логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail


 Korica.Pisma.Valaam.jpg

ПИСМА
1.
4 август 1939 г.
Го примив твоето уважено писменце и од него се гледа дека си почнала да се трудиш во внатрешниот духовен живот. Господ нека те измудри. Точна е твојата забелешка дека „од молитвата не треба било што да се очекува". За време на молитвата треба да се биде во големо смирение и, ако се појави топлина и солзи, не треба да си вообразиме нешто високо за себе; нека доаѓаат и нека си одат без наше присилување, но не вознемирувај се кога ќе пресушат, бидејќи и не треба да е поинаку.
Молитвата е најголемиот подвиг и таа до последниот здив е поврзана со напорот на тешката борба. Сепак, Господ, по Својата милост, одвременавреме дава и утеха на оној кој се моли да не би паднал. Своето домашно молитвено правило одреди си го самата, прилагодувај се на своето време, во тоа нема да има самоволие. Само ти советувам да не претеруваш за да не станеш роб на правилото и за да го избегнеш брзањето.
По Божја милост, засега живееме среќно, со обичен манастирски живот.
Се молам да слезе на тебе Божјиот благослов!

2
4. октомври 1939 г.
Добро е што се вежбаш во Исусовата молитва. Светите отци молитвата ја нарекувале Царица на христијанските добродетели, бидејќи таа ги привлекува и останатите добродетели. Но колку е молитвата возвишена, толку и труд бара. Преподобниот Агатон вели: „Молитвата до пос-ледниот здив е поврзана со напорот на тешката борба".
Правиш по 100 молитви наутро и навечер; тоа за тебе е доволно, само потруди се да се молиш со внимание; немој да се вознемируваш што при молитвата на срцето имаш некаква сувост, сепак присилувај се себеси, само вниманието задржувај го, како што ти кажував, на горниот дел од градите. На работа и меѓу луѓето труди се со умот да стоиш пред Бога, т.е. да се сеќаваш на Бога, т.е. свест дека Тој е тука со тебе. Ако душата повеќе ти ја допираат псалмите или акатистите — читај ги, ако имаш време.
За постојана и умносрдечна молитва, кон која инаку тежнееш, нема да Го молиме Господа — таква состојба имаат малкумина, одвај во илјада да најдеш еден, рекол св.Исак Сирин и до тој духовен степен се достига по Божја благодат поради духовно смирение.
Не стреми се кон топлина на срцето, таа доаѓа без наше барање и очекување. Во молитвата треба да биде вложен наш труд, а успехот зависи од благодатта, од тоа повеќе не барај и не расплам¬тувај се. Во духовниот живот трката е неумесна, а потребна е стрплива постепеност. Ти се уште си телесно и духовно млада. Св. Јован Лествичник вели: „Отвори ја душата на новоначалниот (почетникот) и ќе видиш неправилност: тој има желба за постојана молитва, секојдневно сеќавање на смртта и потполно безгневие; тоа е состојба само на совршените". Знаци на молитвата се топлината и скрушеност на срцето, така постануваш свесен за својата ништожност и повикуваш кон Господа: „Господи Исусе Христе, Сине Божји, помилувај ме мене грешната". Да се молиш може и со други зборови, онака како што ти е најдобро.
Ти не сакаш да грешиш, а грешиш тешко. Што да се прави? Луѓе сме, кои тело носат, подложни на ѓаволовите искушенија. И тогаш кога ќе се поколебаш во добродетелта, не трепери и не паѓај со духот; стани, исправи се и понатаму оди напред. Знај дека за да истраеш во добродетелта не зависи од нас, туку од благодатта Божја. Имај смирение и не верувај на себе се додека не легнеш во гроб, а другите за ништо не осудувај ги. Ако човек ги осуди другите во нешто, тој и самиот во исти гревови ќе падне, инаку и не може.
Ако некогаш се случи да излажеш поради осаменост за да се задржиш дома, тоа не е погрешно! Труди се се што правиш да биде заради Бога! Бог нека те измудри!

(Продолжува)

Извор:

Korica.Pisma.Valaam.jpg

Издавачка установа „Канео“ при Дебарско- кичевската епархија

Главен и одговорен уредник

Митрополит Тимотеј

Друго:

Писма на валаамскиот старец (2)

 

 



Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Септември 03, 2021
Default Image

Беседа за Успение на Пресвета Богородица oд Викарниот Епископ Јаков Стобиски

Беседа за Успение на Пресвета Богородица изречена од Викарниот Епископ Јаков Стобиски во манастирот Успение на Пресвета Богородица - Берово
Февруари 23, 2020
ih3387

Свети свештеномаченик Харалампиј

Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот живот. Името е наша сопствена карактеристика, но малкумина го знаат вистинското потекло на своето име и неговото вистинско значење. Секое православно име има своја суштина…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 3211
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 3054
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Свети Антониј Велики: Кој е ѓаволот и кога напаѓа...?

А кога ќе се всели Божјиот Дух, Он ги успокојува, им дава да го вкусуваат спокојот во…