логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail


  o.tadej4.jpg„ Ние можеме се да правиме, но нема да имаме ниту мир, ниту спокој. Карактерната особина е основата за преоѓањето во вечноста. Ако сме мирни и тивки, одиме во редовите на ангелите и светиите. Нив Господ ги наградил со бесплатна благодат, и во тие души ги нема особините на овој свет. Човекот може постојано да го навредува, но тој не се навредува. Човекот може да го удира, а тој не се лути, бидејќи неговата душа е раководена од Светиот Дух.

 ... Треба да се опуштиш. Не ги земај премногу грижите на овој свет на себе, туку чувај го својот мир и живеј со Бога. Нека оди како оди...”


Отец Тадеј

Накратко од животот  на архимандритот отец Тадеј

Отец Тадеј е роден 1914 година во селото Витовница, од чесни родители, земјоделци, на Томинден па затоа неговото крстено име било Тома.
Младиот Тома, после основно училиште, завршил занаетско-трговско училиште во Петровец на Млави.Поради тоа што тешко се разболел последните години од својот живот одлучил да ги посвети на Бога.
Почетокот на неговиот монашки живот е поврзан со манастирот Миљков кај Свиланце, и отецот, архимандритот Амвросиј, кој по зборовите на самиот старец Тадеј бил ”неизмерна љубов и прoштевање”. Замонашен е во 1935 година во манастирот Горњак на 10 март, за да на 1\14 јули истата година, биде ракоположен во чин јероѓакон, како собрат на манастирот Горњак.
Веднаш после замонашувањето во 1935 година, бил упатен во иконографската школа  во манастирот во Раковица. На барање на тогашниот српски патријарх Варнава, надлежниот епископ др.Венијамин, му поделил на монахот Тадеј канонски отпуст за АЕМ белградско-карловачка.
Во чинот јеромонах е ракоположен на 3 февруари во 1938 година во манастирот во Раковица. Го ракоположил епископот харковски Митрофан. Во чинот игумен е произведен 1949 година во Соборната црква во Белград. Произведувањето го извршил викарот на Неговата Светост Патриархот, епископ Висарион, предходно епископ банатски. Во октомври 1938 година јеромонахот Тадеј, по потреба е преместен во Пеќката патријаршија. По избувнувањето на Втората светска војна, јеромонахот Тадеј избегал од Пеќ и повторно се вратил во манастирот Раковица. Во април 1947 година со уреден канонски отпуст јеромонахот Тадеј повторно се враќа во Браничевската епархија и станува собрат во манастирот Горњак.          По желба на патријархот Гаврил, јеромонахот Тадеј повторно се враќа во Пеќката Патријаршија во 1949 година, и постанува (нејзин) намесник. Во 1955 година поради здравствени проблеми, игуменот Тадеј, со дозвола на патријархот Викентиј, по втор пат се враќа во Браничевската епархија. Во оваа епархија бил привремен парохиски на Печанско-Кленовачката и Шапинската епархија, а потоа од 1957 година старешина на манастирот Горњак. На почетокот на ноември во 1959 година, на игуменот Тадеј му бил поделен канонски отпуст за манастирот Хиландар, односно јурисдикција на Вселенскиот Патријарх во Цариград. За неполни четири месеци, игуменот Тадеј, по желбата на грчките власти е вратен од Хиландар на Света Гора во татковината.    Тука привремено бил Бистрички парох, а подоцна старешина на манастирот Туман. Со овие должности, по молбата во 1962 година е преместен за старешина на манастирот Витовница. Оваа должност ја извршувал дест години, за да на крајот како Влашкодолски парох е пензиониран, а потоа е поставен за старешина на манастирот Покајница кај Велика Плана, па како духовник на манастирот Туман, а одтаму , по друг пат, за старешина на манастирот Витовница.
Архимандритот  Тадеј, витовничкиот старец, се упокоил во Господа на 13 април 2003 година, во домот на благочестиви православни, кои воделе грижа за старецот во текот на последните години од неговиот живот, на земјата, помеѓу нас грешните.
Погребен е во мир, на манастирските гробишта во Витовница каде што и започнал неговиот монашки пат.

Од разговорот со еден наш монах

Отидов во манастирот Витовница со цел да се одморам од белградската врева и овој наш живот полн со грижи. Искрено речено, не очекував ништо од мојот престој таму. Но Бог сакаше во овој сиромашен и зафрлен манастир да сретнам еден Божји човек и низ разговорите со него да почувствувам колку е привлечен животот по Бога. Забележав некои од тие разговори кои што ги водевме кај ладилникот до црквата.
Името на овој монах, нашиот домаќин, нема да го споменуваме се со цел, со изнесувањето на внатрешниот живот на отец Тадеј, можеби, би му го нарушиле внатрешниот мир на неговата скромна душа.


За молитвата
- Како треба да се молиме на Бога?
- Треба да се молиме како отец Јован Кронштатски. Внимателно ги читал молитвите, при читањето на зборовите чувствувал како во душата му се разлевал мир и радост, и потоа се молел со чувство. Зборовите од молитвата треба да ги изговараме со вера дека Господ не гледа и слуша. А кога за време на молитвата нешто се поткрене  во срцето, ,, фатете” го тоа и задржете се на тоа- ,,стојте” во тоа.              Како вие сте научиле да се молите?  Како мал бев слаб и неразвиен. Во куќата често ми говореа : ,, Ти не си за ништо”. Види го Миладин( тоа беше еден мој врсник), како тој му помага на својот татко, а ти бадијала го јадеш лебот. Ме болеа овие зборови. Во близина на нашиот чифлик имаше едно дрво и често одев таму и го молев Господа да направи за да и јас некогаш бидам корисен за нешто.       Делумно од самиот отец Тадеј, делумно од манастирските браќа дознав нешто повеќе за неговиот живот.
Се родил во 1914 година на пазар(панаѓур) како недоносенче од 7 месеци.( По тој повод еднаш смеејќи се ми рече: Па од мене не можеше да излезе нешто подобро бидејќи сум се родил на пазар”.) Мајка му набрзо починала. Го одгледале маќеи. Повеќе пати го тепале во куќата така што земал парче леб и бегал од куќата. Кога пораснал го дале да учи кројачки занает, но ни тука не било ништо подобро од дома... Поради тоа добил болест на белите дробови. Лекарите му рекле дека најповеќе што може да живее се пет години. Тогаш се решил да тие пет години што му остануваат, ги посвети на Бога и отишол во манастирот Миљков кај архимандритот Амвросиј.
Кога видов дека ни родителите, ни роднините, ни пријателите, ниту пак останиот свет не даваат ништо освен рани, болки и навреди, одлучив повеќе да не живеам за тој свет, туку да овие малку денови до смртта ги посветам на Бога. Увидов дека на овој свет немам никој свој освен Бога.

Продолжува

Подготви: Даниел Илиевски

 



Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Септември 03, 2021
Default Image

Беседа за Успение на Пресвета Богородица oд Викарниот Епископ Јаков Стобиски

Беседа за Успение на Пресвета Богородица изречена од Викарниот Епископ Јаков Стобиски во манастирот Успение на Пресвета Богородица - Берово
Февруари 23, 2020
ih3387

Свети свештеномаченик Харалампиј

Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот живот. Името е наша сопствена карактеристика, но малкумина го знаат вистинското потекло на своето име и неговото вистинско значење. Секое православно име има своја суштина…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 3397
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 3236
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Свети Антониј Велики: Кој е ѓаволот и кога напаѓа...?

А кога ќе се всели Божјиот Дух, Он ги успокојува, им дава да го вкусуваат спокојот во…