логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 ОТЕЦ ПИМЕН ЗА ДОНИРАЊЕТО ОРГАНИ
Кога веќе религиите нè учат за живот по смртта, дали свети Петар би нè примил со орган мањак или со орган вишок?

Дали трансплантацијата на органи е само прашање на медицината?, прашува отец Пимен на Оф.нет. „Не велам дека е нужно и пресудно замешувањето на теолозите но, ако се изјаснат за, ќе им ја олеснат совеста и на оние што донираат, и на оние што примаат, и на крај и на оние што ја вршат трансплантацијата, а тоа се докторите.“

 

Кад би био рањен крви бих ти дала, оба своја ока кад би био слеп...
ПОДАРИ ЖИВОТ

Мојот занает е најстар - рече самозадоволно хирургот, бидејќи е од моментот кога Господ го заспа Адама, и му го извади реброто за да ја создаде Ева.

Грешиш... се јави економистот. Пред таа операција што ја спомнуваш, Господ го создаваше светот, создаваше капитал и затоа велам нашиот занает е постар.

Не грешете душа... се огласи теологот. Па нашиот занает постои од кога постои и Бог, а Тој постои и пред создавањето, и пред операцијата.

А нели пред постоењето на Бога постоел само хаосот? - праша политичарот. А кој друг можеше да го создаде хаосот, ако не ние политичарите?

    Instapaper верзија за печатење испрати на пријател

Но, шегата настрана. Ако сите овие четири професии соработуваат на терен, може да се избегне хаосот барем при пеглањето на еден навистина хуман закон, кој, недај Боже, на секого од нас може да му затреба, и кој секого од нас може да го направи херој при спасување на нечиј живот.

Медицината како наука од секогаш се обидувала да го продолжи животниот век на човекот. Постојано се надградувала измислувајќи нови лекарства, операции, терапии, ама и можности за замена на некои органи кај човекот. Ова последново започнало со трансфузијата, со менување или додавање на крв кај оние луѓе на кои им била потребна истата за продолжување на животот. Медицински, и крвта е еден од органите на телото. Е сега, се разликува од другите бидејќи сама од себе се обновува, и не е страшно, ама и пожелно е да се донира крв. Ем со тоа ја покажуваме хуманоста на дело. Подоцна се започнува и со трансплатација на бубрези, за денес веќе и да нема орган во телото што не може да се пресади. Од кожа до срце. А можеби и мозок веќе. И тука медицината си ја завршила својата улога.

Но дали трансплатацијата на органи е само прашање на медицината?

За да се утврдат правилата кому и како ќе му се трансплатираат органи, секако треба закон. А законот, и покрај тоа што го предлагаат докторите, го уредуваат и го носат политичарите со кревање на рака. Со тој закон треба да се регулира побарувањето на органи, треба да го регулира и прашањето за потенцијални донори. И политичарите тука си го завршуваат својот дел.

И тогаш се појавува потреба од замешување на економистите кои треба да проценат колкава е цената на секој орган. Колку чини да се продаде, а колку да се купи одреден орган, и врз основа на вреднување на нечиј живот, да се одредат приоритетни листи. И тука економистите ја завршуваат својата работа, но во истиот момент се отвора работа за теолозите, без разлика на која вера припаѓаат.

Не велам дека е нужно и пресудно замешувањето на теолозите но, ако се изјаснат за, ќе му ја олеснат совеста и на оние кои донираат, и на оние кои примаат, и на крај и на оние кои ја вршат трансплатацијата, а тоа се докторите. Разбирливо би било сите тие да покажат љубов кон човекот, кон неговото исцеление и продолжување на животот, и не би требало да се против. Сепак, некако логички и човечки е, сите да си го поставиме прашањето: кога веќе не учат религиите за живот после смртта, дали свети Петар на вратите на рајот без забелешки би нè примил со орган мањак или со орган вишок? Дали ќе може да одговориме: ќе го донесе ли за некоја година оној на кој му го дадов мојот орган?

Мноштвото религии учат дека помагањето во продолжувањето на нечиј живот е хумано дело кое сигурно би нè оправдало пред Бога и би прошле непречено покрај св. Петар. Ама верувајте, има неколку многу посуштински прашања од ова. Јас, како човек пред сè, и како теолог на една светска религија, не би бил задоволен, по прашањето за трансплатација на органи, од улогата на нас теолозите, ако дадеме само декларативен позитивен одговор изграден врз основа на догми, наместото да помогнеме околу дефинирањето на моментот во кој се губи моралноста, бидејќи токму во моментот на губењето на етичноста од хумано дело, преминуваме во вршители на грев. А ќе се дојде лесно до дефинирање на споменатиот момент ако се одговори на следниве неколку прашања, не само како теолози но и како обични луѓе:

- Дали богатиот, само затоа што може да си приушти трансплатација има право на подолг живот за разлика од оној кој поради лошата економска состојба е приморан да си продаде некој орган за да преживее уште некоја година? (Оти неодамна читав дека тоа наголемо се прави низ Индија)

- Дали е етички, за да живает едни - да се убиваат други, да им се вадат органи на вторите, а да им продаваат за да праживеат на првите? (Оти неодамна слушавме за обвиненијата кон Косово за криминалот за трговија со органи.)

- Дали некој има право, било каде во светов, и во најсиромашните земји, да отвора пазар на органи и да диктира цени?

- Логично е при здрава свест човек сам да даде согласност за да биде потенцијален донор, како што предвидува новиот закон кај нас, ама дали е логично и етично во случај на наша прерана смрт, ближните да одлучуваат дали ќе разделат дел од нас во хуманитарни цели?

- Дали е етички ближните на оној кој стигнал на врв на приоритетна листа, а и тој самиот, да се молат да се најде што побрзо бараниот орган кога знаеме дека истиот треба да се земе или од црниот пазар, со што стимулираме убиства или изложување на опасност на сиромашните да си нарушат здравје со продажбата на дел од себе, или пак посакуваме несреќен случај како што најчесто се сообраќајните несреќи кои предизвикуваат мозочна смрт и ги даваат најчестите потенцијални донатори?

- Дали не се стимулира прашањето за евтаназија кога докторот најљубезно ќе ни објасни дека нема спас за оној кој е во состојба на мозочна смрт и дека што побргу треба да одлучиме за исклучување на апаратите оти со тоа може да се запазат некои од органите здрави и употребливи за пресадување? А сепак веруваме дека Бог е семоќен и дека може и од таква ситуација преку чудо да го воздигне болниот?

Ако се одговорат овие прашања, верувам, со ова ќе им олеснат но сега по обратен пат, размислувањата и совеста и на економистите при формирање на пазарните цени, и на политичарите при донесувањето на законот, и на докторите при предлагањето на истиот, и на болните при барањето на органи, и на хуманите и сиромашните при донирањето.

Блажено е да се дарува, блажено е да си хуман, блажено е да си Човек.

https://off.net.mk/bavchi/pimen/podari-zhivot

 



Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Септември 03, 2021
Default Image

Беседа за Успение на Пресвета Богородица oд Викарниот Епископ Јаков Стобиски

Беседа за Успение на Пресвета Богородица изречена од Викарниот Епископ Јаков Стобиски во манастирот Успение на Пресвета Богородица - Берово
Јуни 30, 2021
3.to.Naoganje.glava.sv.Jovan.Krstitel

СКОК ПРЕКУ ЈАЖЕТО НА НЕСОГЛАСУВАЊЕТО

Затоа, секогаш кога можеш прескокни го јажето на несогласувањето и фати се за оној дел од приказната кој ветува радост, насмевки и љубов. Горчината плисни ја со бран од морето, измиј го отровот на искажаните зборови и погледни кон залезот на сонцето. Тоа ќе…

Се упокои во Господ Митрополитот Црногорско-приморски Амфилохиј (30.10.2020)

Митрополитот Амфилохиј е роден на Божик, 7 јануари 1938 година, во Бари Радовиќ, во Долна…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 2748
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 1928
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…