логоFacebookTwitterYouTubeeMail


Esen.vopark2.jpgСТАРЕЦОТ САМПСОН
+++
ПРОСТУВАЊЕ

Светите отци се деца на блгодатта на Светиот Дух. Плод на оваа благодат е - простувањето. Тоа е љубовтта и тогаш со неа, може само добро да се  зборува за некого да се биде во молитва за него, да не се паметат навредите и злото.

Затоа, невозможно е да се простува, а да  се нема оправдание за секого.  Тоа е психолошки факт. Срцето така е создадено. Не е  умот, не е нервниот систем - како што науката се обидува да ни докаже, а особено психијатрите - така создаден,  туку срцето од Бога е така создадено.
Тоа е христијанското срце - тоа простува и прави СЕ за да го оправда човекот. Зарем не е така? Тоа е христијанска особина.

Многубожецот  и муслиманот  не знаат за тоа....за делото на благодатта на Духот Свет... Обидете се да му кажете на муслиманот да проштева, да го оправдува и љуби својот непријател. Ќе ве убие!

Еднаш јас вас сакав да ве запрашам, зошто никогаш не ви паѓа на памет да ме прашате:
 „Што  ве лути вас? Што ве растажува? Што најмногу ве вознемирува?“
Секогаш е тоа истата работа - нехристијанското срце.
 Злото  срце, кое што не сака да прости. Срце, кое што е во непријателство со Бога, затоа што не сака да прости, ниту има намера да проштева, а  покрај сето тоа се осмелува  да ја изговара Молитвата Господова:
“...и прости  ни ги долговите наши, како што им ги проштеваме и ние на нашите должници...“; додека во исто време срцето и умот  се во непријателство кон некој човек.

Тоа, многу ме лути...зашто надворешната форма никому не му користи, најмалку на Бога.
Мислам и секогаш доаѓам до констатација: тоа значи дека тие сеуште не дошле до суштината, зашто целата тајна, целокупната сол  на христијанството лежи во тоа:
да се заборава, да се простува, да се оправдува, да не се знае за зло, да не го паметиме. Ниту гревот, ниту злото.

Пијаница, блудник, горделивец - Бог ќе ги помилува.
Но за оној кој што не сака да заборави, да проштева, да оправдува , му се затвора патот кон животот вечен со Бога, но, и за живот , тука, на земјата.

Таквиот бидува отфрлен од Бога и Бог не го слуша.

+++
Писмо од Старецот Сампсон

Мило мое дете,

Се повеќе и повеќе сакам да ти се покажам себе си. За да видиш и да почувствуваш дека сум твој духовник.  Сепак, ти сеуште малку ме познаваш.
Но, ќе ме запознаеш.  Не е случајно тоа што ме затвориле како многу верен ученик на Свети Теофан Затворник.
Желбата ми е во твојето бротче да ставам што повеќе богатства, кои никој не може да ги украде, ниту да дојде до нив. Мојата желба е тоа да ти го пружам, предадам, за да бидеш богата со несогледливо, огромно богатство.

Веќе си вознемирена заради страшниот ден кога ќе  излезеш пред Господа, заради ужасот на митарствата., заради одговорите кои што ќе мораш да ги дадеш, за се што било во твојот живот. Но, ова ти го кажувам за да запаметиш:

1.   Плаши се само од тоа да бидеш несобрана, расеана, празна, вознемирена, несериозна.

2. Бој се од реткото причестување ( задолжително барем осум пати годишно).

3. Бој се од неподготвувањето  за исповед и не се задоволувај со заедничата исповед, која што е неправилна и не е света тајна.
4. Бој се да не останеш без она што е најдрага активност во животот, што е радост и потреба - без молитва.
5. Бој се од тоа да се молиш со механичко читање, наместо со умот и срцето.
6. Бој се да не ги занемаруваш секојдневното запишување на укорите на совеста; имај потреба за тоа, како што имаш потреба да си го миеш лицето, рацете, да се чешлаш.
7. Бој се  од тоа, да им се жалиш на луѓето за здравјето, неволјите, за она што се случило на работа и да не го пренабрегнуваш она што го рекле Светите Отци и Угодниците Божји и она што ти го наредил твојот духовник. За никого, никогаш ништо лошо не зборувај, не осудувај, не суди.
8. Бој се да не ја изгубиш радосната мисла дека животот  без вечноста е апсурд, лага, обмана , глупост; случајно да не поверуваш дека Христос е мит, бајка, творевина на нечиа фантазија, туку да знаеш дека е Он единствената смисла на животот.

Спрема тоа, Богомајката е жива, не гледа и слуша и дадена ни е нам како Застапничка. А илјадници угодници Божји се наши живи помошници.

Бог ти даде духовник , кој што ти покажал и ти говорел, и сеуште ти говори и ти покажува, како да ја чуваш сопствената совест, како да внимаваш на неа, како да ги запишуваш укорите на совеста и се да изнесуваш пред него, дури и она што срамно и непријатно да се зборува, зашто е глупаво тоа да се премолчи.

Твој  баќушка Ј. С.

Превод М. Даниловска - Мина

Друго:

http://preminportal.com.mk/content/view/8988/54/

 

 

 

 



Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Септември 03, 2021
Default Image

Беседа за Успение на Пресвета Богородица oд Викарниот Епископ Јаков Стобиски

Беседа за Успение на Пресвета Богородица изречена од Викарниот Епископ Јаков Стобиски во манастирот Успение на Пресвета Богородица - Берово
Јуни 30, 2021
3.to.Naoganje.glava.sv.Jovan.Krstitel

СКОК ПРЕКУ ЈАЖЕТО НА НЕСОГЛАСУВАЊЕТО

Затоа, секогаш кога можеш прескокни го јажето на несогласувањето и фати се за оној дел од приказната кој ветува радост, насмевки и љубов. Горчината плисни ја со бран од морето, измиј го отровот на искажаните зборови и погледни кон залезот на сонцето. Тоа ќе…

Се упокои во Господ Митрополитот Црногорско-приморски Амфилохиј (30.10.2020)

Митрополитот Амфилохиј е роден на Божик, 7 јануари 1938 година, во Бари Радовиќ, во Долна…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 3012
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 2261
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…