логоFacebookTwitterYouTubeeMail




Донирајте ја старата покуќнина за социјалците


"Се грижиме за топол дом" е акција којашто од денеска почна да ја спроведува МТСП во соработка со Црвениот крст на Македонија, а со која ќе бидат опфатени социјално загрозените семејства.

Министерот за труд и социјална политика Диме Спасов на денешната прес-конференција истакна дека акцијата има за цел да ги задоволи основните потреби од покуќнина, мебел, бела техника, електрични апарати, апарати за домаќинство, опрема за деца, велосипеди и друго на сите граѓани кои не можат да обезбедат средства за купување на овие работи, рече Спасов.
Преку оваа акција ќе имаат можност сите граѓани кои имаат вишок мебел, покуќнина и апарати за домаќинство, а не им се потребни, да ги донираат на граѓаните кои им се потребни со што ќе ја покажат својата хуманост и општествена одговорност. Тој ги повика сите граѓани кои имаат можност да донираат мебел, апарати за домаќинство, опрема за деца на социјално загрозени семејства да се јават на бесплатниот телефонски број 080055800 или податоци и фотографии за донацијата да достават на мејл адреса Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите..

Граѓаните кои се во социјален ризик и имаат потреба од ваква донација ќе може да се јават на посочениот телефонски број, на мејл адреса или лично да се обратат во центрите за социјална работа или во седиштето на Црвен крст на Македонија.

Кон оваа акција Министерството ги повикува да се приклучат и сите општини во државата, како и компании кои ќе посакаат да се приклучат на овој хуман проект. Досега Министерството меморандуми за соработка потпишало со 25 општини, а очекува и останатите да го сторат тоа.
Акцијата ќе се одвива според принципот Прв јавен прв услужен", а воспоставена е и процедура за постапување за учесниците во акцијата. Повиците ќе бидат регистрирани од страна на назначени одговорни лица во Министерството кои ќе водат база на податоци за потребите на граѓаните и точно време на повикот. Одговорните лица, пак, ќе бидат во постојана комуникација со задолжен координатор од месно надлежниот центар за социјална работа и претставникот на Црвен крст при што откако ќе се поврзе донацијата со потребата од донација ќе се организира нејзина достава од страна на Црвениот крст, општината и Асоцијацијата на превозници МАКАМ-ТРАНС кој е вклучен како партнер во акцијата.
 
Извор: Вечер


Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Наука и Култура

Октомври 23, 2021
3.to.Naoganje.glava.sv.Jovan.Krstitel

Поезија од Стефан Марковски застапена во меѓународна антологија на шпански јазик

„Преминот на поетските гласови бара прекугранични и меѓугенерациски средби и точки на дијалог. Тематските определби на песните почиваат врз различните емоционални, општествени, политички и интерперсонални набои на авторите; човечкото дистанцирање и поезијата…
Септември 28, 2021
3.to.Naoganje.glava.sv.Jovan.Krstitel

Познат научник тврди дека Бог постои

Според него, оваа теорија би можела да го докаже постоењето на Бог. Изјавите ги разгориле дебатите околу оваа тематика меѓу научниците токму затоа што Каку се смета за еден од најважните научници на 21 век. Тој е еден од креаторите на револуционерната Теорија…

Беседи

Митрополит Струмички Наум:   Жената Хананејка (16.10.2021)

Митрополит Струмички Наум: Жената Хананејка (16.10.2021)

 Послушанието не е лесен подвиг и не е без искушенија. Затоа, до добивањето на дарот на умно-срдечната молитва тоа е аскетски подвиг, подвиг на кој се принудуваме. Духовниот отец може...

Митрополит Пимен: ЗА Воскресението, гневот и пандемијата - „ЗБОРНИК НА КАРАНТИНСКИ БЕСЕДИ“

Митрополит Пимен: ЗА Воскресението, гневот и пандемијата - „ЗБОРНИК НА КАРАНТИНСКИ БЕСЕДИ“

Та Христос не воскресна само во Ерусалим, та Христос не воскресна само во храмовите. Христос воскресна за сите, за секој и секаде. Христос воскреснува во срцето на секој еден од...

Митрополит Струмички Наум: Сега... сакаш да имаш или да немаш?

Митрополит Струмички Наум: Сега... сакаш да имаш или да немаш?

Значи, наместо судење и осудување и самооправдување, Христос ни го покажува патот на самоукорување и самоосудување, патот напуштен од речиси сите денес; патот на смирението.Прашање е дали воопшто и можеме...

Митрополит Струмички Наум: Потсетник (06.10.2021)

Митрополит Струмички Наум: Потсетник (06.10.2021)

Денешното апостолско четиво (Гал. 6, 3) ме потсети на малиот број „христијани“, кои поради својата внатрешна душевна расцепеност и меѓусебната поврзаност по таа основа, се однесуваат како отцепени, не само...

Митрополит Струмички Наум: Двоедна заповед (03.10.2021 08:43)

Митрополит Струмички Наум: Двоедна заповед (03.10.2021 08:43)

Да не се лажеме себеси... Оној што ја има љубовта како дар на благодатта на Светиот Дух не може истовремено и да мрази. Нема тука место за обичните човечки чувства,...

Митрополит Струмички Наум: Љубовта ќе олади (01.10.2021)

Митрополит Струмички Наум: Љубовта ќе олади (01.10.2021)

Љубовта ќе олади кај тие што ја добиваат како дар Божји во Црквата, а не ја негуваат и не ја развиваат. Љубовта ќе олади кај христијаните, кај православните. Божествена љубов...

 Митрополит Стумички Наум: Тајната на личниот крст (29.09.2021)

Митрополит Стумички Наум: Тајната на личниот крст (29.09.2021)

Често луѓето имаат желба да се на местото на некој друг. Сакаат да ја имаат видливата власт и славата на другиот, сакаат да ги имаат видливите пари и имот на...

 архим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

архим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Незамисливо е да се биде христијанин без подвиг и крст. Оној што води лесен живот не може да се нарече христијанин. Некои луѓе отсекогаш верувале дека христијанин е оној кој...

 Митрополит Струмички Наум: Свадбена облека (25.09.2021)

Митрополит Струмички Наум: Свадбена облека (25.09.2021)

Свадбена облека е подвигот на очистување на срцето од страстите во послушание. Без овој подвиг никој не може да се нарече христијанин. За монасите и свештенството свадбена облека е нешто...

« »