логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


Во 1960 година односот вработени - пензионери бил 12 спрема 1. Во 1980 година односот е 5:1. Во 1990 година односот паѓа на 3:1. Во 2007 година односот е 1,59:1. Наталитетот е паднат за 43 отсто, а тој е суштински за иднината на македонската економија


Време е да го видиме слонот во собата. Да го забележиме очигледното, да ги погледнеме бројките. Ние умираме и исчезнуваме. Ниту еден геноцид, окупатор, војна или болест не го потепала народот како бројките во последните 30 години. Што ќе донесат трендовите кои веќе се случуваат? Градови без жители. Села во коров. Цели згради со 2 -3 деца. Економија без луѓе. Пензиски систем што колабира. Огромни даноци поради пензиите. Економија со стагнација поради високите даноци. Емигрирање на младите поради преголемите даноци. Уште поголеми даноци поради медицински трошоци. Колапс на буџетот поради намален број на даночни обврзници. Пропаднати фирми затоа што нема да има потрошувачи. Наставници без ученици. Свештеници без народ кои само одат на погреби. Дедовци и баби без внуци. Стари луѓе на кои нема да има кој да им помага. Demography is destiny. Демографијата е судбина. Така заклучуваат светските умови. Погледнете ја денешната економска рецесија. Поради негативни стапки во 6 месеци (два квартали) сите се вознемирени. Г7, Г8, Г20, ЕУ, ММФ, ОПЕК, АСЕАН, ОН, ОЕЦД... Сите држат итни состаноци, решаваат проблеми.

Во Македонија падот на БДП во првиот квартал на 2009 година (јануари, февруари, март) е 0,9 отсто. Но, во Словенија падот е минус 4,1 отсто, а Турција минусираше 13,8 отсто. Хрватска падна за - 6,7 отсто. Србија минусираше 3,5 отсто, а Бугарија - 3,5 отсто. Негативниот тренд во еврозоната е - 4,8 отсто, а во целата ЕУ27 падот е - 4,5 отсто, Германија е надолу со - 6,9 отсто, САД -2,6 отсто, Јапонија има - 9,1 отсто. Транзиционата левица прогласува национална катастрофа во време кога другите паѓаат неспоредливо повеќе од нашата економија. Погледнете ги уште еднаш горните бројки и споредете ги падовите. Се прават итни седници, се состанува стопанската комора. Тоа е нормална реакција.

Но, ние имаме една друга рецесија. Демографската рецесија всушност е катастрофа. Трае 29 години, секој ден, секој квартал. Во 1950 година биле родени 49.950 дечиња, во 1960 бројката е 44.059, а во 1970 родени се 39.862. Во 1980 година имаме 39.748 раѓања, а потоа почнува драстичиот пад. Во 1990 година родени се 35.401, а веќе во 1995 година имаме 28.868. Тоа е пад од 15,6 отсто. Ако луѓето се наша најголема вредност, тогаш во најважната област имаме „рецесија“ од -15,6 отсто. Во 2000 година родени се 26.168 деца, а во 2005 година продолжува падот и бројката изнесува 22.482. Пресметка? Рецесијата е дополнителни 10,1 отсто.

Пресметката за последните 25 години ја дава шокантната бројка: имаме пад на бројот на родените од 43,48 отсто. Од 39.784 на 22.482. Тоа е децениска рецесија која ги проретчува нашите градинки, ги опустошува нашите села, ги празни нашите градови. Уште еднаш: рецесија од 43,48 отсто.

Седумдесет отсто од жените во Република Македонија родиле едно дете. Просечниот број на родени деца по жена во нејзиниот животен век ја дава стапката на фертилитет. Македонија има стапка на фертилитет од 1,46 родено дете по жена. За просто одржување на бројот на жители, потребно е фертилитетот да биде 2,1. Значи, просекот на родени деца по жена треба да биде 2,1 за Македонија да има 2 милиона жители во 2030 година. Секоја бројка под 2,1 значи пад на бројот на населението, колапс на пензискиот систем и огромни проблеми за економијата. Ние веќе 20 години имаме фертилитет под 2,1. Последиците се неизбежни.

Прв пример: децата се тие што го полнат и го плаќаат пензискиот систем кога нивните родители се во пензија. Тоа е системот pau as you go. Ако мајката и таткото имаат едно дете, тогаш тоа едно дете треба да ги плаќа нивните две пензии. Имајте предвид дека 70 отсто од двојките во Македонија во последните 20 години имаат едно дете. Кој ќе ги плаќа нивните пензии кога ќе остарат?

Втор пример: родените во 1950 година (49.560) за пет години ќе одат во пензија. Кој ќе ги замени? Тие што се родени 1995 година кои во 2015 ќе наполнат 20 години. Колку ги има? 29.886.Трет пример: родените во 1960 година (44.059) ќе заминат во пензија во 2025 година. На нивно место ќе дојдат само 22.482 родени во 2005 година. Пензискиот систем и буџетот ќе крахираат. Идните пензионери, кои денес имаат едно дете создаваат економски систем кој нема да може да издржи.

Во 1960 година имало 184.016 вработени, а 15.289 пензионери. Односот бил 12 спрема 1. Во 1980 година односот е 5:1. Во 1990 година односот паѓа на 3:1. Во 2007 година имаме 434.041 вработени, а 272.386 пензионери. Односот е 1,59:1. Размислете колку ќе бидат ниски пензиите кога односот ќе биде 1:1. И платите ќе бидат ниски затоа што ќе има големи даноци. Споредете го бројот на деца во вашето основно училиште пред 40, пред 20 или пред 10 години. Погледнете како е денес. Имаме 30 отсто повеќе наставници и дипломирани педагози, но имаме 40 отсто помалку деца.

Замислете ја за момент Македонија како општина во државата Европа. Замислете ги сите европски држави како општини, согласно бројот на жителите. Франција (60 милиони) е како Прилеп во Македонија. Холандија, на пример, е Виница. Општина Охрид нека биде како Шпанија, а Данска по бројот на жителите е како општина Босилово. Ако продолжат овие трендови, каква ќе биде судбината на Македонија? Ќе опустоши. Ќе има само старци, како општината Старавина или општината Конопиште. Тоа се следните 100 години. Цели држави ќе ја доживеат судбината на Галичник или на Мариово. Бројките на родени и умрени во градовите (Битола, Прилеп, Кратово, Виница, Охрид, Берово...) денес се исти како за Галичник во 1950. Тоа што беше во селата пред 30 години, денес се случува во градовите. Но, градовите нема кој да ги спаси. Селата се празни и имаат многу малку млади. Значи, мораме нешто да промениме во самите себе.

Наталитетот и демографијата се суштински важни за економската иднина на Македонија. Тие ќе ги диктираат буџетот, платите и пензиите. Тие го обликуваат здравството и образованието. Затоа, демографските мерки не треба да се третираат со цинизам и со малодушност. За поздравување е зголемувањето на бројот на родени од 1,1 отсто во 2008 година. Но, тоа не го решава проблемот затоа што имаме демографска рецесија веќе 25 години. Голем проблем е падот на економијата од 1 отсто, но уште поголем проблем е демографската рецесија и цунами од минус 43 отсто од 1980 до 2005 година. Време е да го видиме слонот во собата. Се работи за иднината на македонската економија и на пензискиот систем. Тоа сите ги засега.

Влатко Ѓорчев

Извор: Дневник



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Наука и Култура

Ноември 14, 2023
Tamara.Kotevska

По премиерата на новиот филм „The Walk“ во Њујорк на двојната кандидатка за Оскар - Тамара Котевска

Работејќи од нејзините разговори со Асил и другите деца бегалци, режисерката направи гласовна нарација (испорачана од друга девојка, а не од Асил што ја гледаме на екранот) која е резервна, поетска и застрашувачка. „Треба да најдам место каде што можам да ги…
Септември 25, 2023
Snimatel.Naum

Наум Доксевски, кинематографер на „Домаќинство за почетници“: Со Горан бевме согласни дека најважно е да ја доловиме емоцијата на платното

На денешната прес –конференција екипата на филмот „Домаќинство за почетници“, кој беше прикажан на свеченото отворање на 44. издание на ИФФК „Браќа Манаки“ проговори за текот на снимањето, раѓањето на идејата за филмот, соработката на снимањето, кастингот…

„ПОЕЗИЈА ОД МАКЕДОНИЈА“ и „Версвил“

Авг 19, 2023 Литература 1464
TVIT762
Реномираното меѓународно списание за поезија „Версвил“, својот најнов број во целост го…

Промоција на Речник на медиумска писменост

Мај 31, 2023 Литература 1790
Ова лексикографско издание е прв сериозен обид за систематизирање на термините коишто се…

Интервју со Јована Матевска Атанасова – писателско име кое полека оди кон врвот на македонската литература

Мар 09, 2023 Интервју 1666
Jovana.matevska
Најпрво сум радосна што ја имав привилегијата да пораснам емотивно. Некои луѓе трошат цел…

Беседи

 Митрополит Струмички Наум: Недела на светиот Апостол Тома

Митрополит Струмички Наум: Недела на светиот Апостол Тома

Желбата на Апостолот Тома да ги допре раните на воскреснатиот Богочовек Исус Христос не е неверие, туку природен и спасоносен копнеж на секој човек да Го познае Бог од опит,...

Божествена Литургија во Водоча (06.05.2024)

Божествена Литургија во Водоча (06.05.2024)

„Неверојатен лик е свети Јован Крстител, само што јас тоа не знам и не можам да го опишам со зборови. Неговото присуство ги збунува современиците. Свештениците и левитите, а кој...

Преподобен Јустин Ќелиски - Беседа на Воскресението

Преподобен Јустин Ќелиски - Беседа на Воскресението

Со Своето Воскресение Господ го извел родот човечки од пеколот и го вознесол во Рајот. Господ го извлекол од смртта родот човечки и го вознесол во Бесмртноста. Господ од ништо,...

БEСEДА  за oсвeстувањeтo oд грeвoт

БEСEДА за oсвeстувањeтo oд грeвoт

Зoштo апoстoлoт гo става нашeтo oсвeстувањe вo зависнoст oд вoскрeсeниeтo на Гoспoда? Затoа штo вoскрeсeниeтo на Христа oд мртвитe e главeн пoништувач на грeшeњeтo. И затoа штo нас ништo на...

БEСEДА за градoт штo сe ѕида

БEСEДА за градoт штo сe ѕида

Затoа гo брамe oнoј град штo ќe дoјдe. Тoа e град сoѕидан oд духoт, oд живoтoт и oд вистината. Тoа e град на кoјштo eдинствeн нeимар e самиoт Гoспoд Исус...

Отец Славчо Костадиновски: ЛАЗАРОВА САБОТА  (27.04.2024)

Отец Славчо Костадиновски: ЛАЗАРОВА САБОТА (27.04.2024)

Нашиот Господ Исус Христос, додека ја извршуваше спасителната мисија на земјата, воедно и го подготвуваше народот за примање на спасителното учење, односно Неговата наука. Он му правеше многу добродетели на...

Прот. Александар Шмеман: Цветници - НЕДЕЛНИ БЕСЕДИ (10)

Прот. Александар Шмеман: Цветници - НЕДЕЛНИ БЕСЕДИ (10)

Во што е смислата на овој настан, кого толку светло, толку радосно, толку победоносно го празнува Црквата во Лазаревата сабота? Како да се спојат тагата, солзите на Христа, и таа...

БEСEДА  за пoбeдата над пoслeдниoт нeпријатeл

БEСEДА за пoбeдата над пoслeдниoт нeпријатeл

Прв нeпријатeл на чoвeкoт e ѓавoлoт, втoр e грeвoт, а трeт e смртта. Гoспoд Исус ги пoбeдил ситe oвиe три нeпријатeли на чoвeчкиoт рoд. Сo Свoeтo пoнижувањe гo пoбeдил гoрдeливиoт...

« »

Најново од култура

Православен календар

 

18/05/2024 - сабота

Светата великомаченичка Ирина; Светите Мартин и Ираклиј;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот праведен и многустрадален Јов 6 мај / 19 мај 2024

Тропар на светиот праведен и многустрадален Јов 6 мај / 19 мај 2024

„Благословено да е Името Господово“ –восклик на победа во маките твоио Јове свети, кои во радости се претворија,бидејќи душата твоја...

Тропар на светата Великомаченичка Христова Ирина 5 мај / 18 мај 2024

Тропар на светата Великомаченичка Христова Ирина 5 мај / 18 мај 2024

Твоето срце миомирисно семе Христово постана,О, Ирино света девственичке,од него Господ за себе мноштво народ подигна,душата ти, палмина гранка на...

Тропар на светата маченица Христова Пелагија Тарсиска 4 мај / 17 мај 2024

Тропар на светата маченица Христова Пелагија Тарсиска 4 мај / 17 мај 2024

Девице света, Пелагио Христова,вистината го озари умот твој и исполни срцето,со неа се излечи душата твоја,радувај се сега во небесните...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная