логоFacebookTwitterYouTubeeMail


Со современ метод се откриени древни текстови во манастирот „Света Eкатерина“ (14.09.2012 14:55)


Монахот Јустин, библиотекар во манастирот „Света Екатерина“ на Синај, и Мајкл Б. Тот, директорот на програмата Палимпсест, отпочнаа фантастичен проект за истражување на ракописи стари од 1000 до 2000 години. Тие ќе го претстават овој проект на 12 ноември 2012 г. во Националниот архив на САД во Вашингтон. Оваа презентација ќе биде директно пренесувана преку интернет.

Отец Јустин и г. Тот ќе зборуваат за откривањето на древните текстови со помош на современите сректрални методи. Манастирот „Света Екатерина“ има многу значајна колекција на ракописи, од кои најстарите потекнуваат од 4 век. Бидејќи материјалите на кои се  пишувало во тоа време биле многу ретки, се случувало оригиналните текстови да се бришат и врз нив да се испишува нов текст. Манастирската бибилиотека има голем број на вакви ракописи од кои, со помош на спектралната метода, сега може да се прочита и оригиналниот слој на текстот.

Научниците и техничките експерти соработуваат со Архиепископот Дамјан и монасите во истражувањето на богатата манастирска колекција на палимпсести.

Извор: Светигора

Преземено од: МПЦ-ОА



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Ноември 10, 2020

Се упокои во Господ Митрополитот Црногорско-приморски Амфилохиј (30.10.2020)

Митрополитот Амфилохиј е роден на Божик, 7 јануари 1938 година, во Бари Радовиќ, во Долна Морача. Завршил Богословија во Белград, а на Богословскиот факултет на СПЦ, во Белград, дипломирал во 1962 година. Покрај теолошките науки, студирал и класична…
Февруари 23, 2020
ih3387

Свети свештеномаченик Харалампиј

Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот живот. Името е наша сопствена карактеристика, но малкумина го знаат вистинското потекло на своето име и неговото вистинско значење. Секое православно име има своја суштина…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 1140
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 1286
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Дек 05, 2019 Беседи 1141
7.Vselenski.sobor
Премногу размислуваме во категоријата Бог – човек, наместо во категоријата личносни…