
Вистинскиот хероизам е во малите, незабележливи нешта„
Вистинскиот хероизам се наоѓа во навидум незначајните начини на кои човекот го уредува својот живот, за да преживее во бесмислени и тешки околности без да го изгуби своето достоинство.“
— Славој Жижек
Се согласувам.
Најголемите херои на светот не се секогаш оние за кои пишува историјата. Тоа се оние кои, иако животот ги повредува, продолжуваат да сакаат.
Мајката која бдее ноќе покрај болното дете.
Таткото кој, иако е исцрпен, се враќа дома и наоѓа уште малку сила за една прегратка.
Старецот кој тивко се моли за своите деца и внуци.
Човекот кој станува наутро без волја и сила, но не се откажува од своите обврски.
Сопругот кој избира да прости наместо да се одмазди.
Жената која, иако ги носи своите сопствени рани, не престанува да дава нежност.
Овие луѓе нема да бидат на насловните страници.
Нема да добијат награди.
Можеби никој никогаш нема да го дознае нивното име.А сепак, токму тие го држат светот исправен.Затоа што светлината не секогаш го победува мракот со голема бучава.
Многу често го победува со една едноставна постапка на љубов што никој не ја забележал.
Христос не го промени светот со сила и власт.
Го промени со смирение, трпение, простување и љубов.Можеби затоа вистинскиот хероизам не е да направиш нешто по што сите ќе те паметат.
Можеби е да продолжиш секој ден да веруваш, да сакаш, да создаваш и да се надеваш во свет кој често те повикува на очај.
Зашто секој човек кој одбива да дозволи мракот да стане јазикот на неговото срце, станува, без ни да го забележи, една мала Воскресенска светлина во историјата на овој свет.—
отец Хараламбос Пападопулос
За Премин портл Симен Стефковски
Јули 2026


























