логоFacebookTwitterYouTubeeMail


 МИА-7.08.2012 год.

Оплеменетите снимки се неизбежен дел од воените фотографии од самиот почеток.

Роберт де Ниро и Дастин Хофман во американската црна комедија, Со војна против вистината, се обидуваат пред изборите да го спасат образот на американскиот претседател вмешан во сексуален скандал и да му обезбедат уште еден мандат во Белата куќа. Филмот и во реалноста се покажа како предвидување. За кратко време по неговото објавување Америка ја потресе афера чии главни протагонисти беа претседателот Бил Клинтон и неговата секретарка Моника Левински.

Исто како во филмот Војна против вистината, каде спин докторот Де Ниро и холивудскиот продуцент Хофман, ја лансираа приказната за терористичка опасност која се заканува на САД од Албанија, вниманието на американската јавност од случајот со Левински се сврте на терористите – во Авганистан.

Темата фрлање на прашина во очи на јавноста, со која се занимава оваа црна комедија, повторно беше актуелизирана пред неколку дена со скандалот што го предизвика австрискиот високотиражен таблоид Кронен цајтунг, кој извештајот од Сирија го засили со фотографија на семејство кое бега низ разрнат град. Меѓутоа, се откри дека урнатините се фотошоп, а дека оригиналната фотографија настанала во целосно поинакви услови.

Многумина оваа информација ги потсети на Дастин Хофман кој играјќи режисер во наведениот филм снима девојка како во раце носи кесичка чипс и поминува пред неутрални сини подлоги во филмско студио кои подоцна со магија на филмска анимација се трансформирани во разрнат град, а чипсот во исплашено маче во раце на уште поисплашена девојка.

Дали монтираните фотографии во медиумите се новост? Познавачите тврдат дека лажирани воени фотографии постојат колку што постои и самото снимање на воените настани и дека тие играат суптилна но значајна улога во воените борби. Во последно време стручната јавност изразува сериозни сомнежи во веродостојноста на многу култни фотографии меѓу кои е и таа која прикажува момент на убиство на војник во Шпанската граѓанска војна, чиј автор е Роберт Капа, бард на воени фотографии.

Новиот бран на монтирање на воени фотографии поради посилен ефект, донесе војна во Ирак. Како не треба да се работи покажа првиот фотограф на Ел Ел Тајмс, Брајан Волкси кој од ирачките воени акции праќаше малку прекомпонирани фотографии. Менуваше позадини, положбата на луѓето и оружјето, а една таква снимка се најде и на насловната страна на весникот. Кога измамата беше откриена моментално доби отказ, но штетата што ја направи со искривување на вистината, во очите на читателите беше неповратна.

Уште една спорна фотографија од Багдад која го обиколи светот е таа на која се гледа уривање на споменикот на Садам Хусеин, што е протолкувано како бунт на угнетуваниот народ против диктаторот. Прашање е дали ефектот ќе беше ист ако објавената снимка не беше исечена, така да не се гледа дека повеќето гледачи на уривањето се странски новинари, а не Ирачани.

Голем скандал и удар на репутацијата на новинската агенција Ројтерс зададе и серија фотографии на либанскиот фотограф Аднан Хаџа, кој известувал од израелско-либанската војна во 2006 година. Аферата е наречена Ројтерсгејт, по пример на Вотергејт, а спорни беа најмалку две фотографии. Првата го прикажува Бејрут по ударот на израелската авијација, а ефектот е засилен со додавање на густ чад на погодените згради.

Спинот на другата фотографија е уште подрастичен бидејќи оригиналната снимка на израелскиот авион Ф-16 кој над јужен Либан испалува една сигнална ракета, е опремен така да изгледа дека авионот всушност испалил три боеви проектили.

Функцијата на нашминканите фотографии не е само со цел една страна во војната да ја придобие наклоноста кај гледачите. Се случува, како во случајот со Северна Кореја, лажираните снимки да имаат улога на покажување на моќ. Така светот пред неколку месеци го обиколија фотографии на воената парада во севернокорејската престолнина, на која меѓу останатиот воен арсенал со гордост беа прикажани огромни ракети, со до сега невидени димензии. Снимките привлекоа внимание кај германските експерти кои по деталниот увид потпишаа наод во кој тврдат дека ова силно оружје всушност е моќно колку што се убиствени детските играчки.

За монтирањето на воени и останати фотографии, како и разочарувањето кое гледачите ќе го почувствуваат кога измамата ќе се открие, размислуваат интелектуалци од целиот свет.

Така Сузан Зонтаг во својата книга За болката на другите, пишува: Не ме чуди што се откри дека некои култни фотографии, вклучувајќи и голем број најпознати фотографии од Втората светска војна, всушност биле наместени. Меѓутоа, ме изненадува што ние секогаш се вџашуваме и се разочаруваме кога ќе се открие измамата. Од фотографот очекуваме да биде веродостоен шпион во куќите на љубов и смрт.

Политика – Белград



Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Наука и Култура

Октомври 23, 2021
3.to.Naoganje.glava.sv.Jovan.Krstitel

Поезија од Стефан Марковски застапена во меѓународна антологија на шпански јазик

„Преминот на поетските гласови бара прекугранични и меѓугенерациски средби и точки на дијалог. Тематските определби на песните почиваат врз различните емоционални, општествени, политички и интерперсонални набои на авторите; човечкото дистанцирање и поезијата…
Септември 28, 2021
3.to.Naoganje.glava.sv.Jovan.Krstitel

Познат научник тврди дека Бог постои

Според него, оваа теорија би можела да го докаже постоењето на Бог. Изјавите ги разгориле дебатите околу оваа тематика меѓу научниците токму затоа што Каку се смета за еден од најважните научници на 21 век. Тој е еден од креаторите на револуционерната Теорија…

Беседи

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Премногу размислуваме во категоријата Бог – човек, наместо во категоријата личносни односи. Религиозниот човек размислува во рамките на првата категорија, а црковниот човек размислува и дејствува во откровението на втората...

Митрополит Струмички Наум: Свињарски идентитет (27.11.2021)

Митрополит Струмички Наум: Свињарски идентитет (27.11.2021)

Зошто не Го примаме Богочовекот Христос? Поради задоволувањето на нашите страсти, кои ни станале поважни од Него. Примерот со луѓето од земјата Гадаринска ни покажува дека ним им беа многу...

 БEСEДА  за тoа какo ангeлитe вoјуваат за правeдницитe

БEСEДА за тoа какo ангeлитe вoјуваат за правeдницитe

Ангeл Гoспoдoв ќe вoјува за oниe кoи сe бoјат oд Бoга. Тoа сe пoкажалo јаснo мнoгупати, штo e запишанo, и бeзбрoј пати штo нe e запишанo. Архангeлoт Михаил гo oдбранил...

Митрополит Струмички Наум:   Жената Хананејка (16.10.2021)

Митрополит Струмички Наум: Жената Хананејка (16.10.2021)

 Послушанието не е лесен подвиг и не е без искушенија. Затоа, до добивањето на дарот на умно-срдечната молитва тоа е аскетски подвиг, подвиг на кој се принудуваме. Духовниот отец може...

Митрополит Пимен: ЗА Воскресението, гневот и пандемијата - „ЗБОРНИК НА КАРАНТИНСКИ БЕСЕДИ“

Митрополит Пимен: ЗА Воскресението, гневот и пандемијата - „ЗБОРНИК НА КАРАНТИНСКИ БЕСЕДИ“

Та Христос не воскресна само во Ерусалим, та Христос не воскресна само во храмовите. Христос воскресна за сите, за секој и секаде. Христос воскреснува во срцето на секој еден од...

Митрополит Струмички Наум: Сега... сакаш да имаш или да немаш?

Митрополит Струмички Наум: Сега... сакаш да имаш или да немаш?

Значи, наместо судење и осудување и самооправдување, Христос ни го покажува патот на самоукорување и самоосудување, патот напуштен од речиси сите денес; патот на смирението.Прашање е дали воопшто и можеме...

Митрополит Струмички Наум: Потсетник (06.10.2021)

Митрополит Струмички Наум: Потсетник (06.10.2021)

Денешното апостолско четиво (Гал. 6, 3) ме потсети на малиот број „христијани“, кои поради својата внатрешна душевна расцепеност и меѓусебната поврзаност по таа основа, се однесуваат како отцепени, не само...

Митрополит Струмички Наум: Двоедна заповед (03.10.2021 08:43)

Митрополит Струмички Наум: Двоедна заповед (03.10.2021 08:43)

Да не се лажеме себеси... Оној што ја има љубовта како дар на благодатта на Светиот Дух не може истовремено и да мрази. Нема тука место за обичните човечки чувства,...

Митрополит Струмички Наум: Љубовта ќе олади (01.10.2021)

Митрополит Струмички Наум: Љубовта ќе олади (01.10.2021)

Љубовта ќе олади кај тие што ја добиваат како дар Божји во Црквата, а не ја негуваат и не ја развиваат. Љубовта ќе олади кај христијаните, кај православните. Божествена љубов...

« »