логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 

Дванаесетгодишниот  Михалис на Света Гора
                       
Дванаесетгодишниот  Михалис на Света Гора
Дванаесетгодишниот Михаил, кој живее на Света Гора Атон, неочекувано стана ѕвезда на познат магазин. Толку мало момче, верник во Христа и исповедувајќи го својот живот, невообичаено ги воодушеви читателите, кои веќе не се одзиваа на обичните сензации.


                                                            

Неговите родители се од Романија. Самиот Михаил живееше со родителите во Рим. Помагаше вo храм од пет години. И еве, ги остави родителите, браќата и сестрите и се пресели на Света Гора.

Момчето ги виде монасите старци Даниил и Герасим и оган се распали во неговото срце. И тој замина за Атон, каде се пресели во скитот Продром (романски православен скит на Света Гора Атон).

                              

Краток дијалог од статијата:

- Што е со твоето семејство? Си спомнуваш ли за мајка ти, браќата и сестрите?
- Се разбира, но Бог ме утешува. Кога носталгијата ќе стане неподнослива, јас одам во кругот на скитот Продром.
- А што е со училиштето?
- Јас морам најпрвин да го изучам грчкиот јазик. А потоа јас ќе го учам следниот курс во гимназија.
- А од каде ти зема толку мало расо (мантија, свештеничка облека)?
- Него ми го соши отец Атанасиј Продромитис...

Толку мало момче направи да се замислат милиони возрасни луѓе.

Извор:  http://www.isihazm.ru/?id=384&sid=38&iid=2440


Дневни архиви: 17 ноември 2016 година
---------------------------------

 

Архива Блог
Михалис: 12 години во Атос, студент на Атониад


                             
                             „Оставете ги децата и не пречете им да доаѓаат при Мене, зашто на таквите е
                               царството небесно.“  (Матеј 19,14)                                                                                                                   


Михалис (Пиреа) има дванаесет години. Тој е роден на Крит и живееше во Рим, до таа година. Неговата мајка Корина, по потекло од Пескани и неговиот татко Думитру е од Бреила. Во Рим има сестра Рафаела и двајца браќа Ефрем- Николас и Габриел. Сите се помали од него. Михаил му помагаше  во олтар на епископ Силуан (Шпанија) во Рим Италија во време кога имаше одвај пет години, и кога ги виде родителите Продромус- Даниил и Герасим, се разгори силно во него стремежот кон Бог и одлучи да се пресели на Атон.


       

                           
Најтешко е оттргнувањето од браќата, како што вели тој.                                  
- А мајка ти? – го прашав.
- Се‘ уште ми недостасува, но Богородица ме утеши тука,- одговори тој додека стоев во Продром.
- Дали си „Михаил“ или Михаи“?
- Михаил, „Кој е како Бог
- Да, Браво! Војвода  кој војува на небото против змејот. Но, како е со училиштето?
- За сега, го изучувам грчкиот јазик: седум часа на ден. Само тогаш ќе продолжам со 7-то одделение.
- Тоа не е премногу?
- Не, затоа што навистина морам да го изучам грчкиот јазик.
- А облеката, кој ти ја направи:
- Отец Игумен ( Старец Атанасиј Продромитис).
- Тоа значи дека продромиите се твоите родители овде. Тоа значи дека тие се грижат за тебе, нели?
- Да.
- И кој беше со идејата да одиш на училиште во Света Гора? Мама или тато?
- Јас.
- Сигурно?
- Да. Отец Герасим ми кажа за Атониад, а потоа решив да дојдам на Атос.
 
- Не се лути што толку настојувам, но го правам тоа затоа што сакам да напишам за тебе. И не толку за тебе, колку за твојот избор. Гледаш дека ние сите те цениме и те сакаме. Сега ќе објаснам и зошто. Гледаш, секој од нас Го открива Бог во одреден момент и Му се враќа Нему. Колку побргу тоа го направиме, толку помалку гревови ќе направиме. Затоа кога ќе видиме дека ти си го избрал Него на 12 години, ние сме полни со радост, што некој толку мал разбира како стојат работите во почетокот на животот. Види, јас ќе пишувам така како што ти ќе си спомнуваш, -особено во деновите на твојата младост! – За сите нив.

- Добро. Вие ќе одите утре во Дафни (византиски манастир)?
- Да. Дали ќе одиш на училиште?
- Да. (Но следниот ден тој не сакаше да дојде со нас, затоа што ние требаше да одиме во седум часот наутро, а Литургијата сеуште не беше завршена.

„Детето е благослов од Бога, но детето верник е Негово чудо.“ ,- си помислив гледајќи ги моите изгубени години, при одделувањето со Михаил.

Текст и слика Џорџ Красен
Материјалот првично се појави во списанието „Светот на Верата“(ориг. Lumea Credintei) бр.11 (160), ноември 2016. Му благодариме на авторот за дозвола да се прочита текстот на Блогот на Света Гора. Ќе биде земен со изворот на Блогот на Света Гора Атос.



                              
         Михалис Пиреа и авва Дамаскин - Продрому 2016

      

                                 
                                  Михалис  Пиреа и Михаи Фретану- Ивирон манастир 2016


     

                                 
                                     Михалис Пиреа- Продрому 2016


    

                                
                                   Михаил Пиреа и старец Атанасиј- Продрому 2016



  

                                 
                                    Михаил Пиреа- Ивирон 2016

 


  

                                  
                                      Михалис Пиреа- Ивирон 2016



                                    
                                

   Михалис Пиреа- Ивирон 2016


         

                          
Михаихаил Пиреа  Продрому 2016


Извор: https://sfantulmunteathos.wordpress.com/2016/11/17/

 Подготви:

 

 

30-ти март  2018 год.

 Подготви: Снежана Корнет

Друго:

 

 

П .П.



Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Септември 03, 2021
Default Image

Беседа за Успение на Пресвета Богородица oд Викарниот Епископ Јаков Стобиски

Беседа за Успение на Пресвета Богородица изречена од Викарниот Епископ Јаков Стобиски во манастирот Успение на Пресвета Богородица - Берово
Јуни 30, 2021
3.to.Naoganje.glava.sv.Jovan.Krstitel

СКОК ПРЕКУ ЈАЖЕТО НА НЕСОГЛАСУВАЊЕТО

Затоа, секогаш кога можеш прескокни го јажето на несогласувањето и фати се за оној дел од приказната кој ветува радост, насмевки и љубов. Горчината плисни ја со бран од морето, измиј го отровот на искажаните зборови и погледни кон залезот на сонцето. Тоа ќе…

Се упокои во Господ Митрополитот Црногорско-приморски Амфилохиј (30.10.2020)

Митрополитот Амфилохиј е роден на Божик, 7 јануари 1938 година, во Бари Радовиќ, во Долна…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 2686
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 1853
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Беседи

 архим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

архим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Незамисливо е да се биде христијанин без подвиг и крст. Оној што води лесен живот не може да се нарече христијанин. Некои луѓе отсекогаш верувале дека христијанин е оној кој...

 Митрополит Струмички Наум: Свадбена облека (25.09.2021)

Митрополит Струмички Наум: Свадбена облека (25.09.2021)

Свадбена облека е подвигот на очистување на срцето од страстите во послушание. Без овој подвиг никој не може да се нарече христијанин. За монасите и свештенството свадбена облека е нешто...

Беседа на Рождеството на Пресвета Богородица - Митрополитот Европски г. Пимен

Беседа на Рождеството на Пресвета Богородица - Митрополитот Европски г. Пимен

Колкава е потребата на човека од храм, од место каде ќе се среќава со Бога, од место каде ќе може молитвено да Му се обрати на Господа, па колку и...

Св. Фотиј Велики - За Рождеството на нашата Пресвета Дева Богородица

Св. Фотиј Велики - За Рождеството на нашата Пресвета Дева Богородица

Девата се раѓа од неплодна утроба, но дури и да била плодна, рождеството пак би било чудесно. О, големо чудо! Штом времето на сеење поминало, тогаш жетвата дошла; штом огнот...

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Во Ветената земја - Палестина, дадена на израилскиот народ од Бога, во планините на Галилеја се наоѓа градот Назарет. Во тоа време тој бил толку непознат и малку важен, што...

Митрополит Струмички Наум:   Сето тоа... не сум го запазил од младини (11.09.2021)

Митрополит Струмички Наум: Сето тоа... не сум го запазил од младини (11.09.2021)

Страстите се тие што го држат срцето заробено и затворено за умно-срдечната молитва, а умот непросветлен. Страстите и демоните, кои секогаш се поврзани со нив, се тие што ги држат...

Митрополит Струмички Наум: Што не е јасно? (04.09.2021)

Митрополит Струмички Наум: Што не е јасно? (04.09.2021)

Никогаш не треба да губиме предвид колкави должници сме Му на Бог; и поради сите дарови што постојано ги добиваме од Него и поради сите гревови со кои Му возвраќаме...

Беседа за Успение на Пресвета Богородица oд Викарниот Епископ Јаков Стобиски

Беседа за Успение на Пресвета Богородица изречена од Викарниот Епископ Јаков Стобиски во манастирот Успение на Пресвета Богородица - Берово

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

И колку славно било Нејзиното успение! Со каква светлина сјаело Нејзиното пречисто лице. Колку прекрасно, неописливо, неспоресливо благоухание извирало од нејзиното пречисто, приснодевствено тело, како што пишува св. Дионисиј Ареопагит,...

« »