логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


ПЕТ ГОЛЕМИ ИСКУШЕНИЈА НА НОВИТЕ ВЕРНИЦИ


Јона (Пафхаузен)



Извадок од есејот на игумен Јона (Пафхаузен)


 


ПРВО ИСКУШЕНИЕ: ЗАМКА НА ДУХОВНА ГОРДОСТ

Духовната гордост е замка во која лесно потпаѓаат оние кои се нови во верата, кои за првпат се изложени на монашкиот живот, а кои бараат и тежнеат да живеат изворен православен духовен живот. Тоа може да биде особено опасно за оние кои ги посетуваат манастирите, во потрага по духовно раководење, без да знаат каков е вистинскиот православен живот во светот, во парохијата.

Многу верници ги посетуваат манастирите и ја забележуваат побожноста на луѓето и како се живее според монашкото предание, па сакаат да го подражаваат—но без да го разберат. Поклоници доаѓаат и се среќаваат со духовни старци и монаси кои живеат со живот кој, според нив, е многу “подуховен” од оној на нивниот парохиски свештеник—па го судат, сметајќи го за неподобен за нивните духовни потреби. Одат на исповед, развиваат духовен однос со духовен отец или мајка во манастирот, и мислат дека само нивниот пат е оној вистинскиот кој води кон спасение. Примаат духовни поуки кои би можеле погрешно да ги протолкуваат. Понекогаш, дури, во манастирот можат да добијат и погрешен духовен совет, па без размислување го претвораат во краен критериум на нивниот духовен живот. А понекогаш пак, луѓето одат во некој манастир или кај некој духовник кого Црквата го казнила и кој не ја почитува црковната дисциплина. Тогаш поклоникот-претворен-во-ученик се заплеткува во мрежата на самооправдување на заблудениот старец, што во некои случаи, доведува до раскол.

Претераната надворешна побожност, лажното смирение, обземеноста со озборувања и “спорни прашања” од животот на Црквата, осудување на луѓето заради нивната побожност или ставот во поглед на овие прашања, потполната убеденост за тоа дека само ние знаеме како треба да се справиме со нештата, и она што е можеби најопасното од се, идолизирање на одредена личност или место како краен критериум на Православието, можат да бидат симптоми на оваа духовна заболеност. Сите тие се одредени аспекти на духовна несозреаност. Она што недостасува во сево ова е Христос и вистинската духовна борба против сопствената огревовеност.

ВТОРО ИСКУШЕНИЕ: ПРЕКУМЕРНА ПОБОЖНОСТ

Ревноста за Христа и Црквата е возвишено и прекрасно нешто, но вистинската ревност е многу различна од онаа која доаѓа од острастеноста. Телесната ревност секогаш во себе носи некој елемент на самоугодување и егоцентричност, врз основа на што човек себеси се смета за вистински православен христијанин, вистински побожен и “оној кој знае”. Вистинската ревност не е насочена кон ништо друго освен кон соединувањето со Христос или пак, против својата падната природа. Таму каде што е вистинската верност, нема лицемерие. Лажната верност, односно опрелестеноста со духовната гордост и вообразеноста, секогаш е лицемерна.

Надворешниот израз на побожност претставува важен аспект на личносно доживување на опитот и светотаинската вера. Метаниите, прекрстувањето, побожното однесување, како и сите други облици кои ни се дадени од Преданието се особено корисни во овој поглед. Но никогаш не смееме да ги користиме за друго, освен за ја искажеме сопствената љубов кон Бога. Никогаш не смееме да ги користиме за да ги “поучиме” другите кои одредени работи ги прават “погрешно”, ниту пак да ги осудуваме другите за нивната недоволна побожност, а уште помалку да им покажуваме на другите како ние “знаеме што е “правилно”. Во многу манастири, правилата за надворешно искажување на побожноста—појасни поклони, прекрстување, метании и тн.—се извршуваат со големо внимание, додека, во парохиите, често не. Верникот никогаш не треба да привлекува внимание со својата надворешна побожност. Тоа само ја потхранува гордоста и егоцентричноста што е во нас, а на другите им го одвлекува вниманието од молитвата.  

Правилата на постот исто така спаѓаат во оваа категорија. Општо земено, манастирите строго ги почитуваат правилата на постот. Но во поглед на правилата на постот нема никаква разлика помеѓу монасите и верните во светот. Ниеден верник не би требало да осудува друг, а уште помалку гласно да коментира, како некој пости или не пости. Ова не само што е лицемерно, туку и никогаш не ја постигнува целта. Постот, како и сите правила на Црквата, се само средства, а не цел сама за себе. Ако постиме и се гордееме заради тоа, и ги осудуваме другите што не се толку строги, би ни било подобро воопшто и да не постиме (Рим. 14:3).

Истото правило важи и за литургискиот живот во Црквата. Манастирите, според самиот свој типик, ги служат литургиските богослужби во потполност и во склад со древниот Типик. Службите можат да траат со часови, а понекогаш го зафаќаат и поголемиот дел од денот. Меѓутоа, не постои никаква разлика помеѓу службите кои се пропишани за во манастир и оние кои се пропишани за во парохија. На поклоникот кој дошол во манастир, манастирските служби можат да му се причинат претерани и предолги, но потоа тој се навикнува на нив и не сака ниедна друга служба. Парохиските богослужби, кои се скратени од пастирско снисходење, можат заради тоа да изгледаат непотполни.

Тука има неколку искушенија. Првото е да се мисли дека во манастирот службите се вршат на “прав” начин, а во парохијата на “погрешен”. Второто искушение е да се мисли дека во парохиските богослужби нема благодат, како и литургиско-духовниот живот во парохиите да не се сфаќа сериозно. Ова незбежно води до осудување на парохискиот свештеник како, наводно, помалку “духовен” и мрзелив затоа што ги скратува богослужбите. Забораваме дека, кога присуствувавме на првата манастирска служба, ја користевме секоја можна прилика да седнеме и дека гледавме во часовникот секои пет минути, прашувајќи се дали воопшто и кога ќе заврши службата! Во парохиите службите се вршат во скратен облик заради пастирското снисходење и според мислењето на пастирот. Не смееме да ги осудуваме свештениците, зашто тие се трудат на секој можен начин да служат, имајќи ја на ум духовната корист на нивната паства.

ТРЕТО ИСКУШЕНИЕ: ОСУДУВАЊЕ

Најголемото искушение е да го осудуваме другиот, а особено свештеникот. Стандардите кои ние ги поставуваме за свештениците обично се невозможно високи, и тоа е по правило нешто што ниту ние самите не би можеле да го исполниме. Според тоа, секое такво осудување е директно лицемерие. Животот на парохискиот свештеник, кој е исполнет со потполно различни грижи, интереси и одговорности, многу се разликува од животот на еден јеромонах во манастир. Но, верниот народ види само еден мал дел од вистинскиот живот на парохискиот свештеник. Многумина верници мислат дека свештеникот работи само два часа, во недела! Но, да се биде свештеник е многу повеќе од “полно осмочасовно работно време”. Како тогаш можат верниците да го осудуваат? А особено пак, како можат да ја осудуваат неговата “недуховност”?

Јеромонахот може да ни се чини многу “подуховен” затоа што секој ден проведува по пет-шест часа во Црквата и има малку други (“банални”) одговорности. Пробајте тоа да го правите, ако имате семејство и десетина или стотина парохијани на коишто треба да им помагате! Подвижништвото на живеење во светот и служењето Христово, без оглед на тоа дали станува збор за свештеник или верник, е подеднакво големо како и монашкото служење на Христа во манастир. Да се живее подвижнички во светот е навистина духовно. Меѓутоа, деталите се разликуваат во зависност од околностите.

ЧЕТВРТО ИСКУШЕНИЕ: ЗЛОУПОТРЕБА НА ДУХОВНОТО РАКОВОДЕЊЕ

Луѓето често одат во манастир заради духовно раководење и исповед. Достојно е за почит и е древно православно предание да се има некој јеромонах за духовен отец, и да се живее во послушание кон него. Понекогаш луѓето одат кај некој опитен старец, најчесто заради тешки животни прашања. Исто така е вистина дека некои луѓе кои развиваат подобар однос со својот парохиски свештеник од другите. Ова би требало да го поддржат парохиските свештеници.

Ако Црквата е духовно лекувалиште, тогаш манастирите се одделенија за интензивна нега, со лекари-специјалисти. Кога човек боледува од рак, не оди да го посети неговиот општ лекар, како што не оди кај неврохирург заради настинка. Опитните Старци се оние специјалисти кои, после многу години на подвижничко пречистување и искуство знаат како да се справат со голем број тешки животни прашања. Многу старци имаат големи духовни дарови. Многу и ги немаат. Повеќето монаси не се Старци. Ова сепак не ја намалува нивната способност да служат како исповедници, утешители и духовници. Без разлика дали станува збор за парохиски свештеник, јеромонах, монахиња-старица или опитен старец, изворот на совет и утеха, во краен исход, е ист: Бог.

Вистинскиот старец е оној кој на човека секогаш му остава целосна слобода, дури и кога му ја открива волјата Божја. Тука никогаш нема манипулација ниту лични интереси. Старецот единствено му посакува спасение на човека и тој служи како крвен сад низ кого протекува Божјата љубов и простување на човекот. Големо е искушението да се идолизира Старецот или со него да го заменуваме Христос. Култот на личноста води кон духовна пропаст и на старецот и на ученикот.

Послушанието е многу важно во духовниот живот. Меѓутоа, послушанието секогаш мора да биде во одредени рамки. Послушанието никогаш не вклучува правење на нешто што е незаконско или неморално. Вистинското духовно послушание има само една цел: да не приведе во послушание кон Бога. Тоа е секогаш во рамките на Црквата, секогаш не води кон подлабоко ниво на општење, како црковно, така и личносно.

Големо искушение, особено за нас, современите западњаци, е во тоа што се обидуваме да пронајдеме старец (или свештеник или епископ) кој е “достоен да му бидеме послушни”. Ова е потполна духовна гордост и прелест. Тогаш мислиме дека ни е потребен “голем старец”, и тоа исклучиво најдобриот, за да му се предадеме во послушание, затоа што само еден таков надарен старец би можел да не “разбере”. Во себе си помислуваме: “Можам да му бидам послушен само на оној кој може да го препознае и развие мојот единствен потенцијал”. Ова е надмено, вообразено и арогантно, да мислиме за себеси дека сме на високо духовно ниво. Во реалност, особено ако навистина имаме таков став, последната личност со која би можеле да се справиме е таков опитен старец со длабок духовен живот, кој бргу би не свел на нашата вистинска мера. Нашата гордост тоа не би можела да го издржи, па не би обрнале внимание на неговиот совет, дури и тоа што тој ни го советува да е најдобро за нас.


ПЕТТО ИСКУШЕНИЕ: ЦРКВЕНИ ОЗБОРУВАЊА

Последното големо искушение е да се вклучуваме во озборувачки разговори за луѓето, заедниците, праксите, а особено, за “спорните прашања” со кои се соочува Црквата. Било да се работи за тоа кој што прави, како ја служи оваа или онаа служба, или со кого сослужува, или било што слично на ова... сето ова е озборување. Било да станува збор за големите проблеми со кои се соочува Црквата како што е екуменизам, прашања за календарот или за тоа што овие или оние учат или не учат на тој и тој богословски факултет... Во ваквите испразни разговори нема ништо плодоносно, а има многу штетно. Господ ни има кажано дека ќе одговараме за секој изговорен збор.

Ваквото озборување не само што не вовлекува во осудување на луѓето, особено епископите, свештениците и учителите кои сами за себе ќе одговараат пред Бога, туку и не одлачува од она што единствено потребно: од нашиот пат кон спасението. Ние пред Бога сме одговорни единствено за сопственото спасение, а не за прашања врз кои што не можеме да влијаеме. Едно од најтажните нешта е што манастирите привлекуваат луѓе кои под изговор дека тежнеат кон сериозен духовен живот потпаѓаат во ваква прелест, бидејќи сето ова озборување и фракционерство ги разорува нивните души.

Доволно е лошо што луѓето разговараат за вакви работи: многумина од нив читаат цели книги кои се, во суштина, скандалозни памфлети. Интернетот, веројатно, е најлошиот медиум за вакво празнословење. Тоа не е ништо друго туку црквена “порнографија” која мора да ја избегнуваме по секоја цена!



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Јуни 10, 2023
TVIT602

Проскомидија

·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на Литургијата, нејзин пролог. Таа е нашиот допир со Небесното Царство и Небесното жителство.
Септември 13, 2021

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на Бигорската Обител, засветлил како светлозарна ѕвезда на богопрославениот светителски небосклон на Црквата Христова, во првата половина на ΧΙ век. За неговото родословие,…

Беседа за Успение на Пресвета Богородица oд Викарниот Епископ Јаков Стобиски

Сеп 03, 2021 Беседи 5760
Default Image
Беседа за Успение на Пресвета Богородица изречена од Викарниот Епископ Јаков Стобиски во…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 6577
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 6363
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 5556
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Најново од духовност

Православен календар

 

16/04/2024 - вторник

Велигденски пости; (строг пост)

Преподобен Тит Чудотворец; Светите маченици Амфијан и Едесија;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот Христов исповедник преподобен Никита 3 април / 16 април 2024

Тропар на светиот Христов исповедник преподобен Никита 3 април / 16 април 2024

Исповедниче на православието,пастиру на овците словесни,велик молитвенику, од Никифора преподобниотдуховно роден, од Тарасие Патријархотсо оклопот на свештенство облечен,

 Тропар на преподобниот отец наш Тит чудотворец 2 април / 15 април 2024

Тропар на преподобниот отец наш Тит чудотворец 2 април / 15 април 2024

Небесата сведочат за твоите подвизи,преподобен оче наш Тите,земјата те восфалува со сведоштво на твоите ученици,кои по делата на верата твоја...

Тропар на светата преподобна мајка Марија Египетска 1 април / 14 април 2024

Тропар на светата преподобна мајка Марија Египетска 1 април / 14 април 2024

Пустината се напоисо твоите топли солзипесокта ја претвориво молитви кон Бога непрестајниветрот ја пренесе милоста Божја по твоите молитвидо оние...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная