логоFacebookTwitterYouTubeeMail


Македонската Православна Црковна општина во Гетеборг, на 7.1.2009 година, во присуство на голем број на праволсавни верници го прослави големиот Христијански празник Рождеството Христово - Божиk

Rozdestvo.Hristovo1a.jpgОдбележувањето започна во 10 часот наутро со свечена богослужба со која свештено дејствуваше протоереј ставрофор Евтин Велковски.
Божикната служба ја следеше и новинарска екипа од дневниот весник Гетеборгс Постен. Новинарката Ева Хеиман со фоторепортерот Кент Халгрен, веднаш по прославата на интернет страницата на овој виден дневен високотиражен весник со опширна репортажа пропратена со девет колор фотографии ги запознаваат читателите за обичаите и традицијата на Праволсавниот Божик, а во денешниов весник (8.1.2009) му е посветено цела страница со две фотографии.
Новинарката Ева Хеиман репортажата ја започнува вака: Биењето на камбаната по убаво сончево време го назначува почетокот на Божикната  богослужба. Посетителите уште при влегувањето купуваат свеќи мали или големи од 5 до 30 круни. Внатре во црквата ги палат од веќе запалените свеки и ги поставуваат во песокот, во горниот дел за живите, а во долниот за умрените. Во црквата нема столици за седење, ги има во мал број по краевите за оние кои не можат да стојат. Мажите го завземаат десниот крај, а жените левата страна, тоа не треба така да биде да се делат мажите и жените, но овде во Берша тоа стана на некој начин традиција. (Берша е името на предградието на Гетеборг каде што е изградена Црквата).


Денес е обичен работен ден, но повеќето од верниците земаат слободно од работа за овој празник. Еден од нив е и Здравко Ралевски, кој секоја година за овој празник зема слободден ден од работа, но оваа година тој како и многумина други, поради познатата криза, беа отпуштени од фабриката Волво.


-Јас се обидувам за овој ден да добијам слободно од работа за да присуствувам тука. По богослужбата заминуваме на ручек кај родителите на сопругата вели Здравко Ралевски. Тој има 31 година, а неговите родители во 1970 година се дојдени како раборна сила во Шведска. Неговото синче е се уште мало за да рзбере дека семејството фактички прославува два Божика.
  Еден дел од членовите на црквата последниве 6 недели ги постат но не до изгладнување. Тие нормално си јадат посни јадења.
-После ова фамилијарно се собираме на богата божикна трпеза, вели Павлина Спасевска, претседателка на Православната црковна општина.
Свештеникот Евтин Велковски ќе мора да причека за божикниот ручек. Тој, после богослужбата директно со автомобил треба да замине на уште една ваква богослужба за Македонците во Борос. (Гратче оддалечено 75 километри од Гетеборг).
Евтин Велковски и припаѓа на МПЦ, а во Шведска е 16 години свештеник. Во Европа тој има 6 до 7 колеги.
Македонската православна црковна општина во Берша има изграено сопствена Црква која зафаќа 7000 квадратни метри земјина површина позајмена од Комуната. Црквата има околу 5000 членови верници.
На 19 јануари, 13 дена по православниот Божик Црковната општина го одбележува Богојавление, со церемонија – фрлањето на крстот во езерото на Берша. По крстот во езерото скокаат силни момчиња и тој што ќе го фати крстот се наградува со златно крвче, пишува во есклузивната репостажа во денешниот весник Гетеборгс Постен.

 За ПреминПортал од Гетеборг: Трајан Масев

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Ноември 10, 2020

Се упокои во Господ Митрополитот Црногорско-приморски Амфилохиј (30.10.2020)

Митрополитот Амфилохиј е роден на Божик, 7 јануари 1938 година, во Бари Радовиќ, во Долна Морача. Завршил Богословија во Белград, а на Богословскиот факултет на СПЦ, во Белград, дипломирал во 1962 година. Покрај теолошките науки, студирал и класична…
Февруари 23, 2020
ih3387

Свети свештеномаченик Харалампиј

Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот живот. Името е наша сопствена карактеристика, но малкумина го знаат вистинското потекло на своето име и неговото вистинско значење. Секое православно име има своја суштина…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 1118
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 1238
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Дек 05, 2019 Беседи 1117
7.Vselenski.sobor
Премногу размислуваме во категоријата Бог – човек, наместо во категоријата личносни…