логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

 


  Adot.se.jpg

 Отeц Симеон: ЗА АНТИХРИСТОТ И ЕЛЕКТРОНСКОТО РОПСТВО

За антихристот - Духовникот на царската фамилија Романови,  Свети Теофан Нови, на прашањето,  колку  уште време останало до доаѓањето на антихристот, одговорил:

„Неколку години - најмногу неколку десетина години. “

А тие десетина години полека истекуваат. Свети Теофан бил необичен човек,  зашто за духовни царски семејства не поставувале  обични духовници. Тој бил необичен.

Кога го прашав покојниот игумен Сава, кој бил богомолецот  Свети Владика Николај, колку уште остана до доаѓањето на антихристот, одговори:
 „Трупка“ ! - а тоа го рече осумдесетидеветата година.
Мојата намера не е да ве плашам. - Не!
Тоа што ќе дојде - ќе дојде.

 Но, тоа  може и да се помести, ако има покајание. Антихристовото доаѓање се поместува  со народното покајание, но, тоа може да се случи уште наскоро.
Тоа зависи од состојбата на нашите души, од покајанието наше , од желбите на нашите души.

Тука, ние се определуваме на кое Царство ќе се приклониме: дали кон лажното царство на антихристот, кое ветува:
 јади, пиј и весели се, или кон Царството на Господа Исуса Христа, до кое се доаѓа преку тесниот , стрмниот и трновит пат.

Во животот вечен мораме да влеземе низ тесната врата, а тоа значи да се оди по  патот на Христовите заповеди. Кои се тие Христови заповеди?
 - Гладниот да се нахрани, жедниот да се напои, голиот да се облече, болниот да се посети, странецот да се прими и затвореникот во затвор да се посети.
А зборовите „гладниот да се нахрани“, означуваат  и тоа  дека  душите наши треба да ги нахраниме во Христа Бога, зашто ние сме Христови.

Сосема е веројатно дека ние ќе ги дочекаме таквите случувања, кои не биле во целокупната историја на човечкиот род. Ние веќе насетуваме што се` ќе дојде. Мора добро да се чуваме од она што ни се подготвува.

За да ги сочуваме своите чела и своите десни раце од печатењето со антихристовиот печат не треба да се согласуваме ниту на документите кои се со жигот негов. Ако некој се прелаже, па ги прифати, нека е свесен за тоа дека се` уште може и да ги отфрли.

Во оваа прва фаза, фазата на електронските документи, човекот уште може и да се покае. Како кога двајца млади, кога имаат намера да стапат во брак, предбрачно се испитуваат, па тогаш се венчаваат, им се ставаат бурмите на рацете, тие се` уште можат да  се предомислат од намерата за стапување во брак .
 
 Меѓутоа, оној кој ќе биде запечатен со жигот на антихристот на челото или на десната рака , тој веќе не може да се покае и неговата душа станува невеста  на антихристот  или  подобро кажано, блудница антихристова.

Тоа е втората фаза и нема покајание за  запечатените. Истомислениците антихристови ќе добијат печат на челото, зашто тука е сместен умот, односно мозокот - мисловниот апарат на човекот. Затоа, неговите истомисленици ќе добиваат печати на челото.

Послушниците на антихристот ќе добиваат печати на десната рака , зашто,   со рацете се работи, но, уште и заради тоа што десницата нема веќе да биде употребувана за осенување со крстниот знак. Значи, кој ќе прими печат на десната рака , не ќе може веќе  да се прекрсти!
На печатот ќе бидат напишани следните зборови:
 „Јас сум твој“. - „Да, ти си мој“.

- Доброволно доаѓам, а  не присилно“.
 - „ И јас доброволно те примам, а не присилно “.

Овие четири зборови ќе бидат врежани во средината на тој проклет печат.
Она што ќе  биде видливо за очите човечки  или поточно кажано за очите на побожните луѓе, тоа ќе биде лицето на оној којшто го примил печатот.

Лицето на оние коишто ќе го примат печатот ќе биде изменето. Според зборовите на покојниот игумен Сава, запечатените ќе бидат седум пати повеќе гладни, отколку дотогаш.

Тие непрекинато ќе мислат за тоа  што ќе јадат и што ќе пијат. Таква глад ќе ги обземе.
 На другата страна, она мало стадо на Христовите следбеници,  кои нема да го примат овој душепогубен печат, ќе бидат задоволни со малку храна  и со малку храна ќе ги задоволуваат  своите телесни потреби.
 И сега ние можеме да видиме  дека со малку храна можеме да ги задоволиме своите телесни потреби. Особено е тоа видливо за време на постовите.

Сите знаци на антихристовото доаѓање  се веќе тука. Подготовката за неговото доаѓање наголемо се извршуваат. Затоа и се случуваат смутови по црквите, за човекот да се предаде на  силите на злото и на злите луѓе кои нему му служат.

Антихристот ќе дојде на  седум години пред Страшниот суд. Најпрвин ќе почне рекламата  на антихристот. Овие години, во кои  ние живееме, се подготвителни години  за неговото доаѓање. Колку тие подготовки  ќе потраат, најмногу зависи  од оние коишто на тие подготовки се противат.

Зависи, значи, од православните - од тоа, колку тие се во покајание. Доколку православните луѓе повеќе се каат, цврсто веруваат и се борат, тогаш ќе се помести доаѓањето на антихристот, зашто тоа  не е поволна клима за неговото доаѓање.

Умножувањето на гревовите кај луѓето, особено на православните, одлична е клима за неговото доаѓање. Него ќе го повикаат милионите наши непокајани гревови, како што рече блаженоупокоениот Митрополит Петроградски - ладошки Јован.

Антихристот ќе почне многу силно со својата реклама. Чинејќи лажни чуда; ќе наоѓа решенија за различни економски проблеми, така што луѓето сами ќе бараат тој да зацари со нив. Тоа, значи, ќе биде толку големо лукавство, што луѓето самите ќе бараат тој да им  биде цар.

Но сето негово дејствување  ќе биде од сатанската сила. Антихристот ќе биде од племето даново (еврејско племе) и блудница ќе го роди.
Според  едно кажување, тој ќе биде седмо блудно колено, а по друго (подлабоко) тоа е дванаесетото блудно колено, односно копиле.
Во тоа дете ќе влезе сатаната и тоа ќе постане антихрист.

Три и пол  години ќе потрае неговата реклама, за после тие три и пол години да зацари над родот човечки. Во тоа време (првите  триипол години) негови лути противници ќе бидат  Светите пророци Енох и Илија.
 Овие пророци ќе дојдат од небото и ќе му ја говорат на народот вистината за антихристот.
Ќе говорат дека тој е  измамник и да се чуваат и да не ја примаат неговата наука. Светите пророци ќе чинат големи чуда.
 Ќе сторат небото да се затвори , да  дојде суша и голема глад ќе дојде на жителите на земјата во тоа време - во времето на власта на антихристот.

По допуштение Божјо, антихристот ќе ги убие светите пророци Енох и Илија, но тие ќе воскреснат по три дена  во градот Ерусалим. Во Ерусалим и ќе зацари антихристот, во обновениот Соломонов храм.
 
За електронското ропство

Ние денес се наоѓаме во ропство, иако за тоа не сме ни свесни. Ова ропство е поинакво од сите претходни и луѓето тешко го препознаваат.  Денешното ропство е потешко за препознавање  за оние, кои не знаат за пост и молитва.

 Оние кои не знаат за Господа,  нема да го препознаат ниту ропството кое се приближува. Таквите луѓе ќе мислат дека живеат живот каков што не живеела  ниту една досегашна цивилизација. Тие ќе бидат во голема прелест и заблуда.

Меѓутоа,  кога ќе го снема лебот, ќе бидат предупредени, ама тогаш веќе ќе биде доцна. Кога ќе настапи глад, ќе спознаат се` што се случува и ќе видат дека се измамени од антихристот.

Идното ропство ќе биде - електронско ропство. Луѓето нема да  бидат оковани во синџири и нема робови да бидат во некои рудници, но, се` ќе биде контролирано.

И сега е веќе се` контролирано што се однесува на производите кои ги употребуваме, но, доаѓаат денови кога луѓето и целиот нивни имот  ќе биде контролиран. Тогаш, ќе се настојува  и мислите човечки да бидат контролирани.

Човекот може да мисли со своја глава, доколку нема допир со туѓи мисли. Но, ако има допир со туѓи мисли, на пример по пат на телевизорот, кои можат да бидат толку расипани, толку подмолни и толку непријатни,  што на нашето битие и на нашата душа и` носат само штета.

Затоа, ве молам, да ги исклучите своите ТВ апарати , макар за време на постот, за да можете да искусите што значи тоа  да се исклучите од таа мрежа.
Човекот не може да има вистински увид на  случувањата , доколку не се одвои од оние што по пат на ТВ му ги поматуваат расудувањата.  

Човекот кој духовно ќе отпадне од своите претци , лесно станува духовен роб на  невидливите непријатели. И така, кога ќе истече времето за покајание што ни е дадено нам од Бога , тогаш се запаѓа и во физичкото  ропство - мислам на ова денешното лукаво електронско ропство.  

Патот за ослободувањето е во - покајанието. Единствено така ќе имаме духовна сила да се ослободиме од секој непријател, колку и да е силен тој.
 Нема посилен од Оној, Кој Е, од Живиот Бог.
 
Кога ние би се откажале од кражбите, лагите, пцостите, кога децата би се раѓале - тоа би биле видливи знаци на покајанието и Господ тогаш би ги услишал молитвите на Својата Пресвета Мајка и на сите Свети ангели и Светители.

Но, тоа го нема, зашто ние не се каеме како што треба. Затоа Бог и  им допушта на нашите непријатели,  тие да не „научат“ за познанието на животот.

И сега е потешко отколку Косовскиот бој, зашто народот тогаш имал вера - едната Православна вера.

А сега на нашите простори се  вселиле којзнае колку „вери“, а сите тие работат на слабеењето на телото на народот. Сите нивни „патишта“ се погрешни.
 
Што да сторат оние кои не сакат да го прифатат печатот на антихристот?

Ако луѓето живеат во град, да речеме во Белград, тие се во потполна зависност од денешната држава, односно од идната светска држава. Потполно зависни!
Среќа нивна ако некаде имаат некое татковско или дедовско огниште кое не го продале, блазеси им.

Можат таму некое мало производство  да остварат; да имаат ореви, да имаат јаболка, круши, лозница, да имаат нешто за да можат да се прехранат. А уште е подобро да се продаде станот , па да се купи некаде на село куќа со  земја,  на која  можеш да бидеш производител и за задоволување на своите потреби да бидеш независен од државата.

Да му го подадеме „на царот земното “ ( државата) тоа што му припаѓа: да платиме даноци и трошоци кои тие ги бараат од нас, како што во Евангелието се вели:
„ На Царот царевото, а на Бога Божјото“.  А,  „ на Бога Божјото“ значи  да ја имаме Православната вера и да се трудиме да живееме во неа - таа да биде дејствителна. Така нашите души да се успокојат и тука и во вечноста.

Да повториме:

Секој човек би требало да поседува парче земја. Зашто, во времето антихристово  никој не ќе може |ни да  купува, ни да продава , ако не биде запечатен со печатот  негов.
Затоа, оние кои поседуваат
барем неколку ари земја, ќе можат да остварат некое производство за своите потреби.

Подготви : Мина Даниловска
About these ads
 http://fairplaybg.wordpress.com/2014/03/28/%D0%BE%D1%82%D0%B0%D1%86-%D1%81%D0%B8%D0%BC%D0%B5%D0%BE%D0%BD-%D0%BE-%D0%B0%D0%BD%D1%82%D0%B8%D1%85%D1%80%D0%B8%D1%81%D1%82%D1%83-%D0%B8-%D0%B5%D0%BB%D0%B5%D0%BA%D1%82%D1%80%D0%BE%D0%BD%D1%81%D0%BA/



Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Септември 03, 2021
Default Image

Беседа за Успение на Пресвета Богородица oд Викарниот Епископ Јаков Стобиски

Беседа за Успение на Пресвета Богородица изречена од Викарниот Епископ Јаков Стобиски во манастирот Успение на Пресвета Богородица - Берово
Февруари 23, 2020
ih3387

Свети свештеномаченик Харалампиј

Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот живот. Името е наша сопствена карактеристика, но малкумина го знаат вистинското потекло на своето име и неговото вистинско значење. Секое православно име има своја суштина…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 3412
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 3241
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Свети Антониј Велики: Кој е ѓаволот и кога напаѓа...?

А кога ќе се всели Божјиот Дух, Он ги успокојува, им дава да го вкусуваат спокојот во…