логоFacebookTwitterYouTubeeMail


starec.moli.jpgСТАРЕЦ ЕФРЕМ ФИЛОТЕЈСКИ

ПИСМО НА СТАРЕЦОТ  ДО ЕДНА МОНАХИЊА

Ќерко моја, љуби ја и почитувај ја својата Старица. Кој од нас не е без слабости? Сите ние сме под суд заради своите страсти. Меѓутоа, тоа е една работа, а твојата обврска кон духовната мајка сосема друга! Гледај ја како лицето Христово! Довербата што ја имаш во неа ќе ти се земе како доверба кон Бога.
Не сакам да се преправаш. Јас многу ги ценам искреноста и чесноста и сакам моите духовни чеда да бидат такви. Секогаш да се исповедаш искрено, да ги слушаш нејзините совети и имај доверба во се` што ќе ти каже твојата Старица.
Ако не прифатиш со вера се` што ќе ти каже таа, ќе дојдеш до тоа што ќе почнеш да ја осудуваш, ќе ти се олади љубовта и ќе се оддалечиш. Тоа не ти доликува тебе како монахиња која е под заштита на една Старица.
Бори се да ја љубиш и да ја гледаш како  лицето Христово и тогаш, согласно со твојата вера, ќе пожнееш и соодветна корист. Стори го тоа и ќе ја здогледаш вистината.
Сега, за време на Великот Пост, сакам посебно да се потрудиш. Биди молчалива и однатре и однатвор. Сеќавај се на смртта постојано и непрестајно, зашто од таквото размислување ќе имаш огромна корист. Кажувај ја љубената молитвичка. Присилувај се себеси да се присоединиш поцврсто кон Старицата и не дозволувај им на своите помисли да ја осудуваат, зашто Светите отци ќе го окарактеризираат тоа како сериозна изгоретина или труење. Чувај се да не отпаднеш  од Старицата, зашто тоа би го оневозможило секој твој подвиг.


Извор: Библиотека Слово од Водоча

Подготви: Стојанка Тежак

 



Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Септември 03, 2021
Default Image

Беседа за Успение на Пресвета Богородица oд Викарниот Епископ Јаков Стобиски

Беседа за Успение на Пресвета Богородица изречена од Викарниот Епископ Јаков Стобиски во манастирот Успение на Пресвета Богородица - Берово
Јуни 30, 2021
3.to.Naoganje.glava.sv.Jovan.Krstitel

СКОК ПРЕКУ ЈАЖЕТО НА НЕСОГЛАСУВАЊЕТО

Затоа, секогаш кога можеш прескокни го јажето на несогласувањето и фати се за оној дел од приказната кој ветува радост, насмевки и љубов. Горчината плисни ја со бран од морето, измиј го отровот на искажаните зборови и погледни кон залезот на сонцето. Тоа ќе…

Се упокои во Господ Митрополитот Црногорско-приморски Амфилохиј (30.10.2020)

Митрополитот Амфилохиј е роден на Божик, 7 јануари 1938 година, во Бари Радовиќ, во Долна…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 3009
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 2258
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…