логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 «…Промени се најпрво самиот себе»

 

Раскажете, ве молам, каков бeше вашиот пат до манастирот?

Тоа е долга историја, и мојот расказ ќе одземе премногу време. Кратко можам да кажам, дека Господ му подготвува на секој човек, свој пат кон Себе. Ние мислиме дека го наоѓаме Бога, а всушност Тој не бара нас, и за среќа, секогаш не наоѓа. Мојата прва средба со Бога се случи, благодарејќи на учеството на старецот Ефрем Аризонскиј.

Познато ни е, дека вашата келија се смета за една од најдобрите иконописни ателјеа во Света Гора. Уметноста ви помага во монашкиот живот?

Секој занает помага, а секако и иконописот. Особено важна за почетниците (монаси) е надворешната страна од животот, т.е., средината во која тој се наоѓа. Старец Пајсиј кажал, дека почетникот-монах сака да има и икона и кандило и параклис. А за себе добавил дека, сето тоа не му е важно. Тој рекол: «Ако ме стават дури и под прожектор, јас можам да се помолам». Истото е и со занаетот. Ако почетникот-монах прави четки за цртање и црта икони и тоа му помага во молитвата, тогаш нека го прави тоа. Но, важно е сето тоа да се прави по послушание. Кога јас се замонашив, зедов бои и четки да цртам, затоа што од мали години се занимавав со тоа. Старецот, кога го виде тоа, се насмевна и ми кажа да ги оставам боите, до тогаш кога тој, сам ќе ми каже. И јас чекав шеснаесет години.

Како правите, за оние кои се искушеници да бидат послушни?

Со тој проблем се соочуваат сите старци и старици. Благослов Божји за мене, е тоа што, за мој  прв послушник го имам монахот Евгениј, кој е голем подвижник. Многу е важно, да бидат добри помошници, кои ќе служат како пример на другите.

Зошто послушноста од Отците и Игумените го исполнува животот на човекот?

Затоа што поради непослушноста човекот бил лишен, протеран од рајот. За да ни покаже нам како треба да се вратиме од таму од каде што сме паднале, Христос слегол од небесата, т.е. се смирил Себеси, станувајќи човек. Од Писмото знаеме, дека Тој ги слушал Своите родители, а ако Бог живеел во послушност додека бил човек, како можеме ние да не ги слушаме своите старци и старици? Не молитвата, не исповедта, не причеста, туку послушноста – е првата буква во азбуката. Послушноста носи смирение, и како резултат на тоа е благодатта Божја, затоа што Бог се противи на горделивите, а на смирените им дава благодат. Дури, ако такво благо дело како молитвата, се прави не по послушание, тогаш тоа станува грев. На пример, фарисејот бил добар човек, имал стравопочит кон Бога, ги почитувал сите Божји заповеди, но паднал во гордост и со тоа ги надминал сите доблести.

Денеска во светот господари егоизмот. Имам чуство дека во светов, од животот на луѓето ја снемува самопожртвуваноста.

Егоисти секогаш имало, но денеска егоизмот се претставува како пример. И луѓето, кои немаат духовни сили, почнуваат да го емитираат таквиот пример. По телевизорот, во кинотеатарот, во медиумите, таквиот образ на живот, се претставува во некоја разубавена форма, како да е нешто многу атрактивно.

Дали Вам во животот ви се случило да видете инспирирачки пример на сапоможртвување?

Многу пати. Сите светии се пример за самопожртвување. Светиот човек, пости не за себе, дава подароци не за себе.Тој ги носи своите подвизи заради тоа, да се спасат околу него илјадници. Тој не е сам, тој претставува дел од Телото Христово. Ете, например, кога човекот трча на олимпијада и победува,  венецот за победата му го ставаат не на нозете, а на главата, и тоа е слава на целото тело.Така, еден свет човек е слава и чест за целата Црква, нема индивидуално спасение. Во христијанстовото никој не се спасува самиот себе. Само, ако ние ги сакаме другите, тогаш должни сме да почнеме со самите себе; ако сакаме да ги спасиме ближните, тогаш почнуваме да се молиме:
«Господи Исусе Христе, помилуј ме».

Најопасната стапица, која може ѓаволот да ја направи на тој кој ги сака другите е тоа, да побудува во него да оди да ги спасува другите, а не самиот себе. А зошто ова е стапица? Затоа што, твојот духовен живот сеуште е ужасен, и тоа добро што ти ќе им го кажеш, всушност е одраз на тоа лошото што го носиш внатре. Ако ти ги сакаш другите, промени се најпрвин самиот себе, поклонувај се пред Светата Троица, моли се – и така ќе ги спасиш и друите. Почни со исповед и пoслушанија дадени од Црквата.

Можеме ли да кажеме, дека Отец Ефрем се пожртвувал себеси, преселувајќи се од Света Гора во пустината на Аризона?

Да, баш така. Тој излезе од рајот (од Света Гора) и ете сега гори во пустината. Но благодарение на тие манастири кои тој ги изградил таму, се спасуваат не илјадници а милиони луѓе. Јас бев во неговиот манастир и таму видов кинези, монголци, жители на Далечниот Север. Се сретнав таму со еден млад брачен пар со мало детенце од Индонезија, дојдени од другиот крај на светот, и ги прашав: «Вие дојдовте во Америка да работите?» А слушнав во одговор «Не, ние дојдовме кај старец Ефрем ».

Луѓето со часови летаат со авиони, само за да го видат старец Ефрем. Тоа е пример како еден човек, кој се затворил во пештера и почнал да ја говори молитвата «Господи Исусе Христе, помилуј ме» кој се оддал на послушние на својот старец и почнал да се променува себеси, денеска спасува илјадници луѓе.

Како да ја спознаеме љубовта вистинска, од онаа која претставува трик на ѓаволот?

Ѓаволот не доаѓа со рогови  и со опашка, по што можеме јасно да го познаеме. Не, тој постојано говори за љубовта. Но нас нè спасува само Христовата љубов, која содржи во себе смирение, инаку ние стануваме само проблем за другите. Тоа може да го споредиме со кофа ладна вода, која во најтоплото време ја оддаваме на друг човек и заедно со таа вода оддаваме и жаба во неа. А оној кој умее да сака, прво ќе ја извади жабата, и дури после тоа ќе го напои другиот човек со чиста вода. Така и ние треба да ја вадиме таа жаба, која се наоѓа внатре во нас, и тогаш дури, целосно, можеме да кажеме на другиот: « Јас те сакам».

Зошто, кога човек се обвинува себеси, тогаш наоѓа душевно спокојство, а кога ги обвинува другите,се повредува себеси и нема мир на душата?

Кога ти ги осудуваш другите, ти си го даваш тоа право кое го има Исус Христос на Страшниот Суд; ти го правиш тоа наместо Христа, што значи ти стануваш антихрист. Како може овде да има спокоен дух?!

Затоа, зошто да ги осудуваш другите, подобро осуди се самиот себе. Зашто, секој, кој ќе се понижи – ќе биде водизгнат.

Како да се збогатуваме во името на Христос, за вечниот живот?

Христос претставува вечен живот. Прашањето се состои во тоа, како да го најдеме Христа? На тоа прашање Тој Самиот одговорил: Кој ги има заповедите Мои и ги пази, тој е оној што Ме љуби (Јован 14: 21). И светите отци говорат за тоа, што внатре во заповедите е скриен Христос. Нашата вера не е филозофија, а образ на живот, и ние живееме според заповедите. Кажано е: Покажи ми ја својата вера без дела, а јас ќе ти ја покажам верата од моите дела. (Јаков. 2, 18).

Зошто нам ни е толку тешко да оставиме сѐ, заради Христос, дури и во манастирот?

Затоа што во манастирот ние носиме со себе егоизм. А смрта на егоизмот е послушанието. Колку и да се трудиме, толку добрини, колку што имал Луцифер, до неговото паѓање, ние никогаш нема да достигнеме. А му помогнало ли тоа, што тој го имал? Не. Затоа што тој немал смирение. Ѓаволот ќе ти помогне да постиш, дено-ноќно да се молиш, ќе ти помогне  да трчаш да ги исполнуваш сите работи околу манастирот, затоа што знае дека ти ќе станеш горделив, од тоа што преуспеваш. Само две работи нема да ти дозволи: да ги направиш: да бидеш во послушност и да се молиш со Исусовата молитва, затоа што послушанието и исповедта на својата немоќ «помилуј ме, грешниот» ‒  е смрт за него. А за нас смирението и послушанието е нашиот духовен живот.

Можно ли е да се измориш од манастирскиот живот?

На манастирскиот живот не можеш да се пренаситиш. Оние, кои го живеат тој живот и чуствуваат радост, сметаат дека подобро од тој живот нема и не може да има во овој свет. Оние кои гледаат на замонашувањето од страна, мислат дека тоа е нешто тешко. А тоа е исто како да ги жалиме спортистите зашто го тренираат своето тело посакувајќи да ја добијат на крај својата награда. Само, онаму каде има труд, има и награда. Онаму,каде што има борба, ќе има и венец. Во рајот ќе видиме секакви луѓе. Таму ќе има и разбојник и блудница, кои се покајале и крстиле, но нема да има горделиви и мрзливи, затоа што мрзливоста е гордост на телото.

Во некој манастирот имало еден старец Доротеј кој имал—85 години. Браќата не му дозволувале да работи, поштедувајќи го заради неговата старост. Тој цело време се стремел во нешто да им помогне, а нему му велеле «Седи, одмарај, ти си стар веќе». И одеднаш тој се успокоил. Браќата се изненадиле, пак почнале да го припазуваат. И забележале, дека ноќно време, кога сите заспивале, тој земал на грб боца за нуркање, се спуштал до морето и се враќал назад. Кога го прашале: «Зошто го правиш тоа? » Тој им одговорил: «Сите работат, а јас не можам да седам, со скрстени раце».

Отец Серафим оставил многу совети на монасите и на мирјаните. Што мислите, која е најглавната задача за нас во денешно време?

И во лето и во зима, тој велел: « Радост моја, Христос воскресе!» Во него имало љубов Христова. И тој ја потврдувал со делата. Тој почнал со себе, и тоа што тој се распнал себеси и воскреснал, денеска воскреснуваат милиони луѓе. Истото било и со отец Ефрем: Тој потполно се предал себеси на послушност на старецот Јосиф, се отдаде целосно на Бога и Бог му даде сѐ. Отец Ефрем основа 30 манастири и ги наполни со луѓе. Каде може да се види такво нешто, човек да создаде 30 манастири?! Тој немаше ни образование, ниту беше теолог, ниту оратор, и затоа не можеме да кажеме дека ги привлекувал луѓето поради неговите преубави зборови.Тој дури не умеел ни да разговара убаво. И тоа е важно, за да е очевидно, дека тој не прави чуда, туку некој друг преку него. Затоа, ако ги сакаме, и сакаме да ги спасиме другите, тогаш почнуваме како преподобниот Серафим и старец Ефрем  Филотејски, со самите себе.

Но, отец Серафим 20 години творел големи дела како затвореништво, молчание, столпништво и дури после сево ова тој станал старец.

Нас не треба да нè импресионира бројот на години проживеани на камен или во затвор, а тоа што него го карале, осудувале, а на тоа тој никако не враќал, туку се молел за оние кои го осудуваат. Истото сега се случува и со отец Ефрем. Затоа ние треба да се потрудиме да ги разбереме нивните внатрешни страдања, а не надворешни. Телото на луѓето нема еднаква издржливост, не можат сите еднакво да постат, да се молат дено-ноќно. Но, сепак, да живее во послушност може секој и тоа не зависи од физичките можности на човекот. Да се моли може секој. Да го носи подвигот на молитвата. Ете, на тоа и ќе го акцентираме нашето внимание: не на телесното, а на духовното.

Превод: Ирена Арсова

Извор: http://www.4udel.nne.ru/guest/4940/5696
Интервју, монаштво, старец Ефрем Аризонски

Преземено од: Преспанско- пелагониска епархија



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Ноември 10, 2020

Се упокои во Господ Митрополитот Црногорско-приморски Амфилохиј (30.10.2020)

Митрополитот Амфилохиј е роден на Божик, 7 јануари 1938 година, во Бари Радовиќ, во Долна Морача. Завршил Богословија во Белград, а на Богословскиот факултет на СПЦ, во Белград, дипломирал во 1962 година. Покрај теолошките науки, студирал и класична…
Февруари 23, 2020
ih3387

Свети свештеномаченик Харалампиј

Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот живот. Името е наша сопствена карактеристика, но малкумина го знаат вистинското потекло на своето име и неговото вистинско значење. Секое православно име има своја суштина…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 1118
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 1223
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Дек 05, 2019 Беседи 1110
7.Vselenski.sobor
Премногу размислуваме во категоријата Бог – човек, наместо во категоријата личносни…