логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


Stefan.Petkovden.jpg
 

БОГОСЛОВИЕТО КАКО ТАИНСТВО

Како богослов по призив, Григориј сметал дека е обврзан на слушателите и на читателите да им разјаснува што претставува вистинско богословие: на таа тема се посветени 27. и 28. слово, а делумно и 32. Овие беседи биле одржани во Константинопол: нивниот заеднички контекст е борбата со евномијанството, или со аномејството – подоцнежна варијанта на аријанство, за кое била карактеристична претставата дека човекот може целосно да го појми Бога.
27-то слово, со кое започнува циклусот „Слова за богословието“, е напишано со зборови на разобличување – жанр традиционален за реториката. Почнувајќи со цитат од пророкот Јеремија: „Еве, Јас сум против тебе, о гордости“, Григориј ја адресира својата беседа до оние коишто, како што самиот тој вели, „ги чешаат ушите и јазикот и, како што гледам, дури и рацете, поради нашите зборови“, т.е., до своите богословски опоненти – евномијаните. Григориј се жали на наклонетоста на евномијаните спрема богословски спорови, на „софистите“ и на „словесните акробати“ кои своите слова ги разгласуваат по пазарите, со своето многусловие и наметливост ги помрачуваат свечените гозби и секој празник го прават непразничен и депримирачки: поради такиве луѓе постои опасност „нашата голема тајна“ да се претвори во приземен занает3. Во врска со ова, не може а да не се спомене св. Григориј Ниски, кој исто така ги разобличувал своите современици поради нивната прекумерна страст спрема спорови на богословски теми:

Некои, коишто вчера или завчера ги оставиле своите секојдневни работи, наеднаш станале учители на богословието, други, пак – можеби слуги, коишто не еднаш биле камшикувани и кои бегаат од ропското служење – важно философираат за недостижното... Во градот сè е полно со такви луѓе: улиците, пазарите, плоштадите, раскрсниците. Тоа се и трговци со облека и менувачи на пари и продавачи на животни намирници. Ти прашуваш за драхми, а тој почнува пред тебе да философира за роденото и за нероденото; сакаш да ја дознаеш цената на лебот, а тој ќе почне да ти зборува дека Отецот е поголем од Синот; прашуваш дали бањата е подготвена, а тој вели дека Синот произлегол од ништо.4
 
Богословието не е занимање за на пазар, не е предмет за страсни спорови, не е објект за дискусија меѓу световни луѓе – сметаат и едниот и другиот Григориј. Според зборовите на Григориј Назијанзин, не може секој да биде богослов, туку само оној кој води созерцателен начин на живеење и се очистува себеси за Бога; не можат сите да учествуваат во богословски дискусии, туку само оние коишто „ревносно“ се занимаваат со тоа; на крајот од краиштата, не може за секоја богословска тема да се расправа гласно:

Не може секој, ви велам, да философира за Бога, не може секој! Тоа не е ефтина работа и не е за оние што лазат по земја! Ќе додадам уште дека не може да се философира во кое било време, пред сите и за сè, туку треба да се знае: кога, пред кого и за што. И така, тоа не им е достапно на сите, туку само на оние коишто се провериле себеси и го минале животот во созерцание, а пред сè ги очистиле душата и телото, или, во крајна линија – ги очистуваат. Зашто, за нечистиот можеби не е безопасно да се допре до чистото5, како што за слабиот вид не е безопасно да се допре до сончевиот зрак. А кога можеме да философираме? Тогаш, кога сме слободни од надворешниот жабурнак и збунетост, кога нашето господство6 не се меша со расипани и обеспокојувачки слики... Зашто, навистина треба да се има слобода за да се спознае Бог... А пред кого може (да се философира)? Пред оние кои се интересираат за тоа со ревност, а не пред оние коишто со задоволство дрдорат за тоа, како за сè друго, по коњски трки, по театарски претстави, по слушање песни, по угодување на стомакот и на она што е под стомакот... За што, пак, може да се философира и во која мера? За она што ни е достапно и во онаа мера којашто соодветствува на способностите и на силите на слушателите... Јас не велам дека не треба постојано да си спомнуваме за Бога... Треба почесто да си спомнуваме за Бога одошто вдишуваме воздух!... Не забранувам постојано да си спомнуваме за Бога, туку (забранувам) постојано да богословиме; притоа не го забранувам самото богословење, како да е нешто што не е благочестиво, туку богословењето кога не му е време; не го забранувам учителствувањето, туку немањето мера...7

Ранохристијанската идеја за „тајното учење“ (disciplina arcana), заедно со нејзиниот антички претходник – барањето, карактеристично за грчките мистерии, за неразгласување на смислата на таинствата на непосветените – преку  устата на Григориј добила ново толкување. Не треба да се богослови без чувство на стравопочит – вели тој – и   недозволиво е догмите да се анализираат со било каков слушател – „со туѓ или со наш, со непријател или со пријател, со добронамерен или злонамерен“8. Богословието е мистерија-таинство: претворено во предмет на јавни дебати, тоа се десакрализира, ја губи својата мистична суштина:

За таинственото ќе говориме таинствено (mystikōs ta mystika phthengesthai), и за светото - свето; пред луѓе со осквернет глас нема да го изнесуваме она што не се разгласува; нема да дозволиме поголема стравопочит да покажат оние коишто им се поклонуваат на демоните, слуги на срамните митови и предмети – оние коишо попрво би ја пролеале својата крв одошто би дозволиле на непосветените да им го откријат своето учење9; како што во облекувањето, исхраната, смеењето и во начинот на одењето постои некаква пристојност, така и во словото и во молчењето треба да важи истото, дотолку повеќе што ние го почитуваме Словото заедно со другите имиња и сили Божји. Затоа нека и нашата љубов спрема богословските спорови биде во оправдани граници...10

Богословието не е ниту наука, ниту уметност, ниту професија; тоа не е ништо друго, туку мистично воздигнување кон Бога. Григориј не случајно во 28. слово се служи со сликата на Мојсеј на Синај, нагласувајќи дека вистински богослов е само оној кој е способен, влегувајќи во облакот, да комуницира лице в лице со Бога. Во таа развиена алегориска конструкција, Мојсеј символизира човек во кој богословието се раѓа од искуството на богоопштењето; Арон символизира човек кој богослови врз основа на она што го слушнал од други; Навад и Авиуд – луѓе коишто богословат врз основа на тоа што имаат висок хиерархиски степен. Но, ниту познавањето на искуството на другите луѓе, ниту свештеничкиот чин му даваат на човекот за право да богослови. Оние обични христијани, коишто себеси се очистуваат спроед Божјите заповеди, можат внимателно да слушаат проповед на богослов; неочистените не треба да земаат учество во богословски дискусии; оние, пак, коишто учествуваат во дискусиите со цел да го фатат за збор богословот и да го обвинат за догматска несигурност, треба да го напуштат соборот – нив не им е местото меѓу богословите, зашто движечката сила на богословието не може да биде злобата: 

Кога ревносно ќе се искачувам на гората,... ако е некој како Арон, нека се искачи заедно со мене и нека застане покрај мене, но нека забележи дека треба да остане надвор  од облакот. Ако, пак, е како Надав или Авиуд или како некој од старешините, нека се искачи, но нека застане подалеку, соодветно на степенот на своето очистување. Ако е како некој од толпата и од недостојните за такви висини и созерцувања, ако е нечист, нека не пристапува воопшто, зашто тоа не е безопасно, а ако, пак, е очистен на време, нека остане доле и нека ги слуша само грмотевицата и звукот на трубата, односно простите зборови на побожност, а на гората, пак, од која излегува чад и од која светкаат светкавци, нека гледа како на опасност и, напоредо со тоа, како на чудо за оние кои не можат да се искачат. А ако е некој зол и нескротлив ѕвер, сосема неспособен да ги прими зборовите на побожност и на богословие, нека не се крие в шума со зла помисла и со зла намера за да се фати за некоја догма или израз, и да нападне ненадејно,... туку нека застане уште подалеку, нека отстапи сосема од гората... Зашто словото, оддалечувајќи се од таквите луѓе, сака да биде претставено на тврди и камени плочи, и тоа на двете страни од плочите, затоа што во законот има и откриено и сокриено: откриено – за  толпата и за оние што пребиваат доле, а сокриено – за малубројните коишто се стремат да ја достигнат височината...

Раздвојувајќи ги христијаните на „толпа“, за којашто е можен само допир со „едноставни зборови на побожност“, и на „посветени“, на коишто им се достапни тајните на богословието, Григориј ја следи идејата, традиционална за александријците, за неколку нивои на поимање на Писмото: буквално (historia) и духовно-созерцувачко (theoria). Буквалното поимање, според Ориген и Климент Александриски, е карактеристично за мнозинството, а „духовното“ – само за оние кои „во сè бараат мудрост, скриена во тајната“, односно, само на „гностиците (познавачите) на Писмото“. Како и во Писмото, така и во религијата воопшто постојат различни нивои на поимање: нешто им е достапно на сите, друго останува за малубројните. Така е и во богословењето. Вистински богослов е Мојсеј, гностик и тајновидец; сите други, во зависност од степенот на своето очистување, се наоѓаат на поголема или на помала оддалеченост од него.
За духовното очистување, како неопходен услов за богословење, Григориј зборува во 32. слово, чија основна идеја се состои во следниов карактеристичен афоризам: „Голема работа е да се зборува за Бога, но уште поголема е – да се очистуваш себеси заради Бога“. Во овој исказ очистувањето – катарсисот – не му е спротивно на богословењето: во суштина, богословењето е она искачување на висината на Синај, коешто е невозможно без претходно очистување. Григориј тука повторно не настапува против богословењето воопшто, туку против оние кои, пред да се очистат, се осмелуваат да говорат за Бога. Тој ì  се враќа  на својата омилена идеја дека очистено слово, слово за она што е над зборовите, над разумот и над гласот, се раѓа од молчењето:

Вие не знаете каков Божји дар е молчењето, како и тоа да се нема потреба од кој и да е збор, туку според сопствена проценка едно да избираш а друго да избегнуваш, и самиот да си ги распоредуваш како зборовите, така и молчењето! Зашто, по својата природа, секој збор е слаб и колеблив, ... а дотолку повеќе тоа се однесува за зборот за Бог – колку е неговиот предмет повисок, ревноста посилна, опасноста пострашна. Но, од што сме се исплашиле и на што се надеваме? На умот, на зборот, на гласот – ако на сите три им се заканува опасност? Зашто, да се постигне е тешко, да се разјасни е невозможно, а да се најде очистен глас е потешко од сè...

 +++

 За богословење не е потребен толку напор на разумот, ниту надворешно образование или начитаност, колку што е потребно смирение и скромност. Според мислењето на Григориј, смирението не се состои само во надворешниот изглед, кој често дава лажна слика, и, можеби, воопшто не е во тоа како човекот се однесува спрема другите луѓе, туку, пред сè, во тоа како тој се однесува спрема Бога. Со смирен ум не е оној кој за себе зборува малку, пред малубројни и ретко, ниту оној кој смирено се обраќа на пониските по чин, туку оној „кој умерено говори за Бога, кој знае за што да говори и за што да премолчи, во што да го признае своето незнаење, отстапувајќи му го зборот на оној кој им право да зборува; кој признава дека другиот може да биде подуховен и понапреднат во созерцувањето“. Разговорот за богословењето повторно доведува до расудувањето за мочењето и за словењето:

„А што значи тоа? Треба ли да молчиме за Бога? Тоа ли ни заповедаш? – ќе каже некој од претерано ревносните.  Па, за што да говориме, ако не за тоа?...“ Не заповедам да молчите, најмудри, туку да не настојувате по секоја цена да биде по ваше; не наредувам да се сокрива вистината, но и да не учите на нешто што е спротивно на законот. Јас сум прв од оние коишто ја фалат мудроста, од оние кои ги практицираат или, во крајна линија, сакаат да ги практицираат божествените слова, и никогаш ништо не протиставив на тоа божествено занимање, за да не слушнам за себе од самата Мудрост дека сум бедник, зашто ја понижувам мудроста и ученоста. Меѓутоа, ја избегнувам неумереноста и се воздржувам од ненаситноста; јас попрво ќе прифатам да безделничам преку секоја мера, одошто да бидам прекумерно активен... Изучувај ги божествените работи, но остани во границите на дозволеното. Кажувај ги зборовите на Духот и, ако е можно, ништо друго; зборувај почесто одошто вдишуваш – зашто е добро и божествено, благодарејќи на потсетувањето за божествените работи, да се концентрираш на Бога, но размислувај за она што е заповедано. Не биди љубопитен за природата на Отецот, за тоа како Единородниот го добил постоењето, за славата и силата на Духот, за едно Божество во три... Биди брз на исповедањето на верата, ако те прашаат за тоа, а за она што е преку тоа, биди бавен, зашто во првото е опасно забавувањето, а во последното – брзањето...
 Со други зборови, секој треба да биде добар христијанин и да ги знае основите на верата, но не е секој повикан да ги истражува длабочините на догмите, во коишто многу нешта треба да бидат покриени со апофатичко молчење. На сите им е достапно размислувањето и расудувањето за религиозните теми, но не на сите – проникнувањето во тајните на богословењето. Секој христијанин треба да се очистува заради Бога: колку повеќе е очистен, толку повеќе станува богослов, и толку посилно во неговата уста звучат зборовите на Духот. Вистинското богословие се раѓа во молчаливо и смирено стоење пред живиот Бог, а не во споровите на догматски теми.

(Продолжува)

 

 


Архиепископ Иларион Алфеев: „Животот и учењето на св. Григориј Богослов.“

Подготви: д-р Драган Михајловиќ

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Јуни 10, 2023
TVIT602

Проскомидија

·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на Литургијата, нејзин пролог. Таа е нашиот допир со Небесното Царство и Небесното жителство.
Септември 13, 2021

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на Бигорската Обител, засветлил како светлозарна ѕвезда на богопрославениот светителски небосклон на Црквата Христова, во првата половина на ΧΙ век. За неговото родословие,…

Беседа за Успение на Пресвета Богородица oд Викарниот Епископ Јаков Стобиски

Сеп 03, 2021 Беседи 5843
Default Image
Беседа за Успение на Пресвета Богородица изречена од Викарниот Епископ Јаков Стобиски во…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 6650
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 6451
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 5636
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Православен календар

 

26/04/2024 - петок

Велигденски пости; (строг пост)

Светиот свештеномаченик Артемон; Светиот маченик Крискент; Светата маченичка Томаида;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св.Христов новомаченик Димитриј Пелопонески 13 април / 26 април 2024

Тропар на св.Христов новомаченик Димитриј Пелопонески 13 април / 26 април 2024

Исповедник на верата Христова постана,откако Спасителот Го повика кога се најде сред морските бранови,о Димитрие новомачениче.Надеж стана за паднатите кои во...

Тропар на преподобниот отец епископ Паријски Василиј 12 април / 25 април 2024

Тропар на преподобниот отец епископ Паријски Василиј 12 април / 25 април 2024

Василие, преподобен оче наш,верата во Христа ти ја сочува,иако велијар во безумие кон тебе поита,стадото Христово по твоите молитви Господ...

Тропар на светиот Христов свештеномаченик Антип Пергамски 11 април / 24 април 2024

Тропар на светиот Христов свештеномаченик Антип Пергамски 11 април / 24 април 2024

Велик те направи Спасителот тебе Антипопомеѓу ѕвездите небесни,и возвишено стана името твое во Црквата,на која како семе одбрано и послужии...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная