логоFacebookTwitterYouTubeeMail



Откако една година го изучувал грчкиот јазик, на 25 години ги почнал постдипломските студии на Богословскиот факултет при Аристотеловиот универзитет во Солун. Специјалност му е одделот за догматска теологија, под менторство на профeсорката Деспо Љаљу, која важи за еден од најеминентните авторитети во православниот свет во оваа област

 БОРЧЕ ГРАМБОЗОВ, ПРВИОТ МАКЕДОНСКИ ДИПЛОМЕЦ КОМУ СОЛУНСКИОТ БОГОСЛОВСКИ ФАКУЛТЕТ МУ ЈА ПРИЗНА ДИПЛОМАТА
Признавањето на Македонската православна црква-ОА во православниот свет за грчките теолози и студенти не бара ништо друго освен љубов и трпение. Преку комуникација и труд гледаат надеж за решавањето на ова прашање. Вака Борче Грамбозов, кој е првиот студент од Богословскиот факултет во Скопје чија диплома е признаена од солунскиот богословски факултет ги коментира тезите што му ги пренесувале неговите колеги од Грција. Откако една година го изучувал грчкиот јазик, на 25 години ги почнал постдипломските студии на Богословскиот факултет при Аристотеловиот универзитет во Солун. Специјалност му е одделот за догматска теологија, под менторство на профeсорката Деспо Љаљу, која важи за еден од најеминентните професори во православниот свет во оваа област.

- Патот до запишувањето беше навистина неописливо тежок, бараше многу енергија и истрајност, но на крајот навистина сум радосен што тоа целосно безрезервно вложување даде плод. Мило ми е што сум првиот дипломец од Богословскиот факултет од Скопје чија диплома беше признаена од солунскиот богословски факултет.

Зошто одбравте да студирате во Солун?
- Моето образование го продолжувам со благослов на надлежниот епархиски архијереј г. Петар и со благослов на сите архијереи во Синодот на МПЦ. Мојата одлука за запишување на постдипломски студии на Богословскиот факултет во Солун е големата репутација што го следи овој факултет. Сите оние колосални богословски научници што произлегле од овој факултет, но исто така и знаењето дека спомените што ги раѓа црквата, сите научни дела на светите отци се пишувани на старогрчкиот јазик, кој претставува основа за разбирање на светоотечката теологија. Целта на секој догматолог или теолог е да ја следи светоотечката линија, а за да се следи и разбере треба да се направи научно истражување на делата на светите отци, кое е невозможно без познавање на старогрчкиот и на новогрчкиот јазик. Многу е важно исто така кадрите што завршуваат прв степен највисоко образование да ги прават своите студии кај професори-познавачи на изворната теологија во конкретната област што ја специјализираат. Бидејќи сѐ што е надвор од тоа не е веќе теологија, се губи под превезот на нешто сосема друго.

Каков беше односот на тамошните професори кон вас, со оглед на тоа што доаѓате од црква што важи за непризнаена во православниот свет?
- Односот со професорите на факултетот е топол, срдечен и неверојатно отворен, нешто што, морам да признаам, е карактеристично во интелектуалните кругови помеѓу научниците, кои не познаваат националност или некои други социјални фактори. Фактот што доаѓам од Македонија нималку не беше чувствителен. Помеѓу моите пријатели и колеги од Грција нема никакви етнички пречки. Напротив, има постојано пријателство и напредување во научниот сегмент.

Дали по завршувањето на студиите ќе се вратите во Македонија? Колку МПЦ ги вклучува во своите редови теолозите што студирале надвор од земјата?
- Моментално сум ангажиран како професор во Средното богословско училиште. Како стипендист на Светиот архијерејски синод, веќе нивни кадар, очекувам повик по завршувањето на моите тамошни студии за ангажман на Богословскиот факултет, според потребите на црквата, за областа во која ги правам моите студии. Светиот архијерејски синод секогаш настапува грижливо, татковски и безусловно кон сите свои кадри што се образоваат надвор од државата, како и за оние што се образоваат тука.

     Извор: Нова Македонија
       
Автор: Радмила Заревска/ Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.



Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Септември 03, 2021
Default Image

Беседа за Успение на Пресвета Богородица oд Викарниот Епископ Јаков Стобиски

Беседа за Успение на Пресвета Богородица изречена од Викарниот Епископ Јаков Стобиски во манастирот Успение на Пресвета Богородица - Берово
Јуни 30, 2021
3.to.Naoganje.glava.sv.Jovan.Krstitel

СКОК ПРЕКУ ЈАЖЕТО НА НЕСОГЛАСУВАЊЕТО

Затоа, секогаш кога можеш прескокни го јажето на несогласувањето и фати се за оној дел од приказната кој ветува радост, насмевки и љубов. Горчината плисни ја со бран од морето, измиј го отровот на искажаните зборови и погледни кон залезот на сонцето. Тоа ќе…

Се упокои во Господ Митрополитот Црногорско-приморски Амфилохиј (30.10.2020)

Митрополитот Амфилохиј е роден на Божик, 7 јануари 1938 година, во Бари Радовиќ, во Долна…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 2746
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 1924
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…