логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 

  Берово, 13-ти октомври 2016 год.

   - манастир на Архангел Михаил

 

 

 Последниот мозаик во моментов , кој со многу љубов и талент го изработува сестра Синклитикија,  посветен е на Покровот на Пресвета Богородица.

 

   Сочинувајќи го мозаикот на нашата Пресвета Богородица, од длабочината на камчињата

      се излева молитвата Господи помилуј, Господи помилуј, Господи помилуј...


Камче по камче...и молитва по молитва... така се стигнува до она Вечното и Вистинитото.
Да се направи една шара или да се претстави ликот на Пресвета Богородица е вистинска радост. Но не е се така едноставно. Има многубројни пречки кои треба да ги истрпиме...да истраеме низ битките за да стигнеме до целта, однапред поставена. А таа е толку едноставна и јасна... Потребни се само љубов, верба и надеж за да останеме доследни Христови војници, кои храбро чекорат по патот на послушанието на духовниот Отец.

Заштитени под крилјата на Архангелите и сплотени под Покровот на Пресветата Наша Богородица, камче по камче, и молитва по молитва никогаш да не престанеме да го градиме Царството Небесно во нашите срца.

Пресвета Богородице, чувај не!

 

 

 

Друго:

 Монахиња Синклитикија, замонашена е во 1997 година.

На  23 јуни 2010 година, во Скопје, магистрираше на Институтот за социлошки и политичко-правни истражувања .

Целта на магистерската работа е прикажување на организацијата и структурата на монашкиот живот во манастирите во Македонија, со што би се добиле јасни, конкретни и доследни информации за тоа што всушност претставува монаштвото во својата целина и што претставува манастирот воопшто.

 

Со изработка на мозаици се бави веќе десетина години

 

 Преминпортал (с.с/к.т)



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Ноември 10, 2020

Се упокои во Господ Митрополитот Црногорско-приморски Амфилохиј (30.10.2020)

Митрополитот Амфилохиј е роден на Божик, 7 јануари 1938 година, во Бари Радовиќ, во Долна Морача. Завршил Богословија во Белград, а на Богословскиот факултет на СПЦ, во Белград, дипломирал во 1962 година. Покрај теолошките науки, студирал и класична…
Февруари 23, 2020
ih3387

Свети свештеномаченик Харалампиј

Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот живот. Името е наша сопствена карактеристика, но малкумина го знаат вистинското потекло на своето име и неговото вистинско значење. Секое православно име има своја суштина…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 1483
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 1846
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Дек 05, 2019 Беседи 1651
7.Vselenski.sobor
Премногу размислуваме во категоријата Бог – човек, наместо во категоријата личносни…