логоFacebookTwitterYouTubeeMail

Константинаполската Патријаршија купи црква од 8 век (14.09.2012 14:58) Високопреосветениот Митрополит Бурски Епилдофор соопшти дека Конастантинополската Патријаршија во понеделникот, 10 септември, купила древна византиска црква од 8 век. Црквата посветена на св. архангели Михаил и Гаврил, позната како Таксиархон (на грчки) или Басмелеклер (на турски) се смета за трета најстара црква во светот. Во 789 г. ја изградил византискиот цар Константин Порфирогенит и се наоѓа во Бурса, западната област на Турција. Нејзиниот поранешен сопственик, фирмата Тексен, во 2007 г. ја дала на продажба за 400 000 долари. Патријаршијата околу древната црква изградила ограда и капија. „Има три клучеви од капијата“, рече Митрополитот, „два се кај нас, а третиот го дадовме во селото Кумјака, за тие кои сакаат да можат да ја посетат црквата“. Неговото Високопреосвештенство рече дека Патријаршијата планира што поскоро да ја обнови црквата. „Сакаме да ја обновиме оваа историска градба во нејзината првобитна слава, за да може да го заземе местото меѓу другите историски градби, кои ја разубавуваат Бурса“, рече тој. Старешината на селото Кумјака, Рамиз Батмаз, рече дека тоа што Митрополитот му го предал клучот од црквата покажува дека Патријаршијата има доверба во него.


Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Февруари 23, 2020
ih3387

Свети свештеномаченик Харалампиј

Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот живот. Името е наша сопствена карактеристика, но малкумина го знаат вистинското потекло на своето име и неговото вистинско значење. Секое православно име има своја суштина…
Јануари 29, 2020
3.angeli.so.truba

Живот во служба на Бога и на луѓето

Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат целосно легитимирање на македонското црковно и духовно наследство. Дедо Стефан е ревносен борец за македонскиот јазик што неизмерно го сака и постојано го збогатува. Еве…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 1116
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Дек 05, 2019 Беседи 1054
7.Vselenski.sobor
Премногу размислуваме во категоријата Бог – човек, наместо во категоријата личносни…

Свети Антониј Велики: Кој е ѓаволот и кога напаѓа...?

А кога ќе се всели Божјиот Дух, Он ги успокојува, им дава да го вкусуваат спокојот во…