логоFacebookTwitterYouTubeeMail


Вера во Единородниот Син

3.angeli.so.truba


Што се однесува, пак, до тоа што јас сум монах, а вие човек во светот, тоа не менува ништо. Господ бара срце исполнето со љубов кон Бога и ближниот бидејќи нашето срце е место во кое Тој сака да живее и каде Тој се јавува во полнотата на Својата небесна слава.
„Сине, дај ми го своето срце“, вели Господ, а сѐ останато Јас ќе наравам, затоа што во твоето срце може да се смести Божјото Царство.
Господ им заповеда на Своите ученици: „Најнапред барајте го Божјото Царство и Неговата правда, и сѐ останато ќе ви се додаде; бидејќи вашиот Отец небесен знае што ви е потребно“ (Мат. 6, 32-33). Господ не нѐ укорува затоа што се ползуваме од земните добра, бидејќи и Самиот ни кажува дека тоа ни е потребно во овоземниот живот, за нашиот пат кон небесната татковина да ни биде полесен и поудобен.
Светиот апостол Петар тврди дека нема ништо подобро во овој свет од побожноста соединета со изобилието. И светата Црква непрестајно се моли Господ Бог да ни подари изобилие од земни добра. Иако нашиот земен живот е нераздвоен од тагите, несреќите и разните неволји, Господ Бог не дозволува постојано да бидеме во жалост и искушенија. Затоа апостолот нѐ советува да си го носиме бремето еден на друг затоа што така ќе го исполниме Христовиот Закон.
Господ наш Исус Христос ни заповеда да се љубиме еден со друг, па така тешејќи се со взаемна љубов да си го олесниме тешкиот и тесен пат кон небесната татковина. Затоа Тој и слезе од небесата кај нас и ја зеде врз Себе нашата сиромаштија за да нѐ збогати со Својата добрина и неискажливата милост. Ете, Тој дојде во светот, не за Нему да Му служат, туку Тој да им служи на другите и да го даде Својот живот за спасение на мнозина. И вие така правете, ваше богољубие.
На дело сте се увериле во Божјата милост и за тоа им зборувате на сите кои сакаат да се спасат. „Жетвата е голема“, вели Господ, „а работници малку“. Еве и нас Господ нѐ изведе на жетва и ни ги даде даровите на Својата благодат за да ги жнееме Божјите класови и да придонесеме за спасението на нашите ближни за и тие да влезат во Божјото Царство, а ние да Му принесеме на Бога многу род. Не треба да се штедиме за да не бидеме осудени заедно со оној лош и мрзлив слуга, кој го закопа својот талант во земја, туку да се трудиме да бидеме како другите добри и верни Господови слуги од евангелската приказна, кои Му принеле на својот Господар, првиот наместо два – четири таланти, другиот наместо пет – десет таланти.
Не треба ни најмалку да се посомневаме во Божјата милост. И самите сте виделе како се исполнија над нас Господовите зборови, кажани преку пророкот: „Јас сум Господ блиску до тебе, а не само оддалеку, и близу тебе е твоето спасение“.

3.angeli.so.truba


Јас бедниот се немав ниту прекрстено, туку само во срцето посакав Бог да ве удостои да ја почувствувате Неговата благодат во својата полнота и, ете, Тој веднаш ја исполни мојата молитва. Ова не го кажувам за да се фалам или да се покажам како нешто големо и да предизвикам завист кај вас, ниту пак, за да мислите дека тоа е затоа што јас сум монах, а вие мирјанин. Не!
„Господ е блиску до сите кои вистински Го повикуваат“. „Господ не гледа на лице“. Отецот Го љуби Синот и сѐ предаде во Неговите раце само за и ние да Го засакаме нашиот небесен Отец како вистински синови.
Господ еднакво ги слуша и монахот и мирјанинот, само ако и двајцата се православни и ако и двајцата Го љубат Бога од длабочината на своите души и ако имаат вера во Него колку зрно од грашок. Самиот Господ рекол дека „сѐ е можно за оној кој верува“, а св. апостол Павле рекол: „Сѐ можам во Исус Христос, Кој ми дава моќ“. Еве што вели Господ Исус Христос за оние кои веруваат во Него: „Кој верува во Мене, делата што ги вршам Јас и тој ќе ги врши, и поголеми од нив ќе врши; оти Јас си одам при Мојот Отец; и што и да посакате од Отецот во Мое име, ќе ви го дадам, за да се прослави Отецот во Синот“ (Јован 14, 12-13). „Досега ништо не сте барале во Мое име; барајте и ќе добиете, за да биде полна вашата радост“ (Јован 16, 24)...
И така, сѐ што барате од Господ Бог, сѐ и ќе добиете, само тоа што го барате нека биде во Божја слава или од полза за ближниот, бидејќи и ползата за ближниот Бог ја смета за Своја слава, како што вели: „Доколу сте го направиле тоа на еден од овие Мои најмали браќа, Мене сте ми го направиле“ (Матеј 25, 40). Слободно верувајте дека Господ ќе ги исполни вашите молитви, само ако се насочени кон Божјата слава или во полза и за спасение на ближниот. Па дури и ако нешто ви е потребно лично вам, за ваша полза или успех, и тоа ќе ви го испрати Господ Бог, исто така, брзо и изобилно, но само ако тоа вистински ви треба, ако ви е неопходно.
Бидејќи Господ ги љуби оние кои го љубат Него и добар е кон сите, и Својата милост да излева над сите: „Господ е близу сите оние кои вистински Го повикуваат; ги исполнува желбите на оние кои се плашат од него; ги слуша нивните молитви и им помага“.
Плашете се само од едно – да не молите од Господ за она што не вие е вистински потребно. Бог нема ништо да ви каже за вашата православна вера во Спасителот Христос, но од вас ќе бара одговор зошто беспотребно сте барале од Него она без кое сте можеле убаво да живеете.
Ете така, ваше богољубие, ви кажав сѐ што Господ и Божјата Мајка благопосакале да ви кажат и покажат преку мене бедниот Серафим. Одете со мир. Господ и Божјата Мајка нека бидат со вас постојано. Амин.

3.angeli.so.truba
 
Свети Серафим Саровски

 

 

 За  Преминпортал подготви Дејан Блажески

16ти јануари 2021 лето Господово

 

 



Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Септември 03, 2021
Default Image

Беседа за Успение на Пресвета Богородица oд Викарниот Епископ Јаков Стобиски

Беседа за Успение на Пресвета Богородица изречена од Викарниот Епископ Јаков Стобиски во манастирот Успение на Пресвета Богородица - Берово
Јуни 30, 2021
3.to.Naoganje.glava.sv.Jovan.Krstitel

СКОК ПРЕКУ ЈАЖЕТО НА НЕСОГЛАСУВАЊЕТО

Затоа, секогаш кога можеш прескокни го јажето на несогласувањето и фати се за оној дел од приказната кој ветува радост, насмевки и љубов. Горчината плисни ја со бран од морето, измиј го отровот на искажаните зборови и погледни кон залезот на сонцето. Тоа ќе…

Се упокои во Господ Митрополитот Црногорско-приморски Амфилохиј (30.10.2020)

Митрополитот Амфилохиј е роден на Божик, 7 јануари 1938 година, во Бари Радовиќ, во Долна…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 3176
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 2504
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…