логоFacebookTwitterYouTubeeMail

СВЕТСКИ МАКЕДОНСКИ КОНГРЕС
 
СЕМАКЕДОНСКА ИЛИНДЕНСКА СРЕДБА - ТРНОВО 2015
 
30 јули 2015 година, Битола, Македонија - Матицата на иселениците од Македонија, Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија - Битола, Сојузот на Македонците од Егејот МАКЕДОН и Светскиот Македонски Конгрес, и годинава се организатори на Четириесет и четвртата Светска Македонска Иселеничка Средба и на Триесет и петтата Погранична средба на Македонците од Егејскиот дел на Македонија, како една и единствена Семакедонска Средба во манастирот “Успение на Пресвета Богородица“ во битолското село Трново на 2 август 2015 година.
 
Семакедонската Средба Трново 2015, ќе се одржи на 2 август 2015 година во дворот на македонската православна црква “Успение на Пресвета Богородица“ во битолското село Трново со почеток во 10.30 до 12.30 часот.
 
Семакедонската Средба во 10.30 часот ќе ја благослови митрополитот Европски г. Пимен, кој во 9.00 часот ќе отслужи света архиерејска литургија во црквата “Успение на Пресвета Богородица“.
 
Присутните ќе ги поздрават Иван Џо Петрески претседател на Матицата на иселениците од Македонија, Владимир Талевски градоначалник на општина Битола, Христо Гаков претседател на Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија - Битола, Ташко Јованов претседател на Сојузот на Македонците од Егејот МАКЕДОН и Васко Наумовски пратеник во Собранието на Република Македонија.
 
Во името на организаторите на Семакедонската Средба, претседателот на Светскиот Македонски Конгрес Тодор Петров ќе прочита Семакедонска Илинденска Декларација за Македонија.
 
Во Семакедонската Илинденска Декларација од името на Македонците во сите делови на Македонија и во целиот свет се бара безусловен крај на разговорите за разликата во државното име со Владата во Атина, продолжување на членството на Македонија во Обединетите Нации и во сите меѓународни организации под дрважното име Македонија, македонско државјанство за Македонците по потекло во светот и враќање на државјанствата, граѓанските права и имотите на насилно прогонетите Македонци од Егејскиот дел на Македонија од Балканските војни 1912-1913 и Граѓанската војна во Грција 1946-1949.
 
Од Владата на Република Македонија, присутните ќе ги поздрави потпретседателот на Владата на Република Македонија Владимир Пешевски.
 
Програмата ќе продолжи со богата културно-уметничка програма и општонародна веселба. Во културно-уметничката програма со македонски народни песни и ора ќе настапат културно-уметнички друштва од сите делови на Македонија: КУД Победа од Благоевград, Бугарија; КУД “Гоце Делчев“ од Битола; КУД Пустец од Пустец; Албанија; КУД Копачка од Драмче, Делчево; КУД Македонец од Цар Мариново, Негуш, Грција; и КУД Македонија од Овчарани, а ќе пеат Круме Спасовски и Софија Кочовска.
 
Добредојдени се Македонците од сите делови на Македонија и од целиот свет, а поминот како и секогаш ќе биде незаборавен!

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie