логоFacebookTwitterYouTubeeMail


 sv.Gora.Impresii.jpg

„СТАРЕЦ САМПСОН“ 

Писма на Старецот Сампсон

Господ и Спасителот наш Исус Христос нека те благослови, слуго наш Божји Јулијо

Одговарам на вашето писмо. Плачам пред лицето Божјо.
Само, смирете се. Само молете се скришно од сите, постојано, со побожност и со дух смирен спрема Мјаката  Божја Сепречиста: за да се удостоите во монаштвото.

 И тоа само заради стекнување на монашкиот живот, а не заради стекнување на некој духовен чин, положај или архиерејство. Само таквата молитва може да ви биде услишана. Сите останати желби и побуди можат да се преобратат во грев или дрскост,  а не на корист и благослов.
 На почетокот на монашкиот живот (од Бога поставен) со промислата Божја се даваат различни послушанија за служење на Светата Црква и тие послушанија се примаат како заповеди Божји. Сами по себе имаме право и можеме да посакуваме единствено секојдневен  бескрвен маченички  живот, зашто монаштвото е живот на постојан плач (сокриен од луѓето).

Тоа што вие чувствувате и што се молите со скаменети  и нечувствителни срца, тоа е затоа што во вас нема  скрушеност во молитвата, зашто вие не знаете што е тоа молитва, што значи да се чува својата совест, да се оди во присуството Божјо, што е тоа сеќавање на смртта и што е воопшто целта и смислата на животот.

Неодложно започнете да се занимавате со Исусовата молитва, да се учите во неа и со внимание да ја извршувате многу полека, пазејќи на секој збор; со вапај на срцето, низ умот до срцето - многу полека, изговарајте ги зборовите, молејќи се  за милоста Божја. Читајте по педесет кратки молитви, на секој единаесети - појасен поклон.

Преку  денот, после трпезата -  една глава на Светото Евангелие и педесет Исусови молитви. Ќелискиот акатист на Мајката Божја, секојдневно, неизоставно, многу бавно, а особено на денот на Успението.

Манастирското послушание вршете го како пред лицето Божјо, многу внимателно, правилно, со сето срце како да му правите на самиот Бог и на Пречистата Игуманија.
Не барајте постриг, туку чекајте. По малку, постепено, привикнувајте се себе си на  тоа дело, под услов својот јазик да го држите под контрола, упорно навикнувајте се на апсолутно молчење, потполно неосудување, потполно заборавање на своето  ЈАС.

 Грижливо запишувајте ги  укорите на совеста за секој ден (пред молитвата пред спиење) и тој запис секојдневно носете му го на духовникот, изнесувајќи  му ги гревовите  јасно, кратко и прецизно: коренот на гревот без објаснување на околностите во кои што се случил.

Бидете детски послушни и на младите и на старите. Тоа е залог на блажениот живот, среќата на земјата и скриената радост.
Како себе да се учиме во Исусовата молитва?
Се препорачува изговарање на Исусовата молитва, пред читањето на утринските молитви, пред светите икони.
Најстрого тргај  се од  женскиот пол и ни под каква благочестива причина не разговарај и не се допишувај со нив. Монахот  треба да се плаши од  женскиот пол  како од зараза..

Плаши се од стекнувањето и поседувањето на било што, зашто монахот  дава завет за сиромаштво. Тргај се од роднините, поранешните пријатели, зашто тоа е  суетен свет, лукав, зол, горд.
Држете се до ова шти ви го напишав и нека ви биде тоа закон на новиот живот.

Јеромонах Симеон
п.с.  Ова што ви го  пропишав држете го до постригот, ако му се удостоите.

+++

Со Исусовата молитва одговори им на  помислите на натрпението спрема оние кои што те прогонуваат. Нив веднаш оправдувај ги , а себе осудувај се.
Во Црквата, на прашања одговарај многу, многу кратко. Грев е  да се разговара во црквата и да се слушаат туѓите разговори.
Обвинувањата на совеста запишувај ги внимателно, како демоните не би ги извеле на митарствата. А зарем тоа не е страшно?!
Зарем можеме да се  потпреме на своето помнење? 
Кога ќе дојде старост или болест нема да можеме на се да се потсетиме.

Секое превознесување, самопочитувањ е гадост пред Бога, радост за ѓаволите и ефиопите (ефиоп е вид на демон со големина на куче кој има разни должности: да наведе на лага, брзоплетост, гнев).

Голема е демонската војска. Луѓето не сакаат тоа да го сфатат. Колку е само потребно усрдно да се почитува светиот ангел чувар!

Твојот ава,  бедниот Симеон.

+++


...Болен сум. До 10.30 лежев во постела.
 Тишина е. Мир. Свеж воздух. Прозорецот ми е отворен.
Сакав да ти кажам дека ако почувствуваш студ и сувост при Исусовата молитва, зборот Господе, замени го со Господине, за да не ја читаш механички молитвата. Пиши ми што мислиш.

„Чувствувам нетрпеливост кон сестрата...“  Отфрлај, отфрлај го од себе тоа чувство, тоа осудување на сестрата. Таквото чувство доаѓа од недостаток на љубов, од гордост и осмелувањето да бидеме судии.

+++

Монаштвото е молитва, чување на совеста, одење во присуството Божје .
 Исусова молитва, Семилостива, молитвено правило.
Што побрзо   навикни се себе си на Исусовата молитва.
 Биди шкрта на зборови. Запишувај ги укорите на совеста и строго држи се до читање на она што ти е одредено. Не зборувај зло.

Нема место за униние, треба да се бориш, да се радуваш и да сакаш секого. Ние постојано правиме ужасна глупост: Бог Го ставаме на второ место. Неговите заповеди, исто така, а себе и луѓето на прво. Оттаму и се јавува унинието и очајувањето.

Читај  ја пофалбата на Казанската Мајка Божја и  канонот на Андреј Критски.  Не го губи времето кое ти е подарено за духовно растење.
 Вооружи се со книги, со записите на укорите на совеста, со молитвеното правило,  со секојдневно одење во храмот.

Не си дозволувај да пропуштиш молитва пред спиење или утринските молитви. Наложи си  го себе си:
1.  Молитвеното правило
2. Читањето книги
3. Запишувањето на укорите на совеста од порано и за секој ден
4. Избегнување на дужење.

Љубовта - тоа е оган, сеспалувачки!

Преведе: М. Даниловска

Друго:

 СТАРЕЦ САМПСОН

СТАРЕЦОТ САМПСОН - ПРОСТУВАЊЕ

 

 

 



Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Септември 03, 2021
Default Image

Беседа за Успение на Пресвета Богородица oд Викарниот Епископ Јаков Стобиски

Беседа за Успение на Пресвета Богородица изречена од Викарниот Епископ Јаков Стобиски во манастирот Успение на Пресвета Богородица - Берово
Јуни 30, 2021
3.to.Naoganje.glava.sv.Jovan.Krstitel

СКОК ПРЕКУ ЈАЖЕТО НА НЕСОГЛАСУВАЊЕТО

Затоа, секогаш кога можеш прескокни го јажето на несогласувањето и фати се за оној дел од приказната кој ветува радост, насмевки и љубов. Горчината плисни ја со бран од морето, измиј го отровот на искажаните зборови и погледни кон залезот на сонцето. Тоа ќе…

Се упокои во Господ Митрополитот Црногорско-приморски Амфилохиј (30.10.2020)

Митрополитот Амфилохиј е роден на Божик, 7 јануари 1938 година, во Бари Радовиќ, во Долна…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 3012
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 2261
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…