логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

ФМП

 

Достојно ест

Еве деновиве актуелно беше бранењето на Црквата од верници и реакцијата на другите верници. Сума сумарум сите беа верници само едните беа поверници. Што на пример воопшто не е чудно пошто ние сме многу религиозен народ и си ги почитуваме сите обичаи што си ги носи верата.



Од овој момент ќе ги исклучиме сите прави верници и луѓе кои навистина ама навистина се разбираат во тоа, и ќе се осврнеме кон верниците од типот поголеми Католици од Папата. Оваа категорија ооо пресветли верници никогаш нема отидено на литургија или попопуларно кажано „попот уште пее“. Нема потреба, а и башка секој си верува како сака.

Воопшто не мора да идеш во Црква, на пример доволно е да оптегнеш аксесорис лвл огромен Крст на деколте кога ќе излезеш во град и јас одма ќе знам дека си оооо пресветла верничка. Крстот како аксесори никогаш не го разбрав.  Големината варира во зависност од тоа колку ти е длабоко деколтето и секако дали ја пратиш модата преку ДМ каналот. Крстот е унисекс аксесори, можат и мажите да го носат.
 


Ако случајно не ти стои тоа ланче на миничот тогаш слободно стави бројаница на рака. Тоа се оние што ги носат како алки крст во крст плетени, изгледаат како топчиња, обично 33 колку што Исус имал години кога бил распнат и служат за молитва, вртејќи ја бројаницата во рака за секое едно кажуваш молитва. Тие на пример супер стојат како алки уз бижутерија. Летно време поголемите ооо пресветли вернички ги носат околу глуждот на ногата. Одлично стојат на сандала и сукња и не рѓосуваат.

Во црква се оди на свадба, на крштевка и секако на Велигден. И ако си сонувал лошо. Црквата е тогаш место каде што се пресретнуваш со познатите и се врти муабет „леле Магде како си ослабела“ „умреф на штикливе“ и „од колку сме во ресторан?“. По некоја горда мајка лвл „имаме 28 месеци и 3 месеци (1 дел)“ црквата ја гледа како одлично место да си го истрча детето меѓу иконите, пошто надвор е топло/ладно. Слободно може да викне по детето да прекине да трча и да го заигра со „Ѕе“, додека „попот уште пее“. Иконите сите се викаат дедо Боже, што нема никаква врска со дедо Мраз или дедо Трајче.

Кумот шегаџија ми е секогаш омилен на таквите ивенти. Оние шеги што му ги дофрлуваат на попот на сред венчавка за крунисаните младоженци, за да ја пресмеат насобраната маса, па куме цароќо бре. Врв на Кум ми е шегобиец на крштевка. Тој, во делот кога во име на новокрстеното дете се откажуваа и плукаа на Сотоната, на изреченото „плукам и газам на Сотоната“ вадат секрет од петици и траскаат со ногата на под ко да гмечи бубашваба да ечи цела црква...пошо да се знае кој е кумот овде. Тука се врти кон родителите на детето и, ова ми е врвот, намигнува демек „уживај, и покажав на сотонава убаво“. Родителите пак, најчесто место да мислат на значението на чинот на крштевката во глава ќе се пребројуваат дали нарачале доволно порции за во кафана после тоа, и дали кошулата на кумот ќе му е точна што е во бовчата. На Велигден оваа година видов една во Соборен храм со црвени штикли. Не ја сликав, уште ми е криво.

Постите ми се омилена тема секогаш. Редовно овој вид на оооо верници не постат за божиќните пости пошто баш тогаш е Нова Година, а не бива дочек без руска салата и прасечко, така да нека ми прости дедо Боже ама ај па здравје од Бога на пролет за Велигден  ќе постам таман за пред одмори малку така....

За Петровденските пости па ич. Знаеш сред јули кај се пости, ќе одиме до Грчка на одмор, па гирце суфлаки, не, не дека не можам глупости, ама никој од друштвото не пости, не се многу верници, и јас ај сеа да не се одвајам специјално за мене храна...а таму баш има едно Црквиче да ти кажам близу е одма до плажа па си влагам после плажа обично кога е отворена, блуза врз бикините ставам и тресам малку песок од апостолките и така влагам, не можам да поминам јас а да не запалам свеќа.

Значи не викам не, секој си верува како што сака. Но овие  верници на пример за другине по посветени на верата викаат дека се „забегани по црквата“. И така сите сме верници, освен оние што се декларираат по вера атеисти. Атеизам е вера колку и несобирање марки што е хоби, рекол некој. За разлика од атеистите имаме и верници светци. Омилен се уште ми е бизнисменот Коле. Легендата вика дека донирал фреска во манастир покрај Гуча на која Св. Никола ги спасува давениците и на истата се нацртал себе, сегашната жена, бившата жена и трите деца од двата брака. Господи помилуј. Аман. ФМП.


@mnogufina

 http://on.net.mk/kolumna/fmp/dostojno-est

 



Makpetrol

dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Ноември 30, 2025
Patot.na.podviznikot53

ПРАВОСЛАВНА АСКЕТИКА ЗА МИРЈАНИ - ГЛАВА II

Самата збор „исповед“ значи дека христијанин дошол да ја раскаже, да исповеда и самиот да ги каже своите гревови. Свештеникот пред исповедта чита молитва: „Ти, како Благ и незлопамтив Господ, благоволи да ги разрешиш овие слуги Твои со Твојата реч“.

ПАТОТ НА ПОДВИЖНИКОТ ГЛАВА ОСУМНАЕСЕТА

Ное 28, 2025 Духовен Азбучник 2018
Patot.na.podviznikot45
Молитвата не завршува со утринското правило. Таа треба да трае во текот на целиот ден,…

ПАТОТ НА ПОДВИЖНИКОТ ГЛАВА СЕДУМНАЕСЕТТА

Ное 25, 2025 Духовен Азбучник 2038
Patot.na.podviznikot44
Не плаши се од сувоста во молитвата. Животворниот дожд слегува од Небето, а не од…

МИСИОНЕРСКИ ПИСМА: Владика Николај Велимировиќ 1. Писмо

Patot.na.podviznikot40
Како да Му возвратиме на Бога со љубов за љубовта, и како да се покажеме достојни на тој…

Гладни во изобилието

Ное 22, 2025 Ставови 486
Gladni.vo.izobilie
Не му е својствено да избира до избезумување меѓу стотици бесмислени варијанти на една…

Најново од духовност

Православен календар

 

06/05/2026 - среда

Преполовение: Премудроста Божја; Светиот великомаченик Георгиј; Светиот маченик Лазар Нови;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот великомаченик Георгиј  6 мај / 23 април 2026

Тропар на светиот великомаченик Георгиј 6 мај / 23 април 2026

глас 4Како ослободител на плениците и заштитник на сиромасите,лекар на немоќните, помошник на владетелите,победоносче, великомачениче Георгие,

Тропар на св. Пречистански преподобномаченици Евнувиј, Пајсиј и Аверкиј  9 април/27 март 2026

Тропар на св. Пречистански преподобномаченици Евнувиј, Пајсиј и Аверкиј 9 април/27 март 2026

Подигнувајќи го крстот Господов на плеќите, животот подвижнички со меч го запечативте.Евнувие славен атлете, Пајсие на мачениците подражателу, и Аверкие христодушен подвижнику, нечестието...

Тропар на соборот на светиот Архангел Гаврил  8 април/26 март 2026

Тропар на соборот на светиот Архангел Гаврил 8 април/26 март 2026

Тебе, кој благовестуваше спасение на целиот род човечки Архангелу од родот Серафимски,Гавриле Божји гласниче, те молиме и со љубов и радост празникот...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная