логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 За Мајката Божја

3.angeli.so.truba

Кога душата е во љубовта Божја, о, колку е тогаш сè добро, колку е сè мило и весело. Но, и при љубовта Божја постои тага. И колку е поголема љубовта, толку е поголема и тагата. Божјата Мајка никогаш не згреши ниту со една помисла, и никогаш не ја губеше благодатта. Но, и Таа многу тагуваше. А кога стоеше под Крстот, Нејзината тага беше безмерна како океан и маките на Нејзината душа беа неспоредливо поголеми од маките на Адам по изгонувањето од рајот, затоа што и Нејзината љубов беше неспоредливо поголема, отколку љубовта на Адам во рајот. И тоа што Таа остана жива, е само заради тоа што ја крепеше силата Господова. Оти Господ сакаше Таа да го види Неговото Воскресение и по Неговото Вознесение да остане на земјата за утеха и радост на Апостолите и на новиот христијански народ.

Ние не можеме да ја достигнеме полнотата на љубовта на Божјата Мајка, и затоа не можеме во полнота да ја разбереме Нејзината тага. Нејзината љубов беше совршена. Таа безмерно Го љубеше Бога и Својот Син. Но Таа ги љубеше и луѓето со голема љубов. И што ли преживуваше Таа, кога тие луѓе, што многу ги љубеше, и чиешто спасение до крај го сакаше, Го распнуваа Нејзиниот Возљубен Син?

Ние не можеме да го разбереме тоа, затоа што во нас има малку љубов спрема Бога и спрема луѓето.

Колку што љубовта на Мајката Божја беше безмерна и непостижна, толку и Нејзината тага беше безмерна и непостижна.
 

О, Пречиста Дево Богородице, кажи ни нам, на Твоите деца, како живеејќи на земјата Го љубеше Својот Син и Бог, како се веселеше Твојот дух во Бога, Спасителот Твој? Како го гледаше Неговото прекрасно лице и како помислуваше дека тоа е Оној, на Кого со страв и љубов Му служат сите небесни сили?

Кажи ми, што чувствуваше Твојата душа, кога во Своите раце Го држеше прекрасниот Младенец? Како Го воспитуваше? Колку Те болеше душата кога заедно со Јосиф три дена Го бараше во Ерусалим? Какви ли маки преживуваше Ти кога Господ беше предаден на распнување и умираше на Крстот?

Кажи ни колкава беше Твојата радост заради Воскресението, или како тагуваше Твојата душа по Вознесението Господово?

Нашите души копнеат да знаат каков беше Твојот живот со Господа на земјата. Но Ти не посака тоа да се запише, туку со молчание ја покри Својата тајна.


  3.angeli.so.truba

Господ и Божјата Мајка излеаја врз мене многу милост и направија со мене многу чуда, но со ништо не можам да им возвратам за толку големата љубов.

Со што ќе ѝ возвратам на Пресветата Владичица за тоа што не се згнаси од мене заради гревовите, туку милостиво ме посети и ме вразуми? Јас не Ја видов Неа, но Светиот Дух ми даде да ја познаам преку Нејзините зборови исполнети со благодат. И се радува мојот дух, и копнее душата моја по Неа со љубов, така што и самото призивање на Нејзиното Име, му е слатко на срцето.

Кога бев млад послушник, еднаш се молев пред иконата на Божјата Мајка, и Исусовата молитва влезе во моето срце и таму почна сама да се произнесува. А еднаш во црквата слушнав читање од пророштвата на Исаија, и при зборовите: “Измијте се и ќе бидете чисти” (Иса. 1,16), помислив: “Можеби Божјата Мајка некогаш згреши, макар и со мисла”. И чудесно, во моето срце, заедно со молитвата гласот јасно прозбори: “Божјата Мајка никогаш не згреши, дури ни со мисла”. Така, Светиот Дух во моето срце сведочеше за Нејзината чистота. Но, за време на земниот живот, кај Неа постоеше некоја непотполност и безгрешни погрешки заради несовршенството. Тоа се гледа од Евангелието, кога Таа, враќајќи се од Ерусалим, не знаеше каде е Нејзиниот Син. И потоа, заедно со Јосиф три дена Го бараше (Лука 2, 44-46).

 
Мојата душа е во страв и трепет кога размислувам за славата на Божјата Мајка. Мојот ум е мал и моето срце е бедно и немоќно, но душата се радува и копнее по тоа да напише барем неколку зборови за Неа.

Мојата душа се плаши да се допре до тоа, но љубовта ме гони да не ја сокривам благодарноста за Нејзиното милосрдие.

Божјата Мајка не дозволи да се запишат ниту Нејзините мисли, ниту Нејзината љубов спрема Нејзиниот Син и Бог, ниту страдањата на Нејзината душа при распнувањето, затоа што ние секако не би можеле да го разбереме тоа. Бидејќи Нејзината љубов спрема Бога е посилна и поогнена од љубовта на Серафимите и Херувимите, и Нејзе Ѝ се восхитуваат сите небески сили на ангелите и архангелите.

И иако животот на Божјата Мајка како да е покриен со свето молчание, Господ на нашата Православна Црква Ѝ даде да знае дека Таа со Својата љубов го закрилува целиот свет. И дека во Светиот Дух ги гледа сите народи на земјата, и подобно на Својот Син, ги сожлува и ги милува сите.

О, кога би знаеле колку Пресветата ги љуби сите што ги чуваат Христовите заповеди, и колку тагува и жали заради оние што не се поправаат. Јас го искусив тоа на себеси. Не лажам, зборувам пред лицето на Бога, Кого Го знае душата моја: со духот ја знам Пречистата Дева. Јас не Ја видов Неа, но Светиот Дух ми даде да Ја познаам Неа и Нејзината љубов спрема нас. Да не постои Нејзиното милосрдие, јас одамна ќе загинев. Но Таа посака да ме посети и да ме вразуми за да не грешам. Таа ми рече: “Мене не ми е убаво да го гледам тоа што го правиш“. И Нејзините зборови се пријатни, тивки, кротки, и делуваат на душата. Изминаа повеќе од четириесет години, но мојата душа не може да ги заборави тие слатки зборови. И не знам со што ќе возвратам јас грешниот за толкавата љубов спрема мене нечистиот. И како ќе Ѝ благодарам на Благата, Милостива Мајка Господова.

Навистина Таа е нашата Застапничка пред Бога, и самото Нејзино Име ја радува душата. Но и сето небо и сета земја се радуваат во Нејзината љубов.

Чудесни и несфатливи нешта! Таа живее на Небесата и непрестано ја гледа славата Божја, но не нè заборава нас бедните, и со Своето милосрдие ја покрива сета земја и сите народи.

И Неа, Пречистата Своја Мајка ни ја дарува Господ. Таа е нашата радост и нашата надеж. Таа е нашата Мајка по дух. И блиска ни е по човечката природа. И секоја христијанска душа копнее по неа со љубов.

manastir.vo.karpa

 Извор:


  http://www.mpc.org.mk/svetootecko-predanie.asp?id=3519  

 

 Јануари 2021 лето Господово

 

 

 

 

 

 

 

 

 


   



Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Септември 03, 2021
Default Image

Беседа за Успение на Пресвета Богородица oд Викарниот Епископ Јаков Стобиски

Беседа за Успение на Пресвета Богородица изречена од Викарниот Епископ Јаков Стобиски во манастирот Успение на Пресвета Богородица - Берово
Јуни 30, 2021
3.to.Naoganje.glava.sv.Jovan.Krstitel

СКОК ПРЕКУ ЈАЖЕТО НА НЕСОГЛАСУВАЊЕТО

Затоа, секогаш кога можеш прескокни го јажето на несогласувањето и фати се за оној дел од приказната кој ветува радост, насмевки и љубов. Горчината плисни ја со бран од морето, измиј го отровот на искажаните зборови и погледни кон залезот на сонцето. Тоа ќе…

Се упокои во Господ Митрополитот Црногорско-приморски Амфилохиј (30.10.2020)

Митрополитот Амфилохиј е роден на Божик, 7 јануари 1938 година, во Бари Радовиќ, во Долна…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 3109
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 2439
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…