логоFacebookTwitterYouTubeeMail


 


Кога ќе ја средите својата куса биографија и ќе ја испратите по меил на потенцијалниот роботодавец очекувате некој да ја прочита. Но...


Кога ќе ја средите својата куса биографија и ќе ја испратите по меил на потенцијалниот роботодавец очекувате некој да ја прочита. Но, во последно време постојат посебни компјутерски програми кои помагаат податоците да се селектираат.

Таквите програми бараат клучни зборови и фрази кои му се потребни на работодавецот. Затоа, добро е да се знае кои термини се бараат и е потребно да се вклучат во вашата куса биографија.
- Прво, кај компјутерската селекција табелите, нумерирањето и графичките знаци не поминуваат, па најдобро е да се избегнуваат. Едноставните зборови како "образование", "работно искуство" и "усовршување" поминуваат подобро.
- Епската должина нема да ги импресионира ниту луѓето ниту компјутерските софтвери затоа ограничете се на две страни.
- Клучни зборови на кои треба да се концентрирате се вашите способности, вештини и однесување.
- Стручњаците кои ги проучувале кратките биографии дошле до заклучок дека со вклучување на овие особини, кандидатите ги зголемуваат своите шанси за влез во потесниот круг на избор за 30%.
- Постојат некои особини кои генерално се бараат од сите кандидати: комуникативност, тимска работа, способност за концентрирање на детали, енергичност, преземање иницијатива, работа под притисок и ентузијазам.
Ако кандидатот ги нагласи овие особини, тоа му ги зголемува шансите за влез дури иако нема доволно искуство.

 

 

 

 



Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie