логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 3.angeli.so.truba

Божјиот разум

Кога нашиот Господ Исус Христос го извршил делото на нашето спасение, тогаш Тој, по Своето воскресение, вдахнал во апостолите и во нив го обновил духот на животот кој Адам го изгубил и им ја подарил адамовата благодат на Сесветиот Божји Дух. Но, тоа не е сѐ.
Ете, Тој уште им ветил дека ќе им Го прати Светиот Дух, Утешителот Кој нив и сите нивни следбеници ќе ги научи на Вистината и Кој ќе ги потсетува на сѐ што Тој им зборувал додека бил во светот. Со ова Господ им ветил на Своите ученици благодат врз благодат.
И навистина, на денот Педесетница, Бог на величествен начин Го пратил Светиот Дух Кој во дувањето на ветрот и во вид на огнени јазици слегол врз Пресвета Богородица и светите апостоли. Светиот Дух се вселил во нив и ги исполнил со сила и со оној чудесен оган на Божјата благодат која ги израдувала нивните срца и која и денес ги исполнува со радост срцата на сите кои заедничарат со Тој Божји Дух. Таа иста благодат на Светиот Дух ни се дава на сите нас, верните во Христа, во Тајната на Светото Крштение и таинствено се запечатува во нас преку Миропомазанието, она што е својствено за Црквата, вечната пазителка на Божјата благодат.
Извршувајќи ја Тајната на Миропомазанието свештеникот вели: „Печат на дарот на Светиот Дух“. На што ги ставаме ние луѓето своите печати? Ги ставаме таму каде што чуваме некое свое богатство. Што на светот може да биде поскапоцено од даровите на Светиот Дух Кој Го примаме на Светата Тајна Крштение!? Благодатта која ја добиваме на Крштението е толку голема, толку неопходна и толку животворна за човекот, така што Бог не ја одзема дури ни од човекот еретик сѐ до неговата смрт, односно, до рокот по Божја промисла одгоре означен заради доживотните испити на човекот на земјата.
Во тоа, од Бога дарувано времетраење, со помош на силата на благодатта која му е дадена озгора, на човекот му е дадено да покаже за што е способен и што е во состојба да направи. Кога после Крштението не би грешеле, засекогаш би останале свети и непорочни Божји угодници, и би биле сочувани од секоја нечистотија на телото и духот. Нашата несреќа е во тоа што напредувајќи во растењето не напредуваме во благодатта и Божјиот разум, како што во тоа напредуваше нашиот Господ Исус Христос, туку напротив се расипуваме, малку по малку се откажуваме од благодатта на Светиот Дух и стануваме помалку или повеќе грешни.
Но кога некој поттикнат од Божјата премудрост, која го сака нашето спасение, ќе реши од љубов кон Бога да се потруди околу своето спасение, тогаш тој, послушен на гласот на Божјата премудрост, ќе почне да се кае за своите гревови. Се кае и прави добри дела спротивни на гревовите кои ги направил, и преку добри дела, направени заради Христос, повторно Го добива Светиот Дух, Кој внатре во него, повторно го устројува Божјото Царство. Не се залудни Божјите зборови: „Небесното Царство е внатре, во нас“, и оние кои се трудат влегуваат во него. Во него влегуваат и оние кои се каат и кои се трудат да се поправат, без оглед на нивната гревовност која ги оддалечува од Бога.


Тие покајани грешници стануваат побели од снег пред Божјото лице, бидејќи се очистени со Неговата благодат. Дојдете, вели Господ. Ако вашите гревови се црвени, ќе станат бели како снег.
Нив, тајновидецот св. Јован Богослов ги видел облечени во бели алишта и со палмови гранчиња, со тие знаци на победата во рацете, како Му пеат на Бога прекрасна песна: Алилуја. За нив ангелот рекол: „Тие се кои дојдоа од големи маки, и ги испраа своите облеки и ги обелија со крвта на Агнецот“. Ги испраа со страдање и ги обелија со пречистата Причест и животворните Тајни на Телото и Крвта на Агнецот, непорочниот и пречистиот Христос, заклан по Негова волја за спасение на светот, јагнето „кое непрестајно се принесува за жртва и им се дели на верниците, и никогаш не исчезнува“.
Давајќи ни ги Своите Тело и Крв, Господ во замена за загубениот плод од Дрвото на Животот ни се дава Себеси, најскапоцениот дар кој го наминува секој ум. Тој плод го сакал лошиот дух, човечкиот непријател, за да го одземе од Адам и неговиот род. Адам згрешил, а Господ ни го дарува Искупителот во Синот на Дева Кој со смрт смртта ја уништи.
Ѓаволот ја излажа Ева, а Бог ни ја даде Секогашдева Богородица Марија, застапничката пред Својот Син и нашиот Бог. Таа е незасрамена и непобедлива Застапничка дури и за најтврдокорните грешници, бидејќи е „страв и трепет“ за злите духови, и демоните не можат да му наштетат на оној кој Неа Ја повикува.


 3.angeli.so.truba


Св. Серафим Саровски

 

 За  Преминпортал подготви Дејан Блажески

16ти јануари 2021 лето Господово

 

 



Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Септември 03, 2021
Default Image

Беседа за Успение на Пресвета Богородица oд Викарниот Епископ Јаков Стобиски

Беседа за Успение на Пресвета Богородица изречена од Викарниот Епископ Јаков Стобиски во манастирот Успение на Пресвета Богородица - Берово
Јуни 30, 2021
3.to.Naoganje.glava.sv.Jovan.Krstitel

СКОК ПРЕКУ ЈАЖЕТО НА НЕСОГЛАСУВАЊЕТО

Затоа, секогаш кога можеш прескокни го јажето на несогласувањето и фати се за оној дел од приказната кој ветува радост, насмевки и љубов. Горчината плисни ја со бран од морето, измиј го отровот на искажаните зборови и погледни кон залезот на сонцето. Тоа ќе…

Се упокои во Господ Митрополитот Црногорско-приморски Амфилохиј (30.10.2020)

Митрополитот Амфилохиј е роден на Божик, 7 јануари 1938 година, во Бари Радовиќ, во Долна…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 3176
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 2504
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…