логоFacebookTwitterYouTubeeMail


Почитувана М. П., мир на тебе и спасение!
Молиш за да ти пишам. Давеникот се фаќа за сламка, така и ти во својата душевна збрка бараш помош од своите ближни. Моето животно искуство ме наведува на став дека нам никој не може да ни помогне, ниту самиот човек на себе може да си помогне ниту можат да му помогнат други луѓе, туку само Господ!

Твојата душевна состојба не само што не се подобрува, но со текот на времето станува неподнослива затоа што малку се надеваш на Бога. Ти гледаш на своите гревови и со право сметаш дека во идниот живот треба да страдаш поради нив и тоа овде пред смртта и по смртта на митарствата и понатаму. Ако така гледаш, можеш да паднеш во целосно очајание. Дали така треба да гледа христијанинот? Човекот да можел да се спасува со сопствената прелест, зошто би доаѓал Господ Исус Христос и за него би страдал. Никој не влегол во Божјото Царство само поради своите заслуги. Човекот треба да ја разбере:

1) својата старост, расипаност, пад, секоја неправда кон која се стреми, потполната изопаченост на целата своја душа и останато;
2) да се увери на своето горко искуство дека сам, со своите сили, не може себеси да се поправи, иако е должен секогаш да се бори со својата расипаност и да ја оплакува таа состојба;
3) должен е да се обраќа кон Господа како цариникот:

    „Боже, биди милостив кон мене грешниот! Се губам, тонам во морето на своите безаконија, спаси ме, Господи Исусе Христе, како што ги спаси сите, кои кон Тебе се обраќале: Разбојници, цариници, блудници и останати!“

„Бог е Љубов“. Од љубов кон паднатиот човечки род, Господ не се „двоумел“ да принесе најголема жртва. Бог Отецот Го пратил Својот Син на крстни маки, и Бог – Синот е послушен до смрт на Крстот, а Бог – Светиот Дух не се гнаси да влезе во грешната човечка душа да ја очисти и спаси. Господ што уште може повеќе да стори за нашето спасение? „Се колнам во Себе“, вели Господ, „не ја сакам смртта на грешникот, туку да се покае и да биде жив“. „Бог толку го засакал светот што Го дал и Својот Син, та секој што верува во Него да не загине, туку да има живот вечен“. Значи, спасението е за секој кој верува во Христа и Го моли да го спаси од гревот и вечните маки. За покајанието од гревот Господ ветува проштевање и милост, па ако молиме, тогаш сигурно ќе го добиеме она за што молиме, зашто тоа се зборови на Господ. Со Божји збор е создаден целиот свет, со Неговиот збор светот го задржува својот поредок и не се претвора во хаос. Со тој исти збор се ветува проштевање на гревовите и вечен живот со вера и покајание. Ова се повторува со овоплотување на Синот Божји (според Евангелието) и Неговите крстни страдања. Ти веруваш во сето тоа. Како тогаш очајуваш за своето спасение? Како можеш да претпоставиш дека Господ ќе ти прати страдања, овде или по смртта, кои би биле над твоите сили? Не и не! Твоето расположение, болест, униние, тага и останато доаѓа од ѓаволот. Не подавај му рака, отфрли ги сите тие помисли повикувајќи го Името на Господа Исуса Христа и со молитвата на цариникот, благодари Му на Господа за сè, за неговата љубов кон родот човечки, за Неговото долготрпение кон твоите гревови, за милосрдието кон тебе и кон сите, за својата болест, за сè благодари, предај се себеси на Неговата волја и на Неговото милосрдие и ќе добиеш олеснување. Ти страдаш поради маловерие, зашто посветуваш многу внимание на себе, на своите гревови и забораваш на Божјата љубов. Прави го спротивното! Пред сè и секогаш сеќавај се на Божјата љубов, на крстните страдања Господови поради нашето спасение, а потоа за своите гревови. Твоите гревови нека бидат повод и поттик на цариниковата молитва, на задлабочување во молитвата, а не повод за очајание.

Имај мудрост. Не оддавај се на лукавството на непријателите (демоните). Презирај ги, не зборувај со нив и сеќавај се на Господа нашиот Спасител. Господ нека те вразуми овде и во идниот живот.

Извадок од книгата: Игумен Никон Воробјов, Со трпение спасувајте ги своите души, Скопје 2001, 113-114.

 

Извор: Бигорски манастир



Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Септември 03, 2021
Default Image

Беседа за Успение на Пресвета Богородица oд Викарниот Епископ Јаков Стобиски

Беседа за Успение на Пресвета Богородица изречена од Викарниот Епископ Јаков Стобиски во манастирот Успение на Пресвета Богородица - Берово
Јуни 30, 2021
3.to.Naoganje.glava.sv.Jovan.Krstitel

СКОК ПРЕКУ ЈАЖЕТО НА НЕСОГЛАСУВАЊЕТО

Затоа, секогаш кога можеш прескокни го јажето на несогласувањето и фати се за оној дел од приказната кој ветува радост, насмевки и љубов. Горчината плисни ја со бран од морето, измиј го отровот на искажаните зборови и погледни кон залезот на сонцето. Тоа ќе…

Се упокои во Господ Митрополитот Црногорско-приморски Амфилохиј (30.10.2020)

Митрополитот Амфилохиј е роден на Божик, 7 јануари 1938 година, во Бари Радовиќ, во Долна…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 3009
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 2258
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…