логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 

 

Људмила Федоровна Ермакова, православен психолог

Доколку во минатото манифестираната детска суровост беше сметана за ретка појава, во последно време, тоа за жал преминува во нова статистичка „норма“. Кон тоа придонесуваат определени фактори на современиот живот.

  • Прерано се одделува детето од мајката и се предава во системот на општествено воспитување: јаслите, детската градинка – или дадилките помеѓу кои има многу добросовесни луѓе, но на детето му се потребни, пред сè, мајчинска топлина, љубов и заштита. Децата на современото доба рано се лишуваат од покровот на мајчинската заштита и започнуваат да пуштаат “боцки” коишто не само што го заштитуваат, туку и му помагаат „да го добие своето“. Никој не го учи на компромис. За него, агресивното однесување носи резултат.

 

  • Способноста да се оди на компромис, флексибилност, отстапливост, исто така, може да се научи првенствено од мајката. Сепак, денешните мајки, опседнати од митологемата „родова еднаквост“ помеѓу мажот и жената, многу добро забораваат на функционалните различности. Ние во својот развој одамна се движиме во обратен правец и веќе се приближуваме до „црвената линија“ – не во биолошка, туку во социјална смисла, – во којашто мажите, жените, возрасните, децата се заедно, но се едвај поврзани едни со други и практично не комуницираат помеѓу себе.

 

  • Децата живеат во доминантно агресивна средина. Повеќе од 80% од семејствата се разведуваат – тоа е проследено со најтешки облици на конфликти и скандали. Радиото, телевизијата, интернетот, списанијата, жолтиот печат се исполнети со криминални приказни. Родителите недоволно се обидуваат да ги заштитат децата од сето тоа.

Родителите се невнимателни во однос на првите манифестации на агресивност кај малите деца, и со тоа, всушност ја поддржуваат.

 

  • Кај религиозните луѓе сè почесто се појавува прашањето: „Може ли првородениот грев да стане причина за појава на детска суровост?“ Архимандритот Рафаил (Карелин) во својот прилог „Казна над неродените“ пишува: „Докажано е дека децата не ги наследуваат само физичките својства, но и определени духовни квалитети од своите родители. Емоционалниот живот на родителите се одразува врз наследството и преминува, во вид на предодреденост кај нивните деца. Родителите коишто донеле решение за убиство на своето дете, веќе внеле во својот генетски фонд предодреденост за убиство којшто ќе ја обременува психата на идните деца, а понекогаш душевното својство не се пренесува директно, туку со прескокнување на поколенијата. Поради таа причина родителите, одлучувајќи се на убиство на своето дете, извршиле криминал не само пред нив самите, но и пред децата коишто ги оставиле во живот. Родителите, предавајќи им го својот потенцијал на суровост и потсвесен стремеж за убиство, често самите стануваат жртви на суровост од сопствените деца и притоа се чудат: а од каде е пак сето ова, од каде, според нивното мислење, оваа неправедност?“

 

Со самото тоа што чедоморството кај нас не се намалува, расте детската суровост.

Како родителите и учителите да се фатат во костец со детската суровост? Првенствено, на жената да ѝ се врати нејзиното законско место како љубена жена, грижлива мајка, чуварка на семејниот праг. Најдобрата кариера на жената – тоа се здравите деца, силното семејство. Но, тоа е тешко, далеку полесно и поинтересно е, како што обично се вели, да се посвети себеси на работа и „самореализација“. Сепак, нешто умее да каже и народната мудрост: „не може да се седи на две столици“ – такашто секогаш има избор. И колку почесто жената ги одбира децата, толку поретко нашите деца ќе бидат сурови.

Превел од руски м-р Пантерлеј Кондратјурк

Со благослов на о. Горан Тасески

Извор: http://pravoslavie.mk.

Прочитајте повеќе на: http://pravoslavie.mk/deneshnite-detsa-rano-zapochnuvaat-da-pushtaat-botski/ .

 

Забелешка на Уредникот: „Самореализајата“, како што вели авторката на анализата, не е пречка, напротив е суштински многу подлабок елемент на хармонијата во воспитувањето и профилирањето на квалитетно и  хармонично  семејство.

Кога светот што ве опкружува е агресивен, се крши детската душа Извор: http://pravoslavie.mk. Прочитајте повеќе на: http://pravoslavie.mk/deneshnite-detsa-rano-zapochnuvaat-da-pushtaat-botski/ .
Кога светот што ве опкружува е агресивен, се крши детската душа Односот помеѓу сопружниците детето го чувствува уште во утробата на мајката Ништо не може да ја замени родителската љубов За љубовта кон Бога и ближните За мажите и жените (2) Извор: http://pravoslavie.mk. Прочитајте повеќе на: http://pravoslavie.mk/deneshnite-detsa-rano-zapochnuvaat-da-pushtaat-botski/ .

 

Кога светот што ве опкружува е агресивен, се крши детската душа Извор: http://pravoslavie.mk. Прочитајте повеќе на: http://pravoslavie.mk/deneshnite-detsa-rano-zapochnuvaat-da-pushtaat-botski/ .

 Друго:

Кога светот што ве опкружува е агресивен, се крши детската душа



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Наука и Култура

Април 17, 2025
Festival.Simeon

ЈУБИЛЕЈ НА МУЗИКАТА - X ИНТЕРНАЦИОНАЛЕН ФЕСТИВАЛ ПОЛИХИМНИА 2025

Од 11.04 - 15.04. 2025 год. во Скопје по десетти пат се одржа Интернационалниот фестивал на класична музика Полихимниа 2025. Единствен од ваков вид во нашата земја и оригинален по својата содржина и оваа година фестивалот се обиде да ги обедини најдобрите…
Септември 25, 2024
Zivko.Grozdanoski3

Интервју со Живко Грозданоски: ДПМ може да дејствува гласно, сложно и независно

Ми се чини дека надворешните предизвици, како на пример отсуството на соработка со некои членови (на Управниот одбор) на ДПМ, некои обиди за саботажа итн. (сè се тоа нешта што веројатно секогаш ќе ги има); па сега слабиот рејтинг на ДПМ меѓу членството и во…

„РАДОСТА НЕ ДОАЃА САМА, ТАА МОЖЕ ДА ЈА ЗАСЕНИ ТАГАТА“ Академик Ќулавкова добитничка на наградата „Браќа Миладиновци“ на СВП

Авг 29, 2024 Литература 942
TviTER231
Пред 35 години, август 1989-та, ми беше доделена првата награда за најдобра поетска книга…

По премиерата на новиот филм „The Walk“ во Њујорк на двојната кандидатка за Оскар - Тамара Котевска

Ное 14, 2023 Филм, Театар 2492
Tamara.Kotevska
Работејќи од нејзините разговори со Асил и другите деца бегалци, режисерката направи…

Беседи

Божествена Литургија со монашење во манастирот „Пресвета Богородица Елеуса“ во Велјуса.

Божествена Литургија со монашење во манастирот „Пресвета Богородица Елеуса“ во Велјуса.

Во деновиве во кои, согласно светите Канони, се причестуваме секој ден, сакам да ве потсетам на една димензија од оваа Света Тајна која како да е малку подзаборавена. Сите знаеме...

БEСEДА за ужасoт на прирoдата при смртта на Гoспoда

БEСEДА за ужасoт на прирoдата при смртта на Гoспoда

И зeмјата сe затрeсe и карпи паднаа (Мт. 27:51). O какoв страшeн укoр на луѓeтo! И мртвата прирoда Гo пoзнала Oнoј Кoгo луѓeтo нe мoжeлe да Гo пoзнаат. Сeта нeма...

 Митрополит Струмички Наум : Потешко ни беше да бегаме

Митрополит Струмички Наум : Потешко ни беше да бегаме

Некаде, некој има убаво кажано дека колку повеќе се доближуваме до Голгота, следејќи Го верно Христос, толку помалку луѓе (духовни чеда, пријатели) гледаме околу нас. Но, ништо чудно. Знаеме и...

Св. Јован Златоуст -  За Лазар, Слово 6

Св. Јован Златоуст - За Лазар, Слово 6

Уште колку пари? Уште колку богатство? Уште колку великолепни зданија? Уште колку бездушна приврзаност спрема задоволствата? Еве се случи земјотрес; каква полза ни донесе богатството? Нечиј труд пропадна, изсчезна имотот...

„Лазаре, излези надвор“

„Лазаре, излези надвор“

Тие Негови зборови, пред сè, значат дека нема смрт за оние кои веруваат во Христа, зашто Христос подоцна на Марта ѝ вели: „Јас сум воскресението и животот; кој верува во...

презвитер Горан Стојчевски: ЛИТУРГИЈАТА – ДВИЖЕЧКАТА СИЛА НА СВЕТОТ

презвитер Горан Стојчевски: ЛИТУРГИЈАТА – ДВИЖЕЧКАТА СИЛА НА СВЕТОТ

„Благодарење. Тајна што не требаше да остане толку тајна. Непроценлив дар, незаслужен. Дело Христово во кое постојано се учествува иако само еднаш се случи. Соборно сведоштво во личен подвиг подготвено....

БEСEДА  за пoмирувањeтo на лoшитe заради злoтo

БEСEДА за пoмирувањeтo на лoшитe заради злoтo

И дeнeс мeѓусeбнитe прoтивници сe пoмируваат кoга трeба да сe нападнe и да сe oсуди Гoспoд. Има мнoгу кoи сe кoлат пoмeѓу сeбe дoдeка нe им гo спoмнeтe имeтo Гoспoдoвo....

БEСEДА  за наслeдникoт и за рoбoт

БEСEДА за наслeдникoт и за рoбoт

Зoштo дoјдe Христoс на Зeмјата, браќа? Да нè направи пoдoбри oд рoбoвитe, да ни дадe правo какo синoви и дoлжнoст какo гoспoдари. Правo на синoвитe e сo имeтo Христoвo да...

БEСEДА за oбјавeнитe тајни

БEСEДА за oбјавeнитe тајни

Злoстoрник станува oнoј чoвeк кoј ќe пoвeрува дeка дeлата чoвeчки мoжат да сe скријат. Така мислeлe и eврeјскитe старeшини кoи вo тајнoст гo пoдгoтвуваа свoeтo злoстoрствo над Христа Гoспoда, тајнo...

« »

Најново од култура

Православен календар

 

3029/04/2025 - среда

† Св. свеш. Кипријан Слепченски; Свеш. мч. Сименон еп. Персиски; Св. Акакиј еп. Мелитински; Св. Агапит папа Римски

 

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот Христов  свештеномаченик  Кипријан Слепченски 30 април/ 17 април  2025

Тропар на светиот Христов свештеномаченик Кипријан Слепченски 30 април/ 17 април 2025

Кипријане,велики молитвениче,пред Бога застапниче,за нашите души покровителе.Моли се, оче преподобне,за оние кои ти приоѓаатод тебе благодат измолуваат.За нивно преумување,

Тропар на светите Христови маченички Агапија, Хионија и Ирина 29 април/ 16 април  2025

Тропар на светите Христови маченички Агапија, Хионија и Ирина 29 април/ 16 април 2025

Девственички свети маченички,поучени за воскресение во живот веченод истоименитоста со благодат преисполнета – светата Анастасија,заштитени со молитвите на Христовиот пастир,

Тропар на светите Христови апостоли Аристарх, Пуд и Трофим  28 април/15 април  2025

Тропар на светите Христови апостоли Аристарх, Пуд и Трофим 28 април/15 април 2025

Патот кон Бога преку вашите стапалки е посведочено апостоли свети Христови,сотрудници на Павла, помошници на Петра великите,молете се за нас...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная