логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


 Korica.Pisma.Valaam.jpg

72. 
11 октомври 1953 г.
Писмо до истата
Ти сакаш навечер времето да го поминуваш сама и духовно да се средуваш. Да, ноќта помага при усредсредувањето, јас исто така го сакам тоа време. Наоколу потполна тишина и тогаш некако особено ја чувствуваш близината на својот Господ.
При молитвата, како што пишуваш, ти се појавува топлина во душата. Тоа Господ на нам грешните ни дава да вкусиме некоја утеха за да не паднеме со духот во нашите молитви и трудот. Кога ќе дојде топлината, треба да се задржиме на тие чувства додека не поминат. Само ти самата не треба да им тежнееш. Ако се трудиш поусрдно, по Божја милост, топлината во срцето ќе ти се јавува почес¬то. Само не замислувај дека нешто големо си придобила и од другите тоа чувство скриј го. Ако уште нешто ти се јави при молитвата, пиши ми!

73. 
14 јануари 1954 г.
Писмо до истата
Го добив твоето писмо. Ете, повторно си болна, во жалостите паѓаш со духот! Немој многу да тагуваш, твоите болести и жалости не се случајна појава, туку се испратени од Бога, а нам недостапна ни е Неговата света грижа за нас грешните. Ако Господ толку се грижи за птиците (Лк. 12, 6), можно ли е тебе да те заборави?!
Твојата голема и сложена операција се одрази на твојот организам, „земните лекари не ти помогнаа", како што пишуваш. Јас ти советувам сега да се обрнеш кон Небесниот Лекар на нашите души и тела, кон Господа. Кој е твојот духовник таму? Замоли го да те помаже со свет елеј (масло) и да те причести со светите Христови тајни. За жал, свештениците кои живеат во светот, некако не со задоволство тоа го прават, но ти замоли ги, можеби ќе се согласат.
Не би било добро сега да дојдеш кај нас: сега е ладно, а ти си болна; тоа се трошоци и губење на време.
Господ нека биде застапник на твојата душа и тело. Амин.

  Писма на валаамскиот старец (23)

Извор:

Korica.Pisma.Valaam.jpg

Издавачка установа „Канео“ при Дебарско- кичевската епархија ,Охрид 2001

Главен и одговорен уредник

Митрополит Тимотеј

 

Друго:

 Писма на валаамскиот старец (1)

Писма на валаамскиот старец (2)

Писма на валаамскиот старец (3)

Писма на валаамскиот старец (4)

 



Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Септември 13, 2021

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на Бигорската Обител, засветлил како светлозарна ѕвезда на богопрославениот светителски небосклон на Црквата Христова, во првата половина на ΧΙ век. За неговото родословие,…
Септември 03, 2021
Default Image

Беседа за Успение на Пресвета Богородица oд Викарниот Епископ Јаков Стобиски

Беседа за Успение на Пресвета Богородица изречена од Викарниот Епископ Јаков Стобиски во манастирот Успение на Пресвета Богородица - Берово

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 4522
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 4292
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 3799
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…