логоFacebookTwitterYouTubeeMail

На 26ти октомври од 10 часот на паркингот пред Факултетот за информатички науки и компјутерски технологии -ФИНКИ, (ул. „Руѓер Бошковиќ“ 16) ќе пристигне синиот автобус на Еураскес.


На овој настан ќе можете да добиете информации за работни места за истражување и можности за финансирање во Европа. Студентите и истражувачите кои се наоѓаат на почетокот на својата кариера се поканети да го посетат автобусот во текот на денот за да дознаат како да најдат работно место во другите земји и како да имаат пристап до фондови за финансирање.

Синиот автобус на Еураксес во моментов  е на турнеја низ Европа, а освен во Скопје тој ќе посети и други  33 градови во 16 европски држави.

Еураксес – Истражувачи во движење е уникатна иницијатива поддржана од Европската истражувачка заедница, која им помага на европските и странските истражувачи да добијат информации и поддршка со цел да се стекнат со интернационална истражувачка кариера во Европа. Еураксес нуди комплетен опсег на услуги потребни на еден истражувач да се стекне со меѓународна истражувачка кариера, од понуди за работа, па се до совети за преселба од една држава во друга.
Проектот Еураксес во Македонија се одвива во рамикте на Македонската академија на науките и уметностите.

На Еураксес синиот автобус ќе бидат присутни професионалци од Еураксес. Еураксес тимот е спремен да одговори на сите ваши прашања поврзани со наоѓање истражувачка работа во Европа, како и услугите кои се нудат да ви помогнат при придвижување на вашата истражувачка кариера.
Дојдете со вашето готово CV (најдобро на usb). Ние ќе ви помогнеме да го прикачите вашето CV на платофрмата Еураксес Вработување каде што илјадници работодавци ќе можат да ве контактираат за нови работни позиции. Нашиот професионален фотограф, специјализиран за фотографии за CV, ќе ви направи фотографија  која ќе ја прикачиме заедно со CV-то на страната на Еураксес Вратобување.
Паралелно со ова, во Амфитеатарот на Финки ќе има интерактивни сесии со истражувачи, финансиери и работодавци кои ќе нудат непроценливи совети  за тоа како подобро да ја развиете вашата истражувачка кариера.
За ажурирани информации следете го настанот на Фејсбук: https://www.facebook.com/events/1066048093419646/
Деталната програма од настанот можете да ја најдете во прилог.

Срдечен поздрав,
Тимот на Еураксес МК



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie