логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

starec.Sofronij.freska.jpg

 


Видението Божјо го поставува човекот  пред неопходноста, внатрешно да се определи спрема Него.
По својата суштина, секој наш чин или нè приближува до Бога или нè одалечува од Него. Од тука и секој потфат се извршува во страв кој се нарекува - Божји.

 

Душата се плаши не само од делото што очигледно не би било добро, туку и од помислите кои што можат да го разжалостат Духот Свет, кого што го засакала. Растојанието меѓу нас и Бога е неизмерно големо. Ние само гледаме колку сме Му недостојни на Светиот над светиите; срцето е ожалостено заради мачното сознание дека е толку осиромашено.

 

Ние не сфаќаме веднаш дека токму таа појава  е знак за приближувањето кон Бога. Првата заповед од Блаженствата - Блажени се сиромашните со дух - како органски да води кон следните фази:
плачот, кроткоста, гладот и жедта за правда,
милосрдието, чистотата на срцето,
првото живо доживување на нашето Богосиновство. Сето  тоа  нè води кон болен конфликт со своите страсти, кон разидување со сите оние кои не го бараат Царството на Вистината,
кон прогоните,
кон злоставувањата,
исмејувањата на наша сметка.

 

 Кога спротивставувањето на Христијанскиот дух од духот на овој свет ќе достигне врв, животот на следбениците Христови почнува да наликува на распетие, макар и на невидлив крст.

 

 Тоа е страшно, но и спасоносно време: низ внатрешните страдања, често поврзани и за надворешните склоности, нашиот дух ги совладува страстите, ние му одолеваме на власта која што светот ја имал над нас, и дури ја победуваме и самата смрт: се уподобуваме  во распетието Христово.
Секако и на овој висок степен треба да се сочува смиреноста во духот. Искуството ќе покаже  дека штом наместо чувство на „сиромаштво“ ќе дојде задоволството со себе си, веднаш оваа скала на духовниот  раст се руши, а нашиот дом останува пуст  (Мт.23,38):
 Господ веќе не е со нас.
 И така - сè додека срцето не се смири повторно во болен вапај кон Него!

 

 Врз основа на оваа промена на чувствата,  душата може да се приближи до тајните патишта на спасението; таа од сега се плаши од сè што е спротивно на смирението; нејзината молитва станува почиста; умот и срцето повеќе не се занимаваат со ништо споредно, не сака ништо освен Бога.
Низ молитвата со целото битие, силата на новиот живот го допира оној кој што се моли.

 

Понатамошно воздигнување: почеток на спознанието за начинот на неземното постоење.
Нашето овоземно постоење е условено со времето и просторот.
 Но, што е тоа време?
Можни се најразлични одредувања:
 време е - „место“ на нашата средба со Творецот;
времето е процес на актуелизацијата на Божјата замисла за творението:
„Мојот Отец  до сега работи и  Јас работам“ (Јн.5,17).

 

Создавањето сè уште не е завршено:.. „Уште малку време Светлината е со вас, одете дури има Светлина за да не ве опфати мракот , а кој оди по мрак не знае каде оди.  Додека ја имате Светлината , верувајте во Светлината, за да бидете синови на Светлината! (Јн.12.35-36).“

 

Секому од нас му е доделено некое „негово време“, кратко, но доволно за да се стекне спасението. Се остварува  творечката идеја Божја : ...зошто нема да остане во Бога ниеден збор без сила  (Лк.1,37).“
На Голгота умирајќи Господ рече:
„ЗАВРШИ...“ Ќе дојде друг момент кога сличен збор на овој повторно ќе биде изречен. За тоа пишува во Апокалипсата;
 И ангелот... крена рака над небото и се заколна во Оној Кој живее во веки веков...дека не ќе има веќе време (Отк.10, 5-6).

 

Сè додека се наоѓаме во ова гревовно тело и во овој свет, нема да прекинува аскетската борба против “законот на гревот“ кој што делува во нашата плот. (Рим.6,6;7,23).

 

Гледајќи се  себе си немоќни да ја преовладаме оваа страст со сопствен напор, ние почнуваме да очајуваме за своето спасение. Колку и чудно да изгледа, тоа е така: неопходно е да поминеме низ оваа мачна состојба;  да го проживееме стотина пати, за  тоа длабоко да се вреже  во нашата свест.

 

Искуството на пеколот е корисно за нас.
Ако оваа мака со години ја носиме во себе си, постанува постојана содржина на нашиот дух, неизлечива рана на телото на нашиот живот.
 И Христос ги сочува раните од клинците од распетието на Своето Тело дури и до после воскресението:...застана на среде и им рече Мир вам!... и им ги покажа и раните и ребрата и нозете Свои...(Јн.20,19 - 20).

 (Продолжува)
Преведе М. Даниловска - Мина

 

 


 

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Јуни 10, 2023
TVIT602

Проскомидија

·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на Литургијата, нејзин пролог. Таа е нашиот допир со Небесното Царство и Небесното жителство.
Септември 13, 2021

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на Бигорската Обител, засветлил како светлозарна ѕвезда на богопрославениот светителски небосклон на Црквата Христова, во првата половина на ΧΙ век. За неговото родословие,…

Беседа за Успение на Пресвета Богородица oд Викарниот Епископ Јаков Стобиски

Сеп 03, 2021 Беседи 5856
Default Image
Беседа за Успение на Пресвета Богородица изречена од Викарниот Епископ Јаков Стобиски во…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 6662
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 6466
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 5652
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Најново од духовност

Православен календар

 

28/04/2024 - недела

Велигденски пости; (пост на риба)

Влегување на Господ Исус Христос во Ерусалим – Цветници; Светите апостоли Аристарх, Пуд и Трофим; Светиот маченик Сава Готски; Светите маченички Василиса и Анастасија;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на влегување  на Господ Исус Христос во Ерусалим Цветници 2024

Тропар на влегување на Господ Исус Христос во Ерусалим Цветници 2024

глас 1Христе Боже,  за да  нé увериш во општото воскресение, пред Твоето страдање  го воскресна Лазара од мртвите. Затоа и...

Тропар на светиот Мартин Исповедник папа Римски 14 април / 27 април 2024

Тропар на светиот Мартин Исповедник папа Римски 14 април / 27 април 2024

Исповедниче на вистинската вера која спасува,Мартине свети мачениче,прими од нас пофалба и благодарност.Од Бога со благодатна вистина исполнет,на патот исповеднички...

Тропар на св.Христов новомаченик Димитриј Пелопонески 13 април / 26 април 2024

Тропар на св.Христов новомаченик Димитриј Пелопонески 13 април / 26 април 2024

Исповедник на верата Христова постана,откако Спасителот Го повика кога се најде сред морските бранови,о Димитрие новомачениче.Надеж стана за паднатите кои во...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная