логоFacebookTwitterYouTubeeMail

  22.12.2013 год.


ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ОД АЛЕКСЕЈ ПУШКОВ , ПРЕТСЕДАТЕЛ НА НАДВОРЕШНОПОЛИТИЧКИОТ КОМИТЕТ НА ДРЖАВНАТА ДУМА


  •     На Западот во тек е забрзана дехристијанизација која се изведува под паролата за создавање на единствен, глобален свет без граници,  вклучувајќи и бришење на границите меѓу половите .


  •     Целта е создавање на квалитетно поинакво општество во кое нема да има  држави, граници, морални норми  и цивилизациски принципи. Оние  кои што стојат зад тоа планираат да постои некој заеднички економски простор во кој ќе се движат слободни индивидуи без националности, но тие ќе бидат без никакво упориште и жртви на манипулации.

    

  •     Русија не им предлага на западните општества да живеат по нашите правила, но го брани правото на сите земји и општества  да живеат  така како што им е по волја.  Нивно право е да не бидат објекти  на агресивното експортирање на „вредностите“ на радикалната  либерална револуција. Русија на овој план има многу свои сојузници, дури и во земјите на западна Европа.


         Европарламентот штотуку ја разгледува иницијативата Франција да се најде под присмотра на Брисел. 
Причина: премногу силно, понекогаш и сурово однесување на полицијата со демонстрантите кои минатата пролет демонстрираа против истополните бракови и правото на „нетрадиционалните  семејства“ на посвојување деца.
            Самиот факт што таква дебата во Европарламентот воопшто се води, според мислењето на претседателот на Комитетот на Државната Дума за меѓународни прашања, Алексеј Пушков,  покажува дека на запад има многу незадоволни со наглиот продор на таканаречените „либерални вредности“.

  •     На западот заштитата на лицата со „нетрадиционална ориентација“ станува сè поактивна.  Што е причината?


         Оваа година, по мое мислење,  стана гранична во смисла на преминот на либералната револуција во областа на моралот, која е во тек во Европа и САД, во радикална и уривачка фаза.
Ако досега на Западот само се доведувани под сомнеж вековните норми и традиционалните вредности - сега веќе на цели земји и нивните општества им се наметнува нов тип на однесување. При тоа, нè смируваат со тврдењата дека сето тоа е само на ниво на препораки.
Меѓутоа, она што денес е „препорака“, веќе утре ќе стане обврзувачко. На пример, Брисел во сите свои мисии веќе упатил меморандум со кој од дипломатите на ЕУ се бара да учествуваат во геј-парадите.

  •     Но, тоа е само една епизода...


        Не, не е тоа епизода, тоа е - званична политика. Такви примери има многу.  Во Европарламентот само што е разгледувана резолуцијата за сексуалното воспитување во предучилишните установи која ја предложила Едит Естрела, пратеник-феминистка од Португалија.
Тој документ предизвикал вистинска бура на протести, затоа што со него е предложено „сексуалното образование“ да почне на шест години. А за „воспитување“ се предлага:
објаснување на дечињата како да се занимаваат со мастурбација, како да се користат презервативите и, што е за прелагачот уште поважно:  да може паровите да бидат како традиционални, така и истополни.
Во Германија  веќе е усвоен спорниот закон за основите на сексуалното образование  во основните училишта. Едно семејство во таа земја  одбило да ги пушти своите дечиња на такви „часови“. Тогаш на нејзините родители  им било наложено да платат казна, а кога таткото на девојчето тоа го одбил - испратен бил на еден ден во затвор.
Тоа е, секако, симболична казна, но јасно покажува дека неприфаќањето на радикалните  форми на „сексуално воспитување“, ќе биде казнувано со затвор.  На  Французите истополните бракови и правото на нетрадиционалните парови да усвојуваат деца  им се наметнува и со полициски мерки.


Протест  во Париз

  •            Но, Русија е настрана од тој процес...


Беше, но истото тоа се обидуваат да го воведат и кај нас. Погледнете ја само хистеријата по повод божемниот „притисок“ врз хомосексуалците во Русија која веќе ја допрела Олимпијадата во Сочи - тоа е чиста политика која нема никаква врска  со вистинската состојба на работите.
Впрочем, погледнете ја Молдавија. Официјалниот Кишињев - за да потпише спогодба за придружување со ЕУ - морал да  се согласи на постојано одржување на геј  - паради.  Тоа истото  би  било  предложено и на Киев - ако  се согласеше  да оди понатаму  по „патот на придружување“.
        Многу земји, кои со САД и ЕУ имаат блиски и сојузнички односи, имаат законодавство кое кон лицата со нетрадиционална сексуална ориентација е многу поостро отколку нашето.
Во Саудиска Арабија и Катар  на пример, за хомосексуални врски следува смртна казна. Врховниот суд на Индија во претходните денови го вратил на сила законот кој што хомосексуалноста ја подложува на кривично гонење. Но, по тој повод во западните медиуми нема никаква кампања.

  •     Тогаш, која е вистинската причина за наметнување на „нетрадиционалните односи“?


       
Објаснување е и високата активност на самите сексуални малцинства и тоа што тие имаат богати спонзори. Тоа на ЛГБТ - активистите им овозможило на своја страна да привлечат дел од јавното мнение, а пред се` печатот. Политичарите пак, не можат да одат против симпатиите на своите избирачи. Згора на се`,  на запад има фатено корен лажното поимање на прогресот како слобода со ништо ограничена. Во суштина, соочени сме со обид да се изменат самите основи на човечката цивилизација.

  •     Со други зборови, се работи  ли за завера?


       
Не, се работи за формирање на нова идеологија. Нашето денешно општество почива на христијанскиот морал. Меѓутоа, на Запад е во тек забрзана дехристијанизација која се изведува под паролата на создавање на единствен глобален свет без граници, вклучувајќи го и бришењето и на границите меѓу половите.

Целта е: создавање на квалитативно поинакво општество во кое нема да има држави, граници, морални норми и цивилизациски принципи. Тие кои што стојат зад тоа планираат да постои некој заеднички економски простор низ кој ќе се движат слободни индивидиу без националност, божем заштитени со некои норми   на правото, но всушност ќе бидат објекти на манипулации без пардон зашто нема да имаат упориште ниту во својата земја, ниту во историјата, ниту во верата, ниту во семејството во цивилизираната смисла на тој збор.
Иако, огромен дел од човештвото одбива да учествува бо таквата револуција - неа ја наметнуваат со зачудувачка упорност.

  •     Дали Русија е во состојба да предложи нешто со што на сето тоа би се спротивставила?


         Ние против сето ова веќе истапуваме во Парламентарното собрание на Сопветот на Европа. Русија не им предлага на западните општества да живеат по наши правила, но го брани правото на сите земји и општества да живеат онака како што сакаат. Нивно право е да не бидат објекти на агресивниот експорт ма „вредности“ на радикалната либерална револуција. Русија на овој план има многу сојузници, дури и во земјите на западна Европа.

Преведе М. Даниловска
Категорије:
Россия



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Февруари 23, 2020
ih3387

Свети свештеномаченик Харалампиј

Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот живот. Името е наша сопствена карактеристика, но малкумина го знаат вистинското потекло на своето име и неговото вистинско значење. Секое православно име има своја суштина…
Јануари 29, 2020
3.angeli.so.truba

Живот во служба на Бога и на луѓето

Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат целосно легитимирање на македонското црковно и духовно наследство. Дедо Стефан е ревносен борец за македонскиот јазик што неизмерно го сака и постојано го збогатува. Еве…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 1124
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Дек 05, 2019 Беседи 1065
7.Vselenski.sobor
Премногу размислуваме во категоријата Бог – човек, наместо во категоријата личносни…

Свети Антониј Велики: Кој е ѓаволот и кога напаѓа...?

А кога ќе се всели Божјиот Дух, Он ги успокојува, им дава да го вкусуваат спокојот во…