логоFacebookTwitterYouTubeeMail


07

Четврток, 25 Октомври 2012 08:25

Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска денеска имаше обраќање пред министрите за култура на земјите од Југоисточна Европа во рамките на 8-та Министерска конференција за културно наследство во Југоисточна Европа, на тема „Нематеријалното културно наследство и одржливот развој“ која вчера и денеска се одржува во Софија, Република Бугарија.

Во фокусот на конференцијата е подобрувањето на регионалната соработка за заштита на нематеријалното културно наследство во Југоисточна Европа, а беше поздравено и отворањето на Регионалниот центар за нематеријално културно наследство, кој во Софија функционира од февруари годинава. На конференцијата беа поздравени и регионалните активности во рамките на новата глобална иницијатива „Култура: Мост за развојот“.
09_EKM-Bokova

Во своето обраќање Канческа-Милевска истакна дека одржувањето на конференцијата ја покажува заложбата на земјите од ЈИЕ меѓусебно да соработуваат во рамките на УНЕСКО, Европската Унија, Советот на Европа и, воопшто, како земји-соседи кои на пријателски и демократски начин ги споделуваат заедничките потреби, иницијативи и вредности  во доменот на културата и културното наследство.

„Дозволете ми да ја изразам мојата увереност дека со јакнењето на заедничката соработка ќе ги имплементираме нашите одлуки донесени на овие значајни средби и ќе успееме на нашите идни генерации во регионот да им оставиме наследство на воспоставена комуникација кое ќе се базира на нашата заемна толеранција и разбирање, воспоставен дијалог и почитување на културните разлики“, истакна Канческа-Милевска.

Министерката за култура информираше дека една од најприоритетните заложби на Владата на Република Македонија е заштитата на културното наследство и валоризација на неговите потенцијали. Таа подвлече дека Република Македонија ја ратификуваше Конвенцијата на УНЕСКО за заштита на нематеријалното културно наследство која успешно е имплементирана на национално ниво во Законот за заштита на културното наследство.
01_25-10-2012MKS

„Досега во Република Македонија под заштита се ставени 40 добра кои се однесуваат на дијалектите и говорите на македонскиот јазик и на другите јазици во Македонија, топонимите, народните песни и ора, обичаите и др., а дваесет и пет нови апликации за прогласување се во процедура. Исто така, соочени со ризикот дека формите на духовното наследство со текот на времето можат да исчезнат, Министерството за култура, преку своите годишни програми, редовно ги поттикнува и ги поддржува активностите на своите институции, невладините здруженија, поединците и фолклорните ансамбли од сите етно-региони на државата кои го негуваат, евидентираат и го презентираат духовното културно наследство“, истакна Канческа-Милевска.

Таа потенцираше дека Министерството за култура и во иднина ќе продолжи да обезбедува поддршка за развој на програми за негување, меморирање и популаризација на духовното културно наследство преку: кампањи за подигнување на свеста на јавноста за културното наследство; едукација на младите генерации преку соодветни наставни програми во основното, средното и во високото образование; вклучување информации за заштитените духовни културни добра во програмите на неформалното образование во т.н. летни школи, семинари, специјални циклуси предавања, веб-проекти, работилници и други креативно-образовни практики; и актуализација на наследените културни (духовни) добра во програмите на фестивалите на традиционална култура во државата.
01_25-10-2012-640

Покрај министрите за култура, гостин на овој значаен настан е и Ирина Бокова, генерален директор на УНЕСКО, со која министерката за култура Канческа-Милевска оствари билатерална средба. На средбата Канческа-Милевска изрази голема благодарност за досегашната континуирана поддршка што УНЕСКО и ја дава на Република Македонија. Воедно подвлече дека 2013 е многу значајна година бидејќи ќе бидеме домаќини на два големи настани: 11-от Регионален самит на шефови на држави и Третата светска конференција за меѓурелигиски и меѓуцивилизациски дијалог. Овие настани, кои се реализираат континуирано во рамките на УНЕСКО, ќе бидат посветени на 10-годишнината од Охридската порака за мир, донесена на Првиот регионален самит на шефови на државите на ЈИЕ „Дијалог помеѓу цивилизациите“.
01_25-10-2012-640

Претходно, во рамките на конференцијата, министерката Канческа-Милевска оствари средба со српскиот министер за култура Братислав Петковиќ, со кого разговараше за досегашните и за идните проекти меѓу двете земји на полето на заштитата на културното наследство.

Исто така, министерката за култура упати покана до  присутните за учество на министерската конференција која ќе се одржи на 13 ноември во Скопје, во рамките на претседавањето на Република Македонија со процесот за соработка на земјите од Југоисточна Европа, како и на Верската конференција следната година.

Во рамките на конференцијата е донесена и заедничка декларација на министрите за култура на Југоисточна Европа за „Нематеријалното културно наследство и одржливот развој“.

 Извор: МИНИСТРЕСТВО ЗА КУЛТУРА НА Р.МАКЕДОНИЈА

 



Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Наука и Култура

Јули 24, 2022
TViTer319

ТРКАЛЕЗНА МАСА ЗА ПОДАТОЦИТЕ ЗА Е-ТРГОВИЈАТА ВО НАШАТА ЗЕМЈА

Од АЕТМ велат дека со оваа тркалезна маса, Асоцијацијата за е-трговија на Македонија и Државниот завод за статистика иницираат соработка меѓу засегнатите институции и се вклучуваат во напорите за започнување на јавно-приватен дијалог помеѓу релевантните…
Јануари 27, 2022

Конгресот на САД ќе носи резолуција за славење на македонскиот јазик и наследство

Во Конгресот на САД е покрената резолуција за прогласување на септември 2022 за „Месец на македонското американско наследство“ и за славење на македонскиот јазик, историја и култура на македонските Американци и нивниот „неверојатен придонес“ за Соединетите…

„Анатомија на бумбарот” на Стефан Марковски

Дек 28, 2021 Литература 707
3.to.Naoganje.glava.sv.Jovan.Krstitel
Во романот, чие македонско издание е објавено од „Паблишер“, се дефинира енергична и…

Поезија од Стефан Марковски застапена во меѓународна антологија на шпански јазик

Окт 23, 2021 Литература 1204
3.to.Naoganje.glava.sv.Jovan.Krstitel
„Преминот на поетските гласови бара прекугранични и меѓугенерациски средби и точки на…

Познат научник тврди дека Бог постои

Сеп 28, 2021 Наука и Религија 6783
3.to.Naoganje.glava.sv.Jovan.Krstitel
Според него, оваа теорија би можела да го докаже постоењето на Бог. Изјавите ги разгориле…

Беседи

Митрополит Струмички Наум: Свети Климент Охридски (08.08.2022)

Митрополит Струмички Наум: Свети Климент Охридски (08.08.2022)

Но, што значи тоа дека некој ќе влезе и ќе излезе и дека пасиште ќе најде?Тргнувајќи секогаш од персоналното начело на македонско-светогорската исихастичка школа (наспроти антиохиската историска и александриската алегориска...

Митрополит Струмички Наум: Свети Пророк Илија (01.08.2022 15:58)

Митрополит Струмички Наум: Свети Пророк Илија (01.08.2022 15:58)

 Вистинскиот, пак, Божји пророк, што и да направи, тешко ќе ги отвори кон милост суетните срца на самонаречените духовни величини: „Зашто дојде Јован Крстител, кој ниту леб јаде, ниту вино...

БEСEДА  за пoтрeбата за пoвтoрувањe и пoвтoрувањe

БEСEДА за пoтрeбата за пoвтoрувањe и пoвтoрувањe

Oрачoт oра вo нивата. Зарeм нe ја пoвтoрува oрачoт сeкoја минута истата рабoта? Какo инаку би ја изoрал нивата, акo oд утрo дo мрак нe длаби бразда дo бразда?Патникoт чeкoри...

Исцеление на демонизираниот човек во Гадара

Исцеление на демонизираниот човек во Гадара

Евангелието е еден вид огледало, во кое се огледуваме себеси, и гледајќи се во него, се дотеруваме внатрешно. Како што секоја куќа има огледало, така треба секоја куќа да има...

Протоереј ставрофор Глигор Дамјановски: СВЕТИ БЕСРЕБРЕНИЦИ И ЧУДОТВОРЦИ КОЗМА И ДАМЈАН (обновено)

Протоереј ставрофор Глигор Дамјановски: СВЕТИ БЕСРЕБРЕНИЦИ И ЧУДОТВОРЦИ КОЗМА И ДАМЈАН (обновено)

 Бидејќи имале силна и непоколеблива вера, Божјата благодат делувала врз сите луѓе коишто им се обраќале за помош. Колку што лекувале со разните треви, толку повеќе Бог, поради нивниот свет...

Митрополит Струмички Наум: Светите Апостоли (11.07.2022 20:30)

Митрополит Струмички Наум: Светите Апостоли (11.07.2022 20:30)

   Петар Му се обраќа на Господ како прв меѓу еднаквите по чест, кој во тој момент ги изразува и сведочи верата и опитот на сите Апостоли, а не само својата...

Митрополит Струмички Наум: Свети Наум Охридски (02.07.2022 )

Митрополит Струмички Наум: Свети Наум Охридски (02.07.2022 )

Согласно опитот на сите Свети, единствен темел на вистинскиот духовен живот во Црквата е вистинската вера. Вистинска вера може да биде само една. Учеството во вистинската вера во Црквата истовремено...

БEСEДА  за угледувањe на мравкитe

БEСEДА за угледувањe на мравкитe

Вoлјата на Твoрeцoт, Кoј нè испратил вo oвoј свeт e да твoримe дoдeка смe вo свeтoт. Самиoт Гoспoд Исус запoвeда: Твoрeтe, стражарeтe! Oн ги фали oниe кoи ги умнoжуваат дадeнитe...

Архиепископ Антинојски Пантелејмон: За љубовта

Архиепископ Антинојски Пантелејмон: За љубовта

 Ако на пример, ние не ги надминеме границите на секојдневнието, ако не ги надминеме своите слабости, тогаш на кој начин нашата христијанска љубов се разликува од другите? Ако ги љубиме...

« »