логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 

Изложбата на Елпида Хаџи-Василева во галерија ОСТЕН се состои од инсталација од пет нејзини дела - мембрани од свински желудници на црни основи 20 х 20 см на панели со различни димензии.Во исто време ќе бидат промовирани двете графички мапи: "Вродена убавина 3" и "Просторни инсталации" на уметнициата, со кои таа се вклучува во проектот на ОСТЕН - 70 графички мапи за 70 години ОСТЕН.Овој проект започна 2015 година, по повод 70-годишнината од основањето на ОСТЕН и има за цел формирање на библиотека на графички мапи "Светско културно наследство.За уметницата Елпида Хаџи-Василева е родена во Македонија во 1971 година. Таа дипломирала при Школата за уметност во Глазгов 1996 година и добила Мастер диплома на отсекот Скулпторство при Кралскиот Колеџ во Лондон 1998 година. По дипломирањето, Елпида учествувала во многу интернационални изложби, вклучително L’H du Siege во Франција, Kilmainham Gaol Музејот во Даблин и три пати била претставник на Венецијанското Биенале: 2005-тата во групна изложба, во 2013 била претставник на Македонија, а две години подоцна учествувала како претставник на Ватикан. Има учествувано и во многу Европски програми за уметнички престој, вклучувајќи го ArtSway, Ирскиот Музеј на Модерна Уметност и Berwick Gymnasium Fellowship. Хаџи-Василева исто така има работено на јавни проекти и скулптурни просторни инсталации вклучително: “Ние Сме Сенки”, Unit2, Лондон; “Животен Циклус”, Бристол; ‘Re|Sort’ Галерија Фабрика, Брајтон; Ambush’, The New Forest. Живее во Лондон.За делото "Вродена убавина" од Ана Франговска "Визуелната сензација на нејзиниот концепт (ципи од свински желудници фиксирани на црна основа во квадратна рамка, како минијатури, со димензии 20 х 20 см и како такви математички подредени во синхронен систем кој е постиран на галериски ѕид, на тој начин асоцирајќи на таписерија) лежи во мултипликативноста, монохроматската миметичност на претставата, која се менува од квадрат во квадрат, истакнувајќи ја текстурата како предоминантен елемент и истовремено креирајќи ритмички привидна динамичност. Секоја единица/квадрат има различна, своја, поинаква поетичност, печат, егзистенција, пулсација"

.................

"Inherent Beauty 3" - solo exhibition of Elpida Hadzi-Vasileva from 1st - 20th September 2016 in the OSTEN GalleryThe exhibition of Elpida Hadzi-Vasileva in the OSTEN Gallery is consisted of installations of five her works - membranes of pig stomachs fixed onto a black base 20 x 20 cm in a square frame.
At the same time two print portfolios of the artist, "Inherent Beauty 3" and "Space Installations" will be promoted, with which she participates in the project of OSTEN - "70 Print Portfolios for 70 Years of OSTEN".This project has begun in 2015 on the very special occasion, the 70th anniversary of OSTEN and its goal is to generate a library of print portfolios “World Cultural Heritage”.About the artist:
Elpida Hadzi-Vasileva was born in Macedonia in 1971. She graduated from Glasgow School of Art in 1996 and was awarded an MA in Sculpture at the Royal College of Art, London in 1998. Since graduating Elpida has exhibited internationally including L’H du Siege, France; Kilmainham Gaol Museum, Dublin and has participated on the Venice Biennial three times: in 2005 she took part in a group exhibition, in 2013 she represented Macedonia as a solo artist, while two years later, she represented Vatican. She has also taken part in a number of European residency programs including at ArtSway, Irish Museum of Modern Art and Berwick Gymnasium Fellowship. She has also worked on a number of public art commissions including ‘We Are Shadows’, Unit2, London; ‘Life Cycle’, Bristol; ‘Re|Sort’, Fabrica Gallery, Brighton; Ambush’, The New Forest. She lives in London.About the work "Inherent Beauty" by Ana Frangovska


"The visual sensation of her concept (membranes of pig stomachs fixed onto a black base in a square frame,
like miniatures, measuring 20cm x 20cm, and as such mathematically arranged into a synchronised system
that is positioned on a wall, thus brings up associations of tapestry) lies in the multiple monochromatic mimesis of the
spectacle, which changes from square to square, with an accent on texture as a dominant element and at the same time
creating a rhythmically visual dynamic. Every square has its own different poetry, its own stamp, existence and pulse".



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie