логоFacebookTwitterYouTubeeMail

(За душевното и за духовното)
Протојереј Андреј Ткачјов

freskopis.tretazona6.jpgВо една од проповедите на св. Јован Златоуст ги прочитав следниве зборови за Страшниот Суд: човек ќе биде суден, прво, како човек, т.е., дали бил милостив, внимателен, чувствителен, трудољубив... односно, дали во него било присутно она што во човекот мора да го има според неговото естество, она што го разликува од животно. Потоа, човек ќе биде суден како христијанин – според заповедите од Евангелието. За тоа говори Христос во Евангелието: „Словото, што го кажав, тоа ќе го осуди во последниот ден“ (Јован 12:48). Тука станува збор за проштевање на непријателите, за милосрдието, за незлобењето, за целомудрието и за сето она што ќе го немаше во светот да не беше Евангелието. И, на крајот, човекот ќе биде суден како син на Црквата во она звање коешто го носи во Црквата – епископот ќе биде суден како епископ, свештеникот како свештеник, монахот како монах, мирјанинот како мирјанин. Ако човекот во Црквата бил епископ, но не го минал општочовечкото испитување, нема да стаса до епископскиот суд – ќе биде отфрлен пред тоа. 

Ова се однесува на сите. Пред да ни биде судено како христијани, ќе ни биде судено како луѓе. На познатото место во Евангелието, каде што се говори за Страшниот Суд, Христос набројува низа добри дела со кои се одликува еден праведник, како што се: нахрани го гладниот, облечи го голиот, посети го болниот и сл. На секого треба да му биде јасно дека тоа не се исклучиво христијански добродетели – какви што се, на пр., молењето за непријателите или раздавањето на имотот, туку општочовечки добродетели. Зашто, и на муслиманите, и на јудејците, и на атеистите им е јасно дека треба да се грижат за ближните со љубов и со сострадање. Можно е дека Христос во зборовите за Страшниот Суд намерно ги минимизира барањата поставени пред човекот. Ако не е верен во мало, сигурно дека нема да биде верен ниту во големо. Ќе се задржиме на ова помало ниво. 

Светоотечката мисла јасно и правилно разликува сфери на телесното, душевното и на духовното во човекот. Во душевната сфера спаѓаат литературата, музиката, поезијата, односно тоа е сфера на уметноста, естетиката, во сите нејзини манифестации. А духовното, пак, е – верата, покајанието, молитвата, постот и другите христијански подвизи. Христијанските учители забележуваат дека душевното го прави човекот естетски чувствителен, профинет, и ја омекнува неговата душа, но самото по себе тоа не спасува. Во таа смисла, правилно им приговараат на дејците од областа на културата, кога тие својата работа ја нарекуваат „духовна“. Поетот, уметникот, режисерот, сценаристот – не се луѓе од сферата на духовниот труд. Тоа се луѓе од сферата на душевниот труд. Но, другата страна на медалот гласи дека на човекот не може да му се даде духовното, без претходно да му се даде душевното. На тоа мислел апостол Павле кога рекол „прво е душевното, а потоа – духовното“.

Од устата на еден црковен човек можев да слушнам горчливи зборови за тоа дека културата е расцрковена, а Црквата – обескултурена. Ваквиот оправдан гнев е резултат на постоење поети и писатели коишто никогаш не го прочитале Евангелието, а исто така и резултат на постоење  христијани коишто со презир се однесуваат кон сета поезија и литература. И едното и другото е – нонсенс, односно бесмислена, изопачена појава.

Јазикот на Новиот Завет е грчки. Тоа не е случајно. Пред да биде посеана со семето на Евангелието, земјата на грчката менталност била изорана и омекната со трудовите на стотици философи и философски школи, создадени од нив. Грците искрено и со жар ја барале вистината. Барајќи ја, создавале философски системи, продонеле за формирање граѓанско општество, се занимавале со наука, се изучувале самите. Кога на таа плодотворна почва паднало Семето на Сеачот, таа произвела вселенски големи учители, светители, префинети богослови. Таков процут на богословие, каков што се случил на грчката почва, подоцна никаде на друго место не е виден. Тоа е силен доказ за тоа каква полза во Христа принесуваат предхристијанските напори и усилби. Ние, пак – подоцнежните рожби, коишто Му пристапивме на Христос две илјади години по првата проповед на Евангелието – немаме такво искуство од областа на философијата, поезијата, од изградба на држава... Ние, како луѓе што ја позаваат вистината, сме склони да го пренебрегнеме тоа колосално наследство на предхристијанското и нехристијанското човештво, коешто води кон Христос или помага подлабоко да се спознае Христовото Евангелие. Бидејќи сме веќе христијани, нам ни е потребно постфестум да го почувствуваме измачувањето на човечката душа којашто има потреба од Бог, и нејзиниот стремеж кон спознавање на вистината. Потребно ни е, исто така, и да ја почувствуваме состојбата на оние наши современици коишто сега живеат надвор од Христос, но Го бараат, макар и несвесно. Сиот тој комплекс на чувственост ни е даден во светската литература и уметност, и ние немаме право да минуваме покрај него пренебрегнувајќи го.

Во православна средина често може да се чуе глас кој држи строги морални лекции  од типот „Серафим Саровски не го читал Шекспир..., Сергеј Радоњешки не го цитирал Платон“. Таквите луѓе несвесно го подигаат нивото на барањата, што стојат пред малиот човек, до висина на животот на најголемите светии. Треба да ни биде јасно дека образот на живеење по примерот на големите подвижници не е норма за милиони, туку само повод да се восхитуваме, да го прославуваме Христа и да се покаеме.

Во секојдневниот живот е опасно човек да се раководи само со аскетскиот идеал на светите отци. Само малкумина се способни за вистинско подражавање на нивните подвизи. Ако, пак, мнозинството слаби и немоќни се напрегаат во животот со цел да ги достигнат несразмерно големите идеали, постои ризик да добиеме илјадници промашени животи и крах на самите тие големи идеали. Православната вера е монахољубива. Нашите најдобри учители се – аскети, девственици, подвижници.Но во тоа наше достоинство се крие и причината за нашите недостатоци. Предлагајќи им, неселективно, на сите по ред високи аскетски идеали, ризикуваме да ја травматизираме душата на повеќето од оние што нè слушаат. Ми се чини дека не треба да му се забранува на современиот човек да оди на базен, да внимава на својот изглед, да слуша нецрковна музика – само затоа што тоа не го правеле светиите. Немаме право да го пренебрегнуваме душевното и веднаш да му говориме на човекот само за духовното.  

Човекот е динамично битие. Тој може да биде рамноангелски, може да биде подобен на Христа, а може и да деградира до состојба на скот или на ѕвер, или, уште пострашно, до состојба на демон. Секој човек, во текот на својот живот, се движи слободно меѓу овие два пола. Колизијата, којашто стои пред лицето на Црквата, е во тоа што, повикана да проповеда за рамноангелска чистота, за христоподражувачко смирение, за детско незлобење, Црквата денес им се обраќа на луѓе коишто сè помалку се способни да ја слушаат, зашто не само што го губат Божјото во себе, туку и човечкото. Семејството и училиштето веќе одамна речиси на ништо не ги подучуваат децата. Можно е дека, освен Црквата, веќе никој не му објаснува на човекот дека треба прв да се поздрави, да му отстапи место на постариот, да не фрла „пикавци“ на улица... Тие нешта мораме да ги објаснуваме пред да почнеме да разговараме за евангелските блаженства. Ние немаме право да им зборуваме на луѓето за големи нешта пред да ги научиме за мали и елементарни работи. Современиот млад човек, извлечен од дискотека, кој е навикнат на уличен јазик, треба прво да го научиме да зборува на јазик разбирлив и близок на литературниот, пред да му кажеме што и да е за Царството Небесно. Во таа противречност гледам еден болен проблем на црковниот живот. Повикана да ги издигне луѓето на Небото, Црквата денес е принудена луѓето прво да ги направи луѓе, не дозволувајќи им да се демонизираат или да станат скотоподобни... 

Кажаното се однесува главно за младината. Старица којашто со децении обработува бавча, а во недела брза во црква, нема потреба да биде вклучена во светската култура заради лично спасение. Но младината, како градската така и селската, има потреба од такво нешто. Како прво, светот неповратно се урбанизира. Современата светска култура е култура на големите градови. Дури и оние што живеат на село, благодарение на телевизијата, радиото, дискотеките итн., се вовлечени во кругот на современите окултни текови. На таквиот човек му е нужно потребен противотров против баналноста на современата поп-култура и, како алтернатива – едно скалило погоре – култура со повисока содржина, којашто порано или подоцна ќе го наведе човекот да размислува за Христос.

Во поглед на општочовечките културни вредности, за христијанинот мора да постои некаква хиерархиска лествица. На пример, човек што ја сака литургијата, и којшто има круг пријатели што се воцрковени и писмени, можеби и нема потреба да оди во театар (но и не треба да се згрозува од него). А за човек потонат во земни грижи, човек кој одамна не прочитал ниту една книга и кој не се грижи за ништо друго освен за земните нешта, можеби ќе биде полезно да појде на некој добар спектакл и, откако ќе излезе од оклопот на личните проблеми, да ја почувствува општочовечката болка и радост. Младиот човек, кој не знае ништо за животот на Црквата, а е полн со енергија примерна за неговата возраст, може да ја сака рок-музиката, хипи-движењето и сл. Ние не смееме строго да го судиме заради тоа. Полошо е ако човек, кој е веќе воцрковен, се враќа наназад, и почнува да се интересира за она што им е својствено на луѓе што бараат, а не на луѓе што се надеваат. Таквиот е „неблагонадежен“ за Царството Небесно. 


Журнал «Отрок.ua»
Декември 2007

Подготви: д- р Драган Михајловиќ

посети:{moshits}



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Ноември 10, 2020

Се упокои во Господ Митрополитот Црногорско-приморски Амфилохиј (30.10.2020)

Митрополитот Амфилохиј е роден на Божик, 7 јануари 1938 година, во Бари Радовиќ, во Долна Морача. Завршил Богословија во Белград, а на Богословскиот факултет на СПЦ, во Белград, дипломирал во 1962 година. Покрај теолошките науки, студирал и класична…
Февруари 23, 2020
ih3387

Свети свештеномаченик Харалампиј

Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот живот. Името е наша сопствена карактеристика, но малкумина го знаат вистинското потекло на своето име и неговото вистинско значење. Секое православно име има своја суштина…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 1140
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 1286
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Дек 05, 2019 Беседи 1141
7.Vselenski.sobor
Премногу размислуваме во категоријата Бог – човек, наместо во категоријата личносни…