логоFacebookTwitterYouTubeeMail


„Помислете и на нас“ е мотото под кое Црвениот крст на Македонија ќе го одбележи 16 Октомври, Меѓународниот ден на гладот. Во општинските организации ќе се реализира кампања за одбележување и на Неделата на гладот која ќе трае до 22 октомври. Целта на кампањата е да се подигне општото мислење за проблемите на сиромаштијата, како и да се обезбеди помош за најсиромашното население. Планирана е и акција за собирање помош во пари, што ќе се обезбедат преку вредносни бонови со апоен од по 20 денари. Со повик на телефонските броеви 070,075 и 077/143- 400 ќе можe да се донираат по 100 денари, а пари ќе можат да се уплатат и во Фондот на солидарноста на Црвен крст на жиро-сметка 300000001327966 АД Комерцијална банка Скопје. (Сн.К.)



Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie