логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

Man.Zurce4.jpg

св. Атанасиј Велики, с. Журче

Во издание на  библиотеката „НЕБЕСНИ ЦВЕТОВИ“ при манастирот на св. Атанасиј Велики, с. Журче излегоа од печат две нови книги, и тоа:   ДУШТА ПОСЛЕ СМРТТА од јеромонах Серафим Роуз и ПАТОТ НА ХРИСТИЈАНИНОТ од Арх. Рафаил Карелин.
во моментов, книгите може да се купат  во манастирот  на  св. Јован Крстител, с. Слепче и во манастирот на св. Атанасиј Велики, с. Журче , или на контакт маил: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Библиотеката “НЕБЕСНИ ЦВЕТОВИ” ги  има издадено и следните книги:
“НОВ ЗАВЕТ”
“Тајната на спасението” од арх. Рафаил Карелин
“Светињата на животот и детеубиството”
“Касијана”
“Свети Серафим Саровски”

 “Свети Нифонт”


Korica.Tajnata.jpg


Како да се зборува за верата

На што треба да обрне внимание православниот во разговор со некој неверник?
Атеизмот не се јавува како последица на научни истражувања од следните причини:
1) Имаме работа не со универзална наука, туку со научни гранки, кои имаат тенденција за дробење и усложну-вање. Ниедна од тие гранки не може да зборува од името на цела наука.
2) Во секоја научна гранка постојат различни хипотези и теории, што се обидуваат да се систематизираат и да го објаснат фактичкиот материјал. Тие теории се противречни и едната теорија се покажува сосема противречна на другата, ја оспорува. Која од тие взаемоисклучувачки теории е ви-стинска, а која е лажна, човек определува врз основа на соп-ствените претстави. Кога и сите учени на светот би создале една универзална научна теорија, и таа не би можела да биде целосна, зашто хипотезите и теориите се потпираат на пос-тоечки фактички материјал, а тој непрекинато се пополну-ва, затоа историјата на науката е историја на раѓањето и умирањето на идеите и претставите. Експериментот нико-гаш не може целосно да биде завршен, а последниот збор на науката – да стане нејзин последен збор.
3) Науката има работа со процес, а погледот на свет – со област на причини и цели, кои се наоѓаат зад границата на експериментот и за науката секогаш остануваат тајна. Нау-ката ги открива и ги фиксира причинско-последичните за-кономерности меѓу појавите, но самото сфаќање на законите за неа е недостапно, таа не може да го објасни претворањето на хаосот во закон и целесообразност. Науката има работа со материјалниот свет, затоа не може нити да го потврди, нити да го побие постоењето на другото – духовното битие. Науката го изучува предметот во неговите пројави (фено-мени); секој предмет има многу својства и атрибути, затоа секој предмет останува за науката објект што се спознава, но не и спознаен објект.
Погледот на свет не истекува од научната информа-ција, туку зависи од духовната состојба, волјата и моралноста на човекот. Великите учени, кои поседувале ист научен видокруг, се придржувале до различни религиозни и фило-софски погледи на свет. Погледот на свет не може да се основа на философија; философските системи сами се осно-ваат на недокажани постулати. Логиката како метод на фи-лософијата нема единствен систем, во неа, како и во другите области на науката, постојат различни школи и погледи. Ако философијата се нарекува научна, таа треба да ги обопшти научните теории на своето време, а бидејќи научните прет-стави постојано се менуваат, тогаш и заклучоците од нив не можат да бидат неизменливи. Ако, пак, философијата нема однос кон науката, тогаш таа не е ништо повеќе од субјек-тивна претстава на човекот, ограничен во времето, прос-транството, опитот и потенцијалните творечки сили. Чисто мислење во природата воопшто не постои. Човечкиот разум се наоѓа под моќни импулси на претставите, желбите и стра-стите. Односот на свеста кон потсвеста може да се претстави како санта мраз, чиј само врв се подига над површината на морето, а основната маса на замрзнатата планина се наоѓа под вода и останува невидлива. Субјективизмот во фило-софијата е уште поголем отколку во науката: секој исклучи-телен философ се стреми да создаде своја сопствена школа.
На што треба да обрне внимание православниот во разговорот со агностикот и скептикот?
Агностицизмот и скептицизмот се напуштање на проблемот. Силите на човечката душа, нејзините вродени способности за познание не смеат да се сведат на еден гол логизирачки разум. Познати ни се такви видови гносис (поз-нание) како што се инстинктот и интуицијата; познат ни е емоционалниот гносис, што се покажува како основа на уметноста. Ако само со усилбите на разумот е невозможно да се спознае вистината и тој во таквиот обид трпи пораз, тогаш треба да се обратиме кон другите можности на душата. Ако за скептикот и агностикот е исто неверодос-тојно и постоењето и непостоењето на Бога, тогаш може да му се посоветува да се обрати кон условна форма на мо-литва, макар ваква: „Господи, не знам дали постоиш или не, но сакам да ја знам вистината. Ако постоиш, откри ми го тоа”. Ако биде искрен во таквата молитва и го води животот сообразно на заповедите на Евангелието (чија височина повеќето агностици ја признаваат), ќе му биде даден одговор, според словото Божјо: сакајте, и ќе ви се даде (Мат. 7,7). На скептикот и на агностикот треба да му се советува да се обратат кон сопственото срце, да почнат да развиваат мистичко чувство, кое макар и во најслаб степен, но е при-сутно во неговата душа, – речиси исто онака како што го реанимираат, го враќаат во живот човекот чие дишење е едвај чујно. Сомнежот може да биде етапа на некое незавр-шено барање, но сомнежот може да биде и догматизиран во своевиден поглед на свет; тогаш тоа станува бегство од вистината: човекот, уште не завршувајќи ја битката за сво-јата сопствена душа, брза да го фрли белото знаме на капи-тулацијата. Зборовите „не знам” можат да имаат две продол-женија: „не знам, но сакам да знам” и „не знам и не сакам да знам”.
На што е должен да обрати внимание православниот во разговорот со еден хиндуист?
Највисока форма на битието – тоа е личносното битие. Во браманизмот Бог како Жива Личност, со Која може да се стапи во општење, отсуствува. Хималајскиот пантеон е  пер-сонификација и олицетворение на космички сили. Хинду-искиот Апсолут – Браман – е безличен и бесквалитетен. Хиндуиските тримурти – тоа се три ритми на битието: созда-ние, зачувување и разрушување. Тука не постои човечка лич-ност, теоријата за превоплотување ги расчленува личностите на дарми – психички елементи, кои, повторно соединувајќи се, образуваат нов индивидуум. Во конечниот збир сите инди-видуални форми на битието исчезнуваат во сознанието на Браманот. Вечноста се замислува како две состојби на Апсо-лутот што се сменуваат една со друга: Апсолут во себе и Апсолут во космосот. Творењето се завршува со разрушу-вање, што ништо не додава кон битието на Апсолутот. На тој начин, погледот на свет се претставува како бесцелно кружење. Секое многуоблично битие е илузија. Постои само еден Браман, кој непрестајно ги создава и ги урива свето-вите. Човечкиот дух – Атман – е единосуштен на апсолут-ниот дух – Браман; надворешната претстава за многуоблич-носта на битието е плод на илузија, фатаморгана и незнаење. „Јас сум ти, ти си тој (Браман)” , т.е. постои само еден Апсолут, а историјата на светот е – космичка трагикомедија, чиј автор, актер и гледач е самиот Браман, под многу-бројните маски и лица. Овој поглед на свет ги поткопува самите основи на моралот: етиката се пројавува во човеч-ките взаемни односи, а во хиндуизмот самиот поим за многу-обличност, за тоа дека постојат реално „јас” и „ти”, различни еден од друг, се смета за илузорно. Ќе ја сакаме ли ние својата илузија, ќе ја мразиме ли фатаморганата што ни се претставува пред нашите очи? Затоа мудрецот го сака само својот сопствен атман, светот за него воопшто не постои. Тоа е теорија на краен егоцентризам и само недоследноста на самите хиндуисти им дава можност да зборуваат за такви општествени категории, како што е справедливоста, и за такви морални категории, како што е љубовта. Каква справедливост и љубов постојат кај сенките, што се јавуваат во сновиденијата, што ќе исчезнат со разбудувањето, без трага и остаток? Хиндуизмот го потчинува „божеството” на некакви надбожествени закони на ритамот, кој го тера Апсолутот да ја повторува работата на пајакот: те ги испуш-та од себе нишките на светот, те повторно ги собира во себеси. Хиндуизмот го претворил човекот во фикција. Чове-кот вообразува дека тој е, но во суштина него го нема – пос-тои само Браман. Хиндуистот е лишен од небесната радост – лична љубов кон личниот Бог, својот Спасител, – и од бого-општењето, кое започнува овде, на земјата, и продолжува во вечноста.
На што треба да обрати внимание православен кој разговара со будист?
Будизмот претставува не религија, туку повеќе мора-ло-применета философија. Религијата е сојуз на човечката душа со Вишото (Небесно) духовно Суштество (Битие). Бу-дизмот ги игнорира сите кардинални прашања и принципи на религијата: постоењето на Бога, бесмртноста на душата, средствата на општење на душата со духовниот свет итн.  Религијата е сојуз меѓу човекот и Божеството. Во будизмот Божеството отсуствува, а човечката индивидуалност е под-ложена на уништување во нирвана. Ако за христијанинот светот во постоечкото суштествување претставува арена за борба меѓу доброто и злото, тогаш за будистот самото суш-тествување е зло, замка, од која нема излез, освен самоу-ништување, предавње на нирвана, каде што гаснат чувствата, мислите, желбите, каде што умот, одвлекувајќи се од надво-решното и внатрешното, се предава на бескрајна пустош, како што трупот се полага во гроб. Учењето на Буда дало беспоштедна и длабока анализа на противречностите и тра-гизмот на земното битие. Но тој не нашол излез, зашто не се обратил кон Бога, туку на заблудениот во лавиринтот на противречја човек. Будизмот во своето апсолутизирање на злото дошол до крајот на бездната, која не можел да ја пре-мине. Тој како да го анатомирал психичкиот живот на чове-кот и видел пред себе труп, од кој се завртел со одвратност. Единствено спасение од страданието за будизмот претста-вува самоуништувањето. Но тоа не е физичко самоубиство, зашто будизмот од браманизмот ја наследил метампсихозата – теоријата на превоплотување, согласно која елементите на душата образуваат нова душа и таа доаѓа на земјата во ново тело. Будизмот сака да го уништи животот преку уништу-вање на самата желба за живот, преку ослободување на себеси од сите психички доживувања, преку небитието на нирваната. Затоа будизмот претставува најдоследна и најбес-поштедно изразена философија на смртта.
Целта на христијанскиот живот е – богоопштење. Целта на будизмот е – мирување во смртта. Будистот не раз-бира зошто дошол во овој свет, кој го фрлил во морето на злото и страданието, што е тоа: шега или трагична грешка? И затоа будистот со горд презир заминува од животот уште жив.

На што треба да обрати внимание православниот во разговор со муслиманинот?
Исламот проповеда фатализам, при кој слободното са-моопределување на личноста се преобратува во фикција. С# е условено и предодредено. Божеството го голта човекот, не оставајќи место за неговата слободна волја. Промислата Божја во исламот се претвора во ненадминлива судбина, а животниот пат на човекот – е во остварувањето на порано одреден план: с# што се случува со човекот, се прима како неизбежност. Таквиот поглед во неговата логична заврш-ница треба да доведе со мисла за тоа дека нема можност за морален избор. Но исламот не води до тоа. Неговите теолози ја разработиле концепцијата на паралелизмот, која дозво-лува морална слобода, но не и морална автономија. Тој поглед е сличен на концепцијата на блажениот Августин, от-фрлена од Црквата, и на учењето на калвинистите. Против-речноста меѓу моралната одговорност и ограничената сло-бода на волјата исламските теолози се обидуваат да ја над-минат со учењето за спасение на сите муслимани. Според нивниот закон на справедливост, муслиманите кои ќе согре-шат треба да поднесат соодветна казна во задгробниот свет, но по молитвите на Мухамед и на имамите на исламот и на сиот исламски свет, дури и на најгрешните од муслиманите на крајот на краиштата ќе им биде простено. Треба да се обрати внимание на тоа дека во исламската религија нема посредник меѓу Бога и човекот, а Мухамед е – само пра-теник, така што меѓу трансцедентното Божество и светот лежи непроодна пропаст. Ако е Евангелието монолитно, то-гаш во сурите на Коранот, особено меѓу сурите на мекискиот (раниот) и мединскиот (доцниот) период, има противреч-ности. Објаснувањето на муслиманите за тоа е дека Мухамед имал право да ги менува или да ги укинува своите одлуки, а исто така да ги заменува со други. Воопшто, за муслиманите, едно од карактеристичните својства на вистината е нејзината внатрешна противречност. Треба да се укаже и на своевид-ната „двојственост” на муслиманската религија, која на сво-ите следбеници им припишува разни правила и обврски во однос на муслиманите и немуслиманите. Треба да се забеле-жат религиозните војни со друговерците, што исламот ги заповеда. Може да се каже дека муслиманите се наоѓаат во состојба на постојана војна со немуслиманските народи, вој-на во која може да има привремени примирја, но не мир. Треба да се забележи и препораката на Коранот за принуд-ните, насилни мери што се применуваат во однос кон победе-ните народи за преобратување во ислам. Сметаме дека секое насилство во име на религијата е пред с# навреда за самата религија. Не можеме да се сложиме ниту со дозволеното во исламот многуженство, зашто го сметаме бракот за сојуз на љубов на две личности и нивно единство. Муслиманската мистика е најсилно изразена во суфизмот, кој извршил дла-боко влијание врз литературата и уметноста на Средна Азија и Блискиот Исток. Тоа учење собрало во себе многу прет-стави и идеи од индуските мистички школи и секти и затоа се колеба меѓу монотеизмот и пантеизмот. Суфистичката пое-зија нашироко користи алегории и еротски образи за изразу-вање на мистичките доживувања. На исламската мистика &  припаѓаат многубројните дервишки редови; тие се засноваат на заповеди, што понекогаш напомнуваат на монашки заве-ти, но се длабоко различни од нив внатрешно. Излегувањето од дервишкиот ред е слободно и никој не го порекнува. Повеќето устави на дервишките редови содржат во себе укажувања на такви аскетски методи како што се пост, ноќни бденија, послушание на наставникот–имам итн. Но обично за висока духовна состојба се смета екстазата, која се постигнува со ритмички движења, танец, а во некои случаи – земање дрога. Кај шиитите религиозните празници ги следат театрализирани претстави и улични процесии. Впрочем, треба да се каже, дека и покрај принципиелната разлика меѓу православната мистика на Божествената светлина и вештач-ката (уметничката) егзалтација на муслиманските дервиши, во целина исламот сочувал повеќе елементи на аскетизам отколку современиот католицизам, а уште повеќе – од про-тестантизмот.

На што треба да обрати внимание православен во разговорот со католик?

Апостолската Црква по својата структура и самоизра-зување е Соборна Црква. Соборот како високо претставниш-тво на сите членови на Црквата го остварува принципот на нејзиното единство. Веќе во апостолските времиња разно-мислието во некои прашања, што се однесуваат на мисио-нерството меѓу многубошците, било решено не со индивиду-алниот глас на апостол Петар, кого католиците го сметаат за „кнез на апостолите”, туку со Соборот. Карактеристично е дека на првиот Апостолски Собор во Ерусалим претседа-телствувал не апостол Петар, туку месниот епископ Јаков, кој во завршниот збор ги свел заклучоците од Соборот.
Самиот факт и карактер на Апостолскиот Собор све-дочи за тоа дека во древната Црква соборната одлука стоела повисоко од авторитетот на кој и да е од апостолите. Ако во древната Црква постоел принцип на еклесиолошки монар-хизам – примат на безгрешниот водач во работите на верата, идејата на Соборот, како таква, би била непотребна и бес-мислена: за сите прашања од догматски и морален карактер би било доволно да се обратите кај римскиот папа – „еписко-пот на епископите, намесникот на Христос на земјата”. Давајќи му на римскиот папа натчовечки својства на без-грешност во работите на верата и моралноста, католиците не можат да ги објаснат противречностите во булите на па-пите и таквите појави, како што е одрекувањето од Христос на еден од папите (подоцна тој се покаја и стана еден од мачениците) и како ереста на монофелитите што ја прими папата Хонориј (за што и бил осуден на ВИ Вселенски Собор како еретик). Црквата не знае за „интелектуална безгреш-ност”, која би зависела од чинот и од географската положба. Духот Свет со устата на пророкот Давид сведочи дека секој човек е лажливец (Псалм 115, 2). Вистината &  е дадена од Вселенската Црква во полнота, а изразена е преку собор-ното единство. Со други зборови, чистотата на верата е  во единство на љубовта. Филиокве, од догматска гледна точка, е – ерес (двоначелноста на Духот Свет); од еклисиолошка – нарушување на соборното единство; од морална – пројава на дух на гордост. Символот на верата бил утврден на И и ИИ Собор како непоколеблива основа на христијанската веро-наука. Вселенските Собори забраниле да се менува, да се крати Символот на верата или да се внесуваат во него додатоци. Римската Црква извршила грев против вселен-ското единство, менувајќи го Символот на верата, и со са-мото тоа се спротивставила на Соборната Црква.
Провинцијализмот се содржи во тоа дека делот се става над целината, на пример, провинцијата настапува од името на цела држава. Римскиот патријархат со едностран акт на догматски диктат ги поставил своите одлуки над одлу-ките на Вселенските Собори и од принцип на љубов преми-нал на принцип на водство.
Во своето историско битие католицизмот врши посто-јана модернизација на самата католичка црква, нејзино приспособување кон светот што се менува, кон неговата култура и идеологии, претстави и вкусови. Оттаму католич-ката црква с# повеќе и повеќе прима карактер на утилитарна организација. Мистиката тука се дегенерира во естетизам, а аскетизмот се заменува со добротворност и социологија.

На што е должен да обрне внимание православен во разговор со Евреин?

Централното прашање треба да биде прашањето за Месијата. Овде како заеднички источник служи Стариот Завет, како богооткриена вистина. На основа на библиските текстови, треба да се укаже дека пророштвото за Месијата се исполни во лицето на Исус од Назарет. Исто, треба да се укаже дека кај пророците Месијата е Спасител на цело човештво – како на Јудеите така и на народите што се наоѓа-ат во паганство, и само постепено образот на Месијата добил во синагогијалното мислење образ на национален водач и основач на хилијастичкото царство на земјата. Треба да се укаже на тоа дека после Исус од Назарет во Израел се поја-вува цела редица лица што се објавувале себеси како месии, кои ништо не му донесле на својот народ, освен страданија и разочарувања (на пример, Бар–Кохба, кого еден од најавто-ритетните рабини – Акиба, го признал за спасител на Израел). Треба да се порекне и лажното и тенденциозно мис-лење, што постои меѓу Јудеите, дека антисемитизмот е поја-ва што се јавила во христијанскиот свет и е карактеристично за христијанските народи. Во суштина, антисемитизмот постоел уште во стариот свет, за што сведочат античките историчари и поети. Антисемитизам има среде муслиманите и среде претставниците на другите религии; многу идеолози на атеизмот биле антисемитисти; фашистичката партија, не-пријателска по својата идеологија на христијанството, го зеде антисемитизмот како своја политичка програма. Се воздржуваме од анализа на таа појава и само укажуваме на фактите. Треба да се обрне внимание на тоа дека идејата за создавање хилијастичко царство на земјата на чело со вода-чот – Месија, со главен град во Ерусалим, послужила како причина за материјализација на духот на народот. Ако древ-ниот Израел, сплотен околу Ерусалимскиот храм, ја гледал својата главна мисија во сочувување на еднобоштвото среде многубожечкиот свет и царството на Месијата го примал како царство на сите народи, што го познале вистинскиот Бог, сега состојбата се изменила: народот, примајќи ја при-земјената идеја за теократска држава, развил бурна дејност на тој план. Ако древниот Израил не му дал на светот големи философи и научници, не оставил практично никаква трага во светската литература, современиот Израил се пројави се-беси во сите видови наука, уметност и литература. Но дали е тоа духовен препород или е само трансформација на пора-нешниот духовен потенцијал на пониско, душевно ниво? Склони сме да мислиме дека, изменувајќи ги поимот и прет-ставата за Месијата, јудејскиот народ го извлекол од себе главниот стожер на Библијата и почнал да мисли материја-лизирано, во земни категории. Антисемитизмот како исто-риска појава бил непознат за време на израилските цареви и на вавилонското ропство. Кај Јудеите заземал значајни места во асиро-вавилонската империја и египетското царство на Птоломеите. Но од времето на рабинизмот антисемитизмот е во пораст. Што е тоа – совпаѓање или психолошки фактор? Треба да се забележи двојственоста во моралот на Талмудот, кој препорачува едни норми на взаемни односи меѓу Јудеите и други – меѓу Јудеите и останатите народи. Ова треба да се спореди со барањето на Евангелието не само да се биде справедлив и милостив кон луѓето, независно од нивната нација и вероисповест, туку и да се сакаат своите неприја-тели. Евангелието дава општа морална основа за животот на човекот и притоа се обидува да го пробуди неговото внат-решно морално чувство – гласот на неговата совест. Јудаиз-мот го одредува животот на човекот со цел систем од наред-би (прописи), затоа етиката и моралноста од внатрешно чувство, од потреба на самото срце – тој ја прави схоласти-чка схема, основана на казуален принцип (одговори на сите можни случајности). Но, најглавната, рековме, трагичната грешка на рабинизмот е во талмудо-кабалистичката прет-става за тоа дека Бог ги создал Јудеите, а 72 пониски духови се – останатите народи на светот. Тоа подоцнежно предание, што противречи на духот и словото на Библијата, води кон догматизиран национализам. Човек што ја прима идејата за надмоќност и избраност, ја губи најголемата вредност на својот живот – способноста да ги сака сите луѓе како деца на единствениот Отец и да види во секој човек образ Божји. Љубовта, затворена во своето семејство, својата нација, до-бива егоцентричен карактер, ја губи мистичката длабочина.

http://preminportal.com.mk/content/view/3835/1/

 Издавач : манастирот на св. Атанасиј Велики, с. Журче

 Man.Zurce.jpg

 

„Тајната на спасението

Содржина:
Тајната на спасението
Да се најде Бог и самиот себеси
Дали верувам?
За молитвата
Блажени се бедните по дух
Стекнување благодат
Два вида богопознание
„Не убивај”
Духот и душата
За богоопштењето и богооставеноста
Религиозните чувства на интелигенцијата
Зошто има с# помалку време
За покајанието
Постои ли „поединечна благодат”
Трагизмот на апокалиптичното време
Православието како служење на човештвото

Највисоко служење на човештвото
Како да се зборува за верата
За културата на општење
Повеќе да се мисли и помалку да се зборува
Што е полошо – шегата или псуењето
Во што се разликува состраданието од сентименталноста
За црковната поезија
На оние што дојдоа од окултизмот
„Не е добро да се земе лебот од децата …”
За силата на безмолвието

 

Друго:

 

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Јуни 10, 2023
TVIT602

Проскомидија

·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на Литургијата, нејзин пролог. Таа е нашиот допир со Небесното Царство и Небесното жителство.
Септември 13, 2021

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на Бигорската Обител, засветлил како светлозарна ѕвезда на богопрославениот светителски небосклон на Црквата Христова, во првата половина на ΧΙ век. За неговото родословие,…

Беседа за Успение на Пресвета Богородица oд Викарниот Епископ Јаков Стобиски

Сеп 03, 2021 Беседи 5834
Default Image
Беседа за Успение на Пресвета Богородица изречена од Викарниот Епископ Јаков Стобиски во…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 6646
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 6442
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 5632
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Православен календар

 

24/04/2024 - среда

Велигденски пости; (строг пост)

Светиот свештеномаченик Антипа епископ Пергамски во Азија; Светите маченици Прокес и Мартинијан;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на преподобниот отец епископ Паријски Василиј 12 април / 25 април 2024

Тропар на преподобниот отец епископ Паријски Василиј 12 април / 25 април 2024

Василие, преподобен оче наш,верата во Христа ти ја сочува,иако велијар во безумие кон тебе поита,стадото Христово по твоите молитви Господ...

Тропар на светиот Христов свештеномаченик Антип Пергамски 11 април / 24 април 2024

Тропар на светиот Христов свештеномаченик Антип Пергамски 11 април / 24 април 2024

Велик те направи Спасителот тебе Антипопомеѓу ѕвездите небесни,и возвишено стана името твое во Црквата,на која како семе одбрано и послужии...

Тропар на св. Христови мач.Терентиј, Африкан, Максим, Помпиј, Зинон, Александар, Теодор, и др.33 со нив 10 април /  23 април 2024

Тропар на св. Христови мач.Терентиј, Африкан, Максим, Помпиј, Зинон, Александар, Теодор, и др.33 со нив 10 април / 23 април 2024

Рахила плачеше по своите деца,о свети пустињаци од дванаесетте манастири,а ние денес се радуваме на вашите венци невенливи,ангел Господов свитата...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная