логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 


Содржина:
 Тајната на приближувањето кон Бога
    Богатството кое е секогаш со нас
    Кружење на духовните сфери
 Смрт и воскресение
    Стекнување благодат
     Дух животен
     Да се влезе во сопственото срце
    Ослободување на духот
    Непријатели на молитвата
    Средба на две личности
    Највиш дар
    Трпеза на љубовта
    Претчувство на вечноста
    За молитвата во прашања и одговори
    Пробив во вечноста
    Више дејствување на човекот
 Апокалипсата
            1 дел; 2 дел; 3 дел; 4 дел; 5 дел; 6 дел; 7 дел; 8 дел; 9 дел
            Псалми
            Псалм 51; Псалм 115; Псалм 133 
            Прилог
           Проповеди за молитвата
           За молитвата
           За исцелението на ерихонскиот слепец (1)
           За исцелението на ерихонскиот слепец (2)

Дух животен

Духовниот живот во многу нешта е уметност на молитвата. Светите Отци ја нарекуваа молитвата дух животен, нерви на душата, златен дожд што се излева на душата на човекот, непресушлив извор на благодат, небесно богатство кое човек секогаш го има при себе. Молитвата е клуч што ја отвора вратата на Небесниот Ерусалим.
Молитвата е лествица, по која душата се подига од земјата кон престолот Божји.
Молитвата е вечна, нераспадлива, неизгаслива небесна светлина која го гледа срцето на човекот.
Молитвата е воскресение на човечката душа пред воскресението на телото. 
Молитвата е крилја на душата: без неа душата во своите помисли и страсти ползи како црвец по земјата.
Молитвата е озарение на бездната на нашата душа од небесната светлина.
Молитвата е постојано престојување со Бога, неоскуден извор на светла радост.
Молитвата е претчувство и предворје на рајот.
Човекот е создаден за вечност: неговата вистинска татковина, неговиот татков дом е небото. Овде, на земјата, тој е изгнаник и странец. Кога човекот заборава за своето предназначение, кога му се чини дека неговиот живот е само краток пат од раѓањето до смртта, од колепката до гробот, тогаш тој станува најнесреќното суштество на земјата.

Молитвата е сеќавање на изгубениот рај, тоа е упатеност на душата кон Бога. За молитвата не постои време и растојание. Ако срцето возвратило на зборовите на молитвата, тогаш нив ги слушнало небото. Ако зборовите на молитвата се излеале од длабочината на душата, тие го стигнале Господа. Често во молитвата ни се случува судбинска грешка: ни се чини дека се молиме со свои сили, сами по себе, а Бог само одговара на нашата молитва. Но тоа не е така: ние вистински се молиме само тогаш кога Божјата благодат се моли заедно со нас.

Благодатта е Божествена љубов, Божествена сила, која го спасува човекот. Самото “потсетување” за молитвата, желбата да се молиме е дејствие на благодатта.

Човекот може да ја прими благодатта и може да ја отфрли, но “да ја замени” благодатта со своите човечки сили е невозможно. Ако човек смета дека може да се моли само со силата на својата волја, со концентрацијата на своите мисли, со возбуденоста на своите чувтсва, со сопствениот телесен труд (поклони, коленичења), тогаш, значи, тој ја припишува молитвата на својот личен подвиг, на своите човечки способности, и тогаш доаѓа до губење на самата молитва: или нашите сили се трошат и молитвата се распаѓа како здание што не е изградено на камен, туку на песок; или доаѓа до кинење на душевните чувства и после молитвата човекот наместо да стекне душевен мир паѓа во болна раздразнетост, како нервите да му се соголиле. Или пак, што е полошо од с#, тој потонува во состојба на мечтателска восхитеност, во гордо самољубие. 
Демонот му сугерира на човекот дека е тој голем подвижник, му ја успива душата со приспивна песна. Треба да се сеќаваме на зборовите на Господ: Без Мене не можете да направите ништо . А молитвата - тоа е више творештво на духот, пред кое душевното творештво, со сите создадени од него ремек-дела на уметноста, е бледо и ништожно.

Црквата установила на почетокот на молитвеното правило да се кажува молитва кон Светиот Дух: без Него молитвата ќе биде мртва. Но, како да дознаеме каде дејствува благодатта, а каде човечките сили? Зашто нашите духовни чувства не се обучени: и својата восхит, и своето расположение можеме да го земаме за духовно преживување. Да & се даде место во своето срце на Божјата благодат, може само ако се отстранат две препреки кои &  пречат да дејствува во нас: првата е страстноста, втората - гордоста.

Молитва без покајничко чувство - тоа не е разговор со стравопочитување, туку дрско повикување кон Бога. Господ е свет, а ние грешни, затоа, само преку покајанието можеме да се приближиме до небесниот пламен и да не се изгореме. Борбата со гордоста - тоа е постојано чувство на својата немоќ и својата бессилност, постојано чувство на потреба од помош на благодатта. Ние како да Му велиме на Бога: “Бессилен сум, Ти Самиот моли се во мене, Самиот учи ме да се молам и Самиот прими ја таа молитва”. Тогаш човек во молитвата ќе чувствува нешто друго: не своја сила, туку сила Божја. Тогаш ќе сфати дека неговата душа порано било бесплодна, мртва, како вжештен песок во пустина. А сега во таа пустина се отвориле изворите на вода. 

Сепак, не треба ни да се помисли дека нашата волја е исклучена од молитвата: обратно, нашата волја &  се покорува на благодатта, ја чува благодатта во срцето, ја посакува таа благодат, го заслушува нејзиниот беззвучен глас, &  ја оддава нејзе сета слава, а за себе мисли како за способна само да греши. Кога човек, обраќајќи се кон Бога, вели: “Јас...”, тогаш Господ го остава него со неговото малечко “јас”. Кога човек во молитвата му вели на Бога: “Ти...”, тогаш Бог ја исполнува неговата немоќ и скудност со Својата сила и престојува со него.

Основа на молитвата е мислата: “Ти си с#, а јас - ништо”. Тоа е тој гранитен фундамент. Се случува некое тајно единство на Бога со душата: душата внимателно ја слуша благодатта, а благодатта ја слуша душата. За ова апостол Павле вели вака: Повеќе се потрудив од сите нив; само не јас, туку Божјата благодат, која е со мене.

Ако Господ треба да биде виша цел и главна содржина на животот за верниот човек, значи способноста на душата да се обраќа кон Бога, то ест молитвата, треба да стане како некој внатрешен стожер што ќе ги проникнува сите мисли, зборови и дела на човекот. Ако човекот живее за вечноста, со своето земско битие се подготвува за вистинскиот живот, кој нема крај, најважно дело за него треба да биде молитвата, а с# друго, вклучувајќи ги домашните и општествените обврски, служи само како подготовка за него.

Најчесто мислиме дека надворешните услови, особено работата, &  пречат на нашата молитва. Всушност, главна пречка за неа се нашите сопствени внатрешни противречја. Онака како што на движењето на крвта по артериите и вените му пречат разните творби што ги создава склерозата, така и молитвата ја попречуваат не зафатеноста и трудот, туку лагата и лицемерието, мрзливоста и сластољубието, премногу големата приврзаност за земниот живот.

Што треба да се направи за нашите должности да се поврзат со исполнувањето на заповедите за непрестајната молитва? (Молете се постојано! Благодарете за с#  , - вели светиот апостол Павле). Не треба својата работа да се прима како јарем, ставен на вратот на животното, или како данок кој треба да му се плати на светот, а потоа слободното време да & се посвети на молитвата. На својата работа треба да се гледа како на послушание, дадено од Бога, да се изведува како пред лицето на Бога - со сета сесрдност и добра совест, секогаш имајќи ја мислата дека им служиме не на луѓето, туку на Самиот Господ. Ако работиме не за тоа што побргу да завршиме со работата за да се занимаваме со духовен живот, туку така за да му угодиме на Бога, тогаш самата работа ќе стане стимул за молитвата, макар и да ни одзема повеќе време и да бара поголем напор и труд отколку порано. Тогаш животот, соединувајќи се со молитвата, сиот ќе биде проникнат со нејзината светлина, тогаш нашата совест ќе стане спокојна.

Главни сили на душата се волјата, разумот и чувствата. Волјата треба да се вежба во тоа да се принудуваме себеси да се потчинуваме на разумот, а не на чувствата, волјата треба да биде сојузник на умот, а не на емоциите и расположенијата. Чувствата треба да се обучуваат со очистување од страстите и слепа приврзаност. Во духовниот живот насладата е непријател на умот и срцето, тоа е мамка која човек ја голта, како рибата што се фаќа на јадица.

Разумот треба да се вежба за молитва: со сеќавање на смртта и негово подигање од видливото кон невидливото, од вештественото кон духовното. На пример, љубувајќи &  се на природата или на човекот, да помислиме: “Колку прекрасен треба да е Создателот, колку е неискажлива убавината на духовниот ангелски свет!” Ја гледаш светлината на сонцето - спомни си за духовната светлина, што ја просветува душата на луѓето. Си го забележал ноќното небо, кажи си себеси: “Колку е велик Творецот на тие небесни светови! Колку тајни се сокриени од човекот!”  

Секој предмет, секој настан може да му послужи за умот како потсетување за идниот живот, за духовниот свет; научениот на тоа ум од сето тоа може да извлече за себе лекции и примери. 

За да не се подјармиш на земното, вештественото и надворешното, во сите ситуации мисловно прашувај се себеси: “Што ќе биде понатаму, како ќе заврши сето ова?”. Ќе видиш дека крајот на с# земно е прав и распаѓање и дека само духовното е вечно. Со самото тоа ќе го очистуваш умот од земните облици, ќе ја подигаш душата кон Бога, ќе се сеќаваш на Неговата сеприсутност, ќе го имаш во мислите, односно ќе имаш молитва. На пример, те мами убавината на женското лице прашај се себеси: Што ќе биде со тоа лице по дваесет или триесет години?  Брчките ќе го избраздат лицето како со белези; очите, чиј блесок ти се чини како сјај на скапоцен камен, ќе згаснат, забите ќе испаднат. И што следува?  Смрт. И што ќе стане со покојникот во гробот по неколку дена? Лицето ќе потемне, ќе почне да отекува, ќе се осети мирис на распаѓање, а по еден месец во гробот - страшно студенило, во кое се прпелкаат црвје. Ете тоа е земната убавина и нејзиниот крај.

Ако се научиме да се прашуваме: “Што следува? Што ќе биде потоа?”, ќе сфатиме дека с# што е видливо е осудено на погибел, дека с# што е светско е неверен пријател кој ќе н# напушти, дека единствената вредност во овој свет е човечката душа. Вакви и слични “вежби” го очистуваат умот и го подготвуваат за молитва.

Животот не треба да биде без поредок и хаотичен. Човек не треба одеднаш да се зафаќа за неколку работи: тој се троши и уморува од самиот беспоредок во работата, и тогаш во неговата душа наместо благоговение кон Бога се јавува чувство на униние, ропот и раздразнетост кон себе и другите. Му се чини дека насобраните работи се превратиле во огромна планина, за која тој нема сили да ја помести. Одложената или незавршената работа му ја притиска душата, како неисплатен долг. Не трудот, туку внатрешната расфрленост &  пречи на молитвата. Треба да се земе за правило да не се прават неколку работи одеднаш, туку, спокојно размислувајќи, човек самиот за себе да одлучи која работа му е најважна и неодложна, па да почне од неа, како таа да е единствената работа која треба да ја направи. Потоа треба да се бори со расеаноста и невнимателноста, како со непријатели на својата душа. 

Кога човек одеднаш се зафаќа со неколку работи и, не завршувајќи ја едната, мисли за друга, тогаш тој развива такви својства на карактерот кои можат да се наречат хронична небрежност и хронична безволност. Таквиот човек не може да се сосредоточи на молитва: извршувајќи го молитвеното правило, тој во исто време ќе размислува и ќе решава за многу работи. Неговата молитва ќе премине во механичко повторување на научени напамет зборови, при што мислите ќе се разбегуваат на сите страни како капки од излеана жива. Само завршувајќи една работа, човек може да пристапи на друга.

Сега за надворешната страна на молитвата. Човекот се состои од дух, душа и тело. Положбата и состојбата на телото за молитвата се многу важни. Кога човек го раслабува своето тело, мислата му станува тромава, таа како да дреме. Кога човек при молитвата седи како во нишалка, ставајќи нога на нога, или лежи во небрежна поза, кај него исчезнува чувството на благоговение кон молитвата, тој фамилијарно, како низ заби да зборува со Бога.
Постојат два вида говор, два вида самоизразување: преку зборот и преку гест или движење. Поклоните, коленичењата - тоа е безгласно обраќање кога зборовите се заменуваат со движење. Тоа е еден вид писмо, кое не е напишано со мастило на хартија, туку е одразено, воплотено во самото човечко тело.  

За духовниот живот огромно значење има контролата на тоа што зборува човек: секој празен збор е губиток на скапоцена енергија од човечката душа, затоа после долги и несодржински разговори кај човек се појавува чувство на опустошеност, губиток. Му пропаѓа желбата да се моли, душата му се полни како со некоја магла и тежина. Самиот себеси се мрази.

Секој лажен збор е белег на лицето на човековата душа, нејзина лузна што го унакажува. Секој гнил и безобразен збор е смрдлива рана, зашто Господ рекол дека за секој празен збор човек ќе даде одговор на Страшниот Суд, уште повеќе за секој лош збор . Овде е заемната врска меѓу душата и зборот: срцето раѓа помисла, од која потекнува зборот, а кажаниот збор како бумеранг се враќа кај човекот: душата станува главна цел на неговите сопствени зборови.

Истото може да се каже за јазикот на гестовите и движењата: тие можат да изразат не само силни емоции туку и фини движења на човечката душа. Во одењето, во движењето на телото, во ставот на човекот наоѓа свој израз цела гама чувства: радоста и тагата, високомерниот презир и тајната страст, љубовта и одвратноста. Со особена мимичка сила се изразуваат такви страсти како што се гневот, стравот и блудот. Затоа човекот треба како што ги следи своите зборови, така да ги следи и движењата на телото и лицето. Во ставот помалку отколку во зборовите, може да се пројави распуштеност. Но во исто време, ставот може благотворно да дејствува на душата на човекот ако човекот во состојба на гнев го сочува внатрешното спокојство, не ги стега рацете во тупаница и не ги стиска забите, не се мурти, не шета нервозно по одајата, не размавтува со рацете или на некаков друг начин не ја пројавува својата страст, па таа нема да добие поддршка од страна на телото и човекот набргу ќе се успокои. Тоа може лесно да се провери во сопствениот опит.

Ако човекот се воздржи од слобода во движењата или од мечтателска раслабеност за време на искушенијата со нечисти помисли, тие брзо ќе поминат, како што поминува облак по небото. На некои им се чини дека надворешното нема значење за духовниот живот, дека единствен долг на човекот е да му го даде на Бога своето срце. Но тие не разбираат дека телото не е облека, туку дел од нас самите, дека меѓу телото и душата постои најтесна заемна врска, дека очистувањето на срцето - не е само намера и одлучност, тоа е упорен труд, кој трае до самата смрт.

Во секое обучување гледаме премин од полесното кон потешкото, од простото кон сложеното; контролата над своето тело - тоа е услов, неопходен не само за почетниците, тоа е еден од оние крајноаголни камења на кои се подига зданието на сиот наш духовен живот.

Црквата го вклучила во богослужбата како органски дел на молитвата јазикот на обредите. Може да се каже дека не само умот на човекот туку и сиот човек како душевно-телесно суштество учествува во богослужбата. Црковниот обред е особен символичен јазик. Дури и ако човек не може да го преведе обредот што го извршува на јазикот на зборовите, односно да го објасни, но учествува во него, тој, сепак, се вклучува во благодатното поле на Црквата, како што се вклучува ламба во електричната мрежа, макар што ние, во суштина, не знаеме што е тоа електрика, туку го фиксираме само неговото дејство и сила.

Светите Отци забранувале нескромни, несредени, метежни движења, кои ја исполнуваат нашата душа со нечисти и бесмислени помисли. Обопштувајќи ги нивните поуки што се однесуваат до овој предмет, накратко ќе ги изразиме нивните судови за тоа: човекот треба да се држи скромно и просто. Дури и насамо со себе или заспивајќи треба да се сеќава дека не е сам, туку дека се наоѓа во присуство на Ангелот-чувар. Светите Отци советуваат за време на молитвата да се биде посебно сталожен, да не се преместува човек од нога на нога, да не го раслабува телото. Ако е човек многу уморен, подобро да седне и некое време да ја продолжи молитвата седејќи.

Што се однесува до поклоните и коленичењата, тоа е израз на нашата почит кон Бога. Овде движењето и гестот како да го дополнуваат зборот, го засилуваат и го продлабочуваат. Телото при молитвата не треба да биде ни раслабено, ни многу напрегнато. Првото го ослабува, како да го заспива човекот, а второто го уморува човекот. Телото треба да биде собрано, треба да се наоѓа во состојба на внатрешна готовност, како што станува пред извршување на некоја работа, која бара сила и брзина, кога човек како да ги чувствува своите мускули уште не напрегајќи ги.

Човекот е единствена личност, единствена психофизичка монада , затоа во молитвата треба да биде вклучен со сето свое духовно-телесно суштество.     

 

Издавач : манастирот на св. Атанасиј Велики, с. Журче

 


Друго:

    Man.Zurce2.jpg

 

Од издавачката дејност на манастирот на св. Атанасиј Велики, с. Журче

sv.Serafim.Sarovski1d.jpgСв.Серафим Саровски - Сеќавањата на Богданович 

 

 

 

 

{moshits}



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Јуни 10, 2023
TVIT602

Проскомидија

·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на Литургијата, нејзин пролог. Таа е нашиот допир со Небесното Царство и Небесното жителство.
Септември 13, 2021

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на Бигорската Обител, засветлил како светлозарна ѕвезда на богопрославениот светителски небосклон на Црквата Христова, во првата половина на ΧΙ век. За неговото родословие,…

Беседа за Успение на Пресвета Богородица oд Викарниот Епископ Јаков Стобиски

Сеп 03, 2021 Беседи 5834
Default Image
Беседа за Успение на Пресвета Богородица изречена од Викарниот Епископ Јаков Стобиски во…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 6646
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 6443
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 5632
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Православен календар

 

24/04/2024 - среда

Велигденски пости; (строг пост)

Светиот свештеномаченик Антипа епископ Пергамски во Азија; Светите маченици Прокес и Мартинијан;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на преподобниот отец епископ Паријски Василиј 12 април / 25 април 2024

Тропар на преподобниот отец епископ Паријски Василиј 12 април / 25 април 2024

Василие, преподобен оче наш,верата во Христа ти ја сочува,иако велијар во безумие кон тебе поита,стадото Христово по твоите молитви Господ...

Тропар на светиот Христов свештеномаченик Антип Пергамски 11 април / 24 април 2024

Тропар на светиот Христов свештеномаченик Антип Пергамски 11 април / 24 април 2024

Велик те направи Спасителот тебе Антипопомеѓу ѕвездите небесни,и возвишено стана името твое во Црквата,на која како семе одбрано и послужии...

Тропар на св. Христови мач.Терентиј, Африкан, Максим, Помпиј, Зинон, Александар, Теодор, и др.33 со нив 10 април /  23 април 2024

Тропар на св. Христови мач.Терентиј, Африкан, Максим, Помпиј, Зинон, Александар, Теодор, и др.33 со нив 10 април / 23 април 2024

Рахила плачеше по своите деца,о свети пустињаци од дванаесетте манастири,а ние денес се радуваме на вашите венци невенливи,ангел Господов свитата...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная