не ни здосади ние самите да сме стално исти, формални, непроменети, непреобразени и неосветени; и како еднаш не ја освестиме потребата од сопствена промена и...

Добродетелите во Лествицата на свети Јован Лествичник и Египетскиот Патерикон – Игумен Гаврил

Добродетелите во Лествицата на свети Јован Лествичник и Египетскиот Патерикон – Игумен Гаврил

 Тоа е основното начело и смисла зошто Бог го створил човекот. Во рајот човекот живееше во согласност со неговата природа, во појавата на гревот се разруши таа природна состојба, и...

« »

Најново од култура

Православен календар

 

02/05/2026 - сабота

Преподобен Јован Ветхопешчерник; Светите маченици Христофор, Теона и Антонин; Свети Трифун патријарх Цариградски; Преподобниот маченик Агатангел; Преподобен Симеон Босиот; Блажена Матрона Московска ;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. Пречистански преподобномаченици Евнувиј, Пајсиј и Аверкиј  9 април/27 март 2026

Тропар на св. Пречистански преподобномаченици Евнувиј, Пајсиј и Аверкиј 9 април/27 март 2026

Подигнувајќи го крстот Господов на плеќите, животот подвижнички со меч го запечативте.Евнувие славен атлете, Пајсие на мачениците подражателу, и Аверкие христодушен подвижнику, нечестието...

Тропар на соборот на светиот Архангел Гаврил  8 април/26 март 2026

Тропар на соборот на светиот Архангел Гаврил 8 април/26 март 2026

Тебе, кој благовестуваше спасение на целиот род човечки Архангелу од родот Серафимски,Гавриле Божји гласниче, те молиме и со љубов и радост празникот...

Тропар на Благовештение на Пресвета Богородица 7 април/24 март 2026

Тропар на Благовештение на Пресвета Богородица 7 април/24 март 2026

Денес е почеток на нашето спасениеи откривање на вечната тајна:Синот Божји станува Син на Дева,и Гаврил блага вест објавува.Затоа и...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная