логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка




  
Традиционалните медиуми се во процес на приспособување кон растечкиот број нови медиуми, каде што информацијата е демонополизирана, децентрализирана и бесплатна. Македонија, како и светот, е длабоко заплисната од овие процеси, а ВМРО-ДПМНЕ изминатите години ја презема улогата на нивен главен промотор и поддржувач    
   
  
Дебатата во светот за местото и улогата на новите медиуми е во фаза на постојано разгорување. Некаде прочитав дека денес најсиромашниот човек на светот има околу 150 пати повеќе информации отколку што на крајот на 19 век имала британската кралицата Викторија. Паралелно со ваквиот технолошко-медиумски развој, во одредени делови од светот доаѓа до израз и авторитарната природа на власта. Два случаи последните денови го вртат вниманието на јавноста кон оваа сфера, по којзнае кој пат потсетувајќи нé на сé поголемата важност на Интернет.

Изјавата на првиот човек на „Гугл“, Ерик Смит, дека иранските власти не можат да го запрат Интернет, на вистински начин го определи местото на новите медиуми во обликувањето на јавното мислење во светот. Со оваа изјава, Смит всушност мислеше на настојувањата на властите во исламската република да ги спречат опозициски настроените граѓани, кои протестираа по улиците заради сомневањата во изборните нерегуларности, вестите за тој чин да ги рашират колку што е можно повеќе, користејќи ги популарните интернет-сервиси какви што се „Фејсбук“ или „Твитер“. Претпоставката на првиот човек на „Гугл“ се покажа како исправна, а светот „од прва рака“ дозна на кој начин во Иран се почитува правото на граѓаните да ги избираат своите претставници на сите нивоа на власта и, во согласност со развојот на настаните, слободата на мирното собирање. Во таа смисла, следејќи ги настаните во оваа далечна држава, како ретко кога новите медиуми, а не конвенционалните, го определија развојот на политичките настани. Да не постоеше Интернет светот ќе беше во информативна блокада, за насилството на режимот врз демонстрантите немаше да знаеме, а политичките лидери на демократските држави ќе имаа многу помала основа за аргументација на ставовите пред своите гласачи во однос на политиките што планираат да ги преземат против властите во оваа држава.

Имајќи го предвид иранското искуство, на другиот крај од светот, во Кина, државата подготвува „одговор“ на несоодветните информации што можат да се следат на Интернет. Имено низ светските медиуми можевме да прочитаме дека тамошните власти подготвиле софтвер што треба да се инсталира на сите компјутери во државата, со што ќе биде оневозможено малолетниците да следат неморални онлајн-содржини. Критичарите, пак, толкувајќи го овој чекор, стравуваат дека намерата е многу подлабока и има за цел да се блокира пристапот на граѓаните до сите веб-политички ресурси што режимот ги смета за опасни. Иако во оваа фаза е неможно да се определи дали зад овој проект на кинеските власти, освен изворните намери, стојат и други поврзани со политичка цензура, сепак, добиваме уште една потврда за огромното влијание на новите медиуми. 1. Поради појавата и развојот на Интернет, во светот се одвиваат длабокореволуционерни процеси на разбивање на монополот на медиумското информирање што го држат традиционалните медиуми. Денес бројот на посетителите на веб-сајтовите на најмоќните медиумски корпорации е некогаш и помал од оној на блогот на некој студент, кој известува за одреден настан од својата детска соба во некое предградие во Москва. 2. Информацијата денес е наполно децентрализирана, со што и можноста од цензурата е практично неможна. Ниту еден диктаторски режим, независно колку е моќен, не може да го контролира Интернет, бидејќи обидот за негово „зауздување“ е речиси еднаков како обидот да се контролираат мислите на луѓето. 3. Цената на информацијата вртоглаво опаѓа. За разлика од традиционалните медиуми, каде што во крајната цена на производот – веста - се вкалкулирани огромните трошоци за простории, камери, возила, печатници и големи редакции, информативните блогови или сајтови го постигнуваат истиот ефект со многу креативност, еден компјутер и интернет-врска.

Македонија, како и светот, е заплисната од светските трендови поврзани со развојот на Интернет. Нашата држава е дел од планетарните процеси во кои влијанието на новите медиуми се зголемува паралелно со зголемувањето на корисниците на Интернет. За разлика од 2005 година, кога пенетрацијата беше едвај 7 проценти, денес во Македонија од своите домови или работни места околу 50 проценти од граѓаните имаат редовен пристап до Интернет. Тоа значи дека сразмерно со процентот на нови корисници на онлајн-ресурсите се зголемува и просторот за влијание врз општествените текови од страна на сé поголемиот број македонски интернет-комуникатори. Во таа смисла, на пример, помеѓу мноштвото наши блогери се издвоија личности што излегоа од виртуелниот свет, ги заменија своите никови со личните имиња и станаа дел од општествениот мејнстрим. Од друга страна, пак, и општеството слезе во виртуелноста, на тој начин давајќи дополнителен придонес во нејзината релевантност. Конкретно, партиите влегоа на блоговите, на форумите и на социјалните мрежи. И новинарите исто така, како што влегоа и универзитетските професори, интелектуалците, но и претставниците на останатите сегменти во општеството. Во овој миг големите политички идеи на партиите на левицата и на десницата се начнати и од други маргинални идеолошки групи токму заради исклучителната леснотија за создавање и пренесување информации.

Денес главната игра сé повеќе се води на Интернет. Модерната држава треба да го поддржи овој процес и да се приспособи, а не да се обидува да го контролира. Традиционалните медиуми се во процес на приспособување кон новата реалност во која информацијата е демонополизирана, децентрализирана и бесплатна. Македонија, како и светот, е длабоко заплисната од овие процеси, а ВМРО-ДПМНЕ изминатите години ја презема улогата на нивен главен промотор и поддржувач.

Авторот е пратеник на ВМРО-ДПМНЕ   
   
Автор: м-р Александар Спасеновски 

 

Извор: Нова Македонија



Makpetrol

dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Наука и Култура

Октомври 12, 2025
Default Image

Наградата „Ладислав Баришиќ“ за 2025 година ја доби д-р Иванка Апостолова Баскар

Здружението на ликовни критичари AICA Македонија со задоволство ја објавува одлуката на Комисијата за доделување на годишната награда „Ладислав Баришиќ“, која оваа година ѝ се доделува на д-р Иванка Апостолова Баскар за истражувачкиот проект„Вознемирен…
Септември 23, 2025
TviTER929

Anita Gibson- ,,Во вашата рака држите дел од Израел“

Но денес, со откритијата за Унит 8200 и неговите луѓе распослани во Google, Microsoft, Facebook, TikTok, па дури и во VPN сервисите, станува јасно: тоа не беше фалење. Тоа беше признание.Телефоните, апликациите и „безбедносните алатки“ што секојдневно ги…

Денес, кога болката е наша

Јул 20, 2025 Ставови 971
TviTER777
Во Гетеборг, 1998 година, огнот го изгасна животот на 63 млади.Но подолго траеше…

ЈУБИЛЕЈ НА МУЗИКАТА - X ИНТЕРНАЦИОНАЛЕН ФЕСТИВАЛ ПОЛИХИМНИА 2025

Апр 17, 2025 Музика 1622
Festival.Simeon
Од 11.04 - 15.04. 2025 год. во Скопје по десетти пат се одржа Интернационалниот фестивал…

Интервју со Живко Грозданоски: ДПМ може да дејствува гласно, сложно и независно

Сеп 25, 2024 Интервју 1955
Zivko.Grozdanoski3
Ми се чини дека надворешните предизвици, како на пример отсуството на соработка со некои…

„РАДОСТА НЕ ДОАЃА САМА, ТАА МОЖЕ ДА ЈА ЗАСЕНИ ТАГАТА“ Академик Ќулавкова добитничка на наградата „Браќа Миладиновци“ на СВП

Авг 29, 2024 Литература 2041
TviTER231
Пред 35 години, август 1989-та, ми беше доделена првата награда за најдобра поетска книга…

Беседи

Митрополит Струмички Наум: БОГОЈАВЛЕНИЕ - ОТКЛУЧУВАЊЕ НА КАПАЦИТЕТОТ НА ЛИЧНОСТА

Митрополит Струмички Наум: БОГОЈАВЛЕНИЕ - ОТКЛУЧУВАЊЕ НА КАПАЦИТЕТОТ НА ЛИЧНОСТА

 Бог го создаде човекот според Својот образ и подобие, т.е. како личност. Што точно, колку што може да сфатиме, значи тоа? Прво, образот Божји значи - совршена слобода, а подобието...

Митрополит Струмички г. Наум: КАКВО Е ЗНАЧЕЊЕТО НА МОЈОТ ЗБОР?

Митрополит Струмички г. Наум: КАКВО Е ЗНАЧЕЊЕТО НА МОЈОТ ЗБОР?

Зборот на еден Епископ на Црквата Божја, на оној, не што Го заменува Христос, туку кој е икона Христова – на место и во обличје Христово; оти Богочовекот Исус Христос...

Извлекување од длабочината на тагата

Извлекување од длабочината на тагата

 Паѓањето во преголема тага и очајание, не е љубов кон оној ближен што сме го изгубиле, туку своевидно изневерување – од перспектива на Царството Небесно. Начинот на нашиот живот –...

 Митрополит Струмички г. Наум: Пречки или предности при молитвата

Митрополит Струмички г. Наум: Пречки или предности при молитвата

Тоа се, на пример, топлината на срцето, восогласеноста на дишењето со изговарањето на зборовите на молитвата и затвореноста или отвореноста на срцето за молитвата. Со овие три појави, вообичаено, се...

Рождество Христово

Рождество Христово

Сите ние – христијаните, знаеме дека светата Литургија е сржта на нашето постоење во овој свет и век. Целиот наш живот е, или треба да е, една света Литургија. Богочовекот...

Божикно послание (06.01.2026)

Живееме во свет во којшто има неправди и беззаконие, каде што не само што не се почитуваат Христовите заповеди, туку и владеат норми најдиректно спротивни на нив. Но да не...

о.Жарко Ѓорѓиевски: Пред Рождество Христово (Мт. Зач. 1)

о.Жарко Ѓорѓиевски: Пред Рождество Христово (Мт. Зач. 1)

Во овие светли денови на соборно прославување на Христовото раѓање, непрестајно да Му благодариме на Бога Отецот, Кој покажа бескрајна љубов кон нас, па и ние да направиме јасли во...

о.Жарко Ѓорѓиевски: ЕВАНГЕЛИЕ ЗА ИСЦЕЛУВАЊЕТО НА ДЕСЕТТЕ ЛЕПРОЗНИ

о.Жарко Ѓорѓиевски: ЕВАНГЕЛИЕ ЗА ИСЦЕЛУВАЊЕТО НА ДЕСЕТТЕ ЛЕПРОЗНИ

Но, зошто Бог бара од луѓето благодарност? Поради Својата бескрајна љубов кон луѓето; Бог бара од нас да Му принесеме благодарност. Благодарноста од луѓето нема да Го направи Бога поголем,...

Митрополит Струмички г. Наум: Демонско преземање, т.е. хакирање, на разумот

Митрополит Струмички г. Наум: Демонско преземање, т.е. хакирање, на разумот

Кој момент од нашиот живот посебно го чека и користи демонот за да направи обид за преземање на нашиот разум? Демонот постојано си подготвува терен, и преку општата атмосфера што...

« »

Најново од култура

Православен календар

 

23/01/2026 - петок

Св. Григориј, епископ Ниски; Преп. Амон; Св. Маркијан; Св. Теофан Затворник;;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот Јоаникиј Ракотински  24  јануари/11 јануари 2026

Тропар на светиот Јоаникиј Ракотински 24 јануари/11 јануари 2026

Живот богољубив мина, преподобен Јоаникие,којшто си овенчан од Исуса Владиката, Подвигоположникот.Така, твориш чудеса преку моштите своиза сите што доаѓаат и...

Тропар на светиот епископ Ниски, Григориј  23 јануари/10 јануари  2026

Тропар на светиот епископ Ниски, Григориј 23 јануари/10 јануари 2026

Словото Божјо привлекувајќи те кон Себе,со мудрост те обдари,о свети епископе Григорие,венец исповеднички доби,кога црквата од ереси ја очисти,

Тропар на светиот Христов маченик Полиевкт  22 јануари/9 јануари 2026

Тропар на светиот Христов маченик Полиевкт 22 јануари/9 јануари 2026

Светлината која се покажа на лицето твоеја истера темнината на незнаењето,о, Полиевкте блажен ученику на Љубовта Божја,тебе кого Христос Го...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная