логоFacebookTwitterYouTubeeMail


 Vecerna.Ksenija.jpg

9. АВА ОР

Во оваа Нитриска Гора имаше еден чудесен подвижник, по име Ор. Во неговите манастири имаше околу илјада браќа. Неговиот изглед беше ангелски, и тогаш кога имаше деведесет години, телото негово не беше ништо изгубило. Неговото лице беше многу светло и свежо, и уште од прв поглед влеваше почит кон него. Од почетокот тој се подвизуваше во далечната пустина, но подоцна основа манастири во соседната пустина. Со свои сопствени раце засади шума, бидејќи таму немаше дрвја, од која израсна густа шума. Отците кои живееја со него ни раскажуваа дека таму немало ниту грмушка, кога дошол Ор од пустината.Тој ја засадил шумата поради браќата, кои се собирале околу него, за да не талкаат низ околината по она што им е потребно. Тој во секој поглед се грижел за браќата, молејќи му се на Бога и трудејќи се за нивното спасение, за да не им недостига она што им треба, и да немаат никакво оправдание за мрзливоста.
Живеејќи во пустината ава Ор на почетокот се хранел со треви и слатки корења, вода пиел само кога ќе ја најдел, а сето време го поминувал во молитва и славословие. И кога достигнал длабока старост, на сон му се јавил ангел и му рекол: "Ти ќе бидеш со многубројни луѓе, и мнозина од нив ќе ти бидат доверени за да ги раководиш. Со твојата помош ќе се спасат десет илјади, и оние кои овде ќе ги придобиеш, тие ќе ти се покоруваат и во идниот живот. И не сомневај се - продолжил ангелот - ништо не ќе ти недостига, се до твојата смрт, секогаш кога ќе Го повикаш Бога". Штом го слушнал тоа ава Ор заминал во соседната пустина и, изградувајќи си една колиба, живеел сам во неа, хранејќи се со разни треви, кои често пати еднаш неделно ги јадел.
 
Тој од почетокот бил неписмен, но по заминувањето од пустината во едно населено место, нему му била дадена благодат од Бога, та напамет го знаел Светото писмо. Кога браќата му ја давале Библијата, тој ја читал како писмен. Тој примил и друга благодат, да ги истерува бесовите; така многумина од бесомачните громко раскажувале за неговото житие, иако тој тоа не го сакал. И многу други исцелувања сторил. Затоа околу него се собрале околу три илјади монаси. Кога ги здогледал, тој радосен ги поздравил и прегрнал. Тој со своите сопствени раце им ги измивал нозете, а потоа им давал поука. Во Светото писмо бил многу искусен, бидејќи оваа благодат ја примил од Бога. Откако ќе им објаснел многу глави од Светото писмо, предавајќи им го православното учење за верата, тој ги поттикнувал на молитва. Бидејќи, кај големите луѓе е обичај да не пристапат на телесната храна, пред да ја нахранат својата душа со духовна храна; а таа храна е примањето на Телото Христово. По Причесната и принесените благодарности на Бога ава Ор веднаш ги повикувал браќата на трпеза, а самиот, пак, за време на јадењето на браќата им давал важни совети и им зборувал за спасението.
Тој бил славен меѓу многуте отци и поради тоа што за еден ден подигнувал ќелија, за мнозина монаси, кои доаѓале кај него. Односно ќе ги повикал сите присутни браќа, па еден правел кал, другиот цигли, третиот носел вода, четвртиот сечел дрва. И кога ќелијата ќе била готова, тој на оние што ќе дошле им давал се што им треба. Еднаш кај него дошол еден лажен брат, кој ја скрил својата облека, но ава Ор го разоткрил пред сите. Така никој не смеел да лаже пред него, бидејќи сите знаеле колкава благодат на добродетели има тој, кои ги спечалил во текот на својот долг и свет живот. Многу монаси, кои биле со него во Црквата, личеа на ангелските хорови кои Го слават Бога.
Сите браќа сведочеа за неговите големи добродетели, особено слугинката Божја Меланија, која на оваа Гора беше дојдена пред мене. Јас не го затеков жив. Раскажувајќи ми за големите совршенства на овој човек, Меланија ми раскажуваше дека тој никогаш не лажел, ниту се колнел, ниту некого колнел, ниту, пак, некогаш нешто говорел без потреба.

 

Издавач:

ЃаконијА

Скопје, 2002

Главен и одговорен уредник: Митрополит Брегалнички г. Агатангел

Преведе: ѓакон Игор Никовски

vozdvizenie.jpg

 

Паладиј, Епископ Еленополски- Лавсаик (6)

 

 

 

 



Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Септември 03, 2021
Default Image

Беседа за Успение на Пресвета Богородица oд Викарниот Епископ Јаков Стобиски

Беседа за Успение на Пресвета Богородица изречена од Викарниот Епископ Јаков Стобиски во манастирот Успение на Пресвета Богородица - Берово
Јуни 30, 2021
3.to.Naoganje.glava.sv.Jovan.Krstitel

СКОК ПРЕКУ ЈАЖЕТО НА НЕСОГЛАСУВАЊЕТО

Затоа, секогаш кога можеш прескокни го јажето на несогласувањето и фати се за оној дел од приказната кој ветува радост, насмевки и љубов. Горчината плисни ја со бран од морето, измиј го отровот на искажаните зборови и погледни кон залезот на сонцето. Тоа ќе…

Се упокои во Господ Митрополитот Црногорско-приморски Амфилохиј (30.10.2020)

Митрополитот Амфилохиј е роден на Божик, 7 јануари 1938 година, во Бари Радовиќ, во Долна…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 2748
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 1928
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…