логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


    Ilust.zadete2.jpg

„...Секој од вас нека си набави бројаница од 33 топчиња и нека почне да се моли, говорејќи: „Господи Исусе Христе, Сине и Логосу на живиот Бог, по молитвите на Богородица и на сите Твои светии, помилуј ме, грешниот и непотребниот слуга твој“. Пред триесет и четири години, во 1959 година, на денот на Успението на Пресветата Богородица, се претстави мојот сакан духовник, отец Јосиф. Мене недостојниот, често ми зборуваше: „Сине мој, ако Бог ти довери некои души, научи ги само на едно: молитвата. Таа ќе ги научи на сé друго и ќе им ги освети нивните животи.“ Молитвата што ја имаше на ум мојот свет старец, е постојаната умна молитва – Исусовата молитва, на која тој му го посвети сиот свој живот, од мигот кога со неа се сретна. Толку беше занесен од неа, што можеше да живее без храна, но не без молитва. Поради неа поднесуваше многу искушенија и неволји, и од видливите и од невидливите непријатели. Во книгата „ Разговори на еден поклоник со својот духовен отец", св. Јован Карпатски тоа вака го објаснува: „Оние кои совршено се посветуваат на молитвата, често поднесуваат страшни искушенија“. На друго место, овој свет човек зборувал, дека духовникот треба често да се смирува и да ги носи маките и искушенијата, за кога неговото духовно чедо ќе го гледа тоа, да се научи на трпение и да стекнува искуство. Тие искуства, предадени нам како учење, му донесоа изобилство на духовни плодови на мојот старец. Сите побожни души, кои безусловно и безмерно се предаваат на Божјата благодат, стануваат причесници на оваа благопријатна состојба.

Во книгата: „ Животот на нашиот отец Јосиф исихаст “ , еден пасус го пројавува зрачењето од неговото искуство, стекнато со Исусовата молитва, како и одвоеноста од земните грижи и предаденост на спокоен живот во тихување: „ Дојде моментот, кога човекот во молитвата, собран со својата сила, Го изговара само преслаткото Име на нашиот Господ Исус Христос, и умот негов станува просветлен, или подобро кажано, опфатен со заслепувачката нематерјална светлина, бела како снег, а целото негово битие прекрасно мириса. Тој излегува надвор од себеси и стои во друг свет, сосема преобразен. Тогаш ниту се моли, ни мисли – само со воодушевување ги набљудува возвишените дела Божји “. Свети Макариј Велики еднаш рекол: „ Постојат очи, зад овие очи и постои слух, зад овој слух. “  Мојот смирен старец исихаст, имаше две чувствителни особини: тихување и солзи. Во морето на тишината, можеше да го наслушнува шепотот на благодатта. Смртта го затекна со лице оросено со солзи...солзи, чија сладост ние сеуште не сме ја искусиле. Тој светлосен живот, ние, неговите духовни деца, се заветивме да го следиме, секој според својата моќ и во согласност со внатрешното настроение на своето битие. Скромното братство, кое се собра околу мојата недостојност, и кое со Божјата благодат секој ден се умножува, сега се зацврсти на ова мирно место, во свештениот манастир на св. Филотеј ( Света Гора ).Срце чисто создај во мене, Господи.  Спроти нашиот манастир се наоѓа скитот Магула. Токму тука, во првата половина од XIV век, св. Григориј Синаит ја донел од Синај на Света Гора, Исусовата молитва. Тоа нас уште повеќе нé поттикнува да продолжиме по патот на тихуванието, во рамките на монаштвото – како што тоа нам ни го предаде нашиот духовник, и целосно да се посветиме на целта: да направиме монах од својот внатрешен човек. Бидејќи, бремето не е во тоа идниот монах да го промени својот световен изглед со ставање на монашко расо врз себе, туку во тоа, промената да го оплоди неговото срце. Вие сигурно знаете, што му рекол св. Василиј на еден соплеменик, кој се замонашил но, не станал монах и во срцето:  „Сенаторот го изгубивме, а монах не добивме!“ На едно друго место св. Ефрем Сирин забележува: „Подвижништвото, дете мое, не е игра; тоа бара упорност и големо самосовладување, за да се добие спасението на душата.“   Кога ќе дојдете на Света Гора, меѓу тамошните икони, ќе најдете и претстава на еден распнат монах. Монахот, а тоа е секој монах, е распнат на крстот, и е опкружен со демони, кои ги претставуваат смртните гревови и дрско ги насочуваат своите стрели кон него. Измачуван вака, монахот ги изговара зборовите на пророк Давид: „Срце чисто создај во мене, Господи!“ Ангел Господов прелетува околу него, спремен да го поддржи, ако падне во малодушност. Тоа е животот на монахот, кој се заветувал дека ќе го носи Крстот Господов преку целиот свој живот. Оние кои имаат поинаква претстава за монаштвото, не можат да му припаѓаат на монашкото братство.  Отец Атанасиј од Иверскиот манастир, кој се претстави пред некое време, имаше навика да каже: „Монашкиот живот треба да биде таков, што монахот треба постепено да станува земен ангел и небесен човек.“ Да наведеме уште еден свет човек, св. Нил Мудриот, ученик на св. Јован Златоуст: „Монахот е олтар Господов, олтар во кој, и од кој, чисти молитви Му се вознесуваат  на Господа во висините; олтар духовно втемелен. “ Прашањето е – на кој начин грешното човечко срце може да се очисти, за да стане „ олтар духовно втемелен. “ Светите отци велат дека најсигурен и исправен пат за очистување на срцето, просветлување на умот и осветување на душата лежи во постојаното практикување на Исусовата молитва. Отците подвижници, потеклото на оваа молитва го врзуваат за светите Апостоли. Уште од нивно време, непрестајната умна молитва станува како некое тајно дишење на телото на Црквата низ вековите. Црквата е Тело Христово и таа дише со Името Христово. Христовото Име поседува моќ, благодат и енергија од Пресвета Троица. Со блаженото Име на Господ и Бог и Спасителот наш Исус Христос, генерации и генерации пребивале во созерцание. Молете се постојано. Исусовата молитва допре до Света Гора во средината на XIV век. Од скитот Магула, кој го споменавме, таа бргу се рашири, не само по издвоените манастирски келии, погодни за мирниот живот на исихастите, туку и по големите манастири на Атос и по братствата надвор од Света Гора, вклучувајќи ги и верниците. Тогаш мистичниот пламен на оваа молитва се разгоре и ги просветли умовите, ги загреа срцата, ја разбистри совеста и ја очисти душата со созерцанија на царството небесно.

 Во книгата „ Добротољубие “ св. Никодим Светогорец дава исечок од животот на св. Григориј Палама, со кој овој порачува сите христијани да се молат непрекинато. Еве го тој дел: „ Никој нека не мисли, браќа христијани, дека само свештениците и монасите се должни непрестајно да се молат, а дека верниците не се. Не. Потребно е сите христијани, да се молат постојано, како што св. Павле порачува во своето послание „ Молете се постојано. “  И ние, исто така, треба да го послушаме неговиот совет, и не само што треба да се молиме постојано, туку треба на молитва да ги поттикнуваме и другите – без разлика дали се тоа монаси, верници во светот, научници, жени или деца. “ Ете, гледате, браќа мои, дека сите христијани, од најмлади до најстари, се должни постојано да ја изговараат умната молитва: „ Господе Исусе Христе, помилуј ме “ Но, верниците ќе речат: „ ние сме оптоварени со мноштво грижи и проблеми, како може од нас да се очекува постојано да се молиме? “ Мојот одговор е следново: „ Бог нам не ни кажа да го правиме невозможното; Он само бара да го правиме она што е во наша моќ. Затоа, ова може да го постигне секој, кој бара спасение на својата душа. Бидејќи, кога тоа би било невозможно – би било невозможно за сите кои живеат во светот и не би имало толку многу од оние, на кои тоа им поаѓа од рака. Колку брзо се раширила оваа молитва во тоа време, може да се види и по реакцијата на западното монаштво и учените луѓе и нивните отворени обиди погрешно да се протолкува оваа молитва, со нејзините длабоки влијанија.  Затоа монасите од Света Гора го одбрале св. Григориј Палама, да ја одбрани Исусовата молитва, исихазмот и целосноста на сите таинствени и догматски погледи на православниот Исток, на кого западнатото мислење го подигна своето оружје. Во тоа време, овој свет отец, говорел како оној „кој има власт“ и оставил таков впечаток на Западот, што станало очигледно дека духовноста на западното Христијанство догматски заболела.  Св. Григориј ја согледал разликата помеѓу суштината и енергиите и потврдил дека, Бог, Кој е „несогледлив и неразбирлив во Својата суштина, преку Своите енергии станува достапен на човекот.“ Причестувајќи се со божествените енергии или Божјата благодат, човекот од благодатта го прима она што Бог го содржи во суштината. Самиот факт, што Црквата решила да го прославува св. Григориј, подоцнежен архиепископ Солунски, во втората недела од Великиот Пост, веднаш после неделата на Православието, покажува колку голема благодарност има таа спрема него, и колку силно го прегрнала на своите православни гради, чистото семе на Исусовата молитва и на исихастичкиот живот воопшто.

 

Ilust.zadete2.jpg

Извор: Бигорски манастир

 

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Јуни 10, 2023
TVIT602

Проскомидија

·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на Литургијата, нејзин пролог. Таа е нашиот допир со Небесното Царство и Небесното жителство.
Септември 13, 2021

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на Бигорската Обител, засветлил како светлозарна ѕвезда на богопрославениот светителски небосклон на Црквата Христова, во првата половина на ΧΙ век. За неговото родословие,…

Беседа за Успение на Пресвета Богородица oд Викарниот Епископ Јаков Стобиски

Сеп 03, 2021 Беседи 5869
Default Image
Беседа за Успение на Пресвета Богородица изречена од Викарниот Епископ Јаков Стобиски во…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 6671
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 6477
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 5662
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Најново од духовност

Православен календар

 

30/04/2024 - вторник

Велигденски пости; (строг пост)

ВЕЛИКИ ВТОРНИК – Светиот свештеномаченик Симеон епископ Персиски; Свети Акакиј епископ Мелитински; Свети Агапит папа Римски; Преподобните Саватиј и Зосим; +Свети свештеномаченик Кипријан Слепченски;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот Христов  свештеномаченик  Кипријан Слепченски  17 април / 30 април 2024

Тропар на светиот Христов свештеномаченик Кипријан Слепченски 17 април / 30 април 2024

Кипријане,велики молитвениче,пред Бога застапниче,за нашите души покровителе.Моли се, оче преподобне,за оние кои ти приоѓаатод тебе благодат измолуваат.За нивно преумување,

Тропар на светите Христови маченички Агапија, Хионија и Ирина 16 април / 29 април 2024

Тропар на светите Христови маченички Агапија, Хионија и Ирина 16 април / 29 април 2024

Девственички свети маченички,поучени за воскресение во живот веченод истоименитоста со благодат преисполнета – светата Анастасија,заштитени со молитвите на Христовиот пастир,

Тропар на влегување  на Господ Исус Христос во Ерусалим Цветници 2024

Тропар на влегување на Господ Исус Христос во Ерусалим Цветници 2024

глас 1Христе Боже,  за да  нé увериш во општото воскресение, пред Твоето страдање  го воскресна Лазара од мртвите. Затоа и...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная