логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 (Продолжение)



Monah.dacha.jpg3

ЦЕНТАРОТ НА ПРАВОСЛАВНАТА ДУХОВНОСТ


 Во целото предание на Православната црква откриваме дека срцето и умот се центарот на православната духовност. Човекот треба да го излекува овој центар, на тој начин, да ја излекува целата своја психо-соматска суштина. Затоа Господ вели: Блажени се чистите по срце, оти тие ќе Го видат Бога! (Мат. 5, 8). Меѓутоа, за да видиме какви се срцето и умот на човекот, треба да започнеме со испитување на душата.
 Од книгата Битие знаеме дека Бог на почеток го создал телото на човекот, а потоа му дувнал во лицето и ја создал душата. Велејќи “ја создал душата”, веднаш сакам да уточнам дека душата не е делче од Бога, дух Божји, како што тврдат некои. Според свети Јован Златоуст, Божјиот здив е енергијата (дејството) на Светиот Дух и оваа енергија на Духот ја создала душата, без енергијата да е душа. Ова разбирање е од првостепена важност, затоа што од него следува дека не можеме да ја разгледуваме душата сама по себе, а само во сврзка со Бога.
 Душата на секој човек е една, но како што вели свети Григориј Палама, душата е една и во исто време има многу сили. Во друг случај тој забележува дека, како што Бог е Троица: Ум, Логос и Дух, така и човечката душа соодветно има троична природа, т.е. има ум, логос и дух. Има ум, кој ќе го наречеме центар на човечкиот живот; умот пак, го раѓа логосот, и духот - “умниот ерос (о ноерој ерој) на човекот”.
 Душата е поврзана на најтесен начин со телото на човекот и не се ограничува само во еден дел од него. Според православното учење Бог управува со светот низ Своите несоздадени енергии. Како што Бог дејствува во природата, така, според преподобен Григориј Синаит и душата дејствува во членовите на телото и го усмерува секој член кон неговото соодветно дејство. Како што Бог управува со светот, така душата управува со телото.
 Според изразот на свети Григориј Палама, душата го содржи телото, со кое таа била создадена. Таа е насекаде во телото, таа го исполнува и го оживотворува. Не ја содржи во себе телото душата, а душата го содржи телото, со кое е соединета.
 Ангелот и душата, бидејќи бестелесни, не се наоѓаат на едно место, но и не се насекаде. Затоа што тие не содржат се, а самите имаат потреба од Седржителот. И така, тие се наоѓаат во Седржителот на се и не се Обединителот... на нив им е својствено ограничувањето... Соодветно и душата, која го содржи телото, со кое била создадена, се наоѓа насекаде во телото, не на едно место и не небаре опфатена од телото, а како таква која го содржи, опфаќа и оживотворува, и го има (телото) според образот Божји (свети Григориј Палама).
 Сврзката помеѓу душата и телото е силна, но и разликата помеѓу нив е јасна и видлива. Човекот е со двоен состав, се состои од душа и тело, кои постојат истовремено без било какво помешување. Затоа не ја нарекуваме човек само душата, ниту само телото, а севкупноста на душа и тело. Душата го оживотворува целото тело на човекот и секој негов дел со своите промислителни (пронохтикеј) сили. Кога отсуствува некаков член од човечкото тело, на пример, кога човекот нема око, тоа не означува, дека душата има една промислителна сила помалку. Поинаку речено, душата не се поистоветува со своите промислителни сили, но неделиво ги содржи во себе сите промислителни сили на телото6.
 Свети Григориј Ниски, со неговиот својствен израз, вели дека душата, како бестелесна и неограничена од место, целосно е сместена во телото и нема дел, осветуван од неа, каде таа не присуствува целата. Таа не е под власт на телото, а самата владее со него; не се наоѓа во телото, како во сад или мев, а телото е во неа7.
 Се што беше кажано тука за душата, може да изгледа схематично, но е важен дел од учењето на Црквата и како таков ни е апсолутно неопходен, за да го разбереме учењето за срцето и умот како центар на православната духовност. Без него ние не можеме да разбереме од каде произлегува и што тежнее да излекува Православната црква.
 Како што Бог има суштина и енергија, така и душата - како создадена според образ Божји - исто така, има суштина и енергија. Се разбира, Божјата суштина и енергија се несоздадени, додека суштината и енергијата на душата се создадени. Се што постои има енергија. Суштината на сонцето е надвор од земјината атмосфера, но неговата енергија - светлината, топлината и друго - достигнува до Земјата, не загрева и не топли. Кажаното за сонцето важи за се постоечко. Суштината на душата е концентрирана во срцето не како во сад, а како во дејствувачки орган, додека енергијата на душата се пројавува низ помислите.
 Според свети Григориј Палама, душата исто така, се нарекува ум. Но ум се нарекува како суштината на душата, т. е. срцето, така и нејзината енергија, која се пројавува во помислите.
 Според свети Григориј Палама: Ум се нарекува и енергијата на умот, која се пројавува во помислите и мислите. Умот е и онаа дејствувачка сила, која Светото Писмо ја нарекува срце8.


6 Vidi, FILOKALIA, t. 4, Aqhnai, 1976, s. 156.
7 Vidi, PG 45, 217A.
8 Vidi, FILOKALIA, t. 4, Aqhnai, 1976, s. 133, ʺ 3
 Во библиско-светоотечката традиција овие термини се взаемно соодветни /синоними/, но за да го избегнеме помешувањето, ние можеме да говориме за душата како за духовен дел од постоењето на човекот, за срцето како за суштина на душата, а за умот како за енергија на душата. На таков начин, кога умот влегува во срцето и дејствува во него, се постигнува единство помеѓу умот (енергијата), срцето (суштината) и душата. Свети Григориј Палама е исклучително исцрпен и конкретен по ова прашање: Кога единството на умот станува троично, останувајќи при тоа едно, тогаш се соединува со Богоначалната Троична Единица, затворајќи го секој влез за прелеста, и стоејќи над плотта, светот и оној кој управува со светот... Едното на умот станува троично, останувајќи едно во своето обрнување кон самото себе и низ самото себе во воздигнувањето кон Бога9.

9 Isto, str. 132, ʺ 3

 Целата аскетика на Црквата го има за цел обожувањето на човекот, неговото општење со Троичниот Бог. Тоа се постигнува, кога енергијата на душата (умот) се враќа во својата суштина (срцето) и се воздигнува кон Бога. За да се постигне единство со Бога, следува прво со помош на Божјата благодат да се постигне единството на душата. Гревот фактички е расејување на силите на душата, пред се, расејување на енергиите на душата (т.е. на умот) во создаденото и одделување на умот од срцето.
 По овие расудувања треба подробно да разгледаме какво е значењето на срцето и умот во православното предание.
 Срцето е центарот на психосоматичната организација на човекот доколку, како што забележавме претходно, постои неразрушлив сојуз меѓу душата и телото. Средиштето на овој сојуз се нарекува срце.
 Срцето е место, кое се разоткрива низ подвигот во благодатта; тоа е местото во кое Бог се открива и јавува. Таквото определување може да изгледа апстрактно, но треба да имаме предвид, дека се обидуваме да го опишеме духовниот опит. Никој не може логички и разумно да го определи местото на срцето. Во секој случај срцето е обединувачко начало на трите способности на душата: разумната, желбената и раздразнителната. Кога човекот живее внатрешен живот (т.е. кога умот му се враќа од неговата претходна расејаност во својот внатрешен свет), кога се здобива со солзи и најдлабоко покајание, тогаш тој го допира /чувствува/ постоењето на овој центар, постоењето на срцето. Таму се чувствува болката и духовната тага, таму човекот ја преживува Божјата благодат, таму го слуша Божјиот глас.
 Суштината на душата, која се нарекува срце, според светоотечкото предание, се наоѓа во телесното срце како во орган, а не како во сад. Ова треба да се толкува во смислата истакната погоре, дека душата го опфаќа телото и го оживотворува - дека не душата се содржи во човечкото тело, а таа го содржи телото. Во оваа перспектива свети Никодим Светогорец го нарекува срцето природен центар, кој ја испраќа крвта кон целото тело; противприроден центар ако во него господарат страстите и натприроден центар ако во него дејствува Божјата благодат. Потврда за ова наоѓаме во Светото Писмо: Јас, пак, ви велам дека секој што ќе погледне на жена со желба, тој веќе извршил прељуба со неа во срцето свое (Мат. 5, 28). Но, според твојата упорност и непокајаното срце си собираш гнев за денот на гневот, кога ќе се открие праведниот суд од Бога (Рим. 2, 5). Љубовта Божја се излеа во нашите срца преку Духот Свети (Рим. 5, 5). И преку верата Христос да се всели во срцата ваши (Еф. 3, 17).
 Умот исто така, е енергија на душата. Според светите отци, умот е нарекуван и око на душата. Неговото природно место е во срцето, за да биде соединет со суштината на душата и непрекинато да се сеќава на Бога. Тој дејствува противприродно, кога станува роб на творбата и страстите.
 Треба да се забележи дека православното предание го разликува умот од разумот. Разумот функционира во мозокот, додека умот во својата природна состојба е соединет со срцето. Во светителот кој е носител и изразувач на православната духовност, разумот работи и го осмислува светот кој го опкружува, додека умот пребива во срцето, извршувајќи ја непрекинатата молитва. Разделеноста на умот од разумот е состојба на духовно здравиот човек и оваа состојба е цел на православната духовност.
 Со ова се цврсто поврзани два извадоци од делата на свети Василиј Велики. Во едно од нив станува збор за умот, како неидентичен со разумот и како раководител на душата. Ние стануваме храм Божји кога постојаноста на сеќавањето не е прекинато од земните грижи, кога умот не се колеба при неочекуваните напади на страстите, но богољубецот, избегнувајќи го се тоа, се приближува кон Бога, и откако ќе го избегне се она кое не влече кон зло, го поминува времето во занимања кои го водат кон добродетелите10.  Тука станува збор за тоа дека во духовниот човек - кој станал храм Божји, храм на Светиот Дух - разумот и умот постојат и дејствуваат паралелно. Разумот има земни грижи и се занимава со нив, а умот е зафатен со непрекинато сеќавање на Бога. Доколку умот е соединет со срцето и општи со Бога, човекот не е збунуван од ненадејни искушенија, т.е. искушенија предизвикани од телесноста на распадливоста на човекот.
 На друго место свети Василиј Велики говори за враќањето на умот во срцето и за неговото воздигнување кон Бога: Затоа што умот, кој не се расејува по надворешното и неговите сетила не се одвлечени од светот, е свртен кон самиот себе и низ себе се воздигнува кон мислата за Бога. Осветен и просветен од оваа убавина, тој заборава на своите природни потреби и не се грижи дури ни за храна; душата не трча по грижи во околината. Бидејќи слободен од земни грижи, умот ја вложува целата своја усрдност во создавањето на вечни блага; на тој начин во него расте благоразумноста и мажественоста, а исто така и - праведноста и разумот и сите други добродетели, кои доаѓаат по овие и кои усрдно треба да ги придодава во својот живот11.


10 Vidi, sveti Vasilij Veliki, EPE, t. 1, Qessalonikh, 1972, s. 68.
11 Isto, EPE, s. 64-66.
 Ова расудување на свети Василиј треба да биде толкувано врз основа на претходното и во контекстот на целото негово учење. Умот кој се расејува по надворешното и се расфрла по сетилниот свет е болен, слеп и наклонет кон пропаѓање. Тој треба да се врати од својата расејаност во срцето и да се соедини со Бога. Во состојбата на обожување, во која е просветлен од нетварната /несоздадената/ светлина, умот заборава дури и на својата природа и душата не се грижи ниту за храна, ниту за покрив. Ова не значи дека човекот престанува да се храни и да се грижи за се останато, а тоа дека кога е во состојба на созерцување и обожување, неговите телесни (но не и душевни) сили се заглушени; т.е. душата и умот не се потчинети на светот и материјалните работи. Човекот е зафатен со тварните /создадените/ работи, но не е поробен од нив. Великиот Василиј јасно нагласува дека по пат на враќање на умот во срцето се стекнуваат сите добродетели: благоразумноста, мажественоста, праведноста и мудроста, како и сите останати.
 Отец Јован Романидис вели дека во живите организми има два извесни система на памет /сеќавање/. Првиот е клеточната памет /сеќавање/, кој го условува развитокот и растењето на индивидуата сама по себе, т.е. извесната ДНК, носителот на генетскиот код, кој определува се во човечкиот организам. Втората е мозочно-клеточната памет /сеќавање/, кој ги условува функциите и односите на индивидуата кон самата себе и кон светот кој го опкружува, т.е. онаа дејноста на мозокот, која врз основа на запечатената информација за минатото, на знаењето кое се стекнува од опит и обука, го определува односот на човекот кон другите луѓе. Освен тоа, луѓето поседуваат речиси недејствувачка или потсвесно дејствувачка срдечна памет /сеќавање/, која се активира низ умната молитва и која го отстварува непрекинатото сеќавање на Бога, кое помага во нормализирањето на сите останати врски во човекот12.


12 Vidi, John Romanidis, "Franks, Romans Feudalism and Doctrine", Holy Cross Orthodox Press, 1981.
 Светителот, носителот на православната духовност, ги поседува трите видови на памет /сеќавање/, кои дејствуваат во него паралелно и не влијаат еден на друг. Светителот е најприродниот од сите луѓе. Тој го спознава она што се случува во светот, зафатен е со севозможни грижи, а сепак, доколку умот му функционира природно, светителот живее на земјата, но е граѓанин на небото.
 И така, средиштето на православната духовност е срцето, во кое човечкиот ум треба да функционира природно. Енергијата на душата - умот - треба да се врати во суштината на душата - срцето. Соединети на таков начин, со помош на Божјата благодат, овие сили се стекнуваат со единство и општење со Света Троица. Секоја духовност надвор од оваа перспектива не е православна, а морална и лицемерна, или апстрактна и разумна.

 (Продолжува)

 

Подготви: А.И.

Друго:

 ikona.gulab.jpgАРХИМАНДРИТ ЈЕРОТЕЈ ВЛАХОС- ПРАВОСЛАВНА ДУХОВНОСТ

 

 

 Архим. Јеротеј С. Влахос- ОПРЕДЕЛУВАЊЕ НА ПРАВОСЛАВНАТА ДУХОВНОСТ

 

 

 

 

 


 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Јуни 10, 2023
TVIT602

Проскомидија

·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на Литургијата, нејзин пролог. Таа е нашиот допир со Небесното Царство и Небесното жителство.
Септември 13, 2021

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на Бигорската Обител, засветлил како светлозарна ѕвезда на богопрославениот светителски небосклон на Црквата Христова, во првата половина на ΧΙ век. За неговото родословие,…

Беседа за Успение на Пресвета Богородица oд Викарниот Епископ Јаков Стобиски

Сеп 03, 2021 Беседи 5803
Default Image
Беседа за Успение на Пресвета Богородица изречена од Викарниот Епископ Јаков Стобиски во…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 6621
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 6404
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 5598
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Најново од духовност

Православен календар

 

19/04/2024 - петок

Велигденски пости; (строг пост)

+Упокоение на Свети Методиј Солунски; Свети Евтихиј, патријарх Цариградски; Светите Сто и дваесет маченици коишто пострадаа во Персија; Преподобен Григориј Синаит; (Акатист); (второ бдение);

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот Методиј Солунски 6 април / 19 април 2024

Тропар на светиот Методиј Солунски 6 април / 19 април 2024

Словото Божјо, слово земно подаде,кое ти Свети епископе Методие во слава Негова го раздаде,а Он Началникот на животот устрои заради...

Тропар на светите Христови маченици Агатопод ѓакон и Теодул чтец 5 април / 18 април 2024

Тропар на светите Христови маченици Агатопод ѓакон и Теодул чтец 5 април / 18 април 2024

Вистина непоколеблива имајќи во срцата вашиАгатоподе и Теодуле,познавте дека земниот живот е суета, сенка и сон,а верата во Љубовта го...

Тропар на светиот Христов преподобен Јосиф химнограф 4 април / 17 април 2024

Тропар на светиот Христов преподобен Јосиф химнограф 4 април / 17 април 2024

Славен и прославен е Господ од целиот род човечки,што изнедри таква фиданка како тебе о, Јосифе,рако продолжена на Духот Свети,поттикнат...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная