логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

 3.angeli.so.truba

Св. Амвросиј Оптински

„Љубовта е – велел старецот со зборовите на апостолот – долго-трпелива, сè простува, не осудува, не посакува ништо туѓо, не завидува“.

„Љубовта покрива сè. И ако некој му прави добро на ближниот по желба на срцето, не само движен од чувството за долг, на таквиот ѓаволот не може да му пречи. А каде што е само по долг, таму тој сепак се труди да попречи со нешто“.

На оној што се труди Бог му испраќа милост а на оној што љуби – утеха.

Љубовта, се разбира, стои највисоко од сè. Ако гледаш дека во тебе нема љубов, а сакаш да ја имаш, врши ги делата на љубовта, макар на почетокот и без љубов. Господ ќе ја види твојата желба и труд и ќе ти стави љубов во срцето. А најбитно, штом забележиш дека си згрешил против љубовта, веднаш исповедај го тоа кај старецот. Тоа понекогаш може да биде од лошо срце а понекогаш и од врагот. Ти сам не можеш да оцениш, а штом го исповедаш, врагот ќе отстапи.

Оној што има лошо срце не треба да очајува, зашто со Божјата помош човек може да си го поправи срцето. Треба само внимателно да се самонабљудува и да не пропушта случај да биде полезен за ближните. Често да ги открива мислите пред старецот и да дава милостиња според своите можности. Тоа се разбира, не може да се направи одеднаш, но Господ е долготрпелив. Тој го прекинува животот на човекот само кога го гледа подготвен за преминување во вечноста или пак кога не гледа никаква надеж за негово поправање.

Ако ги примаш луѓето заради Бога, тогаш верувај, сите ќе бидат добри со тебе.

За некој да направи човек од себе, не треба силно да напнува, како да влече шлепер: влечи, влечи, пушти, пушти! Не сè одеднаш туку по малку.

Не можеме веднаш да станеме бестрасни, но секогаш, штом ќе ја почувствуваш својата гревовност, говори: „Господи, прости ми“. Само Господ е силен да стави љубов во срцето на човекот.

За милостињата старецот говорел: „Свети Димитриј Ростовски пишува: „Ако кај тебе дојде човек на коњ (односно богат човек) и посака милостиња, дај му. А како тој ќе ја употреби твојата милостиња – ти не одговараш за тоа“.

Свети Јован Златоуст вели: „Започни да го даваш на бедните она што не ти е неопходно, кое што само собира прав кај тебе, и потоа ќе бидеш во состојба да даваш повеќе и дури да се лишуваш себе си, а на крајот ќе бидеш подготвен да дадеш сè што имаш“.

 

Извор:

https://bigorski.org.mk/slova/pouchni/za-ljubovta-sveti-amvrosij-optinski/

 

 

 



Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Септември 03, 2021
Default Image

Беседа за Успение на Пресвета Богородица oд Викарниот Епископ Јаков Стобиски

Беседа за Успение на Пресвета Богородица изречена од Викарниот Епископ Јаков Стобиски во манастирот Успение на Пресвета Богородица - Берово
Февруари 23, 2020
ih3387

Свети свештеномаченик Харалампиј

Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот живот. Името е наша сопствена карактеристика, но малкумина го знаат вистинското потекло на своето име и неговото вистинско значење. Секое православно име има своја суштина…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 3196
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 3034
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Свети Антониј Велики: Кој е ѓаволот и кога напаѓа...?

А кога ќе се всели Божјиот Дух, Он ги успокојува, им дава да го вкусуваат спокојот во…