логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка



Монахиња: Старче, како можеме многу да Го возљубиме Бога?


Старецот: Кога човекот ќе се собере себеси и своите очи, тогаш умот принудно се сконцентрира во Бога. Вие жените можете полесно да Му се дадете на Бога, затоа што за помошник го имате вашето срце. Мажите потешко, затоа што пречка им е разумот. Христовите Ученици при Страдањето (Христово) водени од разумот се сокриле и се заклучиле, а жените водени од срцето отишле на Голгота и на Гробот. Меѓутоа, вие сте во опасност да го потрошите срцето на празни работи. Лесни сте во давањето на срцето на ниски и празни работи и потоа не ви останува ништо за Христа. Не се задоволувате со неопходната облека, предмети, туку заедно со неопходното стремите и кон убавото, украсеното и пријатното. Една чаша би ви се допаднала повеќе кога би имало нацртано некое цвеќенце и некое извезено миле на маса би го сакале повеќе. Меѓутоа, така се растура срцето, па затоа не го трошете бадијала. Срцето кога ќе се собере, полудува и трча кон планините, во позитивна смисла. Никогаш не заборавајте дека украсувањето е суета, лага, власт на ѓаволот. Жените се восхитуваат од празни и суетни работи и стануваат послушнички на ѓаволот.

 

Монахиња: Старче, зошто монасите се разочаруваат од мали падови? Правилно ли е тоа?


Сарецот: Се разочаруваат, затоа што не работат правилно во духовната борба. Жените, како што во секојдневниот живот ги сакаат деликатните работи, така и во духовниот живот ја сакаат деликатната работа и се занимаваат со деталји, оставајќи му простор на ѓаволот да им наштетува. Да не го давате вашето срце во празни работи, туку на Бога, да не се распослувате со детали, туку да почнувате од крупните работи за да не се разочарувате. Ако се отсечат крупните, тогаш лесно исчезнуваат и ситните неште. Да не размислувате на претходниот живот или на вашите детски грешки, бидејќи за вас се отвориле нови патиште и книги. Да живеете во климата на непрестано славословие и благодарење, бидејќи најголемиот грев е неблагодарноста, а најлошиот грешник е неблагодарниот.

Монахиња: Старче, постои ли човек кој со години се труди во духовниот живот, а да нема никаков напредок?


Старецот: Да, постојат луѓе кои се борат, а не гледаат напредок кај себе. Оној кој работи и не гледа напредок или е горд или има горделиво расположение. Бог не дава таму каде што постои гордост или горделиво расположение. Кога некој работи усрдно, можеби гледа дека станал полош, но чувствува сигурност и утеха во себе. Тогаш оди добро. Духовниот напредок постои таму каде што постои чувство дека сé е за никаде. Тоа покажува дека постои микроскоп и за деталите. Кога некој се бори со усрдност, тогаш чувствува сигурност и се надева. Тогаш има духовен напредок. А, кога се обезнадежува, тогаш не оди добро, бидејќи безнадежноста произлегува од ѓаволот. Може некој многу да се бори со усрдност, но без напредок, затоа што нема смирение, а друг може да се бори со помалку аскеза и да напредува повеќе, затоа што има смирение, кое ги надополнува недостатоците. Потребна е борба со усрдност, со чувство за бедната состојба, со надеж, со утеха, со сигурност и со духовен кислород. Сето тоа ни го осигурува безбедното движење. Не измачувања и принудна послушност, не молитва со зорт. Не ѓаволски солзи и депресии. Да плачам за моите гревови надевајќи се на Божјата љубов, да. Но да плачам, затоа што тоа го сака ѓаволот, не го поднесувам тоа. Многу пати ѓаволот го урива човекот и излегува како победник. Не така. Да живеете едноставно, како детето во рацете на својот татко. Довербата во Бога е непрестана молитва со позитивни резултати. Безнадежноста е од ѓаволот.

Монахиња: Старче, лесно ли е да ја почувствуваме тежината на нашите гревови?

Старецот: Бог од љубов не дозволува да ги почувствуваме нашите гревови, за да не се скршиме. Постојат усрдни и чувствителни души кои намерно ги држи сурови, за да не ги изгори со чувството на гревот. Истото се случува и со чувствувањето на Божјите доброчинства. Кога би можеле да ги сфатиме, тогаш веднаш се растураме. Колку што човекот се зајакнува во духовниот живот, толку Бог му дозволува да ги гледа и двете. Мудар е еднакво на осветен. Ѓаволот не ги гони загубените, туку мудрите, односно оние кои се близу до Бога и кои можат да прават чуда. Од нив ја одзема довербата во Бога и почнува да ги измачува со самодовербата, со разумот, со мислата и со судот. Затоа треба разумот да го ставиме во фрижидер, додека Бог не ни го врати осветен. Никој не се исцелил сам и никој нема да се спаси без послушание. Некој едноставен, но свет човек, кога се нашол во нужда и сакал да му помогне на еден сиромав болен човек, отишол до брегот каде што имало храм на Вознесението и испружувајќи ги рацете, рекол: Свето мое Вознесение, дај ми едно рипче за болниот. И, какво чудо! Во неговите раце се нашла риба и отишол да му ја приготви на болниот, благодарејќи Му на Бога и на Светото Вознесение. Разумот е дар Божји, како што е и телесната сила. Затоа треба да го употребуваме како што сака Бог, во служба на спасението и на осветувањето. Монахот се облекува во покајанието и целиот гори од Божјата љубов. Неговата слобода во обраќањето ја прави позитивна и неговото многусловие го прави разговор со Бога. Душата кога зборува за Бога, не се заморува. Молитвата е одмор. Оној кој живее со срцето се одмара, а оној кој живее со разумот се заморува. Тоа е вештината на ѓаволот за нашава епоха. Ѓаволот знае дека следната генерација (осакатена од гревот, блутклава од начинот на живот и без идеали) ќе прибегне кон монаштвото, па затоа се бори да нé попречи во вистинското духовно работење и да нé фрли во духовна беда, со цел да не најде духовен квасец. Следната генерација ќе има потреба од нас за да се закачи за небото. Не го заборавајте ова.

Монахиња: Старче  имам сурово срце и не Го љубам Христа?


Старецот: Помислата ти го кажува тоа. Ти го кажал Старецот или Старицата? Не. Помислата ти го кажува. Постои љубов. Да живеете едноставно и без мисли, како детето со својот татко. Верата без многу мисли прави чуда. Разумот ги попречува Божјата благодат и чудото. Да бидете послушни без да судите со разумот и со логиката.

Монахиња: Старче, колку ја помага молитвата читањето и изучувањето на некој текст?


Старецот: Читањето го засладува умот и го стоплува срцето. Болката на другиот треба да е и наша болка. Молитвата е радост и задоволство. Почнуваме со читањето на еден светоотечки текст или од Старечникот, бидејќи со читањето се стоплува душата и се пренесува во духовни светови. Целта е умот да го засладува срцето, за да стане молитвата срдечна. Само срдечната молитва е молитва, бидејќи има болка и носи резултати. Срцето се очистува со воздишка, со усрдност. Да ја ставиме душата на патот на солзите.

Монахиња: Старче, чувствувам духовна болка и се плашам да не е случајно од ѓаволот?

Старецот: Колкава духовна болка принесуваме, толкаво Божествено задоволство ни се возвраќа. Меѓутоа, кога чувствувам,е немир и безнадежност, тогаш тоа е ѓаволско влијание. Држењето на здивот при молитвата во посебни случаи, предизвикува органско пореметување и треба да го одбегнувате. Други болки бара Бог, а не такви. Под срце не го подразбираме телото, туку енергиите на срцето. Бог е обврзан да ни помогне, кога ние му положуваме сé. Човекот прво целиот Му се дава на Бога, а потоа Бог го очистува и им го дава на луѓето. Кога човекот верува дека е полош од сите, тогаш едно Господи помилуј што ќе го икаже за светот вреди многу повеќе од илјада Господи помилуј на другиот. Молитвата треба да ни стане потреба. Да зборуваме со Бога, затоа што нема да имаме нешто послатко од тоа да правиме. Кога душата нема достигнато во духовна состојба, тогаш е подобро да се моли општо за роднините и за светот. Бидејќи наместо да бидеме од полза, понекогаш светот нé влече. Да се молиме, во посебни случаи, за оние кои имаат потреба. Јас ја имам поделено мојата молитва на три дела: Едниот за себеси, вториот за живите и третиот за мртвите. Најдобриот помен за упокоените е нашиот духовен напредок. Се разбира, и да ги даваме нивните имиња да се спомнуваат на Светата Проскомидија. Монахот треба со душевна болка да се моли за да го помилува Бог светот. Еднаш отидов во едно село за да се причестам. Свештеникот имаше обичај да ме причестува во олтар. Кога дојде моментот на причестување, размислив и реков: Боже мој, удостој ги сите луѓе да влезат во Рајот, а мене грешниот стави ме во некој агол. Само и само да не се секираш Ти што ќе ме гледаш во пеколот! Во тој момент свештеникот со силен глас ми рече да излезам надвор од олтарот за да ме причести. Малку се збунив и веднаш се сетив на молитвата што ја кажав. Потоа свештеникот дојде и ми побара прошка и ми рече дека почувствувал како некој да му го зел разумот во тој момент. Тоа се случи за да ме испита Бог. Заради мене Бог на кратко му го одзеде разумот. Истото може да се случи и во нашиот живот. На пример, се молите за нешто и Бог на кратко ја зема благодатта од Старицата или од некоја сестра и ти зборува лошо или тешко се однесува со тебе.

Монахиња: Старче, дали една долгогодишна душевна болест има надеж за исцелување?

Старецот: Да. И за една седмица добиваш здравје и стануваш еребица, вршејќи послушание и почнувајќи со бдение. Твојот ум да не размислува на ништо што ќе го заморува. Кога бевме телесно во светот, тогаш нашиот ум беше во манастир. Меѓутоа, сега со расејувањето, телото се наоѓа во манастир како труп, а умот оди во светот. Да не осудуваме, затоа што некоја сестра може да има покајание во својата келија, а ние да грешиме. Да и простувам на сестрата и кога гледам дека постојано паѓа. Господ му кажа на Петар да му простува на ближниот седумдесет пати по седум. Кога ги гледаме грешките на другите и ги осудуваме, тогаш тоа значи дека нашиот душевен поглед не е добро очистен и ги гледаме луѓето како дрвја. Приказна на слепиот! Да направиме една фабрика на добри помисли. Ако една фабрика произведува к*ршуми и ставиш внатре железо, тогаш ќе произведе к*ршуми. Ако произведува дискоси и путири и фрлиш злато, ќе произведе златни дискоси и путири. Ако фрлиш железо, ќе произведе железни. Каква помисла фрламе во умот, тоа и го земаме. Заради нас сестрата има искушение. Кога се молиме Бог да ни даде љубов, тогаш заради нас може да се разболе некоја сестра, за да ни ја даде преку тој начин љубовта, кога ќе бара помош болниот. Може да ти бара чај или нешто друго за да ја види Бог нашата љубов и нашето трпение. Дури и од претстојателите Бог на кратко ја одзема благодатта, за да ни зборуваат остро. За да дадеме испити за нашата добродетел, да види дали ќе осудуваме или не, штом му бараме да ни даде да не осудуваме. Така Бог ги испраќа добродетелите. Не колку кила љубов сакаш, земи, колку смирение сакаш, земи. Бог не ни ги носи добродетелите во книжни кеси. Ни ги дава само соодветните прилики. Ако не ги искористиме и го осудуваме ближниот, тогаш сме се осудиле два пати. И затоа што осудуваме и затоа што не сме се покајале за тоа.

Монахиња: Старче, кажи ни нешто за молитвата и за аскезата воопшто?

Старецот: Молитвата кога дејствува самата, ја дава најдобрата сладост. Човекот тогаш заборава и да јаде и да спие. Само ужива во молитвата. Како детенцето кое го внесуваме во слаткарница и слатките го вшмукуваат, без да го интересира било што друго. Меѓутоа доаѓа неговиот Старец и го запира за да го испита дали ќе се смири. Една монахиња во еден манастир имаше достигнато до таа мера. Дење имаше многу и тешка работа, а навечер се молеше. Кога Старицата ја стопираше, таа си велеше дека некаде згрешила нешто. Почнуваше со покајанието, без да има згрешено. Аскезата треба да се врши со мерка за да го одржуваме нашето здравје и за да можеме да ги вршиме своите задолженија. Претерувањата му штетат на телото и го прават човекот неупотреблив и за најнеопходното. Старицата да знае колку метании правите отприлика. Повозвишено од постот е бдението, бидејќи го очистува умот, го истенчува и засладува срцето, а со спиењето се здебелува нашиот ум. Да имате доверба во Бога и во претстојателите. Кога ви велат направете го ова или она, да бидете послушни и нема да се заморувате. Што добивте од тоа што толку време ја негувавте довербата во себеси? Самодовербата е голема пречка за Божјата благодат. Никогаш не и верувајте на вашата помисла. Едноставно да мислите на Бога заради вашето смирение и ќе ви се доближи и ќе ги живеете Неговите радост и спокој. Духовниот напредок зависи од нас. Ниту светиот Антониј Велики, ниту преподобниот Варсануфиј Велики не можат да нé спасат, доколку ние не се поставиме правилно. Бог е обврзан да ни помогне, кога ние Му полагаме сé. Оној кој има добри помисли, тој има духовно здравје. Во време на окупацијата малите деца, селските дечиња, земаа едно парче царевка во рака и го јадеа со апетит и образите им беа црвени, а богатите деца јадеа путер и мармаладе, но беа жолти и болни. Така е и во духовниот живот. Ако имаме едноставни и очистени помисли, без лукавство, тогаш ќе имаме и душевно здравје. Вистинското покајание е физиолошкото смирение и не е потребно додатно смирение. Умот каде што се засладува таму пребива, и затоа постојано да му принесуваме духовно работење.

Монахиња: Старче, должен ли е ангелот да се оддалечува од нас кога правиме грев?

Старецот: Благословена душо, ако ангелот бегаше толку лесно, тогаш светот ќе беше загубен до сега. Не си оди, останува, само што се секира и се враќа со празни раце кај Бога.

Монахиња: Дали манастирот има еден ангел или многу?

Старецот: Зошто, зарем нема таму и земни ангели? Постојат и домородни ангели.


Монахиња: Старче, постојат ли денес светители кои ја имаат видено Пресветата Богородица?


Старецот: Зошто е тешко? Но, сега за крај и една клетва: Да ве изгори Бог со Неговата љубов!


Монахињи: Амин! Амин! Амин! 

 

Друго:

 Разговор на монахињи со Старец Паисиј Светогорец

СТАРЕЦ ПАИСИЈЕ СВЕТОГОРЕЦ ( 3 дел )

Посети: {moshits}



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Јуни 10, 2023
TVIT602

Проскомидија

·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на Литургијата, нејзин пролог. Таа е нашиот допир со Небесното Царство и Небесното жителство.
Септември 13, 2021

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на Бигорската Обител, засветлил како светлозарна ѕвезда на богопрославениот светителски небосклон на Црквата Христова, во првата половина на ΧΙ век. За неговото родословие,…

Беседа за Успение на Пресвета Богородица oд Викарниот Епископ Јаков Стобиски

Сеп 03, 2021 Беседи 5760
Default Image
Беседа за Успение на Пресвета Богородица изречена од Викарниот Епископ Јаков Стобиски во…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 6576
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 6361
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 5555
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Најново од духовност

Православен календар

 

16/04/2024 - вторник

Велигденски пости; (строг пост)

Преподобен Тит Чудотворец; Светите маченици Амфијан и Едесија;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот Христов исповедник преподобен Никита 3 април / 16 април 2024

Тропар на светиот Христов исповедник преподобен Никита 3 април / 16 април 2024

Исповедниче на православието,пастиру на овците словесни,велик молитвенику, од Никифора преподобниотдуховно роден, од Тарасие Патријархотсо оклопот на свештенство облечен,

 Тропар на преподобниот отец наш Тит чудотворец 2 април / 15 април 2024

Тропар на преподобниот отец наш Тит чудотворец 2 април / 15 април 2024

Небесата сведочат за твоите подвизи,преподобен оче наш Тите,земјата те восфалува со сведоштво на твоите ученици,кои по делата на верата твоја...

Тропар на светата преподобна мајка Марија Египетска 1 април / 14 април 2024

Тропар на светата преподобна мајка Марија Египетска 1 април / 14 април 2024

Пустината се напоисо твоите топли солзипесокта ја претвориво молитви кон Бога непрестајниветрот ја пренесе милоста Божја по твоите молитвидо оние...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная