логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 

 

Свети Григориј Палама на кого му должиме за појавата на молитвата „Господи, Исусе Христе, Сине Божји, помилуј ме грешниот’’, или поточно нејзино непрестајно повторување (до 12 илјади пати на ден), е роден во 1296 година во Константинопол во семејство на сенатор. Се здоби со брилијантно класично образование, студираше граматика, реторика, физика и логика. Особено го љубеше грчкиот филозоф Аристотел. На 17 години младиот го восхити византискиот двор, читајќи го предавањето за делото „Логика’’ на тој антички мудрец.
На 18 години или нешто подоцна, тој прима монаштво на Атон.

Кон 1332 година, светителот Григориј започнува да пишува теолошки дела. Тој зад себе остави многу дела- проповеди, полемични расправи, теолошки дела, но неговиот главен придонес во православната веронаука се состои во тоа што тој беше бранител и практичар на непрестајната молитва, исихија (молк), учењата за несоздадената енергија и Таворската  Светлина. Со Божја помош, подвижникот може да го очисти својот ум и тело од гревовни помисли и постапки, за да се удостои со вистинска средба со Христа, да ја види несоздадената Таворска Светлина, на кого им било дарувано да ја видат апостолите на гората на Преображение.
Често идеите на свети Григориј се сметаат дека се однесуваат на исклучително монашка практика. Почитуваните старци, седат по своите ќелии, слично како јогисти ја владеат специјалната техника за дишење, а за поголема концентрација го гледаат својот папок (вака карикатурно пишуваше за исихастите главниот противник на светителот- монах Варлаам Калабријски од Калабрија во Италија). Но, всушност противникот на светителот Григориј погреши. Затоа што апостол Павле им заповеда „непрестајно молете се и за сé благодарете’’ на сите христијани, а не само на иноците: „Секогаш радувајте се. Непрестајно молете се. За сé благодарете: зашто таква е за вас Волјата Божја во Исус Христос’’ (1Сол.5:16-18).

Монах Варлаам пристигна во Константинопол и започна полемика со Григориј Палама, која траеше 6 години до 1341 година. Нивното главно несовпаѓање се состоеше во тоа што Варлаам сметаше дека е невозможно вистинско познавање на Бога или средба со Него во земниот живот.

Според Григориј Палама, таква средба е возможна, во оној степен во кој Светиот Дух може да му ја открие на човекот. Во овој случај, не станува збор за физичко видување, туку за внатрешното созрцување "со умни  очи". Палама тврди дека Бог е непознат и недостапен по својата суштина. Сепак, едно лице има можност да се приклучи кон несоздадената Божествена енергија, говор за кој светителот ја користи сликата на Таворската Светлина. Притоа, оваа Божествена енергија го преобразува  целокупното наше битие: нашиот ум, нашата душа, па дури и нашето тело.

Се разбира, за ова е потребно не само рационален, умствен напор, туку и духовен живот, аскеза, постење и молитва. Целта на овој пат е обожение, т.е. соединување на човекот со Бога, приклучување кон Божествениот живот со помош на Божествената благодат и созрцание на Божествените енергии - несоздадена светлина.

Противниците на Палама тврдеа дека човекот вистински не може да Му се  приклучи на Бога, а Неговите енергии се создадени. Но, ако не постои несоздадена благодат (Енергија), тогаш лицето или директно се приклучува на самата Божествена суштина, што е логично невозможно или воопшто не може да има вистинска заедница со Бога.

Од друга страна, Православната Црква го поддржи Свети Григориј и го призна неговото учење за несоздадена енергија, која е Самиот Бог надвор од Неговата суштина.

По 1347 година, Свети Григориј бил избран за епископ Солунски (градот, чии жители апостол Павле ги повика на молитва), помина една година во заробеништво кај пирати, чекајќи откуп за себе, а после тоа, неколку години владееше со својата епархија и го заврши својот живот на 14 ноември 1359 година од болест. Имаше нешто повеќе од 60 години.

СВЕТИ ГРИГОРИЈ ПАЛАМА - ОРИЕНТИР ЗА СИТЕ

Ректор на Коломенската духовна семинарија, епископ Зарајски Константин за Свети Григориј Палама.
Личностa на свети Григориј Палама, кој живееше во XIV век, го постави  светата Црква како ориентир за сите нас за да ние научиме нешто многу важно во неговиот подвиг и неговото учење. Која е важноста за Црквата за опитот и сведоштвото на великиот Солунјанец?

Византиски аристократ, кој во младоста замина во монаштво, прекрасен теолог, миротворец, аскет (подвижник), го посвети својот живот на заштита и филозофска концептуализација на мистичниот опит на православното монаштво - Свети Григориј е еден од оние вселенски учители на Црквата, кој и самиот достигна врвно богопознание и може да ни претстави и да ни предаде голем опит на православниот аскетизам.
Големиот творец на Исусовата молитва, тој ја утврди вистината за Божествената Светлина на Тавор, не врз основа на книжна ученост и логичен умен заклучок, туку врз основа на вистински духовен опит, опит кој е вкоренет во Светото Предание на Црквата.

Неговиот живот и теологијата - тоа е ориентир за сите нас. Неговиот пример покажува дека на патот на духовниот раст, на патот на покајанието, постот и молитвата, возможна е вистинска средба со Самиот Бог и благодатно, рајско пребивање со Него.

За секој човек е важно во својот живот да избере како ориентир и пример такви луѓе кои се најдобри во своите дела. За еден православен христијанин, кој е повикан на активен духовен живот, еден од таквите примери, со сигурност е свети Григориј Палама, трагачот на Бога, кој  Го пронајде Него и ни објави за Рајот- можен за секого од нас.
                                                                 
 Автор: Андреј Зајцев

Извор: https://foma.ru/svyatitel-grigoriy-palama-teoretik-praktik-neprestannoy-molitvyi.html

 

 

 

Подготви: Снежана Корнет

28-ти ноември 2018 лето Господово

Друго:

 

http://preminportal.com.mk/prebaraj?searchword=%D1%81%D0%BD%D0%B5%D0%B6%D0%B0%D0%BD%D0%B0%20%D0%9A%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B5%D1%82&ordering=newest&searchphrase=all

 

 

 



Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Септември 03, 2021
Default Image

Беседа за Успение на Пресвета Богородица oд Викарниот Епископ Јаков Стобиски

Беседа за Успение на Пресвета Богородица изречена од Викарниот Епископ Јаков Стобиски во манастирот Успение на Пресвета Богородица - Берово
Јуни 30, 2021
3.to.Naoganje.glava.sv.Jovan.Krstitel

СКОК ПРЕКУ ЈАЖЕТО НА НЕСОГЛАСУВАЊЕТО

Затоа, секогаш кога можеш прескокни го јажето на несогласувањето и фати се за оној дел од приказната кој ветува радост, насмевки и љубов. Горчината плисни ја со бран од морето, измиј го отровот на искажаните зборови и погледни кон залезот на сонцето. Тоа ќе…

Се упокои во Господ Митрополитот Црногорско-приморски Амфилохиј (30.10.2020)

Митрополитот Амфилохиј е роден на Божик, 7 јануари 1938 година, во Бари Радовиќ, во Долна…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 2770
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 1950
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…