логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 

Во издание на  библиотеката „НЕБЕСНИ ЦВЕТОВИ“  при манастирот на св. Атанасиј Велики, с. Журче излегоа од печат две нови книги, и тоа:   ДУШТА ПОСЛЕ СМРТТА од јеромонах Серафим Роуз и ПАТОТ НА ХРИСТИЈАНИНОТ од Арх. Рафаил Карелин.
Во моментов, книгите може да се купат  во манастирот  на  св. Јован Крстител, с. Слепче и во манастирот на св. Атанасиј Велики, с. Журче , или на контакт маил: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Библиотеката “НЕБЕСНИ ЦВЕТОВИ” ги  има издадено и следните книги:

  • “НОВ ЗАВЕТ”
  • “Тајната на спасението” од арх. Рафаил Карелин
  • “Светињата на животот и детеубиството”
  • “Касијана”
  • “Свети Серафим Саровски”  “Свети Нифонт”

 


 

Идниот суд
 
 Веќе се беше стемнило. Светителот само што ја завршил својата редовна ноќна молитва. Се спружил преку камењата, како што имал обичај, да поспие. Но сонот не доаѓал. Времето поминувало. Дошло полноќ, а тој с# уште со отворени очи го гледал бескрајното небо со ѕвезди и месечина.
 Така сосема сам, помислил на страшниот суден час, се сетил на своите гревови и почнал да плаче.

 Одеднаш, го видел небесниот свод кој како завеса се повлекувал, а зад него се појавувал Господ Исус Христос! Бил огромен и лебдел во воздухот. Околу Него се построиле сите небесни чинови, ангели, архангели... набљудувајќи Го со страв и трепет, со многу почитување и побожност.
 Господ му дал знак на заповедникот и тој Му пришол, сиот заслепен од светлината.

 - Михаиле, кнезу на Заветот – му рекол. – Подигни го со својата чета (собор) огнеобразниот престол на славата Моја и појди во долината Јосафатова. Постави го таму да биде спремен за Моето доаѓање. Да, бидејќи нема да задоцни судниот час, кога секој ќе ја прими наградата за своите дела. Поитај, се приближи тој ден. Ќе платат сите што се поклониле на идолите и се откажале од Мене - својот Создател, кои богови ги нарекуваа камењата и дрвјата што им ги дадов за нивните потреби. Сите тие ќе се разбијат како грнчарски сад66.  Така ќе биде и со Моите непријатели и со еретиците, оние кои се осмелија да ме одвојат од Мојот Отец и оние кои се осмелија да го понижат Мојот Утешител, Духот. Тешко ним, какви маки ги чекаат!
 - Ќе им објавам сега и на Јудеите кои не поверуваа и Ме распнаа. Кога бев на Крстот, зборуваа: Аха, Ти што го уриваш храмот… спаси се себеси!67  Сега ќе ја применам Својата власт и ќе судам праведно. Одмаздата е Моја. Јас ќе отплатувам.68  Ќе судам, разобличувам, осудам и строго ќе го казнам развратниот и лукав род, бидејќи му дадов шанса да се покае, а тој не ја искористи. И сега ќе се одмаздам.
 - И содомитите, кои го осквернија воздухот и земјата со смрдеата своја, Јас Кој ги изгорев повторно ќе ги изгорам, бидејќи се одвратија од сладоста на Светиот Дух и ја возљубија ѓаволската наслада.
 - Сега ќе платат и прељубодејците, неразумни и помрачени. Не им беше доволна нивната сопствена жена, туку како угоени коњи: секој од нив ’ржи по жената на ближниот свој69.  Така, поради своето безумие, се испратени во огнениот амбис каде што сатаната ги врзал. Зар не слушнаа дека е страшно да се падне во рацете на живиот Бог?70  Сепак, не се исплашија. Затоа сега ќе ги казнам строго. Им понудив покајание, а тие не се покајаа.
 - Ќе ги казнам и крадците, и убијците, и злочинците. Во Тартар ќе ги фрлам. Сега ќе им покажам колку изгубиле што не го слушале Бога и Неговите заповеди. Каде се нивните добри дела? Каде им е покајанието? Им го дадов како пример блудниот син, но и многу други, за да не паднат во очајание. Но тие ги прескокнаа Моите заповеди. Мене ме замразија, а блудот го засакаа. Од Мене се откажаа, а станаа робови на гревот. Нека паднат тогаш во огнот кој сами го распалија.
 - Оние кои умреа во злопамтење ќе ги предадам на страшен немир. Бидејќи не го засакаа Мојот мир, туку живееја во гнев, лутина и злоба.
 - Ќе направам да исчезнат лакомите, лихварите, среброљупците и идолопоклониците, кои ја положија својата надеж на златото, а ме оставија Мене, како да не се грижев за нив.
 - Ќе ги осудам и оние наводни христијани што велат дека нема воскресение на мртвите или дека постои селење на душите. Сите нив ќе ги стопам како восок во гееаната и со огнот ќе ги претворам во прав и пепел. Тогаш ќе им покажам дали има воскресение на душата или не.
 - Бајачите, гатачите и познавачите на ѕвезди сосема ќе бидат уништени, ќе се развејат по ветрот и ќе исчезнат.
 - Пијаниците и безделниците ќе бидат фрлени во провалија. Тешко ним кои пеат и играат, гордо и бесрамно сквернословат. Со сенката своја си играат. Ним праведно и беспристрасно ќе им судам. Ги повикав, а тие не само што не Ме послушаа туку и уште повеќе Ми се потсмевнаа. На сите им понудив милост и покајание, но никако кон Мене не се свртија. Сега црвот ќе им го изеде срцето.
 - Оние што ги презреа Божествените Писма напишани од Мојот Дух и рацете на Моите светители, ќе ги фрлам во темнина и невиделица. А бидејќи не ги исполнија Моите заповеди, туку им се потсмеваа, сега Јас ним ќе им се исмеам, ќе ги посрамам и ќе ги предадам на огнот.
 - И оние што прибегнуваат кон заколнување и кон бајачи за да се исцелат, тие што веруваат дека ќе им помогнат ножеви, мотики, српови и други магиски орудија, строго ќе ги разобличам. Тогаш ќе им биде јасно дека требало да се надеваат на Бога, а не на Неговата твар. Тие секако ќе се спротивстават бунејќи се и барајќи оправдание, но ништо нема да им помогне, бидејќи стигнал веќе часот на наплатата.
 - Ќе ги казнам, се разбира, и царевите и кнезовите кои постојано Ме огорчуваа со своите неправди. Нивните одлуки беа беззаконски, нечесни, горди и погубни за луѓето. Земаа дарови и судеа пристрасно, користејќи го правото за да ја покријат неправдата. А Мојот суд не зависи од даро-вите. Како Господ и Бог, ќе направам да исчезнат според нивните лукавства. И тогаш ќе разберат дека Страшниот, Кој ги скротува духовите на кнезовите, пострашен е од земните цареви.71  Несреќи нивни! Какви маки ги чекаат! Бидејќи со забите свои крцкаа против Мене.72  И проливаа невина крв, крвта на синовите свои и на ќерките свои!73 
 - На каков само гнев ќе ги предадам и оние свештеници што не беа вистински пастири, туку беа наемници! Вие кои ги растуривте74 овците мои75, кои итате по злато и сребро, кои недостојно примивте свештенство…
 - Колку страшна ќе биде нивната казна!? Колкава е нивната мака!? Во својот гнев и својата лутина ќе ги потресам!76 Гледаа да стекнат пропадливи овци и говеда, а за Моите словесни овци не ги заболе душата. Тогаш ќе ги посетам со жезалот поради нивното беззаконие, и со рани - заради неправдите нивни.77 Што се однесува до свештениците кои се шегуваат или се расправаат во светите Мои цркви, во оган ќе ги изгорам, во Тартар ќе ги фрлам и како тула ќе ги искршам!
 Јас сум Оној Кој ќе дојде. Дојдов и повторно ќе дојдам. А кој ќе најде сила, нека застане пред Мене!
 - Тешко на беззакониците што ќе паднат во Моите раце! Бидејќи ќе стојат пред Мене голи и откриени.78  Каде тогаш ќе биде нивната бесмртност? Како ќе погледнат во Моето лице? Каде ќе го скријат својот срам кога ќе бидат посрамени пред сите Мои ангели?
 - Ќе ги осудам и монасите што живееја безгрижно и така не го сочуваа ветувањето што го дадоа пред Бога, ангелите и луѓето, оние кои едно одредуваа, а друго правеа. Нив ќе ги зграпчам и ќе ги фрлам во амбис, бидејќи не им беше доволна само нивната гибел, туку соблазнија и наведоа на грев и други. Подобро ќе им беше да не се откажеа од светот, отколку што се откажаа, а проживеаја грешно и блудно.
 - Јас сум Оној Кој ќе казни, Јас сум Оној Кој ќе врати, Јас ќе судам како праведен Судија на сите кои не сакаа да се покајат!
 Со трепет ги ислушале неброените сили ангелски, громогласните Господови зборови упатени кон чиноначалникот Михаил.
 - Донеси ми ги седумте векови на создавањето на светот! – му заповедал Тој на архангелот.
 Михаил веднаш тргнал во домот на Заветот и ги донесол. Тие биле едни големи книги. Ги положил пред Господа и се тргнал настрана, гледајќи со страв како Тој ги врти страниците на историјата и чита с# што се случило низ вековите.
 Така, Судијата ја зел книгата на првиот век, ја отворил и рекол:
 - Овде најпрво пишува: Отец и Син и Свет Дух, еден Бог во три лица. Од Отецот се роди Синот, Творецот на вековите. Преку Словото на Господа се зацврстија небеса-та, и преку Духот на устата Негова - сите сили нивни.79
 Потоа свртил малку понатаму во книгата и рекол:
 - Овде пишува: образ на невидливиот Бог е првиот човек Адам, со својата жена Ева. Седржителот на Адам, Бог, Творецот на с# видливо и невидливо, му даде заповед, еден закон. Со држењето на тој закон ќе биде загарантиран блажениот човечки живот, бидејќи секогаш ќе го потсетува дека Бог е над него.
 Погледот му се насочил понатаму.
 - Овде пишува за престапот кој го направи човекот - образот Божји. Тој беше измамен и падна. Или подобро кажано, падна поради својата сопствена немарност и невнимание. Затоа беше истеран од рајот по праведен суд и одлука Божја, зашто како на бесрамен престапник, не му доликуваше да живее во таква добрина.
 Повторно свртил малку понатаму.
 - Каин – рекол – го послуша советот на ѓаволот и го уби Авел. Тој секако ќе изгори во геената огнена, бидејќи остана непокаен. А Авел ќе живее вечно.
 Малку подолу, прочитал:
  - Пример на благословот е Сит. Икона на осветувањето е Енос. А праобраз на Моето вознесение е Еноховото80.
 Вртејќи така страница по страница, Тој стигнал до крајот на книгата и рекол:
 - Книгата на првиот век: овде се запишани животот и смртта, правдата и беззаконието, смирението и превознесувањето на луѓето што се родиле во тие години. Секому ќе му се суди според делата негови.
 На ист начин, Тој ги прелистал и другите пет векови. Потоа ја зел во рацете последната книга и рекол:
 - Почеток на седмиот век: тоа е крај на вековите и почеток на злобата, лукавството, среброљубието и немилоста. Луѓето сега стануваат полукави отколку некогаш, завидливи, лицемерни, славољубиви, сластољубиви и потчинети на сите гревови.
 Тој поминал малку понатаму низ книгата, нешто прочитал, а потоа ги подигнал очите нагоре, удрил со раката по челото, ги покрил со дланките очите и накратко останал така неподвижен. Одеднаш, како да се повратил, зборувајќи си како Самиот на Себе: „Навистина овој седми век ги надмина во неправда и лукавство претходните шест века!”
 Погледнал повторно понатаму во книгата и рекол:
- Незнабошците и нивните идоли се соборени со Мојот Крст и сотрени се со копјето и клинците со кои беше прободено Моето живоносно Тело.
 Накратко замолчил, а потоа повторно се наведнал над книгата.
 - Дванаесет кнезови на Големиот Цар – рекол – бели како светлина го потресоа морето. Ги уништија ѕверовите. Ги удавија змиите. На слепите им дадоа вид. Ги наситија гладните. Ги осиромашија богатите и пред с#, уловија многу луѓе, давајќи им нов живот. Голема е нивната награда!
 Малку понатаму Тој прочитал:
 - Јас, Љубениот Син, избрав за Себе и маченици. Нивната приврзаност се вознесе до небесата. Нивната љубов стигна до Мојот престол. Нивниот копнеж влезе во Моето срце. Горам од нивната љубов! Славата Моја и силата Моја е со нив!
 Потоа свртил многу страници и се насмевнал.
 - Човекот кој со побожност го сочува владеењето на Седморидието81 и примајќи царување над него, стана служител на Мојата љубов, Мој ревнител и подражавач. Затоа му доликува Царство Небесно.
 Потоа бргу поминал и други страници. А на едната застанал и воскликнал:
 - Невесто Моја прекрасна и многудрагоцена! Колку лажговци се обидуваа да те понижат и обесчестат! Но ти Мене не Ме издаде, својот единствен Љубеник! Те нападнаа небројни ереси, но карпата на која си основана не се поколеба, бидејќи вратата адова нема да ја надвладее82.     Поминувајќи на следната страница, Господ рекол:
 - Овде се запишани сите човечки зборови, и добрите и лошите, кои смртта успеела да ги престигне, а не биле избришани со покајание.
 Понатаму биле запишани сите други човечки прегрешенија – многу, безбројни, како песокот морски! Господ ги прочитал, секој момент свртувајќи ја главата и тешко воздивнувајќи, додека мноштво ангели, вон себе, стоеле во трепет од страшното читање.
 Тој веќе дошол до средината на седмиот век, кога пуштил глас на негодување.
 - Доста е веќе! Оваа последна книга е преполна со злобни гревови. Какви лаги, какви зла, какви непријателства, какви убиста, смрдеа и нечистотија! Доста е! Ќе го пресечам тоа наполу, за гревот еднаш засекогаш да се уништи!
 Тој веднаш на чиноначалникот Михаил му дал знак за Суд.
 Михаил во истиот момент отишол кај својата војска – толку бројна, што и земјата им била мала! Тие го подигнале неописливиот престол на Господа и се оддалечиле. А оддалечувајќи се пееле:
  - Свет, Свет, Свет е Господ, страшен, голем, висок, чудесен и прославен во вековите на вековите.
 Потоа се оддалечил и чиноначалникот Гаврил со својата војска, гласно пеејќи ја победничката химна:
 - Свет, Свет, Свет е Господ Саваот! Целата земја е полна со Неговата слава.83
  Од тоа страшно славословење на небројните усти ангелски се потресле небото и земјата.
 Трет бил отпуштен чиноначалникот Рафаил со војската која пеела:
 - Еден е Свет, еден е Господ, Исус Христос, во слава на Бога Отецот. Амин.84
 Најпосле заминала и четвртата војска. Нивниот водач Уриил бил бел како снег, сиот од светлина и потресно убав. Заминувајќи, и тој пеел со воодушевување:
 - Бог на боговите проговори и ја повика земјата од истокот на сонцето до западот. Од Сион, кој е врв на убавината, ќе се појави Бог; иде нашиот Бог, и ќе прозбори; пред Него оган ќе се разгори, околу Него бура... и останатите стихови од Псалмот.85
 Неговите војници пак воскликнувале:
 - Стани, Боже, суди &  на земјата, зашто Твои се по наследство сите народи.86 Благословен е кој ќе дојде, бидејќи Он ќе &   суди на вселената по правда, и на наро-дите -  според Својата вистина.87 
 Потоа пред Бога го донесле прославениот Негов крст кој светел како молња и неискажливо мирисал. Двете војски, Властите и Силите, Го држеле со многу благоверие и почит. Глетката била страшна и потресна.
 Додека полека пристапувале, Силите пееле:
 - Ќе Те превознесувам, Боже мој, Цару мој, и ќе го благословувам името Твое сега, секогаш и во сите векови88.
 А Властите антифоно пееле:
 - Превознесувајте Го Господа, нашиот Бог, поклонувајте Му се во подножјето на нозете Негови, зашто тоа е свето.89  Алилуја, Алилуја, Алилуја.
 Потоа била дадена божествената заповед повторно да дојде чиноначалникот Михаил. Тој веднаш се појавил пред Господа заедно со еден ангел кој држел нешто налик на лак со бледорозова боја, на чиј крај висела голема труба. Трубата однадвор била покриена со кадифе, а одвнатре со нешто налик на прав. Однадвор пишувало ,,ВОСКРЕСЕНИЕ НА МРТВИТЕ”, а на внатрешната ,,ЖИВОТ ВО БЛАГОВЕРИЕ НА УПОКОЕНИТЕ”.
 Господ ја зел во рацете, дувнал трипати и изговорил три тајни збора. Потоа ја предал на архангелот Михаил и му рекол:
  - Земи ја ова труба и појди на Голгота, каде што ги испружив на Крстот непорочните Свои раце. Таму дувни трипати и чекај.
  Потоа ја повикал другата војска - Началствата, и му рекол на нивниот заповедник:
 - Земи ја свештената своја чета и расејте се по целиот свет. Воздигнете ги на облаците светителите од исток и запад, север и југ и доведете ги кај Мене, на средба, штом ќе се слушне трубата.
 На еден друг ангел му заповедал да се превртат небото и земјата од гнилежност во негнилежност, да се помрачат сонцето и месечината, да паднат ѕвездите, да се исушат реките и морињата, с# да се умртви…
 Потоа праведниот Судија внимателно погледнал на земјата и видел магла и мрак насекаде, пиштење и силни лелеци, човечко викање и воздишки од тешката тиранија на сатаната. Змијата беснеела и полудувала. С# уништувала и газела како трева, додека ги гледала Божјите ангели како &  спремаат вечен оган.
 Набљудувајќи го злото, Исус повикал еден огнен ангел, чиј лик бил строг, погледот суров, а изразот немилосрден. Тоа бил заповедникот на ангелите што го надгледуваат пеколниот оган. Па му рекол:
 - Оди и земи го Мојот жезол кој крши и врзува. Земи и миријада ангели од својата чета, оние најспособните и најодбраните, кои се одредени да казнуваат. Ќе отидете на духовното (мисленото) море, ќе најдете траги од Змијата, силно ќе ја зграбите и ќе ја истепате со стапот Мој без милост, с# додека не ви се предаде војската на нејзините нечисти духови. А тогаш сите цврсто ќе ги врзете со силата на Мојот жезол и ќе ги фрлите во најлошите мачилишта!
 Кога ангелската чета заминала да го фати кнезот на темнината, му била дадена божествена заповед на архангелот кој ја држел трубата. Насекаде завладеала потполна тишина, како с# да умрело.
 Се слушнала првата труба и телата на мртвите се обновиле. Се огласила втората труба и излегол од неа Духот Господов и повторно се вратила секоја душа во нејзиното мртво тело. Страв и трепет го опфатило секое битие. Морници и ужас ги потресле небото и земјата.
 Се слушнала и третата труба, уште пострашна, и ги потресла сите. Мртвите веднаш станале од гробовите. Глетката била страшна! Сите се исправиле – а биле неброени и повеќе од зрната на својата земја. Одеднаш како густ дожд почнале да слегуваат небесните чинови кон Престолот на Подготовката, пеејќи гласно:
 - Свет, Свет, Свет е Господ Саваот, полна е земјата со страв и трепет.90 
 Сиот народ и неброената ангелска војска стоеле и гледале нагоре, очекувајќи со ужас и страв да слезе на земјата страшната божествена власт.
 Но одеднаш громови и молњи го раздвоиле воздухот, додека страшен земјотрес ја потресол долината на Судот. Се збуниле сите и затрепериле.
 Небесната тврдина се повлекла како завеса.
 Зад неа се појавил Чесниот Крст, блескајќи како сонце и распространувајќи божествени зраци. Го држеле свети ангели, отварајќи го патот на нашиот Господ Исус Христос, Судијата на вселената.
 Набргу се слушнало нечуено славословие од безбројни усни:
 - Нека е благословен оној, кој оди во името на Господа.91 Бог е Господ и ни се јави,92 Бог силен, Отец вечен, Кнез на мирот.93
 Кога завршила таа жива химна, се појавил Судијата на облаците, седејќи на високиот и огнен престол, кој со пресветлите пламени ги осветлувал небото и земјата.
 Одеднаш, среде мноштвото воскреснати мртовци, некои почнале да светат како сонце и да се вознесуваат во висините, кон облаците, за да се сретнат со својот Господ. Но многу од нив, за жал, останале долу. Тие горко плачеле бидејќи не биле удостоени да ги земат на облаците и душите им биле нажалени од тага и болка. Паднале на колена пред Бога, но с# било залудно, па пак станале.
 Во кругот околу престолот на Подготовката, на кој заседавал Големиот Судија, се построиле сите небесни сили со страв и трепет. Оддесно на Него застанале сите кои биле донесени на облаците. Останатите биле одведени од Неговата лева страна, а меѓу нив биле Јудејците, господарите, архиереите, јереите, царевите и мноштво монаси и мирјани. Тие стоеле посрамени, оплакувајќи се себеси и тажејќи за својата гибел. На лицата им бил отсликан срам, скрушеност, очајание, ужас… тешка тага ги беше снашла! Некои длабоко воздивнувале. Други роптале со мака. Трети биле потонати во очајно, мртвечко молчење. Од никаде немало утеха, ниту некаква надеж…
 Напротив, оние што стоеле од десната страна на Судијата биле ведри и блескави како сонцето. Сите биле свечено сериозни, прославени и сјајни како светлина, сите огнени, осветлени како од некаква богосветла молња – ако не е пресмело да се каже – како и нивниот Господ Бог.
 Тука страшниот Судија погледнал и на едната и на другата страна. На десно погледнал со задоволство, и нежна насмевка Му се појавила на усните. Потоа се свртил кон оние што стоеле лево, но веднаш се вознемирил и го тргнал погледот од нив.
 Се слушнал Неговиот моќен и величествен глас како им зборувал на првите:
 - Елате, благословени од Мојот Отец; наследете го царството, приготвено за вас од почетокот на светот; оти гладен бев и Ми дадовте да јадам; жеден бев и Ме напоивте, странец бев и ме примивте; необлечен бев и Ме облековте; болен бев и ме посетивте; во затвор бев и дојдовте при Мене.94
 Тогаш тие во недоумица Го запрашале:
 - Господи, кога Те видовме гладен и Те нахранивме, или жеден и Те напоивме? Кога Те видовме како странец и Те прибравме, или необлечен и Те облековме? Кога Те видовме болен или во затвор и Те посетивме?95
 А Тој им одговорил:
 - Навистина ви велам, доколку  сте го направиле тоа на еден од овие Мои најмали браќа, Мене сте ми го направиле.96
 Потоа со гнев се свртил кон другите, на оние лево од Себе и им рекол строго и со гнасење:
 - Одете од Мене, проклети, во оган вечен, подготвен за ѓаволот и неговите ангели. Зашто гладен бев и не ми дадовте да јадам, жеден бев и не Ме напоивте, странец бев и не Ме прибравте, необлечен бев и не Ме облековте, болен и во затвор бев и не Ме посетивте.97
 Со чудење, тие го запрашале:
 - Господи, кога Те видовме гладен, или жеден, или странец, или необлечен, или болен или во затвор и не Ти послуживме?98
 - Доколку не сте го направиле тоа на еден од овие најмали браќа и Мене не сте ми го направиле. Исчезнете пред мене, жители на темните места во земјата!99  Во крајна темнина! Таму ќе биде плач и крцкање со заби,100  таму  ќе се мачите и ќе плачете во вековите!
 Штом Судијата ја објавил големата Своја одлука, од исток една огромна огнена река силно се излеала и потекла кон запад. Таа била широка како море. Гледајќи ја сите грешници од левата страна се наежиле и побледеле од страв.
 Тука Господ заповедал преку таа река да поминат сите, и праведните и грешните, огнот да ги искуша. Најпрво влегле оние што стоеле оддесно. Сите поминале, биле искушани и излегле како чисто злато преку огнот. Нивните дела не само што не согореле туку преку искушението се покажале и посјајни и почисти. Со неопислива веселба виделе праведниците дека во нивните добри дела не се нашла никаква дамка.
 Потоа и оние што стоеле одлево дошле на ред, за да ги искушаат и нивните дела. Но додека поминувале преку огнот, пламенот ги пржел, бидејќи тие биле грешни и ги заробил среде река. Нивните дела веднаш пламнале како слама. Но телата им останале недопрени, за да горат вечно со ѓаволот и демоните. Никој од нив не успеал да излезе од огнената река. Како достојни за казна и осуда, сите биле заробени од огнот.
 Откако грешниците биле однесени во пеколот и пламените јазици ги фрлале на разни места за казна, страшниот Судија станал од престолот и отишол во Својот небесен дворец. По Него заминале и сите Негови небесни светители. И Го опкружиле силите небесни со страв и трепет, пеејќи:
 - Подигнете ги, порти, горништата свои, подигнете се, вечни порти, и ќе влезе Царот на славата101,  Господ и Бог, заедно со Своите светии на кои им дарува вечно наследство.
 Друг чин одговарал:
 - Нека е благословен оној, кој доаѓа во името на Господа! Бог е Господ и ни се јави,102 заедно со синовите на Новиот Сион, на оние што се удостоија да станат деца Божји по благодат!
 А архангелите, што стоеле пред Бога, пееле антифона небесна мелодија:
 - Дојдете да се возрадуваме во Господа и да воскликнеме кон Бога, Спасителот наш; да побрзаме пред лицето Негово со славословие, и со псалми да Му воскликнеме.103
 А другата војска одговарала, слатко пеејќи:
 - Зашто Бог е велик Господ и Цар голем по целата земја. Зашто во Неговите раце се сите краишта на земјата, а горските височини се исто така Негови.104
 Овде и други чудесни и пофални песни биле пеени од светите ангели, донесувајќи неискажлива радост на оние што ги слушале.
 Пеејќи така, тие влегле со Господа и Неговите светии во небесните одаи на божествениот дворец, подрипнувајќи од радост. А вратата веднаш се затворила.
 Тогаш Исус ги повикал чиноначалниците на ангелските војски. Први се појавиле Михаил, Гаврил, Рафаил, Уриил, а потоа и другите.
 Потоа биле повикани дванаесетте светилници на светот, Светите Апостоли. Господ им дарувал светла слава, им дал дванаесет огнеобразни и со ѕвезди украсени престоли и ги наместил да седнат покрај Него, нивниот Учител. Славата нивна била една неминлива светлина, неопислива и непристапна. Облеките им биле златножолти и блескале како килибар. Дури и архангелите ги набљудувале со восхитување. Најпосле, Христос им дал и дванаесет кристални венци, украсени со скапоцени камења кои светеле заслепувачки, додека ангелите ги носеле во рацете и ги полагале на нивните глави.
 Потоа ги донесле пред небесниот свој Цар и седумдесетте ученици и Негови апостоли. И нив им биле дарувани слични почести и слава, само што нивните венци биле помалку блескави од оние што припаѓале на дванаесетте.
 Потоа се појавиле и светите маченици, цела војска маченици. Ним им било дадено достоинството и местото на големиот ангелски чин кој паднал заедно со Деница. Веднаш ги донесле и неброените венци кои светеле како сонцето и со нив ги украсиле нивните осветени глави. А тие неискажливо се зарадувале и развеселиле.
 Потоа следел свештениот собор на светите јерарси, јереи и ѓакони. И тие биле овенчани со вечни и неовенливи венци, но со друг сјај и слава – секој според своето дело, ревност, трпение и љубов. Така, можело да се види дека многу свештеници биле пославни од архиереите, но и многу ѓакони посјајни од јереите и од архиереите. А лицата на сите нив блескале од радост, веселба и среќа. Ним покрај тоа им бил предаден и мисловниот небесен жртвеник, за вечно да принесуваат на Бога, совршена и угодна жртва своја.
 Тогаш дошол ред и на благочестивите монаси. Од преподобниот нивни собор се изливало духовно благоухание, а нивните прославени лица блескале како сонца, распрскувајќи ги богосветлите зраци. На секој од нив им биле дадени по шест крилја и така, со силата на Светиот Дух, сите станале како страшни Херувими и Серафими. Тогаш тие почнале гласно да пеат:
 - Свет, Свет, Свет е Господ Саваот! Целата земја е полна со Неговата слава.105
 Нивната слава била силна, а секој од нив добивал украсени венци по мерка на својот подвиг и пот.
 По преподобните монаси влегол соборот на проро-ците. Ним им била дадена песна над песните, псалмопеењето Давидово со тимпани и хорови, светлост и пресјајна небесна убавина, бескрајна веселба и славословие на Светиот Дух. Нивните венци блескале целосно обвиени во злато. Владиката на божествениот дворец им побарал нешто да запеат, а тие Го прославиле со толку радосна песна што сите собрани светители од радост потскокнувале.
 Откако сите ги примиле своите дарови од непорочните раце на Спасителот, останале да ги дочекаат и оние добра што око не виде, уво не чу, ниту на човекот на ум му падна.106
 И тогаш влегле луѓето што се спасиле во светот – сиромашни и богати, владетели и послушници, слуги и слободни. Сите застанале пред божествениот Женик, Господ.
 Најпрвин Тој ги раздвоил оние што биле милостиви и им дарувал сладост во рајскиот Едем, небесната светла скинија, многудрагоцени венци, радост на осветувањето, престоли, жезол и ангели светли во нивна служба.
 Дошле сите што заради Христа пострадале, сиромашни по духот107. Тие сега силно се возвисиле, при-миле од рацете Господови прекрасни венци и наследиле Царство Небесно.
 Потоа дошле оние коишто плачат,108 оние кои ги исплакале своите гревови во топло покајание, та им била дадена голема утеха од Пресвета Троица и серадосна радост рајска.
 Се појавиле и кротките и незлобните кои ја наследиле земјата ветена, каде што Светиот Дух ја лее Својата сладост и благоухание. Колку само веселба и наслада тие вкусиле кога виделе како стекнале блаженство! И како затреперила од сладост нивната душа кога Господ ги украсил со златнорозови венци, прекрасни и блескави!
 По нив дошле гладните и жедните за правда.109 Ним им била дадена богата награда на правдата за да се наситат. А тие од сето срце се развеселиле кога Го виделе царот Христос како Му славословат и Му укажуваат почести светите ангели. Нивните венци биле пресветли и прекрасни, изработени со многу вештина.
 Потоа Господ ги издвоил чистите по срце.110 Ним им дал семоќни тајни очи и духовен вид, посилен и од светлината, за јасно да го видат лицето Божјо во вековите на вековите. Им дал и своеобразни венци на кои напред и назад се наоѓале кристални крстови, додека оддесно и одлево биле насликани херувимски очи.
 Потоа одеднаш се собрале и миротворците.111 Ним им бил даден мир и мудрост и Дух Божји, благоволение, милост и просветлување со Христовата светлина. Една невидлива рака, која ја држела небесната четка, им се приближила и им ги напишала на челото зборовите ,,ИСУС ХРИСТОС, СИН НА ЖИВИОТ БОГ”. Најпосле им дал и блескави венци на кои биле испишани имињата на Отецот и Синот и Светиот Дух.
 Потоа дошле гонетите заради правда.112 Ним им била дадена божествена пофалба и восхитување на достојниот живот и неискажливи престоли на небесното Царство. Нивните венци биле од божествено, нетварно злато, чие светење ги радувало ангелските собори.
 Следувале оние што претрпеле навреди и прогони и секакви лоши зборови заради Христа.113 Тие примиле свештено блаженство од Бога, пофалба од Неговите ангели и многу чест и слава. Им биле дадени и престоли, шарено украсени, царски жезли и прекрасни венци.
 По сите нив, пред Господа биле донесени оние што се покајале за своите гревови, но немале доследен духовен живот, со молитва, пост и останатото што нашата Црква го одредува. Тие се оддалечиле од лукавите дела, но не пра-веле добра со ревност и точност.
 - И тоа што го избегнавте пеколот ви е многу – им рекол Женикот и им дал само по една гранка, како знак дека не се казнети, за да не бидат фрлени во огнот, туку да бидат сместени на место несветло – ни светло ни мрачно.
 По нив дошле на ред други, кои правеле многу добри дела и неброени милосрдија, но бидејќи паѓале или во осудување и озборување на своите ближни или во плотски гревови, биле сместени во долната темнина, каде што има магла и влага и каде што одвај допира по некој слаб зрак светлина.
 По нив влегле мноштво идолопоклоници кои не го познавале законот Христов, туку ги водела совеста, та се држеле до него несвесно. Тоа биле оние што покажале дека законот е напишан во нивните срца, бидејќи совеста им сведочи.114 Многу од нив светеле како сонце од невиност и чистота. Тие се удостоиле да го наследат Царството Небесно и да се насладат со Бога, та биле овенчани со чудесни венци, исплетени со ружи и лилјани. Само едно нешто тешко го поднеле – бидејќи некрстени, биле слепи, а светото кршение е светлина и око на душата и кој го нема, колку добра и да прави, наследува рај и го чувствува донекаде неговото благоухание и сладост, но не гледа ништо.
 Идолопоклониците ги следела друга чета светии. Тоа биле христијански деца кои од животот заминале предвреме. Сите изгледале како да имаат по триесет години.
Женикот сострадално ги погледнал и рекол:
 - Облеката на вашето крштение е беспрекорна, но нема дела! Што да правам со вас?
 На тоа тие храбро рекле:
 - Господи, Ти н# лиши од земните Свои блага. Не н# лишувај и од небесните.
 Женикот се насмевнал и им дарувал вечни блага, им дал венец на вера, чистота, незлобливост и блаженство. Со многу восхитување небесните војски ги гледале, а овие со радост ги носеле своите нетрулежни венци.
 Било чудесно да се слушаат ангелите кои набљудувајќи ги собраните чети на светиите, пееле прерадосни песни, полни со веселба, слава и божествена сладост.
 Кога сите тие влегле во дворецот и биле овенчани, видел праведниот Судија како кон Дворецот се приближува и богосветлата Невеста. Сета била блескава и страшна и  истовремено возвишена. Штом ја виделе, светите ангели рипнале од радост и блаженство. Од нејзините нозе, како што одела, блескале зраци како молњи. Очите &  светкале. Додека поминувала, се ширело небесно благоухание, како од божествените мириси. Била облечена во царска облека, однадвор во силно црвен порфир, а под него фустан од бел лен. На својата прекрасна глава носела божествена дијадема на која &  немало рамна по сјајот и убавината. Ангелите восхитени, а светителите заслепени ги гледале божествените зраци како се растураат околу небесната дијадема.
 Додека Невестата влегувала во дворецот, зад неа се појавило небројно мноштво девственички кои ја следеле пеејќи и славословувајќи го Божјото величество.
 Кога дошла до Женикот, таа Му се поклонила трипати заедно со сите оние свети девици. А Тој, радосно смеејќи се, ја приклонил главата и &  укажал почест како на Своја Пречиста Мајка. Тогаш таа воздржано прекрстувајќи ги рацете, се приближила со многу благоверие и милост, ги целивала бесмртните и недремливи Негови очи, како и милостивите Негови раце.
 По тој божествен целив, Господ им дарувал на девиците блескави облеки и чисти венци. Потоа дошле духовните сили и хоровите на светиите и сите радосно се поклониле на Богомајката и &  запеале химна со раце подигнати во свештено восхитување.
 Потоа Женикот станал од Својот престол и додека оддесно Му била пренепорочната Мајка Негова, а одлево големиот и чудесен пророк и Претеча, поминал преку дворецот во божествената одаја, каде што се наоѓале нечуените и неискажливи добра, подготвени за оние кои Го возљубија Бога. Со Него во таа светла и чудесна одаја влегле и сите светии кои, кога ги виделе тие добра, ги опфатила неискажлива радост и веселба. Тогаш почнале како во бунило од небесната радост, да играат, да пеат и да слават…
 Но, тоа богољубивиот Нифонт не можеше да ми го опише и макар што многу настојував, ништо не ми рече.
 - Не можам – само повторуваше, воздивнувајќи – да го кажам тоа со својот јазик или небесното да го споредам со нешто земно. Тоа беше далеку од секоја фантазија и споредување, над секоја мисла и видение, над с# видливо и невидливо.)
 Кога Господ им ги поделил добрата што биле таму на Своите Светии,  им заповедал на Херувимите да ја опколат вечната одаја, како што ѕидините го опколуваат градот. Потоа им дал налог на Серафимите да ги опколат Херувимите, Престолите на Серафимите, Поглаварствата на Престолите, Началставата на Поглаварствата, Властите на Началставата, а Силите на Властите. Така, како што ѕидините го опколуваат градот, еден чин го опколил другиот, образувајќи седум појаси.
 Оддесно на вечната одаја застанал во совршен строј Михаил со својот чин. Одлево со многу благоверие се построил Гаврил со својот чин, Рафаил источно, а Уриил со својот, западно. Своите места ги зазеле како што Господ им заповедал. Нивните војски биле огромни и заедно со чиновите на непорочните сили ја окружиле Божјата одаја во голема слава.
 По сето тоа и Господ, Синот Божји, се потчинил на Својот Отец Кој му потчинил Нему с# и Му ги предал сите царувања и поглаварството и власта која Тој Му ја дал.115 Тој пак Самиот влегол во божествената и непристапна одаја, како наследник на Својот Отец и Цар и вечен Архиереј, заедно со сите Свои свети сонаследници.
 На крајот од тајната на која се удостоил да ја види, праведниот Нифонт го добил и ова страшно откровение:
 Самиот Отец и Родител на Единородниот Син, Светлина непристапна и непоимлива, наеднаш засветлил, блескајќи над бескрајните одаи и над кружно поставените ангелски чинови. Ја осветлувал одајата како што сонцето го осветлува светот, радувајќи се со неискажливото Свое божество и со слатката топлина на Својата светлина. И како што сунѓерот ја впива и ја задржува водата, така и сите Светии го впивале Божеството на Отецот и се сое-динувале со Него, за вечно да живеат со Бога во Неговото Царство.
 Оттогаш за нив немало повеќе ни ноќ, ни ден. Пос-тоел само Бог и Отец, Син и Дух, светлина и наслада, живот и слава, наслада и веселие.
 Завладеала потполна тишина.
 Од небото му било дадено на Нифонт со очите да ги види последните тајни.
 Првиот чин кој ја опкружил одајата примил во вечно наследство една прерадосна песна, свештена и опојна. И тој божествен и страшен чин веднаш почнал со неискажливото свое славословие, додека светиите потскокнувале од радост, благодарејќи и фалејќи Го Бога.
 Првиот чин тоа неискажливо песнопеење го предал на другите - Серафимите. И тие почнале да пеат непоимлива химна која како пресладок мед ги веселела сите сетила на светителите: тие со очите ја гледале непристапната светлина, со носот го мирисале Божјото благоухание, со ушите ја слушале божествената песна на непорочните сили, со устите го вкусувале новото Тело и Крв на Господ Исус Христос,116 со рацете ги допирале вечните блага, а со нозете играле во неискажливата убавина на небесната одаја. Каква ли веселба! Непоимна сладост! Неискажана радост!
 Потоа вториот чин ја предал таа божествена химна на третиот чин, а третиот на четвртиот и така по ред, додека на крајот се ширела песна од недобројни усни. А најчудесно било тоа што сите чинови не ја пееле истата химна, туку многу и различни, непознати и дотогаш нечуени, небесни химни и боговдахновени – секој чин сопствена – а тие сепак совршено се преплетувале и меѓусебно се спојувале. Така складно се соединувале ангелските војски, славословувајќи го Бога и донесувајќи им радост на Неговите светии.
 Кога армијата на бестелесните сили го завршила своето небесно славословие, четирите чина на архангелот ја започнале Трисветата Химна. Пеел чинот Михаилов, а нему антифоно му пеел чинот Гаврилов. Слично така запеал вториот чин, Рафаилов, а завршил Урииловиот. Нивното псалмопеење било чудесно и нечуено. Гласовите на четворицата чиноначалници се издвојувале во неброените други гласови на нивните сили и биле милостиви и величествени.
 Опфатени со таа бескрајна радост и наслада, сите Светии почнале и самите од небесната одаја да го пеат и да го слават Божјото величество.
 Така, химните ѕвонеле одвнатре, ечеле и надвор, пееле насекаде – химните кои ги разгорувале срцата на светиите со чиста и преблажена наслада. А тие чудесни песни кои го надминувале разумот се излевале во небесната скинија непрестајно, во бескрајните векови…
 По с# што видел, блажениот Нифонт паднал во видение, го слушнал гласот на Бога како му вели:
           - Нифонте, Нифонте! Прекрасно беше твоето пророчко видение и созерцание. Затоа запиши, со секоја точност с# што си видел и слушнал, бидејќи сето тоа така &   ќе се случи чудесно. Тоа Јас ти го открив тебе како на верен пријател и сакан син и наследник на Моето Царство, за да разбереш колку те љубам. Поради тоа увери се и сега, кога точно си познал како овие страшни тајни ќе се случат, во Моето големо човекољубие кон тебе и сите кои со смирение се поклонуваат на Моето царство и власт. Бидејќи Јас секогаш се радувам да погледнам на смирениот и падна-тиот со дух и на оној што трепери пред Моето слово 117.
 Тоа кажувајќи го, Господ му го разрешил тоа страшно и многучудесно видение кое траело цели две недели!
 Кога на крајот си дошол на себеси, се стуткал целиот и почнал да плаче, да лелека и да се жали себеси, зборувајќи:
  - Тешко мене, грешникот! Што ли ја чека бедната моја душа? Во каква состојба ќе се најдам, блудниот? Како ли ќе се оправдам пред Судијата? Каков збор ќе дадам за моите беззаконија? Каде да ги сокријам мноштвото мои беззаконија? Колку сум несреќен, хулник и несреќник! Ниту воздишка немам! Многу солзи не се леат од моите очи! Покајание не наоѓам! Никакво милосрдие во мене нема! Нема ни молитва! Ниту капка љубов! Незлобливоста и кроткоста немаат ништо со мене! Ах! Што да правам, бедниот и валканиот? За што да се фатам за да се спаси мојата душа? Своето крштевање го извалкав, облеката ја извалкав, душата ја потонав во кал, својот ум го помрачив, срцето преку разврат го направив нечувствително… Тешко мене, грешникот! Што да правам, не знам. Моите очи гледаат срамни глетки. Моите уши се сладат со демонски песни. Носот ми бара опојни мириси. Устата ми се нафрла на многу храна. Рацете ми се подаваат на гревот. Телото ита да се извалка во калта на развратот и бара меки постели и добро јадење. Мојата желба жеднее за блуд. Ах, помрачен беззаконику смрдлив! Каде ќе одам, не знам. Кој да ме извлече од оној лут оган? Кој да ме избави од црниот мрак и страшниот Тартар? Кој да ме избави од чкртањето на забите? Тешко, тешко мене гнасниот! Подобро ќе беше да не се ни родев! Ох, без каква слава ќе останам, јас црниот! Каква чест, какви венци, каква радост и веселба ќе изгубам, бидејќи станав роб на гревот! Бедна душо моја, каде ти е потиштеноста? Каде ти е покајанието? Каде ти се доблестите, несреќничке? Каде ќе одиш во оној страшен ден? Дали си направила нешто добро, кое би можело да му угоди на Бога? Како ќе влезеш во печката? Како ли ќе го издржат жалосните очи твои непрестајниот плач и вечното жалење? Како ќе ја издржи твојата совест бес-крајната горчина на божествената осуда? О валкана душо, која секогаш си жеднеела да се валкаш по гнилежот, која секогаш си &  служела на утробата! Со какви очи ќе го погледнеш, беззакона и расипана, преслаткиот лик Христов? Како ќе се појавиш пред Него? Кажи ми! Кажи ми! Ги виде сите стравотии кои ќе ги направи Господ во последните денови. Кажи ми тогаш, душо, имаш ли дела достојни на божествената слава? Тешко тебе тогаш, осквернета душо моја! Ќе го наследиш вечниот оган. И каде ќе биде тогаш гревот и нејзиниот татко, ѓаволот, за да те спасат? Туку…

Господи, Господи
спаси ја мојата душа од огнот,
од чкртањето на забите
и од страшниот Тартар.

Со тие зборови блажениот молел, разобличувајќи се самиот, додека од очите му се лееле потоци солзи.
 Наредните денови, луѓето можеа да го видат како одвај оди, влечејќи ги нозете, излевајќи горчливи солзи и длабоко воздивнувајќи. Размислуваше за страшните тајни што ги виде и иташе да ги досегне, оставајќи го светот и сè земно. Често, кога чисто и живо се потсетуваше во умот на тоа видение, како да му се потресуваше разумот од неподносливото распалување на Светиот Дух.
 - О каква радост – воскликнуваше – каков сјај ги чека светиите на небесата! Колку се плашам да не останам без тоа!
 А потоа длабоко ќе воздивнеше и ќе додадеше:
 - Господи, помогни ми и спаси ја помрачената моја душа!

 

Издавач : манастирот на св. Атанасиј Велики, с. Журче

 


Друго:

    Man.Zurce2.jpg
Ви препорачуваме: Од издавштвото на манастирот на св. Атанасиј Велики, с. Журче

Од издавачката дејност на манастирот на св. Атанасиј Велики, с. Журче

sv.Serafim.Sarovski1d.jpgСв.Серафим Саровски - Сеќавањата на Богданович 

 

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Јуни 10, 2023
TVIT602

Проскомидија

·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на Литургијата, нејзин пролог. Таа е нашиот допир со Небесното Царство и Небесното жителство.
Септември 13, 2021

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на Бигорската Обител, засветлил како светлозарна ѕвезда на богопрославениот светителски небосклон на Црквата Христова, во првата половина на ΧΙ век. За неговото родословие,…

Беседа за Успение на Пресвета Богородица oд Викарниот Епископ Јаков Стобиски

Сеп 03, 2021 Беседи 5761
Default Image
Беседа за Успение на Пресвета Богородица изречена од Викарниот Епископ Јаков Стобиски во…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 6578
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 6363
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 5559
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Најново од духовност

Православен календар

 

16/04/2024 - вторник

Велигденски пости; (строг пост)

Преподобен Тит Чудотворец; Светите маченици Амфијан и Едесија;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот Христов преподобен Јосиф химнограф 4 април / 17 април 2024

Тропар на светиот Христов преподобен Јосиф химнограф 4 април / 17 април 2024

Славен и прославен е Господ од целиот род човечки,што изнедри таква фиданка како тебе о, Јосифе,рако продолжена на Духот Свети,поттикнат...

Тропар на светиот Христов исповедник преподобен Никита 3 април / 16 април 2024

Тропар на светиот Христов исповедник преподобен Никита 3 април / 16 април 2024

Исповедниче на православието,пастиру на овците словесни,велик молитвенику, од Никифора преподобниотдуховно роден, од Тарасие Патријархотсо оклопот на свештенство облечен,

 Тропар на преподобниот отец наш Тит чудотворец 2 април / 15 април 2024

Тропар на преподобниот отец наш Тит чудотворец 2 април / 15 април 2024

Небесата сведочат за твоите подвизи,преподобен оче наш Тите,земјата те восфалува со сведоштво на твоите ученици,кои по делата на верата твоја...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная