логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 227527.b.jpg

29 јануари 2016 лето Господово

Независниот статус на Атонската монашка република треба да биде сочуван,меѓу другото и од можни посегнувања од страна на Европската Унија, беше ставот на учесниците на конференцијата „Света Русија и Света Гора Атон. Традиција и современост“, организирана од страна на Фондот на Св. Василиј Велики во рамките на XXIV – то меѓународно Божикно образовно читање.

Претседателот на Светскиот општествен форум „Цивилизациски дијалог“ и раководител на Фондот „Св. Андреј Првоповикан“ Владимир Јакунин, од своја страна напомна дека „на ниво на раководните органи на Европската Унија, на ниво на Европарламентот, иако тоа малку е познато, беше донесена одлука дека постоењето на Атон, како Атонска Република воопшто, им противречи на законите на Европската Унија и затоа ситуацијата треба да биде изменета“.

„Тоа се официјални документи на Европскиот Парламент. И јас сметам дека ние сме должни совршено јасно, во предворјето на големиот јубилеј - илјадалетие од нашето присуство на Атон, преку некаква резолуција или некој друг документ, да го подигнеме нашиот глас во заштита на правото на Атон да постои во таков вид, како што и традиционално постоел едно цело илјадалетие наназад“, изјави Јакунин.

Од своја страна, според зборовите на јавниот обвинител на РФ Јуриј Чајка, „Атон и Русија се поврзани со многувековни духовни врски“, и „неговото историско наследство е особено потребно во денешно време“.

„Нашата земја поминува низ етапата на духовна преродба, на враќање кон духовните вредности и светињи. За сите нас е од големо значење запазувањето на историскиот статус на Света Гора, како многунационален центар на целиот православен свет“, се вели во обраќањето на Чајка кон учесниците на конференцијата.

Извор: Православие.ру

Преземено од: Бигорски манастир



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Ноември 10, 2020

Се упокои во Господ Митрополитот Црногорско-приморски Амфилохиј (30.10.2020)

Митрополитот Амфилохиј е роден на Божик, 7 јануари 1938 година, во Бари Радовиќ, во Долна Морача. Завршил Богословија во Белград, а на Богословскиот факултет на СПЦ, во Белград, дипломирал во 1962 година. Покрај теолошките науки, студирал и класична…
Февруари 23, 2020
ih3387

Свети свештеномаченик Харалампиј

Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот живот. Името е наша сопствена карактеристика, но малкумина го знаат вистинското потекло на своето име и неговото вистинско значење. Секое православно име има своја суштина…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 1478
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 1837
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Дек 05, 2019 Беседи 1646
7.Vselenski.sobor
Премногу размислуваме во категоријата Бог – човек, наместо во категоријата личносни…